|
Љубовта БОЖЈА или законот и сознанието? |
Внеси реплика | страница <12345 7> |
Автор | ||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Вистинската Љубов, надеж, верба (доверба) ... се многу поважни од сознанието, што незначи дека сознанието (ако е вистинско) не е важно! Духот БОЖЈИ ги создава фактите, додека човечкиот ум - во најдобар случај - смее да ги констатира. Фала ти за цвеќињата и не само за ними ... п.с. Вистинската Љубов - и нејзиното Првородено Чедо (Милоста) - се доживува, тоа вистинското искуство (и сведоштво) го покажува и докажува! Изменето од spiros - 16.Февруари.2013 во 15:33 |
||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|||
На почетокот БОГ луѓето ги создал според Својот лик и тие биле совршени во умот, духот и телото, но после паѓањето во грев на Адам и Ева луѓето се далеку од совршенството. Затоа БОГ ни дава наредби и правила како да се вратиме кон она што сме го изгубиле, и тоа го прави од љубов кон нас луѓето. "Вака зборува Господ, твојот Искупител, Израелевиот Светец: „Јас Господ, твојот Бог, те учам за твое добро, те водам по патот по кој треба да одиш. "( Исаија 48:17) |
||||
SOLI DEO GLORIA
|
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ова објаснување толку пати го имам слушано и читано... и убеден сум дека ретко кој што го повторува се запрашал: Како може нешто што е создадено совршено да стане несовршено ? Оти ако може нешто такво да се случи, тогаш значи дека тоа не било создадено совршено. Искуството ми покажало дека луѓето најчесто немаат соодветно разбирање за термините кои секојдневно ги користат, како совршеност, сеопфатност, бесконечност, сеприсутност... А тоа е можеби токму затоа што во секојдневниот живот немаме никогаш практично искуство со такви нешта. Изменето од Messenger - 16.Февруари.2013 во 23:16 |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Давајќи му ја и слободната волја, Единствениот Вистински и Совршен БОГ не го примора своето создание да остане во првобитното Совршенство! Зарем тоа треба да ни биде причина да го ставаме во прашање Вистински Совршениот и Вистинското Совршенство? Јас можам да се ставам (најнапред) себеси (а потоа и тебеси ) во прашање, но Совршениот БОГ и Неговото Совршенство, сигурно не!
А зошто немаме? Затоа што не молиме и не бараме! Сите коишто со потполна вера и понижен дух доаѓале (и доаѓаат) при Христа, тие биле од Него трансформирани (исцелени) од нивната глувост и слепост ! Изменето од spiros - 17.Февруари.2013 во 13:52 |
||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
ОНОЈ што ги создал првите луѓе совршени ги предупредил дека ако се побунат против воспоставениот поредок ќе се одвојат од Него кој е изворот на животот ќе станат несовршени и ќе умрат. БИТИЕ - ПРВА КНИГА МОЈСЕЕВА 15 Господ, Бог, го зеде човекот и го постави во Еденската Градина, за да ја обработува и да ја чува. Ете каде е одговорот Меси. Читај ја Библијата не да наоѓаш грешки во неа, туку да добиеш вистинско просветлување. |
||||
SOLI DEO GLORIA
|
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Со сета почит пријателе, или ќе се договориме дека човекот е совршена Божја креација или дека не е совршена Божја креација. Соодветно со тој договор ќе може да дискутираме понатаму за човековото однесување. Не можеме да тврдиме дека човекот е совршена креција, но дека несовршено се однесувал поради нешто што во таа совршеност било дарено од Бога. Совршеното е совршено бидејќи не станува несовршено поради било која причина. Ако нешто станало несовршено тоа значи дека уште првично било несовршено. Или оноа што го гледаме како несовршеност е само наша интерпретација на нешто што во моментов така го разбираме. И ова треба да си го расчистиме бидејќи, колку и да сакаме, не можеме тортата истовременено и да си ја чуваме и да ја изедеме. |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|||
Ау, пишував повеќе од половина час и на крајот се изгуби целиот труд , не знам што стана Добро , еве накратко ќе ти одговорам иако тоа што го пишував беше многу подобро образложено . Но ти си интелигентен човек, знам дека ќе ја разбереш поентата. Toa што Адам и Ева одлучија да се побунат против БОГ не значи дека биле несовршени, туку напротив . Најголемиот дар од БОГ на човештвото е токму слободната волја и правото на избор. Адам и Ева биле луѓе, а не роботи . Имале право да одлучат што да направат иако како совршени луѓе многу добро знаеле што ги чека и нив и нивното потомство доколку ја прекршат единствената забрана. Затоа нивниот грев е толку голем , бидејќи беа совршени а го избраа патот на пропаста. |
||||
SOLI DEO GLORIA
|
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Пријателе, како прво не би користел термин - побунување. Адам и Ева не се побуниле против Бога, туку ја користеле слободната воља дарена од Него да донесат своја одлука која е различна од Божјата препорака/забрана (гледај на неа како што сакаш). 1. Ако биле совршени, тогаш нивното право на одлучување, како и нивната одлука, е исто така дел од нивната совршеност. 2. Ако не биле совршени, тогаш нивното право на одлучување, како и нивната одлука, сигурно ќе биде повеќе или помалу далеку од совршеното. Разликата е во ова: доколку биле креирани како совршени битија тогаш тие не можат да направат несовршени одлуки (да направат грев). Ако се креирани како несовршени битија тогаш нормално е да се очекуваат несовршени одлуки и активности, но поентата тука не е само што во старт се создадени да грешат, туку и со слободната воља дадено им е да го сторат тоа. На крајот, не би имало никаков проблем со сето ова доколку Cовршениот Бог, кој ги создал како такви, не ги санкционира токму поради таквото Негово креирање, без обзир дали тоа го прави од љубoв или од љубомора (наводно - Адам и Ева да не се поистоветат со Него/боговите). И сега ќе се прашаме, каде не води ова дискусија? Па, очебијно е дека доколку напишаните нешта ги толкуваме буквално (ексотерично), тие од повеќе аспекти се нелогични, без обзир што се токму така догматизирани. И доколку останеме на буквалното тогаш заклучокот е дека имаме проблем со употребените термини, верувањето, догмата или записот (непотполн или корумпиран). Следната опција е текстот да се толкува езотерично, а не буквално. Во секој случај, да се вратиме на темава за љубовта... ако тврдиме дека Бог е безусловна Љубов, што експлицитно значи безусловно простување на гревовите (потсети се и на Исусовото учење), тогаш очебијно е дека повторно имаме проблем со буквалното толкување на писанието кое вели дека Бог не простува, дека се разгневува, дека казнува и прави луѓето да патат, не поради нивната одлука од која не умираат (Бог ги лаже дека ќе умрат ако го вкуст плодот), туку поради неговата лутина оти не го послушале - однесување кое покажува бескрајна оддалеченост од едно Совршенство, нели ? |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
Pica pica
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 1488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Меси, Змијата и тебе те прелажа. Изменето од Pica pica - 17.Февруари.2013 во 23:20 |
||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Драг пријателе Меси, Pica Pica го кажа токму тоа што и мене ми падна во очи кога го прочитав твојот пост. Зарем Адам и Ева не се умрени? Ако не се, кажи ни каде се да можеме да се запознаеме со нив, да поразговараме. БОГ не лаже, а Сатаната , старата змија лаже. Вистинското просветлување доаѓа од читањето на Светото Писмо. Се друго е само ментална гимнастика и фантазии на умот. |
||||
SOLI DEO GLORIA
|
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Значи буквално го разбираш Писмото?
|
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
KINGDAVID, не знам колку го владееш англискиот јазик, но би сакал да го видиш следново видео. Можеше да го објавам под темиte "Живот после смрт", "За Еднобитието" или едноставно да го објавам на оваа тема за Божјата безусловна љубов.
Решив да го објавам тука бидејќи темава е актуелна и начнавме нешто што е исто така кажано и на видеото. Pogledni go i videoto objaveno na temata "Jovan od Boga": Изменето од Messenger - 18.Февруари.2013 во 06:32 |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
Pica pica
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 1488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Izvinete shto povtorno Vi se mesham vo muabetot, sakam samo Mesi da go prasham. Kako ti go razbirash,t.s. shto se krie pozadi likot na zmijata vo prikaznata za sozdavanjeto na chovekot? |
||||
ZeZnAtA
Сениор Power Регистриран: 26.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 19172 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
zemjata e okoto na podsvesta.
a,bog e veruvanjeto vo samata verba.
|
||||
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
||||
Внеси реплика | страница <12345 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |