|
Црвено - црни новости |
Внеси реплика | страница <1 34567 17> |
Автор | |
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Milano - Vardar 0 : 2 31min Jancevski
|
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Milano - Vardar 1 : 3 Kraj!
Bravo za fudbalerite uste ednas odlicno odigraa... Komiti bea zapreni na patarina pred kumanovo! uste eden dokaz deka celo vreme se raboti vo makedonija protiv Komiti i Vardar! |
|
|
|
Red`Black
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 25.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 845 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
taka koga palis albansko zname ne mozes ni vo kumanovo da vlezes hhiihihhi |
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
друже ај те молам...само без кавги се друго може
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Pa vie da ne ne soprevte ili dzandarite? Bitno Vardar pobedi i shampion ke bide....Pozdrav do Kumanovo |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И Милано во "машината 3"
* Вардар си ги искористи своите шанси на теренот во Куманово, казнувајќи ги многуте "утки" на Милано во текот на целиот меч МИЛАНО - ВАРДАР 1:3 (1:2) Стадион: "Милано Арена" во Куманово. Гледачи: 1.500. Главен судија: Зоран Петковски. Помошници: Петре Кодовски и Петре Новачев (сите од Велес). Делегат: Ангел Дамјанов. Стрелци: Јанчевски 6', 32', Положани 85' (В) - Брандо 35' (М) Ж. Картони: Статовци, Маневски (М) - Ковачевиќ, Муса Али, Јанчевски, Мегленски (В). Играч на натпреварот: Бобан Јанчевски. Вардар ја "сруши" браната во Куманово и со кренати раце си заминува од неприкосновениот терен на Милано, кој до вчера не беше освоен цели 11 месеци. Лидерот на прволигашката табела и најсериозен кандидат за титулата одново ја покажа својата сила и квалитет, и одново делејќи "тројка" во мрежата на противникот. Но вчерашната победа беше извојувана со многу мака. Сигурно не им беше лесно на "вардарците" на влажниот терен, а со нив во Куманово беше и среќата која ги следеше во неколку ситуации кога топките "фучеа" покрај голот на одличниот Пачовски, кој во првиот дел спаси и два зицера. На самиот старт од мечот иницијатива на Милано, меѓутоа сето тоа беше залудно кога со само еден потег Вардар дојде до водство. Во првото приближување во шеснаесетникот на Нурединоски, Милисављевиќ центира од лево, Ристов извиси, Брандо задоцни, а Јанчевски тоа знае како да го искористи и со прецизен удар стрела право во мрежата за молк на трибините на "Милано арена". Следуваше обид за враќање во натпреварот за Милано. Доминираа кумановските фудбалери, правеа шанси, меѓутоа Томе Пачовски е брилијантен. Не им дозволи прво на Гешоски, а потоа и на Глигоровски, и тоа од непосредни близини да го совладаат. На спротивната страна Вардар не го виде голот, меѓутоа тоа не го исплаши најтрофејниот македонски тим. Одново Јанчевски овој пат го искористи центаршутот од десно на Божиновски, му избега на Брандо и со глава не му беше тешко повторно да го совлада Нурединоски за убедливи 0:2. Меѓутоа, Милано и тука не сакаше пред време да го "положи" оружјето, а нивната добра игра конечно даде плод во 35. минута кога Брандо ја искористи невнимателноста во одбраната на гостите и ја тресе мрежата. Една екипа играше во вториот дел. Тоа беше Милано. Каква ли само иницијатива имаше кумановскиот тим создавајќи многу, многу шанси, но среќата е со Вардар кога Глигоровски, Маневски, Сали, Алими... не успеаја да го совладаат Пачовски и тоа од многу поволни позиции. Вардар му ја препушти иницијативата на противникот, кој во последните 20 минути од мечот веќе немаше сили да дојде до втор гол. Пет минути пред последниот свиреж се повтори непишаното фудбалско правило, кога не се користат шансите стигнува казната. Ремек делото од слободен удар на Положани го докажа тоа ставајќи крај на надежите на кумановци и носејќи сигурен триумф на Вардар на тешкиот и до вчера речиси цела година неосвоен терен во Куманово. Повреди за Ковачевиќ и Божиновски На вчерашниот тежок терен под исклучително тешки временски услови за игра присутни и неколку груби дуели поради што дојде до повреди. Предвреме играта од вардаровиот состав мораа да ја напуштат дефанзивците Жељко Ковачевиќ, кој очигледно и недоволно заздравениот од претходната повреда, но и Васко Божиновски. Исто така неколкуте жестоки дуели на средината на теренот донесоа неколку интервенции на лекарските екипи од двата табора. МИЛАНО ВАРДАР 8 корнери 5 16/8 удари/ во 7/6 20 прекршоци 23 4 офсајди 3 2 ж. картони 4 ОД ТРЕНЕРСКИ АГОЛ БИЛБИЛ СОКОЛИ "Во првото полувреме имавме многу шасни кои не ги искористивме. Од друга страна искусната екипа на Вардар од два напади постигна два гола. По таа негатива продолживме да играме, но кај нашите фудбалери повеќе беше присутна желбата отколку паметот, па од тука поразот е неминовен. Јас сум задоволен од играта на нашите играчи, и не ми преостанува ништо друго освен да ја честитам заслужената победа на Вардар". РАТКО ДОСТАНИЌ "Како прво јас би рекол дека победи фудбалот. Имавме феноменален дочек и организација од страна на екипата на Милано која треба да служи како пример. Видовме еден квалитетен натпревар во кој и едната и другата екипа можеше да го добие мечот. Ние на овој дуел имавме повеќе среќа и знаење да го приведеме натпреварот кон крајот". |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вратени од гостување
Уште еднаш сме сведоци на прекршување на слободата на навивачите во Македонија. И покрај лошото време кое цело време врнеше, и покрај сите притисоци се собравме околу 70-80 луѓе. По убедувањето дали да тргнеме или не , се реши да тргнеме иако се очекуваше да не бидеме присутни.Неколку километри пред Куманово т.е на втората патарина не чекаше огромен кордон од полиција составен од желки, обични скопски и кумановски џандари. Според нивната бројка изгледаше како да очекуваат вооружена банда, а не навивачи. По убедувањето зашто неможеме да одиме, решивме да тргнеме пешки.Тргнавме со песна при што беше запалена димна, но многу брзо корднот од желки со штитовите уште еднаш покажаа колку се "силни" и не блокираа , при што не ни беше дозволено ни пешки да стигнеме. Причината која ни ја кажаа дека стадионот бил полн (иако не беше ни до пола исполнет) и дека нема да можат да ни гарантираат безбедност.Стварно силна полиција што неможе да гарантира безбедност на 70 души на полупразен стадион со 80% деца .Уште еднаш во оваа држава се покажа дека за Комити има некои посебни правила и закони додека за сите други кои гостуваат во Скопје има сосема други.И пред некоја сезона бевме вратени на неколку километри од Битола кога сакавме да одиме на ракомет, но тогаш изговорот беше дека има пијани матуранти во Битола и нема да може да ни гарантираат безбедност. Изменето од Vardar1947 - 16.Септември.2008 во 17:49 |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Казнена експедиција...
* "Играме офанзивен фудбал со брза трансформација на четири до пет фудбалери во нападот. Фудбалот всушност се игра за голови, и тоа е нашата филозофија", вели "бомбардерот" Јанкер Вардар препородениот не простува... Секој има можност да си ги искористи своите шанси, кој колку може, затоа што во спротивно следи казна. Вака, барем погледнато од страна, дејствува четата на Ратко Достаниќ на стартот од новиот шампионат конечно дефинитивно веќе навестувајќи го враќањето на епитетот - најтрофејното од Македонија. Шест години "црвено-црната" армија навивачи го очекуваше лицето на својот клуб со кое ќе може да се гордее, за ете во 2008 по организацискиот препород веќе истото полека да се открива. А, искрено, без разлика на целокупната позитивна реорганизација, и најголемите оптимисти не веруваа дека Вардар уште од почетокот така лесно ќе дели "тројки" на кој стигне... 12 бода со 12 гола низ четирите кола, и тоа нанижани шампионот од пред една година Победа, најлутиот ривал Пелистер, секогаш амбициозната Ренова и минатогодишниот вицешампион Милано се повеќе од добар почеток на патот кон шампионската титула. "Но, на шампионската титула с$ уште не сакаме да размислуваме. Има уште многу да се игра, минати се само четири натпревари а ние сакаме да одиме чекор по чекор", веднаш ја спушта топката "бомбардерот" во редовите на "вардарци", Бобан Јанчевски, кој и на жешкиот терен во Куманово двапати ја потврди својата гол форма. "Најдоброто е што играме онака како што очекуваат сите од Вардар. Играме навистина офанзивен фудбал со брза трансформација на четири до пет фудбалери во нападот. Фудбалот се игра за голови, и тоа е нашата филозофија. Тешко е тогаш противниците да се бранат". Сепак, против Милано не лесно се стигна до убедливиот триумф. "Тежок натпревар, домаќинот имаше одлични можности, но ние знаеме да казнуваме секогаш кога е неопходно". Навивачите очекуваат а љубителите на фудбалот посакуваат и натаму атрактивен фудбал. Продолжува ли гол серијата? "Дај боже да продолжам на овој начин... Меѓутоа, за моите погодоци подеднакво се заслужни и колегите од тимот. Без нив тешко дека ќе биде оваа бројка на голови", вели популарниот Јанкер, на кого се надоврзува мислењето на репрезентативецот Артим Положани. "Убаво е кога со триумф ќе заврши еден таков квалитетен натпревар. Знаевме како да го контролираме дуелот со Милано потврдувајќи ја досегашна доминација, меѓутоа дефинитивно сигурен сум дека знаеме и како да го контролираме понатаму патот до трофеите", истакнува Положани, кој со вистински евро погодок во финишот само ја запечати судбината на кумановци, кои се запишаа на списокот "жртви" на новата вардарова ДЕН ПО СРЕДБАТА ВО КУМАНОВО ВЕЌЕ Е ЈАСНО ЗА НЕИЗДРЖАНОСТА НА ОДЛУКАТА ДА НЕ СЕ ПРИМААТ ВАРДАРОВИТЕ НАВИВАЧИ "Комитите" ни пешадија до Куманово Ако од сегашен аспект се погледнат полупразниот стадион во Куманово, одличната организација на средбата и високите безбедносни мерки за дуелот меѓу Милано и Вардар тогаш веќе се потврдува впечатокот за неиздржаноста на одлуката да не се дозволи присуство на најверните навивачи на Вардар, "Комитите", на неделната средба. А, во неделата некаде околу 70 "Комити" сепак и покрај предупредувањето организирано тргнале за Куманово. Но на само два километри пред градот очекувано нивниот автобус бил пресретнат од полицијата со известување дека не смее понатаму. Зачудувачки, првично им било дозволено пешки да го продолжат својот пат, но веднаш потоа повторно упорните "Комити" биле пресретнати од полициски кордон со ново известување дека за нив нема ниту пешадија до Куманово. Јасно е дека една од мерките за спречување на меѓунавивачките инциденти е и оваа, и секако најлесниот начин за да не се заморуваме со подоцнежно решавање на несакани настани. Меѓутоа, зачудува нееднаквоста во одлуките за слобода на движењето. Во Скопје има место за секоја навивачка група. Во Куманово јасно е дека трибината не беше причината за непримањето на вардаровите навивачи, истата онаа која и во многу полоша состојба претходно примала "Комити" на дуелите со Башкими. Фудбалот, барем така водат размислувањата, се игра за навивачите. Организаторите мора тоа да го знаат, исто како што навивачите мора да знаат дека клубовите веќе не смеат да бидат жртва на нивното хулиганско однесување. Ред е во Македонија концентрацијата да биде на зелениот терен а не кон трибината. А, лекот, сепак не ќе да е во забраната за патување на "Комитите". Затоа што во Македонија ретко ќе се најде стадион кој ги задоволува сите безбедносни критериуми, а вардаровите навивачи ќе останат за домашна употреба. |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Sliki od Komiti na Patarina pred Kumanovo...
http://www.komiti.org/gal1/gallery2/main.php?g2_view=core.DownloadItem&g2_itemId=830&g2_serialNumber=2 http://www.komiti.org/gal1/gallery2/main.php?g2_view=core.DownloadItem&g2_itemId=834&g2_serialNumber=2 http://www.komiti.org/gal1/gallery2/main.php?g2_view=core.DownloadItem&g2_itemId=843&g2_serialNumber=2 http://www.komiti.org/gal1/gallery2/main.php?g2_view=core.DownloadItem&g2_itemId=846&g2_serialNumber=2 http://www.komiti.org/gal1/gallery2/main.php?g2_view=core.DownloadItem&g2_itemId=849&g2_serialNumber=2 |
|
|
|
milano4ever
Група Регистриран: 17.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 40 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
pa mislam deka dobro go znaat site makedonski klubovi TETOVO . pa dojdete tamu da ve vidime
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вардар 4 средби како домаќин без публика
Одлуки на Дисциплинската комисија на ФФМ од состанокот одржан на Ден 17.09.2008 година: 1.Капинкоски Димитар (Ф.К.Победа) се казнува со забрана на настап на 1(еден) натпревар поради втор жолт картон на натпреварот со Ф.К.Македонија ЃП 2. Крстев Александар (Ф.К.Хор. Турново) се казнува со забрана на настап на 1(еден) натпревар поради втор жолт картон на натпреварот со Ф.К.Силекс 3. Каранфиловски Раде (Маџари С) се казнува со забрана на настаp на 2(два) натпревари поради неспортски однос на натпреварот со Ф.К.Кожуф 4.Стојанов Марјан (ВардарДекамел) се казнува со забрана на наста на 2(два) натпревари поради неспортски однос на натпреварот со Ф.К.Миравци. 5.Исаку Бесарт (Охрид) се казнува со забрана на настап на 1(еден) натпревар поради втор жолт картон на натпреварот со Ф.К.Нов Милениум 6. Абди Едис (Охрид) се казнува со забрана на настап на 2(два) натпревари поради неспортска игра на натпреварот со Ф.К.Нов Милениум. 7.Ф.К.Вардар Декамел се казнува со парична казна од 250 евра поради присyство на неслужбени лица пред прострориите за време на натпреварот со ФК Цементарница. 8.Ф.К.Скопје се казнува со парична казна од 250 евра поради влегување на неслужбени лица на натпреварот со Ф.К.Кожуф. 9.Ф.К.,Вардар Скопје се казнува со забрана на настап без присуство на публика на 4(четири) натпревари како домаќин , поради инцидентот кој се случил во 85 минута во ложата на градскиот стадион во Скопје, кога од страна на навивачите на Ф.К.Вардар било нападнато раководството на Ф.К.Ренова. 10.Се задолжува Ф.к.Вардар да ја изврши одлуката на Арбитражниот совет на ФФМ број 03-228 од 07-05-2008 г И да го исплати долгот на 5(пет) еднакви рати кон ФК Цементарница, заклучно со 31.12.2008 година. Доколку одлуката не се спроведе до утврдениот датум следува Суспензија. 11..Се задолжува Ф.к.Вардар да ја изврши одлуката на Арбитражниот совет на ФФМ број 03-227 од 07-05-2008 г . најдоцна до 01.10.2008 година да го исплати долгот кон ФК Силекс . Доколку одлуката не се спроведе до утврдениот датум следува Суспензија. 12.Се задолжува Ф.к.Милано да ја изврши одлуката на Арбитражниот совет на ФФМ број 03-225 од 07-05-2008 г . најдоцна до 01.10.2008 година да го исплати долгот кон ФК Работнички. Доколку одлуката не се спроведе до утврдениот датум следува Суспензија. 13.Се задолжува Ф.к.Ренова да ја изврши одлуката на Арбитражниот совет на ФФМ број 03-435 од 19-08-2008 г . најдоцна до 01.10.2008 година да го исплати долгот кон ФК Силекс. Доколку одлуката не се спроведе до утврдениот датум следува Суспензија. 14. Шефот на стручниот штаб на Ф.К.Победа Здравески Николче се казнува со забрана на вршење на било каква функција поврзана со фудбалскиот спорт во траење од 1(еден) месец поради отстранување од терен во 9 мин. на натпреварот со Ф.К.Напредок. 15.Претседателот на Ф.К.Победа(Забрчанец Александар) се казнува со Опомена поради неовластено влегување во терен при постигнување на гол на екипата на Ф.К.Победа на натпреварот со Напредок. Ne mi se veruva ej pa uste kazneti za ovaa glupost!!!!! do koga ke se raboti vo makedonija protiv Vardar?!!? ovoj prilepskiov majmun Haralampie pod hitno da se izbrka od FFM!!!! |
|
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПОРАДИ ИНЦИДЕНТОТ ЗА ВРЕМЕ НА НАТПРЕВАРОТ СО РЕНОВА, НАЈТРОФЕЈНИОТ МАКЕДОНСКИ КЛУБ ЗАРАБОТИ НЕОЧЕКУВАНО ВИСОКА КАЗНА ФФМ "удри" 4 средби по Вардар * Изненадувачкото е што за многу поголеми инциденти кога биле физички претепувани фудбалери, судии, делегати, во минатото Башкими или Шкендија минувале со слични казни Навивачите на Вардар, ајде што не се пожелни во
средините надвор од својот "Градски", во следните четири натпревари
нема да имаат можност да го гледаат својот клуб и на средбите на
домашен терен. Јасно
е дека "црвено-црните" мора да понесат своја одговорност за немилите
сцени, меѓутоа изненадувачкото е што претходно за многу поголеми
инциденти кога биле физички претепувани фудбалери, судии, делегати, па
и на самиот терен, а натпреварите биле прекинувани, во минатото Башкими
или Шкендија минувале со без малку слични казни. Очигледно е дека за
некои во ФФМ силен Вардар во моментов е добар "терен" за
неаргументирано "изживување"... "Црвено-црните" мора да се раздолжат со Цементарница 55 КАЗНА И ЗА ТРЕНЕРОТ НА ПОБЕДА И Милано и Ренова ќе плаќаат Јас навистина не сваќам што е Вардар крив...Патем мме...па кој прв почна....!!!!!!!! |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Vardar 4 - 2 Napredok
Strelci: 21min Levkov 0-1 47min Gligorov 1-1 69min Milisavljevic 2-1 78min Bajevski 3-1 84min Stavreski 3-2 90min Jancevski 4-2 Napred Vardar!!! |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тече вардаровата "голеада"
* Низ две различни лица "вардарците" главно поради одличниот напад во вториот дел до нови три очекувани бода ВАРДАР - НАПРЕДОК 4:2 (0:1) Градски стадион во Скопје. Натпревар без публика. Главен судија: Љубомир Крстевски. Помошници: Панде Атанасов и Златко Стојановски (сите од Битола). Стрелци: Глигоров 47', Милисављевиќ 69', Бајевски 78', Јанчевски 90' (В); Левков 21', Ставрески 84' (Н). Ж. картони: Милисављевиќ (В); Илиев, Трпеноски, Симјаноски (Н). Црвен картон: Трпеноски 86' (Н). Играч на натпреварот: Немања Милисављевиќ Инаку, вардаровите фудбалери во саботата на "Градски", сепак, имаа поддршка од 50 свои навивачи, кои ја искористија моменталната доизградба на Северната трибина, токму од таа страна, иако официјално надвор од стадионот, да го бодрат својот тим. IMAS VARDAR TI VERNI KOMITI KADE ODIS TI NIE SO VAS SME NAPRED VARDARE!!! Изменето од Vardar1947 - 22.Септември.2008 во 18:10 |
|
|
|
Внеси реплика | страница <1 34567 17> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |