|
Љубчо Георгиевски за Македонската историј |
Внеси реплика | страница <1 23456 15> |
Автор | |||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Јас незнам како да те разберам. Самиот велиш дека сме биле смешка, а од друга страна презентираш грчки и бугарски аргументи. Штом ќе се чујат таквите аргументи, кај секој еден Македонец се манифестираат некои одбојни чувства, условен рефлекс. Кога веќе ме споредуваш со некој си поп, се надевам дека таа споредба е со македонскиот, а не со грчкиот поп. Мислам дека од моите постови можеше да дојдеш до заклучок дека сепак имаш работа со разбран Македонец, а не неразбран Грк или Бугарин. Значи човек кој сака да ги побие грчките и бугарските историски небулози, а не некому да му го оспорува неговато право сам да си ја определи својата етничка припадност. Не како што некои си го дозволуваат тоа. Јас ничиви зборови не извртувам, а ако не сум те разбрал, повели, објасни кој е твојот став и понуди солуција на политички исконструираниот проблем и со Грција и со Бугарија. Која е твојата стратегија со која Грците и Бугарите би остапиле од нивните позиции и еднаш за секогаш би се разрешила оваа сага. Изменето од Platenik - 26.Мај.2009 во 13:51 |
|||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ти се допаѓал тој факт или не, ние со ова инсистирање на Александар и со ова наше идолопоклонство, манифестираме слаба национална свест и криза на идентитетот.
А сега да ти го појаснам мојот став кон целата оваа небулоза- не може да биде поголем Македонец оној ѓуптин од поп отколку отец Никодим чие што колено можеби потекнува уште од најраните интеракции помеѓу Словените и староседелците, какви и да биле тие. Значи, нашите Македонци се староседелци во Егејска Македонија и тоа со полно право и тоа токму од територијален аспект. Да бидам уште појасен- бидејќи тие живееле подолго време на таа територија отколку малоазиските доселеници кои се населиле на местото од протераните Македонци по граѓанската војна. Инаку, ако ние инсистираме на антиката, па човеку, колку што има можност античките Македонци да се мешале со Словените, исто толку има можност и тие да се мешале и со Грците, причина повеќе е што тие имале долга традиција на каков-таков соживот, од 5. век пр.н.е. со Александар 1. Филхелен па се до пропаста на Македонија. Велиш дека јазикот не е одредница за етничката припадност, тогаш по таа логика и Власите не се Власи туку Македонци, бидејќи тие се подолго време од нас на овие простори. И уште нешто, мене ваквиот став за јазикот ми изгледа како јас сега да треба да се срамам од својот јазик и од тоа што сум Словен. Колку и да ги релативизираме нештата мене секогаш ќе ми биде поблизок некој Чех или Полјак, отколку некој Грк токму поради блискоста на јазикот, а и поради тоа што со нив сме роднинии по гени и по култура. А јазикот е носител на културата. Го имаш тоа и во Библијата- на почетокот беше зборот. |
|||
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Кои бугарски аргументи- Крсте Мисирков или Иван Катарџиев? |
|||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Како може да се Власите подолго на овие простори кога тие се Романизирано население или Римјански доселеници.
Ти си имаш голема грешка пријателе - Норманската теза на Варшавскиот пакт падна во истиот момент кога падна и Варшавскиот пакт. Ние сме мешавина на Македонско античко население со седумте славјански племиња кои се населиле на Македонска територија - и не ја намалувај Македонската територија бидејки во времето кога се населувале Славјаните Македонија ги опфаќала и деловите преку Ниш,Призрен,Софија и Солун |
|||
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Чекај сега, ако грешам поправи ме, ама јас колку што се сеќавам прво е Македонија, па Рим, па Византија а Словените се населуваат тука во времето на Византија. |
|||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Точно така е но исто така ако си забележал и во Римскиот и во Византискиот период Македонија е провинција управувана од Македонски веледостојници а не од Римски или Византиски.
Словцените само се претопиле во староседелското население - игенеа ти кажува каков супстракт има во Македонската ДНК |
|||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Одговараш, ама пак недоваш конкретен одговор! Која е твојата стратегија со која Грците и Бугарите би остапиле од нивните позиции и еднаш за секогаш би се разрешила оваа сага. 125 земји немаат проблем со Македонија и нејзиниот идентитет, ама овие две да. Никој не рече дека треба да се срамиш од својот јазик или да не се чувствуваш Словен. Напротив треба да се гордееш со достигнувањата кој јазикот ги има постигнато во изминативе 60тина години. Јазик кој за кусо време има постигнато невиден развиток и можност да се изучува на многу светски универзитети. Ние како Македонци сме ја немале таа привилегија нашиот јазик слободно и без никакви притисоци да се развива, па одтаму успехот добива уште повеќе на значение. Јазикот сигурно не е основниот критериум за одредување на националната припадност на луѓето. Зошто? Па ако јазикот ја одредуваше национланата припадност, тогаш за цела Јужна америка ке можеме да речеме дека е населена со Шпанци и Португалци. Како што и самиот знаеш многу мал процент од тамошното население влече корени од Шпанија или Португалија. Во една Австралија само 40% се со англосаксонско потекло, сите зборуваат англиски, а само мал број се Англичани. Такви примери имаш многу низ светов. Да јазикот ги зближува луѓето и во многу случаи ги прави покомпетабилни, но не секогаш. Младите од дијаспората ќе си го носат својот ген, но прашање е на време кога тие комплетно ќе го заборават јазикот на своите предци. По сила на приликите тие ќе се оформата според приликите во земјата во која се родиле и изразнале. Сакал да признаеш или не во мнозинството од нас тече и античка македонска крв, како што тече и словенска. Зарем треба да се срамам од тоа, посебно кога за тоа јас како поединец најмалку сносам некаква одговорност. Ајде да се свртам кон соседите. Во една Бугарија која постои од 1878 година формирана од царска Русија по руско труската војна креирана е една нација со старо древно име а од мешан етнички состав. Можеби половината од тамошното население е со македонски корени, кое е вљубено во се што е македонски, дури и јазикот кој го зборуваат е македонски дијалект. Имаат 1 милион Турци и уште еден 1 милион Роми. Негледам дека тие се монета за подкусурување или некој од нив да се срами што се нарекува со тоа азиско име. Трагедијата не е во тоа што тие одбрале да го носта тоа име, туку во тоа што си зимаат баш тие однародените, својот матичен народ да го ословуваат со тоа исто азиско име. Тоа што тие имаат 5 теории за нивното потекло и 15 хипотези е факт кој зборува сам за себе односно кој има криза на иднтитетот. Не е случајно што тие си го бараат потеклото од Охрид па се до Сибир. Зошто во Македонија сем бугаризираните, никој непее бугарски песни, никој не се замара со Бугарија како што тие се опседнати со Македонија и се што е македонско? Поимот Булгар или Вулгар било погрдно име кое се има задржано до ден денешен. Дури сам отец Паисиј се чудел зошто народот се срамел да се нарекува со тоа име. Меѓутоа бугарската историографија, тој поим кој бил користен од византиската администрација за да ги дефинира сите словени кои живееле на блакнаските простори, го има прифатено за да ја одреди националната припадност во сите бугарски земји. По таа логика Србите, Црногорците, Боснаците, Албанците па и Македонците се Бугари. Од друга страна пак се срамат од азијатското потекло на Бугарите, а се повикуваат на Аспарух како татко на нацијата. Ова тебе не ти смета? Ова тебе не ти звучи како криза на идентитетот?! За Грците ти пишував во предходните постови. Мегали идеата не е случајна, а нејзиниот успех е евидентен, од можеби најизмешаното население на Балканот да создаде една хомогена нација, еден народ, еден јазик една вера. Процесот на хеленизација е еден од најрепресивните процеси запаметен во поновата историја на човештвото. Можеби само Кортез да им е конк*ренција. Дури ни Турците за 5 векови владеење не го направиле тоа што Грците го направија за стотина години, се разбира, под благослов на големите сили и нивните импријалситчки интереси. Размисли и покрај кусото постоење на Македонија како самостојна држава (тука го вклучувам и периодот во рамките на СФРЈ) Македонија е за копје пред сите во соседството па и пошироко во однос на демократските процеси, верската и националната толеранција. Како никаде, малцинствата во Македонија можат да ги уживаат своите права за здружување и асоцијација, формираат политчки партии, имаат образование на највисоко ниво, располагаат со печатени и електронски медиуми и слободно и без никаков проблем ги практикуват своите религиски убедувања.... Вистински мултикултурализам во правиот смисол на зборот. Кажи ми ти какви се состојбите во соседството?! Затоа кога пишуваш нешто или се срамиш од нешто прво треба убаво да размислиш, а работите да ги поставиш во прав контекст. Ниедна работа нетреба да се гледа изолирано и да биде набиена со силен емоционален набој. Затоа работите околу македонската етногенеза да им ја препуштиме на стучните лица. Наша задача како поединци е да си го зачуваме она што нам како луѓе, како Македонци ни припаѓа, правото за самоопределување, националната гордост и дигнитет и целокупниот интегритет на Македонија. Разум никогаш не ни недостасувал. Изменето од Platenik - 27.Мај.2009 во 02:37 |
|||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Остана без зборови?! Совет: незборувај за теми за кои немаш формирано конкретно мислење. |
|||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ма всушност ти ми ги потроши сите зборови. Секоја чест на трудот, само што се’ си мислам дека таа колаж доктрна најмногу работи против самите нас. Како што реков, има многу противречности во сето тоа. А во историјата нема многу место за некаква философска дијалектика. |
|||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Но нема место и за 1200 теории - освен во Бугарската историја
|
|||
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А што си ми се залепил ти на мене со таа бугарска историја- ете ти го Катарџиев па на него лечи фрустрации не на мене |
|||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Па затоа зошто нивни теории подржуваш - единствена земја во целиот свет која што има 1200 теории на свое постоење е Бугарија плус да рачунаме и твојата омилена Норманска теорија за Славјанството која е веке најмалку застапена во светот освен во Бугарија.Дури и Русите веке не се поистоветуваат со Славјаните алооооооооооооооо
|
|||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А твојата доктрина е?! Само незаборавај дека можеби браќата Руси ја сносат и најголемата одговорност за оваа хаотична состојба на Балканот. Од Македонците направија Бугари! Србите кои толку многу се крстат во Русите, безбројпати биле извисени баш од нивните најсакани словенски браќа. За Пољаците и Чесите и што тие мислат за Русите да не ти зборувам. Хрватите и Србите можеби најблиските словенски браќа безрезервно се истребуваат повеќе од 100 години. Лужичките Срби се веќе комплетно германизирани. Со Словенците сме делеле една држава, а различни сме како задник и око. Пансловенизмот колку и да ми е близок и разбирлив, ради јазичната сличност, сепак историски е докажано дека не функционирал во интерсот на тие словенски народи. Можеби некогаш и би проработил мислам на пансловенизмот, ама во некое поинакво идеолошко политичко опкружување каде прагот на толеранција ќе биде на повисоко ниво. Каде интересите на засебните етнички групи ќе бидат безрезервно почитувани. Колку да се знае, филозофските концепти се тие кои ги обликуваат општествата во кои живееме, додека историјата е само интепретација на минатото. Минатото од различни луѓе, различно е интепретирано. За да се разберат разликите, пред се треба да се разберат мотивите на интерпретаторот. |
|||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||
Внеси реплика | страница <1 23456 15> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |