IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3132333435 68>
Автор
Порака
strurcence Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 124
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај strurcence Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2007 во 16:54

Светиот маченик Нестор

Во времето на страдањето на Св. Димитриј Мироточивиот во Солун живееше еден млад човек Нестор, којшто на верата се научи од самиот Св. Димитриј. Во тоа време христоборниот цар Максимијан приредуваше разни игри и веселби за народот. А љубимец на царот му беше еден вандалин по име Лиј, со голијатски раст и сила. Како царски гладијатор Лиј секојдневно ги предизвикуваше на мегдан луѓето и ги убиваше. Крволочноста на овој Лиј го развеселуваше крволочниот идолски цар. За борбите на Лиј царот направи особена сцена, како една тераса на столбови. Долу под терасата имаше забиено копја со остриците устремени нагоре. Кога Лиј ќе победеше некого во борење, ќе го фрлеше одозгора од терасата врз цела една шума од исправени копја. Наоколу стоеше незнабожечкиот народ со својот цар и се развеселуваше кога некое бедно човечко суштество ќе се виткаше во маки на копјата сѐ додека не издивне. Меѓу невините жртви на Лиј беа и многумина христијани. Зашто во деновите кога никој доброволно не се пријавуваше за борба со Лиј, тогаш по царска наредба насилно ги довлечкуваа христијаните на борилиштето. Гледајќи ги тие ужасни разоноди на незнабожечкиот народ, на Свети Нестор му се кинеше срцето од болка. И тој реши самиот да излезе во борба со џиновскиот Лиј. Но претходно отиде во затворот кај Св. Димитриј за да побара од него благослов за тоа. Свети Димитриј го благослови, го прекрсти со знакот на крстот на челото и на градите и му прорече: „Лиј ќе го победиш, но за Христа ќе пострадаш.“ Младиот Нестор значи му излезе на мегдан на Лиј. Беше присутен и царот со толпа народ; и сите го жалеа младиот човек зашто ќе загине и го одвраќаа од борбата. Но Нестор се прекрсти и рече: „Боже Димитриев, помогни ми!“ И со Божја помош го совлада Нестор Лиј, го собори и го турна врз копјата, каде што тешкиот џин брзо умре. Тогаш сиот народ викаше: „Голем е Бог на Димитриј!“ А царот се посрами пред народот, се нажали по својот љубимец Лиј и многу се разгневи на Несотр и на Димитриј. Па овој свиреп цар нареди и Нестор го убија со меч, а Димитриј го избодија со копја. Тогаш го заврши својот овоземен живот славниот христијански јунак Нестор, во 306 година, кога се пресели во Царството на својот Господ
Сега знам дека нисто незнам!

Кон врв
strurcence Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 124
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај strurcence Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2007 во 16:58

Преподобен Нестор Летописец

Во својата седумнаесетта година стапи во Киево-Печерскиот манастир, уште додека беше игумен Св. Теодосиј. Ја напиша првата историја на рускиот народ, во којашто ја вплете и историјата на руското подвижништво. Се одликуваше со необично смирение и кротост. Во своето славно книжевно дело често се нарекува себеси недостоен, груб, незнајко, преисполнет со секаков грев. Но Бог Којшто ги познава човечките срца, го прослави овој свој прекрасен угодник. Кога Нестор се упокои, на 27 октомври 1114 година, од неговите мошти се извршија многубројни чуда.

Свети Андреј, кнез смоленски

Од љубов кон Христа ја напушти светската слава и чест, се скри во еден манастир и преоблечен и непознат служеше како еклисијарх (клисар) триесет години. Се упокои во Господ мирно во 1390 година. Моштите му беа преку чудотворство пронајдени во 1540 година.

Сега знам дека нисто незнам!

Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2007 во 10:48

Св.%20Јоаким%20и%20Ана

Светата маченичка Параскева (Петка)     

Родена е во градот Иконија од родители богати и христољубиви. По смртта на своите родители како девојка почна да им го раздава својот имот на бедните и на неволните, во името на Господ Исус Христос. Кога настана гонењето во времето на царот Диоклецијан, Параскева беше изведена на суд пред кнезот на таа земја. Штом кнезот ја праша за името, таа рече дека името ѝ е христијанка. Кнезот ја укори зошто не си го кажува своето обично име. А Параскева му рече: „Требаше прво да ти го кажам името на вечниот живот, а потоа на привремениот“. Откако ја биеја кнезот ја фрли во затвор, каде што ѝ се јави ангел Господов, ја исцели од раните и ја утеши. Со молитва ги урна сите идоли во незнабожечкиот храм. После долги и лути маки ја убија со меч.



Св.%20Поликарп

Свети Атанасиј, патријарх Цариградски     

Противник на унијата со Рим, наспроти неговиот претходник Јован Векка (1275 г. – 1282 г.). Од детството беше аскет и молитвеник. Беше омилен кај народот, а заради својата морална строгост го предизивика негодувањето на некои свештеници. Се повлече во неговиот манастир на гората Ган, каде што се подвизуваше уште построго од порано. Му се јави Самиот Господ Исус Христос и благо го укори зашто им го остави стадото на волците. Кога го прорече денот на земјотресот во Цариград, царот Андроник повторно го врати на патријаршискиот престол и против неговата волја. Но потоа тој повторно тајно се оддалечи на подвиг. Се упокои во стотата година од животот. Беше чудотворец и проѕорливец.




Св.%20Никита

Свети Димитриј, епископ Ростовски     

Голем јерарх, проповедник, писател и подвижник. Се роди близу Киев во 1651 година, а се упокои на молитва во 1709 година. Покрај многуте славни поучни дела особено се прочу со преводот и изданието на Житијата на Светиите. Ја предвиде својата смрт три дена порано и се упокои на молитва. Големо светило на Руската Црква, т.е. на Православната Црква воопшто. Имаше небесни виденија за време на животот. Му послужи ревносно на Господ и се пресели во Небесното Царство.

 



Изменето од connected - 15.Ноември.2007 во 14:45
Кон врв
strurcence Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 124
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај strurcence Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2007 во 14:50
Денеска е Св. маченици Зиновиј и Зиновија.

Потекнуваа од градот Егеј во Киликија, во југоисточниот дел на Мала Азија. Богатството, што го наследија од родителите, го раздадоа на сиромасите и преку милостињата ги исчистија срцата и станаа слични на Бога. На Зиновиј Бог му даде дар да чудотвори, односно да ги лечи сите болести само преку допир со раката. Подоцна стана епископ во родниот град. За време на гонењето на христијаните во третиот век, Зиновиј беше изведен на суд и ставен на маки. Сестра му Зиновија не сакаше да го остави сам во маките, па сама се јави пред судот. По измачувањата, им беа отсечени главите. Пострадаа во 285 година.
Сега знам дека нисто незнам!

Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2007 во 11:52

Од%20житието%20на%20Св.%20Великомаченик%20Георгиј

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул     

Од Седумдесеттемина. Свети Стахиј му беше помошник на Св. Андреј Првоповикан. Свети Андреј го постави за епископ во Византија. Ја устрои Црквата во Аргиропол и со своето стадо управуваше верно и ревносно. По седумнаесет години епископство се упокои мирно во Господ. Амплиј и Урван исто така соработуваа со Св. Андреј и од него беа поставени за епископи, и тоа Амплиј во Лида или Диоспол Јудејски, а Урван во Македонија. Обајцата пострадаа маченички за Господ Исус Христос. Наркис беше поставен од апостолот Филип за епископ во Атина. Св. Апелиј беше епископ во Ираклија Тракиска. Аристовул, брат на Варнава, ја проповедаше Христовата вера во Британија и таму се упокои мирно.




Св.%20великомаченик%20Георгиј

Светиот маченик Епимах    

Родум од Мисир, во Мисир се подвизуваше, во Мисир маченички и го заврши овоземниот живот. Подражавајќи го Св. Јован Крстител уште како млад се оддалечи во пустината. Заради неговата голема љубов кон Бога Светиот Дух го поучи во секоја вистина, за тоа како треба да се подвизува. Но Епимах дозна дека неверниците ги мачат и ги убиваат христијаните во Александрија заради Христа. Па сиот распален од ревност кон верата отиде во градот и ги урна идолите. Кога незнабожците почнаа да го мачат заради ова, тој возвикна: „Удирајте ме, плукајте ме, ставете ми трнов венец на главата, дајте ми трска во рацете, напојте ме со жолчка, распнете ме на крст и потоа прободете ме - тоа го претрпе мојот Господ, тоа и јас сакам да го претрпам“. Во толпата народ што го гледаше мачењето на Свети Епимах имаше и една жена со слепо око. Таа плачеше горчливо од жал гледајќи го бездушното мачење на Божјиот угодник. И кога мачителите го стружеа телото на Светиот Христов маченик, од него прсна крв и една капка од крвта падна на слепото око на онаа жена. Одеднаш жената прогледа и слепото око ѝ стана здраво како другото. Тогаш жената возвикна: „Голем е Бог во Којшто верува овој страдалник!“ По ова на Свети Епимах му ја отсекоа главата и неговата душа се пресели во вечната радост, околу 250 година.

 



Изменето од connected - 15.Ноември.2007 во 14:46
Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2007 во 17:35


Св.%20Ахил%20Преспански

Преподобниот маченик Јаков со учениците Јаков и Дионисиј     

Роден е во Костурската епархија од родителите Мартин и Параскева. Работејќи со овци Јаков се збогати и со тоа предизвика завист кај својот брат, којшто го наклевети кај Турците како да нашол некое скриено богатство закопано во земја. Јаков побегна во Цариград, каде што повторно се збогати. Еднаш му беше гостин на некој турски бег. Турците јадеа месо, а Јаков постеше. Тогаш му рече оној бег: „Голема е вашата христијанска вера“. И раскажа дека неговата жена била умоболна и дека после сите лекари и лечења на крајот ја одвел кај патријархот за да ѝ прочита молитва. Штом патријархот ја отворил книгата за да ѝ чита, низ храмот светнала некоја небесна светлина. По завршувањето на молитвата жената оздравела. Кога слушна Јаков како Турчинот ја фали христијанската вера, го раздаде сиот свој имот и отиде на Света Гора, каде што се замонаши во манастирот Ивер. Се подвизуваше на Света Гора, а пострада за верата од Турците во Едрене на 1 ноември 1520 година. Неговите чудотворни мошти почиваат во манастирот на Свети Анастасиј во Галачист близу Солун.

 



Изменето од connected - 15.Ноември.2007 во 14:43
Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2007 во 17:36

Св.%20Николај%20Мирликиски

Светите Козма и Дамјан     

Бесребреници и чудотворци. Браќа по тело и по дух, родум негде од Азија, од татко незнабожец и мајка христијанка. По смртта на татко им нивната мајка Теодотија целото време и труд ги даде на тоа да ги подигне и воспита синовите како вистински христијани. И Бог ѝ помогна, та нејзините синови израснаа како две слатки овошки и како два светилници на светот. Беа научени на лекарската вештина и бесплатно им помагаа на болните не толку со лекови колку со името на Господ Исус Христос. Ги нарекоа бесребрени лекари, бидејќи лечеа бесплатно и така ја исполнуваа Христовата заповед: „Бесплатно примивте, бесплатно давајте!“ (Матеј 10, 8). Беа толку внимателни во бесплатното лечење на луѓето што Козма вистински се налути на својот брат Дамјан зашто овој зеде три јајца од една жена Паладија, па нареди Козма по неговата смрт да не го закопуваат до брат му Дамјан. Всушност Свети Дамјан не ги зеде оние три јајца како награда зашто ја исцели болната Паладија, туку затоа што таа го заколна со Пресвета Троица да ги земе оние три јајца. Сепак по нивната смрт, во местото Фереман беа закопани заедно според Божјо откровение. Овие Свети браќа беа големи чудотворци и за време на животот и после смртта. На еден слуга на спиење му се беше вовлекла змија низ устата во стомакот и кутриот човек ќе издивнеше во најтешки маки, ако во последен миг не ги повикаше на помош Светите Козма и Дамјан. Така ги прослави Господ со чудотворство засекогаш оние коишто Го прославуваа Бога на земјата со вера, чистота и милост

 



Изменето од connected - 15.Ноември.2007 во 14:42
Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2007 во 13:00

The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/11-2-15.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors. Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив

Христијани од Персија. Пострадаа за време на Сапор (Савориј) во 355 година. Првите тројца беа слуги на дворецот на истиот цар, но тајно Му служеа на својот Господ Христос. Кога беа обвинети и изведени на суд пред царот, тој ги праша од каде се. На тоа одговорија: „Наша татковина и наш живот е Пресвета Троица, единосушна и неразделна, Отецот и Синот и Светиот Дух, едниот Бог“. Царот ги удри на големи маки , но тие претрпеа јуначки сѐ со псалмопение и молитва на усните. За време на мачењата и во затворот повеќепати им се јавуваа Божји ангели, а еднаш и Самиот Господ Христос како човек „со лице светло како сонце“. Штом еден од мачителите, Автониј, го виде чудото кога врелото олово не им наштети на мачениците, поверува во Христа и возвикна: „Голем е христијанскиот Бог!“ За ова веднаш го убија со меч. И многумина други видоа и поверуваа. Тогаш царот нареди и во кожни мевови ги зашија Акиндин, Пигасиј и Анемподист и ги фрлија во морето. Но им се јави од оној свет Св. Автониј со тројца светли ангели, ги изведе Светите маченици на суво и ги ослободи. Елпидифор беше царски големец. Кога изјави дека е христијанин и го изобличи царот за убивањето на невините христијани, царот го осуди на смрт. Го убија Елпидифор и околу седум илјади други христијани со него. А оние тројца први маченици најпосле ги фрлија во огнена печка, заедно со дваесет и осум војници и со мајката на царот, бидејќи и тие поверуваа во Христа. Во тој пламен ги предадоа нивните праведни души во рацете на својот Господ.

The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/svnov-37.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors. Преподобен Маркијан Кирски

Од градот Кир во Сирија. Се одликуваше со благородно потекло и со вонредна телесна убавина. Сѐ остави заради Христа и се повлече во пустината Халкидска заради отшелнички подвиг. Тој е современик на патријархот Флавијан Антиохиски и на царевите Констанциј и Валент. Во неговата келија ноќе светеше Божествена светлина, под која го читаше Светото Писмо и никогаш немаше потреба од друга светлина. Беше голем чудотворец за време на животот и после смртта. Пред смртта му заповеда на својот ученик Евсевиј да го скрие неговото тело и тајно да го закопа, заради мноштвото обожаватели. Се упокои во Господ во 387 година.

Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски

Многумина мислат дека по потекло бил Словен. Блажениот Јероним го истакнува како маж учен и благочестив. Знаеше подобро грчки одошто латински. Напиша толкувања на неколку книги на Стариот и Новиот Завет. Пострада за верата Христова околу 303 година.

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2007 во 20:04

Светиот свештеномаченик Акепсим, епископ Наесонски      16/11/2007

Осумдесетгодишниот старец Акепсим, исполнет со секоја христијанска добродетел, еден ден седеше во својот дом со гости. Притоа едно дете исполнето со благодатта на Светиот Дух му притрча на стариот епископ, го целива во главата и рече: „Блажена е оваа глава, зашто за Христа ќе прими маченички венец!“ Ова пророштво наскоро се обвистини. Царот Савориј покрена луто гонење на христијаните по цела Персија, па беше фатен и Акепсим и го изведе пред некој идолски кнез. На уапсениот и врзан епископ му пристапи некој од неговите домашни и го праша што заповеда во поглед на неговиот дом. Светителот му одговори: „Тоа веќе не е мој дом, јас неповратно одам во вишниот дом.“ После големи мачења го фрлија во затвор. Во истиот затвор утредента ги доведоа Јосиф и Ајтал, од кои Јосиф беше седумдесетгодишен старец презвитер, а Ајтал ѓакон. После три години затвор и многу маки на Акепсим му ја отсекоа главата, а Јосиф и Ајтал ги закопаа во земја до бедрата и бездушниците им наредија на христијаните да ги удираат со камења. По Божја Промисла телото на Јосиф ноќта исчезна, а над Ајталовото тело израсна дрвото марсина, коешто исцелуваше секаква болест и мака кај луѓето. Ова траеше пет години, а потоа завидливите незнабожци го исекоа дрвото. Овие Христови војници пострадаа во 4 век во Персија, за време на незнабожниот цар Савориј.

 

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2007 во 20:05

Светиот великомаченик Георгиј     16/11/2007

На овој ден се празнува преносот на моштите на Св. Георгиј од Никомидија во градот Лида Палестинска, каде што пострада во времето на царот Диоклецијан. Страдањето на овој прекрасен светител е опишано под 23 април. Пред смртта Св. Георгиј го замоли својот слуга да го земе неговото мртво тело и да го пренесе во Палестина, од каде што беше родум и мајка му и каде што имаше голем имот, кој им го раздаде на сиромасите. Слугата така и направи. Во времето на царот Константин во Лида побожните христијани му изградија на Св. Георгиј прекрасен храм и при осветувањето на храмот во него ги пренесоа моштите на светителот и таму го закопаа. Од чудотворните мошти на Св. великомаченик Георгиј се случија големи чуда
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2007 во 01:52
/

Изменето од ACELERA - 27.Јануари.2010 во 04:39
Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2007 во 23:31

Св.%20Мерк*риј

Преподобен Јоаникиј Велики     17/11/2007

Ова големо духовно светило се роди во селото Марикати во областа Витиниска, од татко Миритрикиј и мајка Анастасија. Како момче беше овчар. Пасејќи ги овците често се повлекуваше во самотија и по цел ден стоеше на молитва, оградувајќи го своето стадо со знакот на крстот за да не се оддалечува и разотидува. Потоа го зедоа во војска, каде што покажа чудесна храброст, особено во војните против Бугарите. По војничката служба Јоаникиј се повлече во Олимп Азиски, каде што се замонаши и сиот се предаде на подвиг, од којшто не отстапи до длабока старост, до својата смрт. Се подвизуваше над педесет години, и тоа на разни места. Имаше од Бога изобилен дар на чудотворство: лечеше секакви маки и болести, изгонуваше демони, скротуваше ѕверови, особено имаше власт над змиите, преминуваше преку вода како по суво, беше невидлив за луѓето кога ќе посакаше, пророкуваше идни настани. Се одликуваше со преголемо смирение и многу кротост. По надворешниот изглед беше како џин, крупен и силен. Живо учествуваше во судбината на Црквата Божја. Во времето на иконоборството и самиот најпрво се опрелести, но си дојде на себе и стана ревносен поборник на иконопочитувањето. Му беше голем пријател на Методиј, патријархот Цариградски. Св. Јоаникиј поживеа деведесет и четири години и се упокои мирно во Господ, во 846 година. И после смртта остана чудотворец.

 

Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2007 во 23:32

Светиот свештеномаченик Никандар, епископ Мирски
и Ермеј презвитерот
     17/11/2007

Обајцата ги ракоположи апостолот Тит. Се одликуваа со голема ревност во верата и трудољубивост во придобивањето на незнабожците за Христа. За ова беа обвинети кај некој судија Ливаниј, којшто ги подложи на лути измачувања. Беа биени со камења, влечкани по камењата, лежеа во затвор и гладуваа и многу други маки претрпеа, и тоа такви што смртен човек не би можел да ги издржи ако не го крепи помош од Бога. А ним Господ им се јавуваше на разни начини, а кога беа фрлени во печка им го испрати Својот ангел за да им го разлади оганот. Најпосле од бездушните мачители беа живи закопани во гробови и затрупани со земја. Луѓето залудно убиваат кога Господ оживува и залудно бесчестат кога Господ прославува.

 

Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2007 во 13:06

Св.%20Поликарп

Преподобните маченици Галактион и Епистима     18/11/2007

Родени се во финикискиот град Едеса, обајцата од родители незнабожци. Мајка му на Галактион беше бездетна сѐ додека не се крсти. Потоа таа го приведе кон верата и нејзиниот маж и го крсти и воспита како христијанин својот син Галактион. Кога стаса за женидба, неговата добра мајка Левкипија се упокои, а татко му го сврши за некоја девица Епистима. Галактион никако не сакаше да стапи во брак, па ја посоветува Епистима да се крсти, а потоа и истовремено со него да се замонаши. Се повлекоа на гората Пуплион, Галактион во машки, Епистима во женски манастир. И секој од овие двајцата во својот манастир се покажа како вистинско светило. Први во подвигот, први во молитвата, во смирението и послушанието, први во љубовта. Од манастирот не излегуваа ниту се видоа еден со друг освен пред смртта. Настана луто гонење на христијаните и тие обајцата беа изведени на суд. Кога Галактион го биеја, Епистима плачеше. Тогаш и нејзе ја избија. Потоа им ги отсекоа рацете, па нозете, а најпосле и главите. Нивните тела ги зеде Евтолиј и чесно ги закопа. Овој Евтолиј беше најнапред роб кај родителите на Епистима, а потоа монах заедно со Галактион. Тој и го напиша житието на овие прекрасни Христови маченици, коишто пострадаа и примија небесни венци во 253 година.

 

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3132333435 68>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.