IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Париз - градот на светлината и романтиката
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Париз - градот на светлината и романтиката

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 16:54

Related image



Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 10:14
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2014 во 19:16
Ајфеловата кула
Париз е еден од најромантичните градови во светот, а можеби најпрепознатливата знаменитост на Градот на светлината е Ајфеловата кула. Многумина посетата на ова препознатливо обележје ја гледаат како големо клише, но ништо не може да го замени погледот на Париз од опсерваторијата на третото ниво, ниту пак задолжителната фотографија со бакнеж на подножјето.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2014 во 08:01

Ситниците ве издаваат: 11 знаци дека сте родени за живот во Париз


Дали вашиот дом дише во атмосферата на романтичниот Париз? Уживате во чаша вкусен шампањ засладена со крцкави макаронс?

sitnicite-ve-izdavaat-11-znaci-deka-ste-rodeni-za-zivot-vo-pariz-01

Добро проучете го вашиот дом и откријте дали сте родени за романтичен живот во Париз.

1. Дома имате најмалку 5-6 празни шишиња парфем кои сте ги претвориле во мирисни декорации.

sitnicite-ve-izdavaat-11-znaci-deka-ste-rodeni-za-zivot-vo-pariz-02


2. 
Опседнати сте со ситници кои доаѓаат во мали, портокалови кутии. Подоцна, истите точно знаете како да ги искористите за складирање и декорација.

sitnicite-ve-izdavaat-11-znaci-deka-ste-rodeni-za-zivot-vo-pariz-03


3. 
Брокатот и сомотот се вашите омилени материјали во ентериерот.

sitnicite-ve-izdavaat-11-znaci-deka-ste-rodeni-za-zivot-vo-pariz-04


4. 
Терасата или балконот задолжително има парче ковано железо со прекрасни текстури.

sitnicite-ve-izdavaat-11-znaci-deka-ste-rodeni-za-zivot-vo-pariz-05


5.
 Сијалици, нема шанси! Барем додека не се дел од некое раскошно осветлување со старински линии или модерни кристали.

sitnicite-ve-izdavaat-11-znaci-deka-ste-rodeni-za-zivot-vo-pariz-06


6. 
Знаете точно како се спојуваат модерните и ретро парчиња мебел.

sitnicite-ve-izdavaat-11-znaci-deka-ste-rodeni-za-zivot-vo-pariz-07


7. 
Спалната соба е синоним за беспрекорно бела боја.

sitnicite-ve-izdavaat-11-znaci-deka-ste-rodeni-za-zivot-vo-pariz-08


8. 
Дури и кога спалната соба е најуредна, преферирате еден пар високи потпетици фрлени на подот како декорација.

sitnicite-ve-izdavaat-11-znaci-deka-ste-rodeni-za-zivot-vo-pariz-09


9. 
Имате луксузен часовник - будилник со циркони, кристали, во песочна нијанса, многу сличен на Cartier моделите.

sitnicite-ve-izdavaat-11-znaci-deka-ste-rodeni-za-zivot-vo-pariz-10


10. 
На трпезата никогаш не ви недостасува сирење Фромаж и долги, француски лепчиња.

sitnicite-ve-izdavaat-11-znaci-deka-ste-rodeni-za-zivot-vo-pariz-11


11. 
За крај, немате полица на која не постои мини Ајфелова кула.

sitnicite-ve-izdavaat-11-znaci-deka-ste-rodeni-za-zivot-vo-pariz-12



Изменето од Valerija - 03.Април.2018 во 08:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2014 во 08:16

Тајни ресторани во Париз кои вредат да бидат разоткриени


Никогаш не би помислиле дека во овие места во Париз се кријат ресторани и тоа не било какви туку ресторани кои нудат одлична услуга и вкусна храна.

5-tajni-restorani-vo-pariz-koi-vredat-da-bidat-razotkrieni-1

Парижаните веројатно обожаваат тајни и ги оставаат туристите сами да ги откријат рестораните, па доколку одите во градот на светлината отворете ги очите бидејќи можеби пред вас се наоѓа некој таен ресторан.

Не пропуштајте да ги посетите засега овие 5 ресторани чувани во строга тајност:

1. L’Etage de Pastavino

Најдобро чувана тајна е токму овој ресторан кој се наоѓа на улицата Св. Гермаин. Кога ќе поминете покрај објектот во кој се чува оваа тајна прво што ќе забележите е обична секојдневна италијанска продавница за сендвичи во која ништо не се случува. Но, во самиот заден дел од продавницата има две црни табли кои упатуваат токму кон ресторанот, а се едвај забележливи. Над нив се наоѓаат скали и во горниот кат постои прекрасен ресторан со вкусна храна и одлична џез музика.

5-tajni-restorani-vo-pariz-koi-vredat-da-bidat-razotkrieni-2

5-tajni-restorani-vo-pariz-koi-vredat-da-bidat-razotkrieni-1-01

5-tajni-restorani-vo-pariz-koi-vredat-da-bidat-razotkrieni-1-02

5-tajni-restorani-vo-pariz-koi-vredat-da-bidat-razotkrieni-3-


2. La Maison des Frigos

На вечера со уметниците во напуштената фабрика за ориз. Овој објект се наоѓа токму во самата фабрика која е веќе 100 години напуштена и веројатно никогаш не би тргнале наваму ако не знаете дека тука постои одличен ресторан кој го посетуваат уметниците. Овој ресторан нуди прекрасен избор на храна со богато мени кое го подготвува јапонскиот сопственик Марико.

5-tajni-restorani-vo-pariz-koi-vredat-da-bidat-razotkrieni-4

5-tajni-restorani-vo-pariz-koi-vredat-da-bidat-razotkrieni-5


3. Le Foyer de la Madeleine

Повеќето парижани воопшто не ни знаат дека се крие ресторан во спомен обележјето на Наполеон. До овој ресторан се стигнува преку мала скриена врата од црквата зад маркетот за цвеќиња. Она што е специфично за ова место е тоа што ако сте член воопшто не плаќате, но за останатите целосен ручек вклучувајќи предјадење, главно јадење и десерт би ве чинел 10 евра.

5-tajni-restorani-vo-pariz-koi-vredat-da-bidat-razotkrieni-6

5-tajni-restorani-vo-pariz-koi-vredat-da-bidat-razotkrieni-7-


4. Chez Louisette

Овој ресторан ќе ве врати назад во времето во далечната 1930та, а дури и луѓето кои седат добиваат карактер на старите парижани. Тоа е така поради атмосферата, музиката, но и изгледот на самиот локал. Ако сакате со еден збор да го опишете овој ресторан тогаш тој е сигурно драматичен. Ќе се чувствувате како да се наоѓате во стар париски филм. Инаку, овој таен ресторан се наоѓа низ уличките во најпознатото пазарче на Париз.

5-tajni-restorani-vo-pariz-koi-vredat-da-bidat-razotkrieni-8-

5-tajni-restorani-vo-pariz-koi-vredat-da-bidat-razotkrieni-9-

5-tajni-restorani-vo-pariz-koi-vredat-da-bidat-razotkrieni-1-04


5. Café A

Овој ресторан е можеби најчуваната тајна од страна на парижаните и голема е веројатноста дека тие не сакаат да го делат со туристите. Ресторанот е скриен во галерија, односно музеј од 10тиот век посветен на архитектурата. Откако ќе го разгледате музејот, добро концентрирајте се и ќе пронајдете убаво среден двор со неколку маси за седење. Во текот на викендите се организира мини кино, но и мали концерти. Одлично за мирна ноќ со богата храна. 

5-tajni-restorani-vo-pariz-koi-vredat-da-bidat-razotkrieni-10-

5-tajni-restorani-vo-pariz-koi-vredat-da-bidat-razotkrieni-1-05

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2014 во 08:23

15 знаци кои откриваат дека требало да живеете во Париз


Заљубени сте во секој дел од Париз? Отсекогаш мислевте дека тоа е идеално место за живот, љубов и храна?

15-znaci-koi-otkrivaat-deka-trebalo-da-ziveete-vo-pariz-01.jpg

Проверете, можеби по природа сте роден парижанец, а тоа не го ни знаете.

1. Ви годи тивкиот дожд. Всушност, го обожавате Париз облеан во кристални капки.

15-znaci-koi-otkrivaat-deka-trebalo-da-ziveete-vo-pariz-02



2.
 Но, кога и да го видите сонцето го користите максимално.

15-znaci-koi-otkrivaat-deka-trebalo-da-ziveete-vo-pariz-03



3. 
Знаете како да пиете без да се опијаните.

15-znaci-koi-otkrivaat-deka-trebalo-da-ziveete-vo-pariz-04



4.
 Не сте личност која сака да го пие кафето по пат. Секогаш посветувате големо внимание на моментите со вашиот омилен кофеин.

15-znaci-koi-otkrivaat-deka-trebalo-da-ziveete-vo-pariz-05



5. 
Обожавате да шетате без брзање или посебна причина.

15-znaci-koi-otkrivaat-deka-trebalo-da-ziveete-vo-pariz-06



6. 
Но, со задоволство кружите низ градот со вашиот велосипед.

15-znaci-koi-otkrivaat-deka-trebalo-da-ziveete-vo-pariz-07



7. 
Преферирате вечера на отворено. Дури и да е зима, тука се греалките.

15-znaci-koi-otkrivaat-deka-trebalo-da-ziveete-vo-pariz-08


8. Обожавате кога стоите во едно место и го набљудувате забрзаното секојдневие на луѓето.

15-znaci-koi-otkrivaat-deka-trebalo-da-ziveete-vo-pariz-09



9. 
Не се плашите од јаглехидратите.

15-znaci-koi-otkrivaat-deka-trebalo-da-ziveete-vo-pariz-10



10. 
Цинични сте, во секој можен разговор.

15-znaci-koi-otkrivaat-deka-trebalo-da-ziveete-vo-pariz-11



11. 
Сакате да се подновувате со книги и романи, а уште повеќе сакате кога ќе пронајдете удобно ќоше во кое ќе ги „проголтате“ приказните.

15-znaci-koi-otkrivaat-deka-trebalo-da-ziveete-vo-pariz-12



12. 
Уживате додека купувате намирници за дома, во некое локално дуќанче.

15-znaci-koi-otkrivaat-deka-trebalo-da-ziveete-vo-pariz-13



13.
 Немате проблем со склопување нови пријателства.

15-znaci-koi-otkrivaat-deka-trebalo-da-ziveete-vo-pariz-14



14.
 Но, знаете да уживате и во самотијата.

15-znaci-koi-otkrivaat-deka-trebalo-da-ziveete-vo-pariz-15



15. 
За крај, буквално живеете за овој поглед:

15-znaci-koi-otkrivaat-deka-trebalo-da-ziveete-vo-pariz-16

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2014 во 19:05
Париз е нај overrated град во светот... има илјадници градови со сосема истата културна тежина, дрматичност и убавина, ама овој да ти бил посебен демек...
и тоа што е најсмешно е што просечен турист кога оди во Париз, се задржува на најкомерцијалните глупости кои се продаваат, наместо да ја осети вистинската култура на градот
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2014 во 14:21

Најубавата тераса во Париз (фото)


Париз живее за прекрасно уредените тераси на кои се сместени малите барови и ресторани.

najubavata-terasa-vo-pariz-foto-01.jpg

Една од најубавите е сопственост на хотелот Raphael, сместен на авенијата Kléber.

Терасата се наоѓа на седмиот кат од хотелот и овозможува незаборавно опуштање со чаша префинет шампањ и поглед кон Ајфеловата кула и шармантните париски кровови.

Прво што ќе забележите е беспрекорното зеленило, украсните грмушки кои се испреплетуваат со рози, кои во лето шират арома која опива.

Централната позиција ја зазема малечкиот шанк поставен на голема шаховска плоча, а околу него се распоредени малечките удобни маси и столчиња кои даваат голема доза на топлина.

Додека времето е убаво, терасата е целосно отворена, а на неа се служат врвни специјалитети на француски начин.

Кој би одолеал?

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2014 во 05:20
se nadevam ke go vidam narednata godina
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2015 во 03:06
Есенцијата на Париз преточена во храна

Доколку не сте дел од оние посетители кои можат со часови да чекаат пред железната убавица на Париз, тогаш веројатно сте дел од љубителите на добрата храна и вино.

esencijata-na-pariz-pretocena-vo-hrana-01.jpg

Блогерите на Tiffin tales ги истражиле париските слаткарници и пекари и препорачуваат неколку задолжителни вкусови кои вашите сетила мора да ги искусат. 

Макарунс

esencijata-na-pariz-pretocena-vo-hrana-1.jpg

Слатко во само еден залак. Тоа е класичниот изглед и замисла за десертите и токму затоа, макарунсите се првиот и основен концепт за слатка во Париз. Pierreherme е епицентарот на најдобрите макарунси и од тука не можете да заминете се додека не ги пробате класиците. Прв е вкусот и мирисот на карамела. По него доаѓаат летните вкусови Ispahan (роза, малина и личи овошје) и сите видови на летни макарунси полнети со сладолед.


Топла чоколада

esencijata-na-pariz-pretocena-vo-hrana-2.jpg

Не станува збор за блага Нестле инстант чоколада, туку изобилие на богат и силен вкус на вистинска чоколада. Секако, доколку овој вкус е премногу силен, секогаш можете да додадете малку свежо млеко и да ја ублажите аромата на париската топена чоколада. Местото кое се препорачува еAngelina.


Багети

esencijata-na-pariz-pretocena-vo-hrana-3.jpg

Парижаните се страстен народ и не би чекале ништо друго освен, нивниот топло приготвен леб. Секако, не без причина. Парискиот леб е вистински деликатес и „клише“. Без оглед на тоа, дали станува збор за богат бизнисмен или сиромашен просјак, ќе ја забележите типичната слика на парижанец со багет во раката. Блогерите ја препорачуваат единствената „буланжерија“ на МонмартрGontran Cherrier.


Сирење

esencijata-na-pariz-pretocena-vo-hrana-4.jpg

Несомнено дека токму овој тип на солен деликатес ќе се најде во оваа листа. Цела Франција е добро позната по своите многубројни и различни типови и вкусови на сирење, а центарот е токму во Париз. Тука ќе ги најдете вкусовите на цела Франција. Што се однесува до нивната дегустација, тоа останува на вас. Добро познати продавници на сирења се Fromagerie Quatrehomme и La Fermette.


Путер

esencijata-na-pariz-pretocena-vo-hrana-5.jpg

Кога ќе го слушнете зборот путер, ви се враќа сликата на девојчето во дрвени кломпи и холандска етно носија од цртаните, нели? И можеби е така. Општо сите западноевропски земји (без оглед дали е тоа, Холандија, Германија..) приготвуваат свој путер, но кога ќе дојдете во Париз, ќе ја имате можноста и во еден обичен супер маркет да пробате 10 различни вкусови. Уживајте здраво и разумно во овој француски деликатес (Bordier).


Кроасани

esencijata-na-pariz-pretocena-vo-hrana-6.jpg

Французите навистина сериозно го сфаќаат приготвувањето на кроасаните и поседуваат цел сет на правила и чекори за подготвување на добар кроасан. Кроасанот не е добар ако не можете да го вкусите педантно. Основниот концепт е навртена златно жолта полу месечина со мека полу еластична и внатрешност полна со путер. Додека купувате макарунси, не заборавајте да купите и еден кроасан од Pierre Hermé.


Палачинки

esencijata-na-pariz-pretocena-vo-hrana-7.jpg

Нема што многу да се зборува. Никој не може да одолее на свежо подготвената палачинка исполнета со нутела, банани и бисквит. Или пак, за оние кои претпочитаат солени вкусови: сланина, топено сирење и павлака.


Чоколада

esencijata-na-pariz-pretocena-vo-hrana-8.jpg

Jacques Genin преточување на соништата на сите љубители на чоколада, во реалност. Блогерите велат: сите вкусови, оние кои сте ги замислиле и оние за кои не сте ни сонувале, ќе ги најдете на едно место - Париз.


Фалафел

esencijata-na-pariz-pretocena-vo-hrana-9.jpg

Традиционално, фалафелот е арапски рецепт. Поимот потекнува од арапскиот збор falāfil, што буквално означува, пиперка. Станува збор за топка пржен зеленчук која да, можете да ја сретнете и на улиците на Париз. Место каде можете да го пробате овој арапски деликатес со париски „шмек“ еL’As du Fallafel.


Маделини

esencijata-na-pariz-pretocena-vo-hrana-10.jpg

Кога ќе го слушнам овој поим, секогаш се присетувам на готвачот на Hell’s kitchen, кој на 24 часа приготвува маделини со своите деца. Рецептот се чини лесен за приготвување, но вкусот не е ни одблизу како оној на париските улици. Место кое се препорачува за топло и секако, полни путер и јајца, слатки маделини, е Blé Sucré.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2015 во 19:18

20 причини кои ќе ви откријат зошто Париз е центар на светот


Градот на светлината минува низ турбулентен период во последно време. Но, ни терористите, ниту пак стравот нема да може да ја убијат убавината и духот на Париз. Градот на Сена е вечен и неуништлив, а ние ви прикажуваме 20 причини зошто е тоа така:

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.