Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Август.2014 во 16:51 |
ЧОКОЛАДНА ТОРТА СО ПАВЛАКА БЕЗ ПЕЧЕЊЕЗа денешниот лесен и летен рецепт со кој ќе го разубавите денот на блиските не Ви треба многу. Малку време, кутија кекси, хопла, јајца, млеко и чоколада за готвење – каде што сметаме дека не Ви треба постапка на приготвување бидејќи едноставоста на истата е достапна на фотографијата подолу. Отако ќе завршите со подготовката, оставете да се излади и сместете ја тортата во фрижидер. Послужете ја студена, во комбинација со студено кафе.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Август.2014 во 10:31 |
КРЕМАСТА БАЈАДЕРА ГОТОВА ЗА 10 МИНУТИПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: * 1 литар млеко * 150гр гриз * 250гр маргарин * 1-2 лажици какао * 200гр оцет * 1 пакетче ванила * кора од лимон и сок од половина лимон * бисквити НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Ставете го млекото да се вари заедно со шеќерот, додадете го маргаринот да се стопи па во тоа додадете го и гризот. Поделете ја смесата на два дела па во едниот додадете какао, а во другиотшеќерот од ванила и лимонот. Во плех наредете ги бисквитите па најпрво ставете од црната смеса. Врз црниот крем ставете бисквити. Врз бисквитите ставете од белата крема, па повторно бисквити и тоа е тоа. Ставете во фрижидер и почекајте да се излади.
Изменето од Valerija - 05.Април.2018 во 21:51
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Септември.2014 во 11:51 |
ЗА 10 МИНУТИ ДО ВКУСЕН ДЕСЕРТ: ОРЕО ТОРТАСостојки: орео кекси сладолед од ванила чоколадо за готвење путер Подготовка: Ова е непечена торта. Сè што треба да направите е да ги искршите орео-кексите на ситни парчиња или на половинки и да ги измешате со сладоледот од ванила. Оваа смеса ставете ја во калап, додека чоколадото и путерот ќе ги истопите на пареа. Со растопеното чоколадо целосно прекријте ја тортата. Можете одозгора да додадете уште кекси.
Изменето од Valerija - 05.Април.2018 во 21:51
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Септември.2014 во 13:35 |
НЕПЕЧЕНА ТОРТА СО КРЕМ БАНАНИ И РЕСАНИ ГОТОВА ЗА САМО 5 МИНУТИПотребно: 10 крем бананчиња 1/2 кг ресани 1/2 кг хопла Ресаните и крем бананчињата се сецкаат. Хоплата се мати и кога ќе се згусни, поголемиот дел се меша со бананчињата и ресаните. Се прави форма по желба и се премачкува со остатокот од хоплата.
Изменето од Valerija - 05.Април.2018 во 21:51
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
evangeline
Модератор
Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Септември.2014 во 22:32 |
Посни штангли со кикирики без печење
Потребно е: 500 г. посни бисквити 250 г. солени кикирики 1 маргарин (посен) Подготовка: Издробените бисквити и кикиритки прелејте ги со претходно растопен маргарин. Додадете онолку вода, колку што е потребно да се замеси тесто. Ставете во тепсија, а висината на тестото нека биде околу 2 см. Оставете го тестото да отстои во ладилник. Оладеното тесто го сечеме на парчиња.
|
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Септември.2014 во 10:55 |
ШТАНГЛИ СО КИКИРИКИ БЕЗ ПЕЧЕЊЕПотребно е: 500 г. посни бисквити 250 г. солени кикирики 1 маргарин Подготовка: Издробените бисквити и кикиритки прелејте ги со претходно растопен маргарин. Додадете онолку вода, колку што е потребно да се замеси тесто. Ставете во тепсија, а висината на тестото нека биде околу 2 см. Оставете го тестото да отстои во ладилник. Оладеното тесто го сечеме на парчиња.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Октомври.2014 во 18:24 |
БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: ДЕСЕРТ ОД БИСКВИТИ И ПУТЕР ОД КИКИРИТКИ, ГОТОВ ЗА 10 МИНУТИСостојки: ● 1 шолја растопен путер ● 2 шолји мелени бисквити ● 2 шолји шеќер ● 1 шолја и 4 лажици путер од кикиритки ● 150 грама чоколадо Подготовка: Во чинија промешајте го растопениот путер, мелените бисквити, шеќерот и една шолја путер од кикиритки и мешајте се’ додека состојките не се соединат. Во микробранова печка растопете го чоколадото и со остатокот од путерот од кикиритки прелијте ја претходно подготвената смеса. Пред да го пресечете колачот на парчиња, оставете го да се излади барем еден час во ладилник.
Изменето од Valerija - 05.Април.2018 во 21:52
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Октомври.2014 во 20:09 |
Неодолив десерт за само 6 минути!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: * 1 шолја растопен путер, * 2 шолји мелени бисквити, * 2 шолји шеќер, * 4 лажици путер од кикиритки, * 1 1/2 парчиња чоколадо. НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Во чинија помешајте го растопениот путер, мелените бисквити, шеќерот и 1 лажица путер од кикиритки додека состојките не се соединат. Во врела вода или микробранова стопете ја чоколадата со остатокот од путер со кикиритки и прелејте ја со тоа претходно подготвената смеса. Пред да го исечете колачот на штангливи, нека отстои еден час во ладилник.
Изменето од Valerija - 14.Октомври.2014 во 20:09
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Октомври.2014 во 23:00 |
Брзо и без печење! Кремаста торта од банани и бисквити
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: * 250гр шеќер во прав * 250гр маргарин * 250гр мелени бисквити * 4 кисели јаболка изрендани без кора * 5 банани * 4 пакетчиња шлаг НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Маргаринот изматете го со шеќерот во прав. Додадете ги мелените бисквити, изренданите јаболка и 3 изгмечени банани. Формирајте торта од половина смеса. Во средината ставете ги исецканите 2 банани па врз нив вториот дел од смесата. Одозгора украсете со изматен шлаг.
Изменето од Valerija - 05.Април.2018 во 21:52
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Октомври.2014 во 23:05 |
Пудинг торта која не се пече
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: * 1,5л млеко * 100гр чоколадо за готвење * 4 пудинга од чоколадо * 10 лажици шеќер * 300гр бисквити * 2 пакетчиња шлаг крем од чоколадо НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Во, 1,5л сварено млеко додадете го чоколадото и 4 пудинзи, со 10 лажици шеќер. Откако пудингот ќе биде готов, отстранете го од огнот и додадете ги скршените бисквити па разлеете ја смесата во плех. Отако добро ќе се излади ставете го изматениот шлаг. Врз шлагот ставете изрендано чоколадо.
Изменето од Valerija - 17.Октомври.2014 во 23:06
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Октомври.2014 во 10:39 |
Шехерезада торта (без печење)
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: * 2 пакувања кекси ( petit beurre полнети со чоколадо) * 4 пакетчиња пудинг од карамела * 1 маргарин * 10 лажици шеќер * 500гр шлаг крем * 2л млеко НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Сварете ги пудинзите од карамела во 1 литар млеко со 10 лажици шеќер. Почекајте додека се излади. Отакако ќе се изладат , изматете го маргаринот, и споете го со пудингот. Добро изматете со миксер да добиете убава кремасата смеса. Изматете го шлагот со 1 литар млеко, Потребно ви е 500гр шлаг крем. Подгответе го кексот. Наредете го во послужавник. Врз него намачкајте од филот со карамел, а врз филот ставете шлаг. Потоа повторно кекс, па фил и на крајот шлаг. Повторувајте го тоа се додека не го потрошите материјалот.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Октомври.2014 во 17:44 |
БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: СКРИЕНИ БАНАНИ СО ПЛАЗМА И ОРЕВИСостојки • 300 г мелени плазма кекси • 100 г маргарин • 100 г шеќер во прав • 2 банани • 1 крушка • 1 кесичка ванилин шеќер • 120 г мелени ореви • 4 банани • 1 кесичка шлаг пена (за шлагот) • 200 мл млеко (за шлагот) Подготовка 1. Изматете го маргариннот со шеќерот во прав, потоа додадете во таа смеса изрендана крушка и испасирани две банани. 2. Смесата полека измешајте ја со лажица. Потоа додадете ги мелените плазма кекси, ванилиниот шеќер и мелените ореви. 3. Убаво измешајте и на фолија расукајте смеса, наредете ги 4 банани по должина, завиткајте во ролат и оставете на ладно да се стегне. 4. Оладениот ролат декорирајте го со претходно изматениот шлаг крем со млеко.
Изменето од Valerija - 05.Април.2018 во 21:52
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 31.Октомври.2014 во 22:30 |
Непечени колачиња од путер од кикириткиПриготвување:Измешајте ги сите состојки во сад. Тестото ќе биде многу трошливо, но продолжете да мешате. Со рацете формирајте топчиња со пречник од 1,5 см - ако тестото е премногу трошливо и се распаѓа, додајте малку повеќе путер од кикиритки или мед, додека тестото поубаво да се спои. Сплескајте ги топчињата и притиснете ги со виљушка за да се создадат засеци. На пареа стопете ја чоколадата и со неа попрскајте ги колачињата одозгора со виљушка. Колачињата чувајте ги во фрижидер најмалку 30 минути пред сервирањето. | Состојки:За околу 20 колачиња: 200 г мелени бисквити 150 г кремаст путер од кикиритки 120 г мед 1 лажичка екстракт од ванила 50 г шеќер 1/2 лажичка цимет 1 лажичка свеж рендан ѓумбир (или прстофат ѓумбир во прав) 150 г чоколада |
Изменето од Valerija - 31.Октомври.2014 во 22:30
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Ноември.2014 во 17:02 |
КИВИ КОЦКИСостојки: 300 гр. бисквити, 0,5 l млеко (плус малку млеко за потопување) , 5 лажици брашно, 100 гр. шеќер, ванилин шеќер, 150 гр. маргарин, 4 киви, шлаг и пудинг од ванила. Подготовка: Изматете го брашното со малку млеко. Во остатокот од млекото додадете шеќер и ванилин шеќер, па ставете да зоврие. Сварете пудинг. Пенасто изматете маргарин, додадете лажица по лажица од оладениот пудинг со постојано мешање. Половината од бисквитите потопете ги во млеко и наредете ги на тацна. Преку бисквитите намачкајте половина од филот, а одозгора наредете две киви исечени на кругови. Премачкајте со другата половина од филот, па наредете бисквити натопени во млеко. На крајот изматете шлаг и со него премачкајте го целиот колач. Кога ќе омекне, исечете го на коцки, па на секоја коцка ставете ги на кругови исечени останатите киви.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|