IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Извадоци,исечоци,цитати
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Извадоци,исечоци,цитати

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3031323334 46>
Автор
Порака
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2010 во 19:36
nekogas, vo staro vreme site sme bile isto gomno, ista lepeska. Ama pominala nekoja kola, i so kolcata ja presekla lepeskata na dve, pa pominala druga i pak ja presekla lepeskata. I taka, nie od edna lepeska sme nastanale mnogu lepeski, mnogu gomna.....
Petre M. Andreevski, Pirej
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2010 во 19:39
к*рва сум. Чесен збор. Само, многу паметна. Тоа ме јаде. Види. Како грба го влечам мојот тежок мозок. Јас сум една комплексна к*рва. Види ме убаво. Страшно скапа к*рва. Ме боли вагина. Ме бркаат од едни универзитети, јас основам други. Од едни држави, јас основам други. Знаење и магија. Искуство и фантазија. Ги знам системите. Шифрите. Знаците. Тајните на ѕвездите. Тајните на државите. Алхемијата на природата. Одгонетките на загонетките. Рецептот на Кока Кола. Виртуелна реалност. Биолошки чипови. Работите што уште не се измислени. Лавиринтите на човековата душа. Сите актери и гробари на Европа. Сите ангели на Европа. Црви. Идеи. Хаос. Гета. Паранои. Пороци. к*рви. Проширена свест. Политички конспирации. Херметични кругови. Езотерични кругови. Мистични кругови. Геометрија. Геомантија. Хиромантија. Некромантија. Метапомантија. Шизомантија. к*романтија и така натаму.
Досадно ми е. Ништо не се случува. Киснам во Црно Прасе. Најдобра биртија во Витемберг и пошироко. Овде реалноста е илузија во недостаток на алкохол. Многу големи умови треснале од подов. Некои повратиле, па се удавиле. Јас ќе се напијам пиво. Ќе паднам. Ќе го скршам вратот. Црно прасе го уби Доктор Фалус. Вода и оган. Зборот ми беше, купи една кригла пивo...

...Паѓа ѕвезда. Замисли желба. Не измислувај глупости. Нема ни ѕвезди ни желби. Чиста параноја. Гледај. Еден кобен ден, левото око ме вреѓа, го вадам. Сега, многу слабо гледам со десното. Гледај. Имаш две очи. Лошо гледаш. Фата моргана. Ништо не можеш да видиш. Гледаш други работи. Работи што ги нема. Гледај. Ако сакаш да видиш, извади го едното. Или оштети ги двете. Или извади ги двете. Направи нешто...

...Се вратив. По пат видов ангел. Со шест крилја. Две, да си го скрие лицето. Од страв. Две, да си ги скрие нозете. Од срам. Две да лета. Да носи добри вести. Да рече, доста е. Да рече, ќе биде подобро... Се вратив. Ништо не видов по пат. Излези да видиш. Нема ништо. Светот е коцкаст. Сите бои се бели. Има еден пол. Дупка. Има еден мирис. Измет. Има еден вкус. Крв. Нема сеќавање. Секое добро треба да се поебе. Секоја идеја треба да се уништи. Спомените да се силуваат. Различните да се осакатат. Тој што не мисли како тебе. Убиј го. Тој што мисли. Убиј го...
ПАЃААТ СЕНКИ...
Да рече, не требаше вака да биде. Да рече, врати се. Ме боли колку те нема...


Извадоци од ММЕ кој прв почна - Дејан Дуковски
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2010 во 19:44
Сега слушај: ноќе ги отварав очите да те видам сета, да го впијам во себе целиот твој грев кој уште не постоеше. Ти си ми жена, можев да ти речам. Зошто сакаш да ме излажеш. Ајде, кажи ми. Лекар сум и знам како е тој сјај во твоите очи кога в кафеана или на театар или каде и да било, има зад мојот грб други за кои мислиш дека подобро се скроени од мене. И дека имаат повеќе сокови во своите жили. Јас знам, Марија, лекар сум, како што можев да бидам се` друго - часовничар, дрводелец, морнар. А ако бев друго, те прашувам во себе, ќе бев ли друг за тебе? Ќе бев ли се`? Немаше ли да те мачи пак она што те мачеше - жед и досада? И ќе бев ли помалку уморен в постела и помалку ли ќе мислев на своите болни (часовници, шуми, едра), кога ќе го чувствував крај себе твојот врел колк? Марија, јас немам ништо, мене се' ми зедоа - и детето и болницата и гладиолите. Се'. Сега е војна, и тешко е ако е човек сам."
Две Марии - Славко Јаневски
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2010 во 19:46
Демонот и госпоѓица Прим" од Коелјо:

Некој човек заедно со својот коњ и со своето куче одел по некој пат,и фатила бура и ги удрил гром,но човекот не сФатил дека го напуштиле овој свет,и си продолжиле по патот.Патот бил долг и стрмен,сонцето силно печело и тие биле многу жедни.Здогледале прекрасна мермерна порта,која водела кон некој плоштад,во чиј центар се наоѓала чешма од која течела кристално бистра вода.Патникот му се приближил на чуварот,и дознал дека тоа место е Рајот,и побарал да се напие вода.Чуварот му дозволил,но рекол дека не е дозволено за животни.Човекот се разочарал,не сакал да пие сам,се заблагодарил и си заминал.Понатаму тие наишле на другаврата и таму си лежел некој човек.Патникот побарал вода за себе,и за својот коњ и за своето куче,а човекот ги упатил кон некој извор и му рекол да пијат колку им душа сака.Откако се напиле,патникот му се заблагодарил на човекот,и го прашал како се вика тоа место,па повторно го добил истиот одговор:Рајот.Патникот рекол дека и претходното место се викало Рај,а стражарот му рекол дека тоа е Пеколот,затоа што таму остануваат сите оние кои се во состојба да ги изневерат најдобрите пријатели
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2010 во 19:56
Ѕидот во вашата глава. Одбивам да сум жив по инерција, да дишам на шкрги. Одбивам да чекам како јаре пред Ѓурѓовден, како свиња пред Божиќ. Одбивам да шетам со цревата во раце, да гледам како нестручно ме оперирате, сечете и шиете, како ми гнојат раните и да се прашувам колку ли ќе ме боли кога ќе дојдам на себе. Не сакам седативи. Не сум купче протплазма. Имам волја и разум и ја преземам одговорноста за својот живот.
Затоа што сум жив. Вам ви е сеедно. Луѓето копнеат ад умрат. Основците копнеат да станат гимназијалци, гимназијалците студенти, студентите да најдат работа, вработените да се оженат, оженетите копнеат по стан и да им пораснат децата за мирно да си се пензинориаат, пензиноерите копнеат по здравје, а сите копнеат да умрат и мртви копнеат да се родат за пак да се условно живи, во нов расчекор со себе. (Горан Стефановски – Дупло Дно)

Кон врв
BiBi_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 27.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3175
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BiBi_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2010 во 10:57
Стрелата е фрлена, само што таа лета во празно, не постои мета што ќе ја погоди. Што вреди што му кажав дека сум го сакала, што вреди што ми кажа дека ме сакал, кога ние повеќе не бевме истите. Дури зборувавме за нас, ние зборувавме за некој друг. Некој што излегол од кругот на љубовта. Останале само спомените што наликуваат на препарирана пеперутка врамена под стакло. Гледаш дека пеперутката е убава, ама тажна е сликата, зашто таа веќе никогаш нема да лета.

Винка Саздова" Последниот чај"

NO MATTER WHAT WILL HAPPEN I WILL ALWAYS SMILE!
Кон врв
BiBi_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 27.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3175
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BiBi_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2010 во 12:11

"Сметам дека човек може сета своја љубов да и ја даде само на една единствена личност. Можно е да се сака толку силно што не останува ниту трошка љубов за некој друг."

 За мојата малечка - Тони Парсонс


NO MATTER WHAT WILL HAPPEN I WILL ALWAYS SMILE!
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2010 во 21:25
Луѓето се исти, ама умот не е ист во луѓето.
- Може ли коњот да биде вол само со тоа што ќе му го смениш името, како мене што ми го сменија презимето?
- Дури и Господ да ѕида куќа на земјава, би ја ѕидал во селото мое.
Секој мисли дека е најубаво она место кај што се родил.
- ...А мене срцето ми се полони со болки, со чемери. Ама срцето човечко било бунар; само се полни а не се преполнува.
- Лошето време го прават лошите луѓе и нема лошо врме што е подалеку од луѓето.
- Човекот најмногу не верува кога се сомнева во себеси.
- Болеста доаѓа само од водата и од лебот. Болеста е голема кога имаш леб, а уште поголема коа немаш леб!
- Стравот е страшен само за оние што му се плашат.
- Човек не треба во ништо да верува и најубаво му е на оној во ништо што не верува, во ништо што не се надева, така барем ништо не може да го изненади.
- Нам на селаните, среќата ни е променлива, а несреќата постојана.
- Пријателот ти е роднина кога самиот си го избираш.
- Трагата на ѓаолот не му ја гледаш и пак по неа одиш.
- Огнот во туѓа рака никогаш не жежи.
- Слободата е најголема во сонот и најмногу вреди да се бориш за сонот.
- Сите грешки и неправди гробот ги исправува.
- Господ ги сака и оние што ги зема.
- Само мртвите имаат време за чекање, оти времето, сето време е кај мртвите.
- На изгореното срце и окото му е суво. Не пушта солза и да го молиш.
- Блазесити оти имаш жарче до срцето.
- Само голите рани не се гледаат и не се догледуваат.
Не се гледаат оти се во душата, а душата е сегде до кај што стасува умот. P.M Andreevski "Pirej"
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2010 во 00:41

Moj posao se ne bi bas mogao nazvati talent scout,cak i sam naziv zvuci pateticno.Bio sam placen da nadjem najlepsu devojku.Umeo sam da u trenutku uocim prcast nos,ispupceno celo,lutku zatocenu u svilenoj cauri.Trazio sam odgovarajucu geometriju i rastojanje izmedju ociju.Lepota je matematicka jednacina-rastojanje izmedju korena nosa i brade mora,na primer,da bude isto kao i rastojanje izmedju gorne ivice cela i obrva...Ako podelite vasu visinu sa rastojanjem od poda do pupka,treba da dobijete .zlatni broj.,koji opet mora da bude jednak rastojanju izmedju poda i pupka podjeljenim sa rastojanjem pupak -teme.Inace ste nejebivi!

                                   U pomoc,molim za oprostaj
                                         Frederik Begbede
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2010 во 23:28
" Оној кој умееше да живее во мигот, кој живееше во сегашноста и со таква радост и грижа му се восхитуваше и на најмалиот цвет на патот, умееше да го цени и најмалиот разигран миг на животот, нему животот не можеше ништо лошо да му стори. "
 
Степски волк - Херман Хесе
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Ѕвончица Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Ice Cold.

Регистриран: 07.Август.2010
Статус: Офлајн
Поени: 448
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ѕвончица Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2010 во 14:21
‘‘Животот изгледаше како цврста градба, ниедна пукнатина не се гледаше...И само еден ненадеен потрес, бесмислен и неискрен, ја урна возвишената градба како да е од песок...‘‘

“Дервишт и смртта“
Меша Селимовиќ

''Ќe гo поздравам овој ден со љубов во срцето.
А како ке го направам тоа? Отсега па натаму ќе гледам со љубов на сите нешта и повторно ке се родам. Ќе го сакам сонцето зошто ги грее моите коски, сепак ќе го сакам и дождот зошто ми ја прочистува душата. Ќе ја сакам светлината зошто таа ни го покажува патот, но сепак ќе ја сакам и нокта, затоа што таа ми ги покажува ѕвездите.
Ќе и посакам добре дојде на среќата затоа што таа ми ја проширува душата, но сепак ќе ја сакам тагата зошто ми ја отвара душата. Ќе ги прифатам наградите зошто сум ги заслужил, сепак ќе ги пречекам со добредојде пречките зошто тие се мојот предизвик.
Ќе го поздравам овој ден со љубов во срцето.
А како ќе зборувам? Ќе ги фалам моите непријатели така што тие ќе станат мои пријатели, ке ги охрабрувам своите пријатели и тие ќе ми станат браќa. Секогаш ќе барам причина за да се фалам, никогаш нема да барам изговори за да озборувам. Кога ќе дојдам во искушение да критикувам , ќе си го поткаснам јазикот, кога ќе бидам поттикнат да фалам ќе викам од покривот ...''
Ог М.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2010 во 02:12

Место цитат - песна од збирка на Братислав Ташковски:

Бикови во мојот крвоток

Во мојот крвоток има сè:
има далечни и блиски времиња
има остатоци од вчера,
има делови од есента
и почетоци од утре.
Во мојот крвоток има лудост
и пофалба за зелени полиња
што завршуваат во остри брегови.
Во него има
диви и питоми животни
кои ги води еден замаен младич,
кон куќата во облик на круг.



Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2010 во 22:00

Ниту еден човек не е остров, сам по себе целина.
Секој човек е дел од од континент, дел од Земјата.

Ако морето однесе парче од Земјата - Европа е помала како да однело некој 'рт, како да го однело имотот на твоите пријатели или твојот...
...
Смртта на секој човек ме намалува мене
зошто и јас сум дел од човештвото.

И затоа, никогаш не прашувај за кого бијат камбаните,
тие бијат за тебе!

~ Дон Џон ~

Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2010 во 22:12

Има моменти во животот кога некој верувал во тебе, дури кога и самиот си ја изгубил довербата во себе...
Се вели - да ви верува некој, е подобро отколку да ве сака.
Но, гледано на долги патеки - тој што ви верува ... сигурно ве сака.среќа

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3031323334 46>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,625 секунди.