IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Извадоци,исечоци,цитати
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Извадоци,исечоци,цитати

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3536373839 46>
Автор
Порака
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2011 во 14:44
... им беше ѓаволски тешко. Беа толку храбри што ни се кинеа срцата!
Меѓу нив беше и еден младич - умираше. Некако бргу насетувате кој ке умре,
и јас знаев дека тој умира. Си легнав на креветот, но неможев да спијам,
па слегов да го видам одделението. Не се малтретирав да ја облекувам униформата,
го облеков само фустанот и седнав до него. О Боже, Џо! Можете ли да си замислите
- одеднаш рече со детски глас: “Мамо, ти ли си?’’ Што можев да речам?
Реков: “Јас сум, мило, се’ е во ред.’’ А потоа тој рече: “Тука ли е Џон?’’,
а јас реков; “Да, тука е некаде.’’ И почна да блада. Сакав да сторам нешто за него,
нешто посебно. Така го соблеков фустанот и легнав на креветот до него прегрнувајки го.
Престана да блада, воздивна и се припи до мене ...

извадок од “Последната Кашмирска Роза’’
од Барбара Клеверли
always look on the bright side of the life!
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2011 во 23:05
 
 
  Суфите пеат и не држат проповеди, зашто животот
многу повеќе прилега на песна отколку на проповед...
 Тие играат и не раскажуваат за догмите, зашто играта е многу
пожива, повеќе прилега на постоењето...повеќе е како цвркотот
на птиците на дрвјата и свирењето на ветерот меѓу боровите...
повеќе прилега на водопад, на плискањето на дождот,
или на растењето на тревата ...
  Сиот живот е игра која вибрира, која пулсира ...
со бесконечниот живот.....................
 
Извадок од ...... Патот до срцето ....
Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2011 во 21:28
Вашите деца не се ваши деца. Тие се синови и керќи на самиот копнеж на Животот за себе.
Тие доаѓаат низ вас, но не од вас.
И ако се тие со вас, вам не ви припаѓаат.
Вие можете да им ја дадете вашата љубов, но не и вашите мисли. Зашто тие имаат сопствени мисли.
Вие можете да ги вдомите нивните тела, но не и нивните души. Бидејќи нивните души живеат во куќата на утрешнината, која вие не можете да ја посетите, дури ни во вашите соништа.
Вие можете да се обидете да бидете како нив, но не копнејте да ги направите како вас.
Зашто животот не оди наназад, ниту се занимава со вчерашноста..

Најголемиот продавач на светот - Ог Мандино
always look on the bright side of the life!
Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2011 во 22:59
„Алкохолот и јас...
Вљубени како Ромео и Џулиета.
Верни како Бони и Клајд.
Нераздвојни како Станлио и Олио.
Неуништливи како Содома и Гомора.
Телепатски поврзани како Саи Баба и Господ.
И смешни како Том и Џери.
Алкохолот и јас...“

„Тоа воедно беше и мојата прва сериозна лекција во
животот, од семестралниот испит во категоријата
“алкохол“ по предметот Самоуништување.“

„Мечтаевме да станеме “нешто“.
Дека ќе станеме “некој“ беше однапред јасно.
И тогаш, а и денес кај нас е многу лесно да станеш
“некој“. Финтата е да станеш “нешто“.

„Јас сум ве-де управител само на мојата фирма наречена
“Живот“, но таа веќе со години е под стечај.“

„Уживаше да не ужива додека другите уживаат.“

„Нема веќе апатија, летаргија, депресија...
Можеби има, но ти не ги чувствуваш.
Го чувствуваш само алкохолот.
И тоа сè помалку.
На крајот не чувствуваш ама баш ништо.
Или можеби чувствуваш.
Ама не чувствуваш дека чувствуваш.“

“Зошто ме осудивте на живот?“

„Професорот не’ запозна со брачниот пар Ѓаволи кои се
вечната ноќна мора на алкохоличарите.
Мисис Депресија и мистер Делириум тременс.
Кога се дружиш со господинот, многу лесно можеш да
во ситуација да убиеш некого.
А кога си со госпоѓата, можеш да се убиеш само себе.
Баш фино.
Секако си ебаната страна...

Прирачник за анти антиалкохоличари - И. Џамбазов
always look on the bright side of the life!
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2011 во 22:37
Понекогаш сите ги мешам со оној што го љубам -Шармишта Моханти.

„Исти маски го издолжуваат актерот на заминување,
се креваат завеси, но без фанфари повикувачки,
Ти и јас се вкрстуваме, а нема среќавање.

Не сме дури ни странци во театар,
играјќи одвоени улоги во монодрами,
Јазикот се распаѓа и звукот нема значење.“ -Д. Чатерџи
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2011 во 22:55
 
 

Ден пред да наполни 21 година, Роберт се враќаше дома со наведната глава. Од изутрина се шеташе низ центарот на Велес размислувајќи. По кафулиња не можеше да оди затоа што немаше скршена пара во џебот. Веќе долго време не почуствувал пари во раката. Му беше срам да седне на маса со друштвото, а не може ништо да порача. Одвреме-навреме ќе ѕирнеше во некој затемнет локал и ќе ги видеше другарите како седат со девојки до нив, како пијат, јадат и се смејат. Се чудеше од каде имаат толку пари кога и нивните родители се останати без работа како инеговите.

Денес дозна. Заработуваат од рекетарење, и тоа на процент. Од шест другари кои заедно завршија средно училиште, само еден успеа да се запише на факултет како редовен студент. Другите петмина можеа тоа да го направат како вонредни студенти, но немаа пари.

 

......Чистач  .....

Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2011 во 15:53
Сомнежот е невиноста на душата.
Кој не се сомнева, не е невин, оти можно е да верува во нешто и од полза, а вербата од полза е грев. Сомнежот познава само една полза: вистината. Освен тоа, вербата може да се одглуми, ама сомнежот-не.

Љубовта ја создава вербата, вербата го раѓа сомнежот а сомнежот ја утврдува вербата.

Оној кој никогаш не се сомнева, тој не верува вистински: тој само обожува. Верува во се' што ќе му се каже. Вербата без сомнеж е слепа блудница, оти може да ги менува објектите на вербата без причина, ред и правило. И без љубов,оти се верува само кога се сака она во што се верува.

Сомнежот и вербата се како вдишување и издишување. Не можеш да вдишуваш постојано, без да издишиш.


В.Андоновски - Вештица
always look on the bright side of the life!
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2011 во 19:48

„Бегалка“ од Васил Иљоски

ПРВИОТ МОМОК: (на својот другар) и-и, што рачиче има онаа Васка, меко, меко како памук.
ВТОРИОТ МОМОК: Ја па образите.... и’ ce расцутиле како трендафили.
ПРВАТА ДЕВОЈКА: (на својата другарка). Гледај гo Миланче, сo мустачиња. Само што му нажегнале.
ВТОРАТА ДЕВОЈКА: A види, види како ја исчешлал Дане косата, како крава да го лижела.
ТРЕТАТА ДЕВОЈКА: Стодрам шарлаган турил на неа. Сe за Перса. (Ја имитира). Дане, сакам да си ми убав како писан, му вели.
ТРЕТИОТ МОМОК: Е-е, на Гена и се см’кнал чорапот.
ЧЕТВРТИОТ МОМОК: Влечивлечка.
ПЕТИОТ МОМОК: А, Симке мори! (и намигнува).
ТРЕТАТА ДЕВОЈКА: Eгa ти испрснало тоа око, a!
ПЕТИОТ МОМОК: Окото не, туку срцето ќе ми се распрсне како печен костен од мерак за тебе. А, костенче бре!
ШЕСТИОТ МОМОК: Me изгоре, мори Севдо! He знам што да правам.
ЧЕТВРТАТА ДЕВОЈКА: Рипни в бунар, та мртов да се угаснеш.
ПРВИОТ МОМОК: Е, мори Васке, нејќеш ич да ме погледнеш!
ЧЕТВРТАТА ДЕВОЈКА: Бре, што си мостра за гледање!
ВТОРИОТ MOМOK: А, Тинке мори, ме изеде!
ВТОРАТА ДЕВОЈКА: Жива рана те изела!
ЧЕТВРТИОТ МОМОК: Нацо, вечер на вратниче! Ке излезеш?
ПЕТАТА ДЕВОЈКА: Ако се украдам....................

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2011 во 23:45
 
 
Ме прими дежурниот персонал. Не знаеја како да реагираат.
Еден млад згоден скупски доктор. Ме изгледа ме ислуша ме испипка.
Ми прегледа се по список, од мозокот па се до џигерот.
Резултатите на сите течности, што им ги дадов, беа позитивни
и апсолутно поразувачки. Позитивно поразувачки ....
Крвта ми била како на болен од анемија...а урината како на
седумдесет и пет годишен старец... Сперма не ми побараа....
ама и подобро... Ќе се збунат кога ќе видат дека мене одамна ми се
изумрени опавчињата на сперматозоидите .....
Оние што нон -стоп  мрдаат.  И што прават  деца ....................
 
 
.....Извадок  од  Прирачникот.......................
 
Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2011 во 12:24
"Штотуку ве научив на најважната животна лекција", тогаш ќе одговореше Бертиниот маж."Кога сакате да постигнете нешто, добро отворете си ги очите,сосредоточете се на целта и бидете сигурни во она што го сакате.Никој не може да ја погоди својата цел со затворени очи"

Демонот и госпоѓица Прим- Коелјо
always look on the bright side of the life!
Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2011 во 22:36
„Точно е дека не сум бесмртна. Еден ден ќе избледам и ќе се вратам во земјата. Јас ќе умрам но тоа нема да биде крајот на мојот живот. Тогаш земјата ќе одгледа некоја друга роза. Никој нема да ме памети освен тие што го сакаат мојот мирис. Никој нема да помисли дека оваа роза, јас, се уште била во состојба да го шири својот прекрасен мирис. Но, кога моите пријатели ќе го вдишат воздухот во кој ќе биде разнесуван и мојот мирис, нивните лица ќе ги развесели насмевка. Тогаш ќе можам да кажам : `Мојот живот не помина залудно. Темнината во која сум морала да живеам пред да процветаат моите пупки, нема да претставува ништо`. Тогаш ќе кажам: ` Мило ми е што сум задоволна со тоа што сум само обична роза`.“


Изгубената роза - Сердар Оскан
always look on the bright side of the life!
Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2011 во 14:27
"Требаше да не го слушам, ми се довери еден ден, цвеќињата никогаш не треба се слушаат. Тие треба само да се гледаат и да се мирисаат. Моето цвеќе ја намирисуваше мојата планета, но јас не знаев да уживам во тоа. А работата околу трнчињата што толку ми здодеваше, всушност требаше да ме развеселува...."
Тој ми го довери и уште ова:
"Тогаш јас ништо не умеев да разбирам. Требаше да судам за него по делата, а не по зборовите. Тоа ме намирисуваше и освежуваше. Не требаше никогаш да избегам од него. Требаше да ја насетам неговата нежност зад оние малечки итрини. Цвеќињата се толку настраничави! Но јас бев мноогу млад за да знам да сакам"

Малиот Принц - Антоан де Сен-Егзипери
always look on the bright side of the life!
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2011 во 23:48
 
 
Талентот е нерелевантен ако човек не е мотивиран да го користи. Мотивацијата може да биде надворешна (на пример за потврдување на статусот во општеството) или внатрешна (за задоволство од добро завршена работа). Надворешните извори имаат тенденција да бидат преодни, додека внатрешните имаат тенденција да создадат по константни перформанси.
Природната импулсивност може да попречи на патот до оптималните перформанси. Луѓето не секогаш ги користат комплетните интелектуални ресурси за да се справат со проблемот, туку одат со првото решение кое ќе им дојде на памет.
Некои премногу бргу се откажуваат, други пак не се во можност да прекинат,дури и кога работата очигледно нема да има резултати....
 
Извадок од книгата: In search of the human mind   од Robert J. Sternberg.
 
Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2011 во 00:28
"...Povekjeto lugje ne sakaat da plivat pred toa da go naucat..zarem ne e toa interesno?Se razbira deka ne sakaat da plivaat...tie se rodeni za pocva,a ne za voda...I ne sakaat da razmisluvaat.Rodeni se da ziveat,a ne da razmisluvaat.Se razbira,onoj koj razmisluva,komu razmisluvanjeto mu e najvazno,ke stasa daleku,no sepak pocvata ja zamenil so voda i eden den kje se udavi..."
                                                       H.Hese
always look on the bright side of the life!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3536373839 46>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,408 секунди.