|
Ролат |
Внеси реплика | страница <1 234 |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки За декоративните линии 1 белка 30 гр шеќер 30 гр путер 20 гр брашно зелена прехрамбена боја За кора 2 јајца 60 гр брашно 60 гр шеќер прстофат сол За фил 150 гр бело чоколадо 150 гр слатка павлака 1 лажица ментол екстракт зелена прехрамбена боја 3 коцки чоколадо 100 гр слатка павлака 5 гр желатинПодготовка 1. Ја вклучуваме рерната да ни се загрее на 170 степени. 2. Најпрво треба да ја направиме смесата за декоративните шари. 3. Сите состојки ги ставаме во еден сад и ги соединуваме со миксер. Смесата ја ставаме во кесичка на која ќе и го отсечеме ќошот или пак во шприц со кој може да се прават тенки линии. 4. На хартија за печење цртаме декорации по желба. Хартијата ја превртуваме и ја ставаме во тавче со 27х27 димензии во кое ќе го печеме ролатот. Истискуваме од смесата и ги формираме шарите. 5. Тавчето го ставаме во замрзнувач. За тоа време ја правиме смесата за кората . 1. Ги двоиме белките од жолчките, жолчките ги матиме со шеќерот заедно, па го додаваме брашното. 2. Ги матиме белките да се зацврстат и со шпатула со лесно промешување ги соеднуваме со смесата од жолчки. 3. Го вадиме тавчето со шарите од замрзнувач и ја распоредуваме смесата врз нив. 4. Печеме околу 10 минути, ама секоја рерна различно пече па внимавајте да не ја препечете кората. 5. Откако ќе се испече, ја оставаме 2-3 минути да излади и потоа ја тргаме хартијата за печење, ама повторно во истата хартија ја роламе кората во ролат. Подготовка на фил 1. Павлаката ја загреваме до вриење, ја тргаме на срана и во неа го додаваме белото чоколадо, ментол екстрактот и прехрамбената боја. Мешаме до растопување и изедначување на смесата. 2. Желатинот го растопуваме во 2-3 лажици вода, па го ставаме на ниска температура на рингла да се растопи. 3. 100 мл слатка павлака ја матиме до згуснување, ама не премногу, лесно да биде изматена. 4. Кон неа ја додаваме скоро изладената смеса од бело чоколадо и растопениот желатин. Матиме до соединување и згуснување. 5. Врз кората го распоредуваме филот и рендаме чоколадо врз него. Го завиткуваме ролатот и го оставаме да се стегне филот. Сечеме парчиња по желба. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Брз ролат – Совршен десерт за ненајавени гости, кога немате ништо, освен јајца во ладилникотСекој од нас се нашол во ситуација да се соочи со ненајавени гости, а да немаме ништо од посебно приготвена храна дома, а токму следниот рецепт за златен брз ролат е совршеното решение за оваа цел! 5 јајца
Начин на подготовка
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шарен „Жирафа ролат“: Креативен рецепт за уживање на целото семејство!Отидете на диво „кујнско сафари“ преку подготовката на шарен „жирафа“ ролат. Овој десерт ќе стане вашиот омилен рецепт. А, еве и како да го подготвите: Потребни состојки:
Начин на подготовка:
Изменето од Valerija - 08.Декември.2020 во 21:04 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 234 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |