|
ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ |
Внеси реплика | страница <1 3334353637 68> |
Автор | |
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Среќен Роденден мило Изменето од EvAngelos - 23.Ноември.2007 во 12:02 |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мило, не se возбудувај многу, еве ти го линкот од каде што постирав:
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
connected
Сениор Регистриран: 17.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 2787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
sorry
|
|
connected
Сениор Регистриран: 17.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 2787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Светиот великомаченик Мина 24/11/2007 По потекло Мисирец и војник по занимање Свети Мина, како вистински христијанин, не можеше да го гледа одвратното жртвопринесување на идолите, па ја напушти војската и градот и луѓето и сѐ и отиде во пуста планина. Бидејќи на Св. Мина му беше полесно да живее со дивите ѕверови одошто со незнабожните луѓе. Еден ден светителот го проѕре од далечина незнабожечкото празнување во градот Катуанија, па се спушти во градот и пред сите ја објави својата вера во живиот Бог Христос, а ги изобличи идолопоклонството и незнабоштвото како лага и мрак. Кнезот на тој град, некој Пирос, го запраша Свети Мина кој е тој и што е. Светителот му одговори: „Татковина ми е Мисир, името ми е Мина, бев офицер, но кога го видов идолопоклонството се одреков од вашите почести. Сега дојдов пред сите да Го објавам мојот Христос како вистинит Бог, за и Он мене да ме објави како Свој слуга во Царството Небесно“. Кога го слушна ова Пирос го подложи Свети Мина на големи маки. Го биеја, го стружеа со железни четки, го гореа со свеќи и го мачеа со разни други маки, па најпосле го убија со меч. Телото му го фрлија во оган за да не го земат христијаните, но тие сепак спасија од огнот некои делови. Овие остатоци ги погребаа чесно, а подоцна беа пренесени во Александрија и таму ги погребаа и над нив изградија црква. Св. Мина пострада околу 304 година и се пресели во Христовото Царство. Тој беше и остана голем чудотворец во двата животи, и на земјата и на небото. На секого којшто го слави Св. Мина и во неволја со вера го повикува на помош, тој и му помогнал. Повеќепати се јавуваше како војник на коњ, за да им помогне на верните или за да ги казни неверните. |
|
connected
Сениор Регистриран: 17.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 2787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
connected
Сениор Регистриран: 17.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 2787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Светиот маченик Стефан Дечански, крал српски Син на српскиот крал Милутин и татко на царот Душан. По наредба од својот неинформиран татко беше ослепен, а по наредба на својот лекомислен син на старост беше удавен. При ослепувањето му се јави Св. Николај во храмот во Овче Поле и му ги покажа неговите очи велејќи: „Стефане, не плаши се, еве ги твоите очи на мојата дланка, во свое време ќе ти ги вратам“. Пет години помина во Цариград како заробеник во манастирот Пантократор. Со својата мудрост и со својот подвиг, со кротоста и благочестието предничеше не само пред монасите туку и пред сиот Цариград. Кога се навршија пет години повторно му се јави Св. Николај и му рече: „Дојдов да го исполнам ветувањето“. Светителот го осени слепиот крал со знакот на крстот и кралот прогледа. Од благодарност кон Бога го изгради Дечанскиот храм, едно ретко прекрасно дело на византиската уметност. Животот го проживеа и го заврши како маченик во 1336 година. |
|
connected
Сениор Регистриран: 17.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 2787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Светите маченици Виктор и Стефанида 24/11/2007 Виктор беше роден римјанин, а по занимање војник. Мачен за Христа во времето на царот Антонин. За време на неговото мачење една млада жена Стефанида изјави дека и таа е христијанка. Виктор го убија со меч, а Стефанида ја растргнаа врзана со едната нога за врвот на една палма, а за другата за врвот на друга. |
|
connected
Сениор Регистриран: 17.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 2787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Светиот маченик Викентиј ѓакон 24/11/2007
Од Сарагоската епархија во Шпанија. Страшно намачен за Христа и најпосле го испекоа на железна решетка. Својот дух Му го предаде на Бога во 304 година. Телото му почива во Рим во црквата што му е посветена. |
|
connected
Сениор Регистриран: 17.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 2787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свети Јован Милостив 25/11/2007 Патријарх Александриски. Роден е на осторвот Кипар во кнежевско семејство. Воспитан од детството како вистински христијанин. На настојување од родителите се ожени и имаше деца. Но по Божја Промисла се упокоија и децата и жена му. Прочуен заради милосрдието и благочестивоста, Јован беше избран за патријарх Александриски во времето на царот Ираклиј. Десет години управуваше со александриската Црква како вистински пастир, чувајќи ја од незнабожците и од еретиците. Беше пример на кротост, милосрдие и човекољубие. „Ако сакаш благородство“, велеше, „не барај го во крвта туку во добродетелта, зашто тоа е вистинското благородство“. Сите Свети се одликуваа со милосрдие, но Св. Јован ѝ беше предаден на оваа Света добродетел. Еднаш служејќи Литургија се сети патријархот на Христовите зборови: „Ако принесуваш дар на жртвеникот и таму се сетиш дека брат ти има нешто против тебе, тогаш остави го дарот таму, пред жртвеникот, па отиди и најнапред помири се со брата си, а потоа дојди и принеси го дарот“ (Матеј 5, 23, 24) и се сети дека еден од клириците е зловолен кон него; тој брзо ги остави Светите Дарови, му пријде на тој клирик , му падна пред нозете и го замоли за прошка. И дури кога се измири со човекот се врати пред жртвеникот. Еднаш пак одејќи кон црквата на Светите Кир и Јован се случи да го сретне една бедна вдовица и почна да му говори за својата беда. Придружниците на патријархот почувствуваа здодевност од долготрајната поплака на жената, па му рекоа на владиката да побрза в црква на служба, а жената би можел да ја слуша и после службата. Свети Јован им одговори: „А како ќе ме послуша мене Бог ако јас не ја послушам нејзе?“ И не сакаше да мрдне од местото дури не ја ислуша нејзината поплака докрај. Кога Персијанците удрија на Мисир, патријархот Јован седна во кораб за да се оддалечи од напаста. Патем се разболе и кога стигна на Кипар умре во својот роден крај, во 620 година. Неговите чудотворни мошти се пренесени најпрво во Цариград, а потоа во Будимпешта и најпосле во Пресбург.
|
|
connected
Сениор Регистриран: 17.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 2787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Преподобен Нил Синајски 25/11/2007 Најпрво беше префект во престолнината, во Цариград. Како женет човек имаше еден син и една ќерка. Гледајќи го порочниот живот во престолнината се договрои со жена му да се оддалечат од светот. Така и направија. Жена му со ќерката отиде во некој женски манастир во Мисир, а Нил со синот Теодул на гората Синајска. Полни шеесет години Св. Нил се подвизуваше на Синај. Напиша прекрасни книги за духовниот живот. Се упокои мирно околу 450 година, во осумдесеттата година на неговиот овоземен живот. Негово е светото слово: „Телесните страсти своето потекло го водат од телесните потреби и против нив е нужно воздржание; а душевните страсти се раѓаат од душевните потреби и за нив е нужна молитва.“
|
|
connected
Сениор Регистриран: 17.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 2787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Преподобен Нил Мироточив 25/11/2007 Роден е во Мореја. Како јеромонах дојде на Света Гора заедно со својот чичко. Се подвизуваше како пустиник во пустото место наречено Свети Камења. Кога се упокои од него потече миро во такво изобилство, што од врвот на гората се слеваше во морето. Тоа чудотворно миро ги привлекуваше болните луѓе од секаде заради исцеление. Ученикот на Св. Нил му се пожали во молитва на својот духовен отец од мноштвото посетители. И мироточењето одеднаш престана. Свети Нил се подвизувал како ревносните светители во потполна смисла. Се упокои во 17 век.
|
|
connected
Сениор Регистриран: 17.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 2787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свети Јован Златоуст 26/11/2007 Патријарх Цариградски. Роден е во Антиохија во 354 година, од татко Секунд, војвода, и мајка Антуса. Изучувајќи ја грчkaта философија Јован се згнаси од грчкото незнабоштво и ја усвои христијанската вера како едиствена и целосна вистина. Крштение прими од Мелетиј, патријархот Антиохиски, а потоа примија Крштение и неговите родители. По смртта на родителите се замонаши и почна строго да се подвизува. Тогаш ја напиша книгата „За свештенството“ и тогаш му се јавија Светите апостоли Петар и Јован и му прорекоа голема служба, голема благодат, но и големо страдање. Кога требаше да биде посветен за свештеник се јави ангел Божји: истовремено и на патријархот Флавијан (после Мелетиј) и на самиот Јован. А кога патријархот го ракополагаше, сите видоа светол бел гулаб над Јовановата глава. Прославен заради мудроста, подвигот, и словото со голема власт, беше избран по желба на царот Аркадиј за патријарх Цариградски. Шест години управуваше со Црквата како патријарх со неспоредлива мудрост и ревност. Испрати незнабожечки мисионери кај Келтите и кај Скитите, ја сотре симонијата во Црквата симнувајќи мозина епископи-симонисти; ја рашири милосрдната дејност на Црквата; напиша посебен чин на Светата Литургија; ги посрами еретиците; ја изобличи царицата Евдоксија; Светото Писмо го растолкува со својот златен ум и јазик, на Црквата ѝ остави многу драгоцени книги со неговите беседи. Народот го прослави, завидливците го замразија, царицата двапати го испрати во прогонство. Во прогонство помина три години и се упокои на Крстовден, 14 септември, 407 година, во местото Коман во Ерменија. Пред смртта повторно му се јавија апостолите Јован и Петар, а и Светиот маченик Василиск (под 22 мај), во чијашто црква ја прими Светата Причест. „Слава Му на Бога за сѐ!“, беа неговите последни зборови и со тие зборови душата на златоустиот патријарх замина во Рајот. Од моштите на Св. Јован Златоуст главата почива во Успенскиот храм во Москва, а телото во Ватикан во Рим. |
|
connected
Сениор Регистриран: 17.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 2787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Преподобниот маченик Дамаскин 26/11/2007 Роден е во Галата во Цариград и прво се викаше Дијаманди. Во младоста живееше неморално, така и се потурчи. Тогаш доживеа горко покајание и замина на Света Гора, каде што како монах строго се подвизуваше дванаесет години во Лаврата на Св. Атанасиј. Но желен за мачеништво, заради очистување од гревовите, отиде во Цариград и почна да оди по џамиите, да се крсти и да вели дека Исус Христос е Господ и Бог. Беше заклан пред портата Фанара на 13 ноември 1681 година. Моштите му почиваат на Халка во манастирот на Света Троица.
|
|
connected
Сениор Регистриран: 17.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 2787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Светиот апостол Филип 27/11/2007 Роден е во Витсаида крај езерото Галилејско, како Петар и Андреј. Од малечок научен на Светото Писмо, Филип веднаш се одѕва на повикот на Господ Исус и тргна по Него (Јован 1, 43). После слегувањето на Светиот Дух Филип ревносно го проповедаше Евангелието во многу краишта на Азија и Грција. Во Грција Евреите сакаа да го убијат, но со Своите моќни чуда Господ го спаси. Така еврејскиот архиереј којшто се устреми да го бие одеднаш ослепе и сиот поцрне. И имаше силен земјотрес и земјата се отвори и ги проголта злобните гонители на Филип. И многу други чуда се извршија, особено исцеленија на болни, заради што мнозина незнабожци поверуваа во Христа. Во Фригискиот град Јерапол Св. Филип се најде на заедничка работа со Св. Јован Богослов, со својата сестра Маријамна и апостолот Вартоломеј. Таму имаше некоја опасна змија, којашто незнабожците грижливо ја хранеа и ѝ се поклонуваа како на Бог. Божјите апостоли со молитва ја умртвија оваа змија. Со тоа врз себе го навлекоа гневот на помрачените луѓе. Озлобените незнабожци го фатија Филип и го распнаа на дрво главечки, потоа го распнаа и Вартоломеј. Тогаш земјата се отвори и го проголта судијата и мнозина други со него. Во голем страв луѓето притрчаа да ги симнат апостолите. Но успеаја да го симнат жив само Вартоломеј, Филип веќе беше издивнал. На крстените Вартоломеј им го постави за епископ Стахиј, когошто претходно тој и Филип го исцелија од слепило и го крстија. Стахиј беше слеп четириесет години. Подоцна моштите на Св. Филип се пренесени во Рим. Овој прекрасен апостол пострада во 86 година, во времето на царот Дометијан.
|
|
Внеси реплика | страница <1 3334353637 68> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |