IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - Честит 23-ти Октомври
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Честит 23-ти Октомври

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567>
Автор
Порака
kaplar Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Март.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 68
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kaplar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2008 во 00:45
Казни ги господе, се срамат од родот свој Македонски



“За неа ние се боревме , за неа ние умревме “

Кога ќе ги погледнете сите овие слики , овие војводи и комити, овие дејци и револуционери , овие Македонци, сетете се на тие зборови. Сетете се на бакнежот на камата и револверот со кој чин се колнеа сите овие луѓе и кој чин беше заклетва на преданост на организацијата и нејзината борба за слободна Македонија.

Сите овие луѓе умреа за слободна и независна Македонија.
Цел ден на поле , снагата ми моја ко мртва да е , но срцето ми мое македонско, не трае.
Разјарен сум во душа , како мечка во мене да чмае. Секој дел од мене сега е буден, командува срце, со поглед, заповеднички, студен. Секој дел од телото ми мое е спремен.
Чекори слушам и повеќе никој не чека . Со радост малихерата ме гушна, поздрав тивок од Гоце слушнав и тргнавме. Околу два часа беше долг патот. Тешки чекори по планината одат, ѕвездите напред не водат. Грабаат цокули, има уште доста до стариот јавор, каде не чека војводата. Бевме близу дваесетмина.
Вечерва не собира војводата, важно нешто треба да ни каже. Можеби и крв наша ќе падне, но не заборавам, кој мене ме доел!!!“(извадок од текст)

Дали секој од нас во денешна Македонија може бар за момент да помисли како тоа живееле нашите предци пред 1903 година?

Дали можете да си претпоставите на што
биле изложени нашите предци, што довело до организирање на Внатрешна Македонска Револиционерна Организација, организирање на востание за ослободување на Македонија и загинување за светата цел “Слободна Македонија“?

Дали можете да замислите сега да се најдете во тоа време и наместо да седите по разните кафулиња, кафани и дискотеки , да треба да отидете во планина , таму да живеете, таму да се храните, да дигнете востание и да загинете за Македонија.

Кој може да го замисли тоа и кој го почитува делото на илјадници
наши предци, добро знае што тоа Македонија денеска слави.

Денеска Македонија го слави 23 Октомври , денот кога е формирана Внатрешната  Македонска Револиционерна Организација, денот на Македонската револуционерна борба. Ден на кој треба да се поклониме до земјата на нашите предци, ден кога ќе ја славиме
нивната големина и нивната жртва за слободата на нашата земја која денес сите ние ја живееме.

Паралелно со тоа сакам да го изразам револтот од сите оние кои не сакаат да се поклонат на светото дело на нашите предци. Од дното на мојата душа посакувам да ги стигнат клетвите сите оние кои не си го сакаат народот свој, оние кои го предале народот свој, оние кои се срамат од македонското минато.

Би сакал да ви порачам на сите вас проклетници дека не сте ни достојни да се поклоните на гробовите на Македонските револуционери, војводи, знајни и незнајни паднати комити. Не сте ни достојни да ви ги спомнувам имињата , но сепак ќе ве спомнам и
ќе се молам што поскоро да ве стигне казната која ја заслужувате. Имате имиња, но за мене, за правите Македонци и за Македонија секогаш ќе останати безимените, луѓето без лик, без идентитет, без ронка чуство на припадност кон Македонскиот народ, вие кои ве нарекуваат Рада, Шема, Бучко, Јани, Бранко и останатите од
вашиот склоп.

Се надевам дека многу брзо ќе сватите дека "долга е
раката на организацијата и кога тогаш ќе ве стигне“

Да ни е честит и вечен 23 октомври – денот на Македонската револуционерна борба.

Vojvodataa

во верата, совеста и честа дека
ќе работам за слободата на Македонија и Одринско,со
сите свои сили и средства, дека
никогаш нема да го издадам револуционерното дело, а во
случај да го сторам тоа, да
бидам убиен со
овој револвер или кама, кои ги бакнувам.


Изменето од moira - 30.Март.2008 во 00:59
Келнер, донеси ја вратата, сакам да си одам!
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2008 во 17:54
23 Oktomvri e den nkoga se formiralo MRO a ne VMRO DPMNE.Od 2012 god(a moze i porano)ovoj praznik nema da se slavi
Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2008 во 22:58
Среќен празник Македонијо!

Ти посакувам македонскиот непокор, патриотизам и ИМЕ да опстојат и покрај сите опструкции како од внатрешниот непријател така и од надворешниот непријател!





Кон врв
ZoraNaSlobodata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3392
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZoraNaSlobodata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2008 во 01:17
Originally posted by напиша:

23 Oktomvri e den nkoga se formiralo MRO a ne VMRO DPMNE.Od 2012 god(a moze i porano)ovoj praznik nema da se slavi


Pricina?
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2008 во 01:31

Среќен празник на сите МАКЕДОНЦИ!големо%20гушкање

Барем на овој ден, сите да бидеме единствени, да се потсетиме на нашите славни предци - револуционери, кои се бореле за САМОСТОЈНА И НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА.
 
Да се потсетиме на нивните дела и жртви, да се потсетиме дека таму некаде, не така далеку во минатото, постоеле и херои кои гинеле за ТАТКОВИНА!
 
Да ги потсетиме и нашиве политичари, да ги имаат на ум сите наши борци кои живот дале за МАКЕДОНИЈА, додека преговараат за МАКЕДОНСКОТО вековно име, никогаш да не се дрзнат да ги погазат нашите светињи: ИМЕТО, ИДЕНТИТЕТОТ И ЈАЗИКОТ МАКЕДОНСКИ!!!...
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2008 во 01:38
браво анастеа.........
тие жртви тогаш,кои се правеле за татковината,денес ни оставиле простор во кои ние живееме и опстануваме.......


Да ни е Среќен празникот на сите македонци,и секогаш сложно да си славиме
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2008 во 01:42
Нека е за многу години Македонци - срекен празник Македонски - баталете многу политика бидејки Македонец не е лесно да си па и кога се празнуваголема%20насмевка
Кон врв
ZoraNaSlobodata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3392
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZoraNaSlobodata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2008 во 02:37
Ajde sreken praznik neka e
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2008 во 02:45



   ЧЕСТИТ ПРАЗНИК НА СИТЕ НАС!!!



Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2008 во 08:06
Originally posted by moira moira напиша:

Ako sakas da komentiras nesto od makedonskata istorijatata, najprvin informiraj se.
Na 23 Oktomvri 1893 godina vo kukata na Ivan Hadji Nikolov vo Solun, Hristo Tatarcev, Dame Gruev, Petar Pop Arsov, Anton Dimitrov i Hristo Bojadjiev nitu go formirale VMRO, nitu TMRO tuku go formirale MAKEDONSKIOT REVOLUCIONEREN KOMITET, cija sto cel bila osloboduvanje na Makedonija, formiranje na nezavisna drzava ili pak avtonomna vo ramkite na Osmanliskoto carstvo.Od MRK, podocna proizlegle navedenite TMRO, pa VMRO.



Ете си кажа Моира, немам што да додадам повеќе на ова..
Нека ни е честит празникот.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2008 во 09:07
A moze li edna tema da ostane ne zatruena
SREKEN PRAZNIK I PAMETENJE NA SITE DOBRONAMERNICI
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2008 во 12:54
Не оваа одлука е навистина кретенска и идиотска на ВМРО


Опозицијата го бојкотира доделувањето на „23 Октомври“
     Коментари (0)   
23.10.2008 10:55
Зоран Тодоровски - добитник на наградата „23. октомври“


Македонија денеска го празнува Денот на македонската револуционерна борба - 23. Октомври, кога во 1893 година во Солун се поставени основите на Македонската револуционерна организација.

По тој повод во свечената сала на Собранието на Република Македонија ќе се доделува државната награда „23. Октомври“ за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети.

Добитник на наградата за остварување во областа на науката е историчарот Зоран Тодоровски, кој е познат по своите ставови блиски на бугарската политика и историографија, што предизвика низа скандалозни реакции кај опозицијата, поради што и ќе го бојкотираат овој празник.

„И ова е уште еден доказ дека нема никаква разлика во идеологијата на Љубчо Георгиевски и Никола Груевски“, рече вчера Роза Топузовска Каровска, ЛДП.

Цветанка Иванова од СДСМ вчера изјави дека изгледа како ВМРО овие награди да ги доделува на личности коишто работат за нивни цели, а не за интересите на Република Македонија.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата што го постави Тодоровски на местото директор на државниот архив, е дека партиите не треба да се мешаат во одлуките на одборот за доделување на наградите составен од видни академици и професори за кој гласало Собранието.

Единствениот потомок на Мисирков кој живее во Македонија, писателката Ката Руменова Мисиркова, неодамна за А1 изјави дека е исто така скандализирана од одлуката на државната комисија, наградата на ВМРО да му се додели токму на Тодоровски.

„Јас се срамам како Македонка, не за друго. Не се срамам затоа што му ја дадоа нему, може човекот и заслужува, може човекот работел пред тоа нешто многу и сега уште и ќе работи, но кој му ја даде треба да се срами“, изјави Ката Руменова Мисиркова.
Кон врв
Dimon Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 21.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 66
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Dimon Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2008 во 13:36
За сите што дискутирате на темава мора да си разграничите некои работи дека на денешен ден 23.10.1893година е формирана МРО, а не ТМОРО, затоа што ТМОРО е формирана 1896 година каде што во таа организација се приклучуваат Ѓорче Петров и Гоце Делчев.
Значи да разјасниме денес не е ден ни на ТМОРО, ни на ТМРО, ни на ВМРО, ни на МРК, денес е ден на МРО (Македонска Револуционерна Организација) формирана во Солун од шест Македонски дејци.

Нека е честит денот на МРО!!!
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2008 во 14:37

Широкото ослободително движење што ја зафатило Македонија во деведесеттите години на XIX век довело до формирање на тајна револуционерна организација.

Македонската револуционерна организација (МРО) била формирана на 23 октомври 1893 година (стар стил) во Солун, а нејзини основоположници биле: Христо Батанџиев - професор, родум од с. Гуменџе, Ениџевардарско, Даме Груев - професор, родум од Смилево, Христо Татарчев - лекар, родум од Ресен, солунскиот книжар Иван Хаџи Николов, родум од Кукуш, Петар Поп Арсов - професор, родум од с. Богомила, Велешко и Антон Димитров - учител, родум од с. Ајватово, Солунско. На конгресот во Солун во 1896 година била наречена Тајна македоно-одринска револуционерна организација (ТМОРО), а подоцна, на Рилскиот конгрес во 1905 г. била преименувана во Внатрешна македоноодринска револуционерна организација (ВМОРО).

Веднаш по првиот состанок организаторите започнале со ширење на своите ослободителни идеи и со собирање на приврзеници за нив. Охрабрени од тоа што набрзо привлекле голем број луѓе околу себе, по вторпат се состанале во 1894 година, повторно во Солун. Петар Поп Арсов изработил и Проект-устав на Организацијата што подоцна бил прифатен како нејзин Устав. Од реонот на Солун, Организацијата мошне брзо се раширила и во внатрешноста на Македонија - Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Кавадарци итн. Во 1894 година кон МРО пристапува и Гоце Делчев, еден од дејците кои оставиле длабоки траги во работењето на Организацијата и во чувањето на нејзината македонска определба.

Меѓутоа, таквата ориентација не одела,во прилог на повеќе политички сили во соседството, особено во Бугарија каде сонот за Санстефанска Буга-рија се изродувал во национален идеал. Не можејќи веднаш да го преземат раководењето со македонското национално-ослободително движење, тие политички сили преку македонската емиграција и низ различни други патишта настојувале на тоа движење да му дадат бугарски карактер и де го искористат за своите големодржавни идеали. Во тие рамки, наспроти борбата за слобода и автономија на Македонија, се воздигнал врховизмот кој тргнувал од бугарскиот карактер на македонскиот народ и барал обединување на сите "Бугари" во една држава.

Сумирајќи го историскиот биланс и улогата што врховистите ја имале во рушењето и поместувањето на целите на македонската борба, можеме тоа да го оцениме како колективен атентат врз македонското дело. Затоа тука го поставуваме прашањето: кои биле врховистите и Врховниот македонски комитет чие име се врзува со предавството на македонското револуционерно дело? Повеќе конкретни акции на врховистите ние ќе проследиме низ судбините на македонските дејци, жртви на врховистичкото предавство со сета трагичност на чинот на нивната смрт. Затоа, сметаме дека во овој контекст се нужни само мали појаснувања.

Врховниот македонски комитет го добил името во декември 1895 година. Неговото основање се поврзува со раздвижуваньето на македонската емиграција во Бугарија кон крајот на 1894 година која, меѓу другото, низ разни манифестации и апели барала спроведување на реформи во Македонија согласно одредбите на чл. 23 од Берлинскиот договор110. Сите овие акции довеле до обединување на македонските друштва во Бугарија. На тој начин, во март 1895 година бил формиран Македонски комитет (МК). Негов претседател станал Трајко Китанчев"', чесен и енергичен Македонец кој требало да ја организира македонската емиграција за македонското ослободително дело.

Веднаш по формирањето, МК почнал да организира и да испраќа чети во Македонија. Тоа одело во прилог на бугарската официјална политика која вршела притисок врз Османската империја и врз европската дипломатија за меѓународно признаваше на кнезот Фердинанд и за добивање нови бенефиции за бугарската пропаганда во Македонија. Од другата страна се трасирало јавното мислење дека Бугарија е единствениот гарант за мирот и стабилноста во Македонија. Затоа бугарската влада и дворот го помагале организирањето и влегувањето на четите преку границата, предизвикувањето провокации и

создавањето ситуации за наводни бугарски востанија во Македонија.

 

Една таква провокација се случила во Мелник во 1895 година.

Според некои истражувачи, МК за "востание" во Македонија ангажирал околу 800 души112. Во текот на летото 1895 година тие се нашле во Македонија распоредени во четири поголеми и неколку помали одреди. Со нив раководеле офицери на бугарската армија и стари арамиски војводи, кои го познавале теренот 113. Првите два одреди биле разбиени и се распаднале веднаш по влегувањето на османска територија. Третиот одред, откако го запалил помашкото село Доспат, се распаднал бидејќи повеќето арамиски војводи се дале по ограбување. Четвртиот одред упаднал во Мелник и предизвикал провокација која се сметала за најголем успех во таа етапа на бугарското мешање во македонското ослободување, но, за бугарски цели.

Поточно, четвртиот одред (најмалуброен, со само 65 луѓе) под команда на Борис Сарафов на 12 јули 1895 година влегол во градот Мелник при што била запалена зградата на уќуматот, поштата и неколку турски куќи. По овие провокативни акции, истиот ден, околу пладне, одредот го напуштил Мелник и се повлекол во Бугарија. Жртва на ваквата акција која пренадуено е наречена "Мелничко востание" било македонското население од пиринскиот дел на Македонија кое било изложено на жестоки репресалии од страна на османската власт.

Бугарските врвови, задоволни од ефектите на Мелничката провокација која добила силен публицитет во бугарскиот печат, ги засилиле своите активности во подршка и уфрлување чети во Македонија. Претседателот на МК, Трајко Китанчев, откако сфатил дека МК и неговата акција се злоупотребени од страна на бугарските политички врвови, на штета на Македонците, починал од срцев удар. Неговата смрт, иако навидум природна, претставува резултат на едно големо предавство кое ќе метастазира во натамошниот тек на настаните. Тоа предавство довело до смртта на Китанчев и затоа претставува индиректен атентат врз него и врз искрените борци за македонската слобода.

Дел од четници дошле да профитираат, но дел и со патриотски цели 114. Некои од заробените четници-доброволци по предизвиканите провокации, не биле свесни дека се злоупотребени и затоа, можеби многу наивно делувале нивните изјави дека"сакаат посебна држава со независна управа". Но, сепак, ја почуствувале измамата. Затоа, во годишната притурка на весникот "Право" од јануари 1896 година читаме: "Додека беше жив Китанчев, ние не само што не се посомневавме во ништо, но дури не допуштавме мисла дека идеалниот Китанчев ќе допушти нашето свето дело да го експлоатираат нечистите раце на денешниве управници... и покрај строгото внимание на Китанчев делото да се држи подалеку од партизанските гнасотии 113, денешната влада успеала да има во делото еден свој ревносен агент... имено Н. Туфекџиев"116.

Македонскиот комитет во својот почеток се залагал за политичка автономија на Македонија, гарантирана од големите сили. Затоа, кај дејците на МРО се јавила надежта дека МК ќе ја помогне нејзината борба. ЦК на МРО се обидел улогата на МК да ја сведе на морално материјална помагателна институција, но не успеал во тоа. Наспроти настојувањата на МРО, набрзо МК станал инструмент во рацете на бугарската влада и дворот кои вешто ги изманипулирале патриотските чувства на Македонците за бугарски интереси. Тоа се покажало на дело во несреќното т.н. "Мелничко востание".

По провокацијата во Мелник, МРО предупредувала дека ќе биде беспоштедна кон сите што не ги почитуваат нејзините закони и правилници, и кон оние, што без нејзина согласност вооружени навлегуваат на нејзината територија. Но, МК не ги сфатил сериозно предупредувањата и во почетокот на есента 1895 година го испратил Александар Чакаров да испровоцира востание во Виничко. Како што пишува д-р Крсте Битоски, А. Чакаров, нагизден во бугарска поручничка униформа, стигнал во Виничко во "ослободителна" мисија. Виничкото раководство разбрало дека тој бил испратен од некаков "комитет" од Софија и Ќустендил за да прогласи "востание" со учество на месните жители. Тој можел да собере 40 души. Виничкото раководство, по барање од Штип (од Делчев), му предложило или да се вклучи во Организацијата или да се врати од каде што дошол. Изјавувајќи надуено дека наредби прима само од МК во Софија и упатувајќи куп закани против месното раководство, Чакаров морал да се врати назад контролиран од месните ксмитети, кои имале добиено наредба ако има потреба и да го уапсат117.

Поради оваа провокација Делчев писмено протестирал кај Ефрем Каранов - претседател на македонското друштво во Ќустендил. Делчев, меѓу другото пишува: "Ослободувањето на Македонија лежи во внатрешно востание. Оној што мисли дека Македонија ќе се ослободи поинаку, тој се лаже и себеси и другите.Ако не стане така и ако се прогласи востание, жално ќе биде за народот, а тешко и горко за виновникот...Ако можело востание да се крене со 1-40 души, Македонија одамна ќе беше слободна државичка..."118.

Речиси истовремено кога се одвивала провокацијата спроведена под покровот на Бугарија, на почетокот на јуни 1895 година македонското население било изложено на насилство заради предавник и доушник од сопствениот народ. Џејмс Монахан, вицеконзулот во Битола го известува генералниот конзул во Солун, Џон Блант за апсењето на 89 поданици на Империјата од Прилеп и Прилепско кои биле сместени во затворот во Битола. Истите биле приведени "со обвинение дека биле нелојални на турската власт и им помагале на христијанските бандити од кои, изгледа, само двајцата Минов... и Дедов, успеале да останат на слобода и се наоѓале некаде во Прилепско"119. Според известувањето, ниту еден од 89-те затвореници не бил на некоја позиција или пак со некое поголемо влијание. Поголемиот број од нив биле затворени во Прилеп во текот на последните шест или седум месеци. Тие биле накодошени на властите од страна на еден доушник од с. Сенокос, Прилепско. Истиот, чие име конзулот не го наведува, "порано бил затворен заради неговата бунтовничка дејност, од страна на полицијата во Косовскиот вилает". Иако властите ветувале дека луѓето се доведени во Битола заради тоа да дадат изјави и нема да бидат судени, сепак се дознало "од еден очевидец дека сите 89 затвореници биле испратени во затворот"120.

Со тој чин, османските власти веројатно сакале да го заплашат македонското население во Прилепско. Имено, само неколку недели пред судењето, во Прилеп била донесена кола полна со оружје одземено од христијанското население од прилепските села. Истовремено биле "разоружани и христијанските селани во Прилепско, како и христијаните од некои села што се наоѓаат надвор од оваа област".

 По спроведеното судење, ситуацијата во Прилеп изгледала мирна, "како никогаш да немало цврсти докази дека во тој град или околината постои некакво активно револуционерно движење, макар и во најмала форма". Повидните Македонци во вилаетот не сакале да го признаат тоа,“ а  пак "турските власти потпомогнати со предавството од страна на доушникот", изгледа нашле оправдување за акцијата што ја спровеле121.

Во декември 1895 г. МК бил преименуван во Врховен македонски комитет (ВМК). За негов претседател бил избран генералот Данаил Николаев -близок човек на кнезот Фердинанд122. Тогаш ВМК пројавил тенденција да се наметне како раководен фактор во македонското ослободително дело или како што запишал Горче Петров во своите спомени "се обидоа од страна на ВК и агресивно да се мешаат во нашата Организација"123. ВМК манифестирал тенденција дека МРО е дел од "општата организација", чие седиште се наоѓа во Софија и на која и припага правото сама да решава по делото124, Притоа, ВМК за себе го задржувал правото на дипломатијата, а МРО требало да пос-лужи само како средство за притисок125. Овие обиди раководните кадри на МРО вешто го одбегнувале. МРО манифестирала автономност, не влегувала во аранжмани, а била согласна со оние што ја споделувале девизата. Затоа, биле одржувани постојани врски со ВМК се надеж дека ќе се добие некаква материјална помош за ослободителното дело.

Особена улога во одржувањето на чистотата на дејноста на МРО одиграл, покрај другите (Даме Груев, Ѓорче Петров, Пере Тошев), Гоце Делчев126. Во почетокот на февруари 1896 година, Делчев во Софија се сретнал со тогашниот претседател на ВМК -Данаил Николаев. Делчев останал крајно разочаран од разговорот што го воделе, бидејќи Николаев ја условувал евентуалната помош на МРО со тоа ВМК да го претставува револуционерното дело и да има решавачки глас по прашањето за востание. Делчев остро се спротивставил на ваквата уцена со зборовите: "...Ние нема да дозволиме други да решаваат дали да живееме или да умреме и кога. Кога да се прави востание, ќе реши народот. Нема да дозволиме да командувате од тука, за да не внесете во игра на востание како што се обидовте лани...". Затоа, веднаш по враќањето во Македонија, Делчев за ВМК му напишал на Н. Зографов: "Тој комитет таков впечаток ми направи, такво силно оладување предизвика кај мене, што јас не гледам дали ќе помага, туку се плашам да не му нанесе голема штета на дело-

то...“127

Наспроти делувањето на ВМК и мешањето на бугарските владеачки кругови, во Македонија раснела и се ширела револуционерната организација заедно со свеста за потребата од самостојна револуционерна борба. Со јакнењето и омасовувањето на револуционерната организација растел и ризикот од "случајно" откривање на нејзината мрежа и од провали со големи размери. Првото сомнение дека нешто се случува го предизвикало откривањето на неколкуте празни рачни бомби во вреќите со ориз пренесувани од кираџијата Доне од Штип во Битола во 1896 година128. Христо Андонов Полјански наведува дека Доне (Андон Тошев - Дончо Штипјанчето) член на Организацијата бил испратен од Гоцета Делчев во Битола на 15 април 1896 година129 како кираџија, со два коња товарени со четири вреќи ориз, на чие дно се наоѓале 200-300 к*ршуми и десетина рачни бомби. "Стоката" била наменета за Битола, а оттаму требало да се пренесе во Ресен, Охрид и Струга. На 16 април него го запреле при влезот во Битола (кај црквата Св. Недела) стражарите кои, барајќи контрабанден тутун, ги откриле бомбите130. Доне се обидел да бега, но бил фатен и одведен во полициската станица. Тој успеал да испрати писмо во Штип дека "поскоро ќе умре отколку да предаде нешто пред полицијата". Така и станало131.

Османската полиција, изненадена од откритието го подложила Донета на неверојатна тортура за да го принуди да ја каже вистината, но не успеала од него да дознае ништо. Овој чин на Дончо Штипјанчето Ѓорче Петров високо го оценил со зборовите: "Доне Штипјанчето со својата верност кон клетвата во битолскиот затвор стана родоначалник на она пасивно херојство на работници на Организацијата паднати во турски раце, што ја гарантираше сигурноста и тајната на Организацијата"132. Јуначкото држење на Доне Штипјанчето пред османската полиција во битолскиот затвор станало пример на револуционерна цврстина заради што народниот гениј му испеал една од најубавите револуционерни песни.

Со фаќањето на Доне во Битола се надвиснала непосредна опасност и над Гоце Делчев. Во него власта почкала да се сомнева. Тој успеал да се "одбрани" од тоа. Но сепак бил уапсен во април 1896 година, а во мај бил одведен во Скопје и затворен во скопскиот затвор к*ршумли ан. Во затворот бил кратко задржан со ветување да не се враќа во Штип со одредена "гаранција" за својата натамошна работа и движење.133

Последиците од оваа "афера" биле многукратни. Ѓорче Петров подвлекува две констатации: 1. фактот за постоење на завера во Штип и Битола и станал познат на османската власт; 2. Делчев го обрнал вниманието на властите врз себе си во Штип; во редот на сомнителните бил вклучен и тој134. Гоце, сепак, се враќа во Штип, токму при привршувањето на учебната година. Оттука патот го водел во Солун на конгресот на Организацијата кој што претставувал еден од пресвртните чинови во историјата на македонското ослободително дело.

Во услови на виден подем на Организацијата, но и на се поголемиот страв на бугарскиот двор дека македонското прашање нема да биде решено според желбите на Бугарија, во Солун, за време на Велигденската ваканција во 1896 година, се одржал конгресот на МРО. Солунскиот конгрес на МРО, според донесените решенија, Ѓорче Петров го смета за "Основачки конгрес на Организацијата135 ". Организацијата добила име Тајна македоно-одринска револуционерна организација (ТМОРО). На конгресот се расправало и за односите со ВМК чија тенденција била оценета "како многу опасна за делото". Сепак Организацијата била принудена да не ги раскинува односите со ВМК, посебно и заради потребите од материјална помош. Конгресот одлучил ТМО-РО да не се меша во внатрешните работи на ВМК, ниту во партискиот живот иа Бугарија. Со нив и со бугарското општество и македонската емиграција да се одржуваат добри односи. Од тие причини била донесена одлука да се отвори Задгранично претставништво. Тоа имало задача да ја претставува ТМОРО и да ги одбие надворешните посегања, без да се меша во работата на ВМК и политичкиот живот на Бугарија. Кон крајот на 1896 година со оваа сложена и деликатна задача бил задолжен Гоце Делчев, а во март 1897 година му се придружил и Ѓорче Петров136. По одлука на конгресот, Ѓорче Петров и Гоце Делчев изработиле Правилник и нов Устав на ТМОРО137.

По 1896 година, во наредните години, односите помеѓу МРО и ВМК варирале зависно од политичката ситуација во Бугарија, но зависно и од личностите кои доаѓале на чело на Комитетот. Меѓу членовите на ВМК имало бројни чесни и искрени Македонци кои сакале да и помогнат на својата татковина Македонија. Но, еден дел станале спроводници на големобугарската политика кон Македонија. Тоа посебно го фаворизирале инфилтрираните Бугари во ВМК. Тие станале предавници на македонското ослободително дело и како резултат на нивното делување и предавства загинале бројни македонски дејци. За жал стравот на Делчев се покажал во практиката повеќе од реалност.

Врховниот комитет особено инсистирал да биде прифатен и во странство како раководен фактор на македонското ослободително движење. Со тоа на европската и светска јавност и се пласирала тезата за бугарскиот карактер на Македонците, за бугарските комитаџии и борба  и секако за "правото" на Бугарија да ги обедини "сите Бугари" во една држава. За дејноста на ВМК пишувал европскиот печат, а посебен интерес пројавил познатиот англиски државник Вилијам Гледстон. Тој му го поставил на генералот Николаев крајно деликатното и умесно прашање: со какви средства мисли тој да крене востание, како сака да и помогне на Македонија. Се разбира дека Гледстон не можел да добие одговор на своето прашање, зашто ВМК реално не ни можел да подготви и не сакал да помага востание во Македонија освен да испраќа свои чети од Бугарија со провокативни цели138. А целта на провокациите била очигледна: да се лее крв на невиното население од османските одмазди, да се вознемири светската јавност, а бугарската политика да профитира во чекорите кон присвојувањето на Македонија.

 

__________________________________________

110-Види: Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, Скопје 1981, том први, 230-231; В. Поповски, Историско-политичкото и правното значење на членот 23 од Берлинскиот договор, "Зборник во чест на Александар Христов", Скопје 1996, 229-239.

111-Трајко Китанчев е роден во с. Подмочани, Ресенско во 1858 година. Се образувал во Цариград, Киев и Москва. Во учебната 1882/83 г. работел како професор во солунската егзархиска гимназија. Од 1883 г. активно учествува во општествено-политичкиот живот во Кнежевството Бугарија. Забележителна е неговата ангажираност среде македонските емигрантски друштва. Во 1894 година бил основач на македонското друштво "Братски сојуз". Во март бил избран и за претседател на Македонскиот комитет. Починал на 1.08.1895 година од срцев удар на 38-годишна возраст (Според: Кратки биографически бьльшки за Трайко Китанчевъ, Право 1/41, София, 26.08.1895).

112-Види: Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или смрт, Македонско револуционерно национално ослободително движење во Солунскиот вилает 1893-1903, Скопје 2003,193-200.

113-Командувањето на одредите им било доверено на околу 40 офицери, меѓу кои: Стојчо Гаруфалов, Антон Бозуков, Петар Начев, Васил Мустафов, Борис Сарафов, Димитар Атанасов, Сасов, Димитар Жостов, Иван Пожарлиев, Јордан Венедиков и други. Како водачи на теренот биле ангажирани старите арамиски војводи, меѓу кои: Кочо Љутата, Дедо Кацареа, Никола Геројот, Дедо Стоју, Кочо Мустракот, Дончо Златков, Кочо Ризов, Дедо Анго и други. (В. Ѓорѓиев, Слобода или смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893-1903,... 193).

114-Всушност и самиот Сарафов околу настаните во Мелник запишал: "Многу ми беше тешко да ги убедам тие луѓе да извршуваат патриотски подвизи. Голем дел од нив си мисли само да направи една мала тупурдија, па и ќесето да не им остане празно, а и да не загинат, туку да се вратат во Бугарија... Требаше многу да ги кандисувам да се воздржуваат од секаков грабеж за да остане делото чисто и патриостко-политичко..." (Спомени на Д. Груев, Бор. Сарафов, Ив. Гарванов, Съобщава, Л. Милетич, София 1927,38).

115-Против партизансвото во Бугарија, односно против вовлекувањето на Македонците во разни партии и партиски борби бил и Атанас Раздолов. Иако некои од партиите "нудат само на зборови некаква помош на Македонија, во суштина тие ги искористуваат Македонците во Бугарија само за своите цели, од тоа имаат корист само бугарските партии". (Даринка Пачемска, Атанас Раздолов и идејата за заедништво на балканските народи, "Историја", год. ХХ/2, Скопје 1984, 255)

116-В. Ѓорѓиев, Слобода или смрт..., 202.

117-Крсте Битоски, Континуитетот на македонските националноослободителни борби во XIX и почетокот на XX век, Скопје 1998,233.

118-Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, т. I„ Скопје 1981,325.

119-ДАРМ, PRO FО 78/4639, М-328, БР. 46, Писмо од Џејмс Монахан, вицеконзул во Битола, до Џон Блант, генерален конзул во Солун, 5.06.1895.

120-ДАРМ, PRO FО 78/4639. М-328, БР. 46, исто.

121-ДАРМ, исто.

122-Затоа, давајќи оценка за четничката акција од 1895 година, во 1905 Димо Хаџи Димов, меѓу другото напишал: "Секој знае дека од тоа вештачко и однадвор предизвикано четничко движење... искористи кнез Фердинанд кој го беше внушил и кој го поддржуваше. Крвта на борците, тешките страдања и солзите на илјади семејства му послужија како мост да се доближи до султанот -крвник и да ја добие неговата пресветла наклоност... Тоа компромитира пред непристрастното општествено мнение една света кауза. Нема зошто да се лутиме иа тоа општествено мнение што гледа толку недоверливо спрема стремежите на робот... Врховниот комитет стана орудие во рацете на кнезот Фердинанад, и кој можеше после овој факт да верува дека Комитетот искрено работи за ослободување на Македонија и Одринско и дека не игра улога на орудие за интересите на кнежевството?..." (Avicenus, Две течениа, Революцинен лист, бр. 8,1905)

123-Ѓорче Петров, Спомени, Коресподенција, Скопје 1984, 97.

124-Константин Пандев, Националноосвободителното движение в Македония и Тракия 1878-1903, София  1979,112.

125-Константин Пандев, Националноосвободителното движение..., 114-115.

126-Според Никола Зографов, раководител на ќустендилскиот пункт на Организацијата, Гоце Делчев дошол за полномошник на ЦК на 28.12.1895 г. во Софија. Содржината на неговото полномошно гласела вака: "Централниот комитет го испраќа Ахила во Бугарија со задача да пречи на секакво мешање од надвор во работите на Револуционерната организација во Македонија и Одринско. Сите што милуваат и сакаат да се посветат, да поможат за извојувањето на автономна слобода, нека повелат, вратите им се отворени". (Никола Зографов, Строежа на живота, София, 58).

127-Гоце Делчев, Писма и друѓи материали (издирил и подготвил за печат Дино Къосев), София 1967,54.

128-Историја на македонскиот народ, том трети, ред. д-р Крсте Битоски, Скопје 2003,239.

129-За датумот на фаќањето на Доне постојат разлики низ историската литература. Во МИР (стр. 455) се наведува: "Во вреќите со ориз, што на 19 април 1896 А.Т. од Блаце ги пренесувал за Битола, на влезот во градот кај црквата Св. Недела турските власти откриле оружје. За тоа дело бил осуден на доживотен затвор од 101 година...". Умрел на 15 април 1931 г. во Кустендил.

130-Христо Андонов Полјански, Гоце Делчев и неговото време, I, Култура, Скопје 1972,139.

131-П. К. Яворов, Гоце Делчев, София 1904,179.

132-Ѓорче Петров, Македонското ослободително дело, ред. Гане Тодоровски, Скопје 1971,177.

133-Христо Андонов Полјански, Гоце Делчев и неговошо време, I, Култура, Скопје 1972,139.

134-Горче Петров, цит. труд, 176.

135-Ѓорче Петров, Спомени, Скопје 1950,47.

136-Задграничното претставништво се грижело за собирање и препраќање на материјална помош, оружје, опрема и друго. Тоа имало можност да ја афирмира борбата на ТМОРО, да наоѓа сојузници и да ја брани самостојноста на ослободителното движење од надворешни влијанија и туѓи цели.

137-Во чл. 1 од Уставот на ТМОРО стои: "Тајната македоно-одринска револуционерна организација има за цел да ги сплоти во едно цело сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народност, за да извојува преку револуција полна политичка автономија за тие две области". Остварувањето на таа цел се поврзувало со отстранувањето на влијанието на странските пропаганди кое е зацртано во чл. 2 од Уставот каде се вели: "За постигање на таа цел Организацијата се бори да ги премавне шовинистичките пропаганди и националните расправии, кои го цепат и ослабуваат македонското и одринското население во неговата борба против општиот непријател..." (Види: В. Ѓорѓиев, Слобода или смрт, ...,217-219).

138-Историја на македонскиот народ...,т. 3,217-218.

ПРЕДАВСТВАТА И АТЕНТАТИТЕ ВО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА
Автори Виолета Аковска и Никола Жежов

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.