![]() |
|
Вести |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 3435363738 61> |
Автор | ||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||
Сион во одбрана на Аце Митрески!
![]() "Обвиненијата се без врска. Моето име е поврзано само поради тоа што вечерта пред дуелот ме виделе со уште двајца соиграчи во доцните часови. Јас сум повреден и не играв на тој меч затоа што проблемите со зглобот траат речиси цела зима...", појаснува Митрески кој има добри настапи оваа сезона во дресот на Сион. По обвинувањата од медиумите со свој став излезе и управата на Сион која застана зад своите играчи а посебно на странат на Митрески чие име е неоправдано споменато во целиот овој случај. "Целиот притисок е врз фудбалерот Сереј Дие. За него медиумите извадија еден куп работи кои ги користат како докази дека бил вмешан во местенка. Во целиот овој скандал јас немам никаква врска а дека е тоа така најавија и од мојот клуб кои се огласија со соопштение. Можеби ќе ме казнат само затоа што сум бил излезен пред дуелот со моите соиграчи Дос Сантос и Пријовиќ. Тоа е вистина и не можам да кажам не. Точно е дека бевме излезени но јас сум повреден и не бев во комбинација за дуелот со Грасхоперс...", нагласува Александар Митрески околу скандалот кој го тресе неговиот Сион. |
||||||||||
![]() |
||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||
Без стадионот во Киев, Украина го губи ЕВРО 2012
![]() "Ако стадионот во Киев, на кој треба да се игра финалето, не биде завршен, Украина нема да биде домаќин на ЕВРО 2012", категоричен беше Платини. Украина треба да го организира Европското првенство заедно со Полска каде работата на четирите стадиони (Варшава, Познањ, Гдањск и Вроцлав) засега напредуваат според планот. Добра е ситуацијата и во украинските градови Доњецк и Харков, но во Лвов и Киев има опасен застој. Освен тоа, се појавија и шпекулации дека Германија е подготвена да влета место Украина, но Платини ги отфрла ваквите приказни. "Засега немаме 'план Б'. Загрижен сум за состојбата во Украина, но не губам надеж", порача првиот човек на европскиот фудбал. Инаку, интересно е тоа што ваквите закани од Платини доаѓаат само две недели откако тој самиот изјави дека е презадоволен од подготовките за ЕВРО 2012 и дека нема никакви проблеми при изградбата на стадионите. Нејасно е како за толку кратко време Французинот се премисли иако и претходно многупати ја опомена Украина за застој во изградбата. |
||||||||||
![]() |
||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||
Леман во пензија од 9 мај
![]() "Својот последен натпревар ќе го одиграм на 8 мај. Така одлучи семејното собрание", на шега изјави Леман алудирајќи на датумот кога се игра последното коло од Бундес-лигата. Со тоа, тој ја отфрли и можноста да прифати некоја од понудите на странските клубови. Леман има веќе 40 години, а во својата богата кариера, освен на Штутгарт, беше член на неколку врвни клубови како Борусија Дортмунд, Шалке, Милан и Арсенал. Со Шалке во 1997 година освои титула во Купот на УЕФА, со Борусија Дортмунд три години подоцна беше првак на Германија, а со Арсенал во 2006 година стигна до финалето од Лигата на шампионите и таму доживеа минимален пораз од 2:1, но го одбележа натпреварот бидејќи доби црвен картон уште во 19. минута. Меѓу другото, Леман беше прв голман на германската репрезентација на Светското првенство на домашен терен пред четири години. Германците тогаш го освоија третото место, а Леман во националниот тим одигра вкупно 61 натпревар при што учествуваше и на Европското првенство во Австрија и Швајцарија. |
||||||||||
![]() |
||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||
Со тешко срце го одбив Јувентус!
![]() "Со тешко срце го одбив Јувентус и останав да работам во Ирска. Едноставно немам сили да водам репрезентација и клуб во исто време, а освен тоа не сакав да испаднам нефер кон челниците на Ирскиот фудбалски сојуз кои ми даваат целосна поддршка во работата.", изјави Трапатони. Италијанскиот стратег во периодот од 1976 до 1986 година со Јувентус освои шест титули во првенството но и Купот на европските шампиони. Неговиот втор "мандат", на почетокот на деведесеттите не беше толку успешен. |
||||||||||
![]() |
||||||||||
francuz-ohrid ![]() Нов член ![]() Регистриран: 02.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 4 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||
Се за III лига Југозапад и ОФЛ - Охрид .Резултати, табели стрелци на голови Ново !!!!! 1X2 ТИМ . До сега 100 % успешен http://fcborec.com/ и http://ofs-ohrid.blog.mk/
|
||||||||||
![]() |
||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||
Бензема во Милан, Пато во Реал?
![]() |
||||||||||
![]() |
||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||
ФРАНЦУЗИНОТ ДЕФИНИТИВНО СЕ ОТКАЖУВА ОД ФУДБАЛОТ
Макелеле од лето во пензија ![]() "Дефинитивно одлучив. Заминувам во фудбалска пензија на крајот на сезоната",изјавил 37-годишниот Макелеле. Искусниот фудбалер во оваа сезона настапи на 29 натпревари, а еднаш се запиша во листата на стелци. Инаку, Макелеле, кој е роден во Киншаси во Конго, својата фудбалска кариера ја почна во 1992 година во Нант каде играше пет сезонаи, а потоа мал период мина во Марсеј и Селта пред да се пресели во Реал Мадрид во 2000 година со кој ја освои Лигата на шампионите. Потоа пет години помина во Челзи и одигра преку 150 натпревари за овој клуб, а од 2008 е член на ПСЖ. За репрезентацијата на Франција одигра 71 натпревар. |
||||||||||
![]() |
||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||
МАКЕДОНЕЦОТ ОД ХЕРЕНВЕН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ЛЕТНА ТРАНСФЕР БОМБА
Њукасл е првиот пик за Горан Попов ![]() Во текот на минатата недела менаџерот на Горан Попов беше во Херенвен каде со управата на овој клуб стартува со преговорите околу продажбата на левиот бек во летниот преоден рок. Се подготвува трансфер "бомба" за нашиот репрезентативец кој се очекува да замине во голем клуб и во посилен шампионат. Од она што го дознавме барем засега пик број еден на фудбалерот и неговите менаџери е дресот на англискиот тим Њукасл. Заминувањето на Попов на "Сент Џејмс парк" во северот на Англија би бил одличен трансфер со оглед на тоа дека станува збор за голем клуб кој експресно се враќа во елитата на оваа земја. Популарните "страчки" веќе се во контакт со луѓето на македонскиот репрезентативец кој со своите игри во дресот на Херенвен докажа дека има квалитети и потенцијал за поголеми дострели. Попов е во рацете на познатиот менаџер Ален Аугустинчиќ, кој на својата листа на фудбалери го застапува и Един Џеко од Волфсбург. Тоа значи дека постојат огромни шанси Попов летово за замине во добра средина иако договор со Херенвен има на уште две години. Покрај Њукасл на листата на клубови со кои се контактира се наоѓаат уште два тима од Англија и тоа Фулам и Бирмингем, но во опција е и заминување на Попов во Бундес-лигата. Доколку Попов оди во Германија тој е најблиску до дресот на Волфсбург иако во комбинација е и екипата на Борусија Дортмунд каде тренер е Јирген Клоп, човекот кој има одлично искусто со Аугустинчиќ по соработката со Новески од времето кога тренерот беше на клупата на Мајнц. Левиот бек летово ќе инсистира да си замине од Херенвен затоа што клубот цела сезона беше во криза и се бореше за опстанок во лигата и покрај тоа што лани популарните "срциња" со Попов стигнаа до пехарот од Купот на Холандија и настапуваа во групите од Лигата на Европа. Секој преоден рок Херенвен ги продава своите најдобри фудбалери па така сега дојде и редот на Попов. Од балканците лани оваа екипа го продаде Даниел Прањиќ во Баерн Минхен, а пред тоа Миралем Сулејмани замина во Ајакс. |
||||||||||
![]() |
||||||||||
aLbaneso ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Септември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 933 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||
Џеко поднови сараевски таксист!
![]() Најдобриот стрелец на тимот на Волфзбург и Бундеслигата, го исполни своето ветување од детството. Един Џеко, кој својата фудбалска кариера ја започна во сараевски Железничар, како дете на еден локален таксист, кој редовно го носел на тренинзи, му дал едно ветување. „Еднаш кога ќе заиграм за голем клуб и кога ќе заработувам многу пари, ќе ти купам нов автомобил!“ Таксистот веројатно тогаш само се насмевнал на ова, но Един не заборавил на неговото ветување. За време на неговата последна посета на Сараево, тој го посетил таксистот, му тропнал на врата и го викнал во салон да си одбере нов автомобил. „Бираше половина час и ги разгледуваше перформансите на автомобилите и одбра Шкода Октавија. Един искешира 40 илјади евра и му купи на човекот што сакаше“, раскажа за медиумите еден сараевски пријател на Един. |
||||||||||
Љаеш НЕ касаш !
|
||||||||||
![]() |
||||||||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||
Фудбалски
„местења“ на Балканот
Хрватска без сомнение е
најмоќна балканска фудбалска сила, но додека државната репрезентација се
обидува да влезе во врвот
на ранг-листата на ФИФА, домашниот фудбал е во
прилично лоша состојба.
Недостигаат пари, а инфраструктурата се урива. Стадионите се речиси празни, освен за големите дерби натпревари. Кон ситуацијата не помагаат ниту раширените гласини за местење на натпреварите и поврзаност со организираниот криминал.
На натпреварот меѓу загребски Динамо и Локомотива, го сретнавме хрватскиот спортскиот новинар Алан Новицки: - За секој натпревар има гласини дека е наместен. Но како тоа го прават навистина е зачудувачки. Или можеби се премногу моќни за владата. БиБиСи: Дали во фудбалот има вмешаност на организираниот криминал? „Не знам, верувам дека има нешто, но нема доказ за тоа. Малку е и опасно да се зборува за тоа, ако ме разбирате“. Горчливо искуство Човекот кој точно знае колку е опасно ако се поставуваат премногу прашања е Душан Миљеш. Тој 25 години истражува организираниот криминал во Хрватска. Има добиено и меѓународна награда за храброст во новинарството. Вели дека изминатите две години живее под полициска заштита: „Има многу сериозни показатели дека организираниот криминал е вмешан во спортот, особено во фудбалот. Еден познат фудбалски менаџер, Дино Покровац, беше убиен пред неговиот стан во јуни 2008, во очигледно убиство од организирана банда.“ БиБиСи: И вие бевте нападнат пред вашиот стан. Каква порака требаше да биде испратена со тоа? " Тоа се случи на 2 јуни 2008. Бев претепан од две маскирани лица. Ми ја скршија левата рака и имав сериозно повреди на главата. Тоа беше типичен начин на испраќање порака од група на ораганизизраниот криминал". Затоа новинарите се колебливи да истражуваат. Но што е со властите? Се смета дека 14 напревари во Хрватска се меѓу 200 меча кои се под сомневање во огромниот скандал за местење на натпревари, обелоденет од германската полиција минатата година. Претставници од светскиот фудбал сакаа да разговараат со Министерството за внатрешни работи, но тие одбија да коментираат. Така постапи и Канцеларијата против организиран криминал, иако од таму потврдија дека се води истрага.
Но неодамна избраниот претстедател на Хрватска, Иво Јосиповиќ, се согласи да го објасни огромниот предизвик со кој се соочуваат оние кои сакаат да и застанат на пат на корупцијата. „Има многу гласини дека многу од натпреварите биле претходно договорени. Но не сме и мале некоја сериозна истрага, ниту пресуди. Сега слушаме и читаме за корупција во фудбалот во цела Европа. Така што тоа е меѓународен проблем. Оваа болест треба да ја лечиме во секоја земја, вклучувајќи ја и Хрватска. Но во споредба со другите области од нашиот социјален живот, би рекол дека ова не е наш примарен интерес. Затоа што имаме многу посериозни случаи на корупција и организиран криминал во нашата економија. Се бириме против корупцијата, но очигледно не можеме да сториме се во исто време. Важно е во борбата да се вклучат и познатите лица, посебно од фудбалот, да застанат на фронталната линија и да им покажат на младите дека тоа не е добро однесување...Нулта толеранција.“
За време на престојот на екипата на БиБиСи во Хрватска постојано се спомнуваше едно име. Го спомнуваа новинарите, навивачите па дури и од такси возачите и вработените во хотелот. „Ако сакате да дознаете за местењето на натпревари на Балканот, мора да го прашате Џаро"- велеа тие. Сите го знаат Џаро Така допатуваме до Македонија, за да го сренеме Велибор Џаровски, човек кој поминал затворска казна во поранешна Југославија за местење на натпревар. Сега ужива нешто како статус на славно лице. И тврди дека и сега е прилично вовлечен во бизнисот: -„Таму каде што има играчи во Европа од бивша Југославија таму се првенствата се највалкани. Еве видете, сега во Хрватска се блокирани обложувањата..." Џаро покажува список од натпреварите од претходниот ден и додава дека за некој од нив престанале да примаат обложувања. БиБиСи: Дали затоа што мечот бил наместен? „Види не може се да се држи во тајност 100 посто. Веројато откриле дека на овој меч нешто се случува, па го блокирале." БиБиСи: Утврдени се докази за местење на скоро 200 натпревари. Дали мислите дека ќе одат и подлабоко, да откријат уште? „Од тие 200, само за десет отсто има докази..." Додека разговаравме со Џаро пред една кладилница во Скопје, му приоѓаа луѓе со ливчиња за обложување и со прашања за совет. Тој постојано одговараше и на телефон, во Хрватска, Србија...насекаде. Тој е како еден вид гуру за обложување, со екстра знаење. Претстедателот на УЕФА, Мишел Платини, зборуваше за неговата решеност да ја искорени корупцијата. Но ако му се верува на Џаро, и доколку е вистина она што го слушнавме во Хрватска, тогаш пред него е многу висока планина за качување. Решение против „Победа“ Портпаролот на УЕФА Роберт Фокнер вели дека источна Европа е се' повеќе фокус на борбата: -„Постои чувство дека многу нешта се поврзани, не се знае дали со истата група што оперираше во Германија и пошироко. Еве, пред некој ден Арбитражната комисија во Лозана го поддржа решението против македонска „Победа" и доживотната забрана за претседателот и играч на клубот. Ние им даваме на државните фудбалски здруженија податоци за активности кои ги сметаме за незаконски, им помагаме, но не е лесно.“ БиБиСи: Дали борбата воопшто може да се добие? -„Мислам дека неколку години, можеби
целото интернет-обложување беше потценето иако се вртеа огромни пари.
Сега успеваме со
одреден надзор да сфатиме што се случува,
соработувајќи со обложувалниците. Но тешкотијата е да се најде доказ и
да се преземе
нешто.“ |
||||||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||||||
![]() |
||||||||||
zamislena ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||
...Читам и не ми се верува ..дали е ова вистина или не...
...што се случува ..со еден од моите омилени ....фудбалери... ? !!!
|
||||||||||
![]() |
||||||||||
stigma04 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 2661 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||
strasno nesto ako e vistina
|
||||||||||
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
|
||||||||||
![]() |
||||||||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||
Летна "чистка" во Челзи
![]() На оваа листа се наоѓаат голманот Хиларио, потоа дефанзивците Паоло Фереира, Белети и Мансиен, кој моментално игра во Вулверхемптон како позајмен фудбалер, како и халфовите Деко, Михаел Балак и Џо Кол. Последните двајца ќе станат слободни фудбалери на крајот на сезоната, а на нивното место Анчелоти планира да купи двајца квалитетни играчи, а ќе прекомандува и неколку играчи од младинскиот погон. Деко е блиску до враќање во Бразил, за Џо Кол се интересираат Реал Мадрид и Барселона, додека, пак, за Фереира "се загреани" Спортинг и Порто, а се шпекулира дека нова ѕвезда на Стемфорд Бриџ би бил Алесандре Пато. |
||||||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||||||
![]() |
||||||||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||
Леонардо си заминува, Милан бара нов тренер
![]() "Да, Леонардо си заминува. Работиме на ангажирање на нов тренер. Кој ќе биде тоа? Разговараме со неколку луѓе. Леонардо беше многу тврдоглав, а екипата играше мошне лошо оваа сезона", додаде првиот човек на Милан и актуелен италијански премиер. Кориере дело спорт тврди дека главни кандидати за наследник на Леонардо се некогашните фудбалер на Милан, а сега функционери во клубот Мауро Тасоти и Филипо Гали. Тасоти во моментов му е прв помошник на Леонардо, а Гали е дел од стручниот штаб. Леонардо, пак, подолго време се спомнува како нов селектор на Бразил на местото на Дунга кој најави оставка по Светското првенство во Јужна Африка. |
||||||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 3435363738 61> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |