|
Референдум за формирање најниска плата!! |
Внеси реплика | страница <12345 7> |
Автор | ||
Античкиот
Сениор Поглавица Тешки Очи Регистриран: 14.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
У име цинцарства , нема да контрирам, што никако не значи дека се сложувам Ч)....
Значи мораме да разбериме , бидејки се ширет дезинформации - пак ке поновам од гладни кокошки кои сонуваат просо.... За да се изрази вредноста на трудот, неопходен е паритет помеѓу трудот и добрата, а таа размена ја овозможуваат парите.. На глобално ниво (макроекономско) гледано, за да може оваа папсана држава да исплаќа толкави плати... треба од некаде да внесе толку евра, за да може да внесе толку евра, таа треба да продаде надвор толку стока - како би ги набавила еврата... денес освен дознаките од албанците од надвор ( кои се бај д веј - основен столб на платниопт биланс на земјава - рака на срце - ке банкротиравме ние без нив оддамна) нема други приливи на свежи евра... Значи... Мислам дека се разбравме, се потрудив на еден најпрост можен начин да ви објаснам, како се крева стандард според економската теорија... е сега по вмровска теорија гледаме дека стандардот ако не се крева , барем сигурно може да се одржува со позаајмувања - а кој е епилогот на позајмувањата- можевме да видиме со ѓупците- нашиот јужен сосед... Затоа во предходниот пост - ви реков, мора малку од малку да ја познавате економијата, за да поднесувате вакви „прагматички“ реферндуми.... И за крај. Најсериозно, мислам дека не треба да се замараме со мин. платата - туку со тоа - дали и таа плата што ја земаме ја заработуваме и сме продуктивни на бараното ниво... Ке наведам неколку примери... 1. Во кина, за 120 УСД работи работник во фабрики за ЛЦД монитори или компјутери, милион пати поквалификуван и попродуктивен од нашиве -турни ме да кинисам - инжинери...Во текстилот платата им е 60 УСД месечно- затоа и кај нас текстилот со лон системот конвергира кон таа плата... 2. За индија не сакам да коментирам... бидејки најдобрите светски софтверски инжинери се од Индија и работат аутсорсинг за Западот за плати од 150-200 УСД... И прајме муабет за ПРОГРАМЕРИ - а не нашиве пексимовци од ПМФ кои како уметници несватени од општеството - нон стоп кукаат колку се ОНИ квалитетни - ама никој тоа не го гледа, и не можат ниту еден иновативен проект да направат или дадена задача да ја сработат на време... 3. Дали ја знаете продуктивноста на америчкиот или германскиот фабрички работник?? Мислам дека не ја знаете, зато вакви работи барате... то е то... Јас сум за благосостојба, изобилие и еднаквост, но драги мои ова е капитализам - и тој е едина опција со сите свои мани и доблести.. и наместо кукање по минимум плати... здрави проекти, скромност и газ потење... иначе немат....Јас истово и на моиве охриѓани им го зборвам бидејки турција ти нуди аранжмани за 200 ЕУР со сите шертој ( по охридски) или ол инклузив ( по скопски ЛОЛ) .. Не да не сме конк*рентни - туку за жалење сме... То е то за жал... лесно и добро е да ви спаковам розова приказна... но за жал реалноста е дијаметрално спротивна- и колку побрзо ја сватиме - толку подолго ке опстојуваме во таа нова реалност... Изменето од Анастеа - 07.Јуни.2010 во 03:44 |
||
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Сите сме свесни за реалната екомонска состојба државава,зарем мислиш дека некој живее во заблуда и сето сивило кое не опкружува не се одразува секојдневно и не потсетува колку многу сме далеку од преложенава тема?! Свесни сме,сите сме свесни.....и да, гладна кокошка просо сонува, епа барем соништата и гледањето со розови очила е бесплатно и ни овозможува барем кога сме на форумов да избегаме малку од реалноста и да се препуштиме на соништата. Немаш против нели? Изменето од Анастеа - 07.Јуни.2010 во 03:45 |
||
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
... ќе морам да признам дека коментаров ти е на место, само еден мал дел но... Продуктивноста на Македонскиот граѓанин не се мери според квалитетот кој тој го нуди, кој може да биде на повисоко ниво од Индиецот или Кинезот, кај нас си има посебна скала која е позната кај нас. Ако индиецот кој работи за ??? долари или Кинезот, треба да видиме кој му е исто така животниот стандард и домашната кошничка. Ако кај нас животниот стандард се мери со европскиот, а неговиот труд се наплаќа со минимум плата за разлика од неговиот европски колега, тогаш кај нас се вели “колку пари толку музика“. Не одам подалеку сем по некаква си чиста логика да пресметаме колку чинат прехрамбените продукти, облеката, обувките,,, и давачките во европа и кај нас, колку се наплаќа нивната “продуктивност“ и нашата. Како може цените на нивните продукти да се на исто ниво, дури имаме продукти кој се поскапи од нивните, а нивниот труд да е платен повеќе. Ако производството кај нас се наплаќа 10 пати помалку каде оди заработувачката (иако ни е јасно каде оди). Би сакал во франција да има раст на ел. енергија два пати во годината, и во останатите европски земји, раст на цените на горивата како кај нас, намали денар крени два, секоја втор понеделник... па како народот знае да реагира веднаш со МАСОООВНИИИ протести. Кај нас се задоволни со 13.000 денара ако е редовен со платата работодавецот. Тоа отсликува многу други работи. Зошто, бидејки сме НЕПРОДУКТИВНИ! Не мој пријателе, не знаеме да се почитуваме себеси, незнаеме да си го заштитиме својот интегритет, смејството. Никој не вели дека е можно во секој дел да биде плата од 40.000 ден, но со ваквиот менталитет нема ни да има шанса. поголемиот дел “продуктивни“ ја напуштија државата http://www.vmacedonia.com/archives/5707.htm и не верувам дека биле непродуктивни туку некој незнаел да го почитува нивниот труд. Никој од нас не сака да кука и лелека за подобар стандард и мислам дека повеќето од нас на форумот знаат дека нивниот вложен труд не е ПОЧИТУВАН. А да не говорам за стимуланс. Ако ние не сме свесни дека вложениот труд треба да е награда, да можам да заштедам за во иднина, да можам да си приуштам за нешто повеќе а не само да имам стан, да отидам на одмор... тогаш научи се да се респектираш самиот себе. Темава што ја поставив не е само од економски туку и од психолошки аспект колку прво самите се вреднуваме како луѓе, што за жал имаме што да прочитаме. Изменето од Анастеа - 07.Јуни.2010 во 03:46 |
||
Homo homini lupus est...
|
||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
gandhi vika:
"Како може цените на нивните продукти да се на исто ниво, дури имаме продукти кој се поскапи од нивните, а нивниот труд да е платен повеќе. Ако производството кај нас се наплаќа 10 пати помалку каде оди заработувачката (иако ни е јасно каде оди)." ...a , najstrashno e shto tuka povekjeto i pojma nemaat deka e taka,..barem za osnovnite zivotni produkti,...tuku, ednostavno evropskite ( pa i svetski ceni ) im zvuchat kako mnogu pogolemi od tukashnive,..shto apsolutno ne e tochno,...pochnuvajki od benzinot,..pa, mlekoto , mesoto, strujata,....lebot...sirenjeto, kashkavalot.....itn... ...ovie tuka,...stalno meljat neshto deka "tamu" kafeto ne znam kolku evra bilo,...ama, zaboravaat deka toa e i ne nekoja zivotna potreba ,..da piesh kafe nekade sednat nautro,...od nekolku evra,..ama , so tvojata tukashna plata! ...koga bi si ja chuknale glavata,..ke vidat deka i kafeto od 5-6-7-8 evra,..tamu mu e mnogu poeftino na rabotniot chovek ...od na tuka nekoj rabotnik ,..koga ke sedne da se napie kafe od ,.."samo"......edno evro !....a, za kvalitetot na dvete kafinja ,..nema zbor! |
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Секако дека во ресторан кафето е толкава цена, но тоа се смета како “луксуз“ како и алкохолните пјалаци и цигарите. Кај нас алкохолот е “основно“ средство и цигарите. |
||
Homo homini lupus est...
|
||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
...a, mozebi i taxito tamu e ekstremno skapo (sprema na nashive derikozi),...ama , da mi prostat ,..taxito i ne nekoja zivotna potreba....ako je si sakat u ,...dvete noze!
|
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Таксито е скапо, ама затоа имаш дневен автобуски билет,па дури за цело смеејство од 4 члена за само една цена.
Има и кај нас, за пензионерите во Петок, БЕСПЛАТНО како да се они ИДНИНАТА на оваа земја!!! Изменето од Buggyman - 06.Јуни.2010 во 14:25 |
||
Homo homini lupus est...
|
||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
eee, vidish,..ovie od tuka,..sakaat koga ke otidat tamu,...i da se vozat so taxi do kafeto kaj shto ke go pijat,...i dr...i se so nivnata bedna plata,..pa, skapo im bilo!
|
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Аааа веќе се навредуваме (јас сум кандидат за едно 20 години да бидам пензионер) Е кој е иднината, ако не пензионерите, сегашни и идни/? Кој чул пензионер да прети дека ке си оди во странство оти не му чини? Ова дечурланата се со уцени- или запослете не и дајте ни плата со факултет или ке одиме надвор!! Та сакале да се женат, да формираат семејство рано-на 30 години?! Што им фали кога секој ден мама и тато, баба и дедо им даваат по 100 денари за цигари и кафе, а за сабота и недела дури и по 300 денари. |
||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
izgleda ima pravo idnava nasha penzionerka ...nema idnina bez...penzioneri,...zashto za da stanesh toa ,..prethodno trebalo da si,..
.kako besje ona so ,...jajceto i kokoshkata...? |
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Buggy i Antickiot se vo pravo:
NE SE RESPEKTIRAME DOVOLNO, zatoa i ne znaeme da si go pobarame ona sto ni treba, t.e. tivko se zadovolivme so vmrovskava shema. TESKO SE POKRENUVAME OD STATUS QUO, t.e. polesno e da se prifati nekoj drug da odlucuva za nas, da zavisime od nekoj drug, t.e. partija, da NEMAME ODGOVORNOST, sto po difolt ne pravi PASIVNI i ne PARALIZIRA...otkolku da ja preispitame i testirame svojata KOMPETENTNOST, da zasukame rakavi i konecno da pocneme da razmisluvame KAPITALISTICKI, barem dodeka svetot seuste ne smislil novo ureduvanje... |
||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас наполнив 42 год., но тоа е вистината... |
||
Homo homini lupus est...
|
||
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не сум сигурен дека реферeндум е витинскиот начин да се решат ниските примања во МК... Генерално се слагам и ја поздравувам идната пензионерка , што треба млади луѓе да работат кога имаш пензионери да те издржуваат ?
За да една држава створи благосостојба на своите граѓани и требаат ресурси и програми за развој на економијата врз основа на тие ресурси. Ако мислите дека земјоделието е ресурс на Македонија, тогаш мислам дека се лажете, само видете како произведуваат храна најголемите производители во светот и ќе сфатите дека со магарето и тракторчето од триесет коњи не се прави бизнис. Колку и да се трудам, во МК не можам да видам валидни ресурси освен луѓето. Има земји на кои им недостигаат луѓе (Канада и Австралија на пример), не само како работна сила сега туку и како генетски потенцијал за во иднина. Едноставно не можат да направат толку деца колку што планираат развој за следната генерација. Логично е кога веќе МК не може да ги користи сопствените ресурси, тогаш тие ќе си го најдат чарето надвор.
Нашите млади генерации треба да си ја земат судбината во свои раце: учете англиски и научете го подобро од македонскиот, бидете отворени кон светот, новите технологии и кон новите можности, проникнете во психологијата на побогатите - оти тие се оние што може да ве платат, видете што можете да им понудите и работете напорно на себе. Одеднаш ќе сфатите колку малку ве интересираат името, античката историја, споменици, избори и слични џабелебарски работи.
Препорака од Мечката: Live your life, don't forget to give back, and never stop searching for a heart of gold, 'cause you are getting old. Еве ви една од Нил Јанг, еден од најголемите канаѓани што не се хокеари, да ви го разубави животот три минути.
|
||
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Во право е Античкиот , нели си е економист си знае: со ваква ниска продуктивност на трудот, минимална плата ќе одредува кој (работодавец) како ќе стигне. Кога ниту еден Државен Завод за статистика не води никаква евиденција по податоци за продуктивност на трудот, можете да замислите која продуктивност ја има македонската економија во споредба со други држави. А разликата во ниво на продуктивност е еден од основните показатели за споредба на плати помеѓу држави или компании. Поголема продуктивност - поголемо или исто количество произведени производи, со помали трошоци за капитал, работна рака, материјал.
Едно нешто што ги крати платите кај нас е и преголемата желба на новопечените бизнисмени за екстрапрофит и брза заработувачка преку ноќ, па кратат и на плати и на фондови кои компаниите треба да ги одвојуваат (за амортизација и слично...), за да “газдата“ си купи џип, стан, вила-мила... Слушанле за економија, слушнале за капитализам па ај и ние капиталисти, преку ноќ. За платите на административците - од кое производство да се зголемат? Основа на секое општество е производството, се друго е надградба и се храни од него. Ако основата е слаба, каква да биде надградбата? Плата од 8.000 евра??? Убаво би било, ама за жал е далеку од реалноста, не само за нас туку и за поразвиените европски земји. Учителите во Италија пред неколку месеци штрајкуваа да им се покачат платите, кои патем изнесуваат 800 евра (учителите во основно) а за наставниците беше некаде 1.500 до 1.800. И другите земји се тука некаде, со нешто повеќе. Европските земји различно ја регулираат минималната плата. Некои со закони, некои со колективни договори, некои никако. Притоа има разлика со терминот “најниска плата“, која е елемент за одредување на основна плата, според коефициенти по работни места. Не знам дали авторот на темава мислел на неа, но таа е различна по гранки и дејности и не може да биде насекаде 40.000 ден. топ-тан |
||
Внеси реплика | страница <12345 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |