IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование > Наука
  Активни теми Активни теми RSS - Научни вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Научни вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 14>
Автор
Порака
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2010 во 14:10
Револуционерно откиртие: Траги од темната материја?

Научниците од Универзитетот Флорида во САД, објавија дека постои можност да ги откриле првите темни траги на црната материја, односно мистериозна супстанција што го сочинува три четвртини од вселенскиот простор.

Потенцијалните трагови на темната материја се откриени на длабочина од 610 метри со помош на осетливи детектори во рудникот за железо во Минесота. Научниците изјавуваат дека шансите се три наспроти четири дека станува збор за автентична честичка од темната материја.

Темната материја отсекогаш била една од најголемите мистерии во физиката, така да ова откритие може да биде една од најголемите во последните 100 години.

Во триесеттите години од минатиот век астрономите открија дека ѕвездите, гасовите и прашината се само дел од вкупната вселенска материја. Тие дошле до заклучок дека галаксијата се распаднала и дека не постои некоја невидлива супстанца која не држи сите во целост.

Последните девет години, истражувачите се обидуваат да најдат траги од овие честички на дното на рудниците за железо. Во експериментот биле користени 30 детектори, специјално дизајнирани за откривање на траги од WIMP. Експериментот е работен под земјата затоа што овие честички имаат способност да поминуваат низ дебели слоеви и камења.

Во магазинот Science е објавено дека се пронајдени две траги од овие честички. Како што пренесува Daily Mail, научниците ќе продолжат со студијата, со цел со сигурност да го потврдат присуството на честичките од темната материја.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 01:35
Откриена тајната за смртта на Тутанкамон

Фараонот Тутанкамон, кој умрел пред 3.000 години, најверојатно починал од маларија во комбинација со наследната болест на коските - некроза.

Ова сознание е резултат на деталните ДНК и радиолошки истражувања спроведени врз неговата мумија, две мумии пронајдени во гробницата на фараонот, како и врз сите познати мумии од 18-та династија, на кој Тутанкамон и припаѓал.

Научниците со истражувањето успеаја да ги утврдат патолошки значајните и наследни заразни болести во семејството.

Дијагнозата за смртта на фараонот е поставена благодарение на генетските испитувања кои ги откриле низата малформации во семејството на Тутанкамон, како што се Кохлеровата болест, која посебно го погодила младиот фараон. Станува збор за ретка  болест на коските на стапалата кај децата, поради кои овој дел од телото го губи снабдувањето со крв.

Анализата, исто така, покажала трага од паразитот Пласмодиум фалципарум, предизвикувач на маларијата кај Тутанкамон и уште четири испитани мумии, пренесуваат француските медиуми, не наведувајќи од каде го добиле извештајот пред неговото објавување.

Резултатите на истражувањето, во среда, во Каиро, официјално ќе ги соопшти д-р Захи Хавас, главен секретар на египетскиот врховен совет за старини.

Истовремено, резултатите ќе ги објави и американската медицинска асоцијација.

Научниците со истражувањето успеаја да ги утврдат и семејните врски, односно досега не сосема познатото потекло на фараонот. Така, утврдено е дека таткото на Тутанкамон, кој умрел на возраст од 19 години по кратко владеење, бил фараонот Аменхотеп- познат и како Ехнатон. Но, анализите покажаа дека е исклучено негова мајка да е легендарната кралица Нефертити.

Мајка на фараонот е мумијата КВ35ЅЛ чие име останува непознато.


Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 01:37
Научници ги прекршија законите на природата

Американските научници успеаја да постигнат температура од четири трилиони Целзиуса, што е рекорд за лабораториски услови.

Оваа температура е доволна да ја претвори материјата во смеса каква што постоела во микросекундите по големата прашина и настанокот на светот.

Научниците го користеле гигантскиот разбивач на честички во Националната лабораторија „Brооkheven“ во Њујорк, а високата температура ја достигнале со судирање на златните јони и предизвикале ултра жешки експлозии кои траеле по неколку милисекунди.

Ова достигнување ќе им помогне на физичарите да го разберат процесот кој се случил по настанувањето на светот.

- Оваа температура е доволна да ги стопи протоните и неутроните, изјави на конференцијата на новинари Стивен Видгор, научник од Бруклин.

Научниците се надеваат дека ќе можат да ги искористат новите сознанија во практични цели, на пр. за производство на мали, брзи и силни компјутери.

Температурата на Сонцето е 50 милиони степени, додека просечната температура на вселената е 0,7 степени над апсолутната нула.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2010 во 03:31
Originally posted by Sunny Sunny напиша:

Оваа температура е доволна да ја претвори материјата во смеса каква што постоела во микросекундите по големата прашина и настанокот на светот.


Кој бил тогаш во тие микросекунди на почетокот па да ни каже каква била и дали воопшто постоела таа прашина тогаш? среќа

Многу се романтични ова научнициве, ама сепак треба малку да се призејмат.

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2010 во 20:03
Нов хемиски елемент копернициум

Научниците го избраа името копернициум за новиот хемиски елемент во чест на полскиот астроном Никола Коперник.

Симболот на новиот, 112-ти хемиски елемент ќе биде „Cn“, наместо првично предложениот „Cr“, кој има и други научни значења, со цел да се избегне конфузија.

Елементот е откриен пред 14 години, а неодамна е ставен во периодичниот систем на елементите.

Меѓународната унија за чиста и применета хемија го даде називот копернициум на овој елемент наместо првобитно користениот унубијум.

Новиот хемиски елемент е 227 пати потежок од водородот и најтежок елемент кој официјално го признала Меѓународната унија за чиста и применета хемија.

Унијата официјално го објави прифаќањето на новото име на овој елемент на 19 февруари на денот на раѓањето на Никола Коперник, творецот на модерниот хелиоцентричен систем, кој е роден во 1473 година во Торун во Полска.

Коперник утврдил дека планетите кружат околу Сонцето и дефинитивно го поби учењето дека Земјата се наоѓа во центарот на вселената.

Меѓународниот тим научници, кој го предводеше Сигурд Хофман, успеа да го произведе елементот копернициум првпат уште на 9 февруари 1996 година.

Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2010 во 19:28
Zemjotresot vo Chile ja pomestil zemjinata oska na rotacija i go napravil denot pokratok  збунетостизненадување

statijata e na angliski pa morav samo linkce da stavam трепкање
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2010 во 19:37
Баш ме интересира на кој начин ги измерија тие 1,26 мили секунди?
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2010 во 19:44
Originally posted by Sunny Sunny напиша:

Zemjotresot vo Chile ja pomestil zemjinata oska na rotacija i go napravil denot pokratok  збунетостизненадување

statijata e na angliski pa morav samo linkce da stavam трепкање
 
 
Земјотресот во Чиле е намалило должината на земниот ден со 1,26 микросекунди, објави Лента.ру, повикувајки се на информации на Лабораторијата за реактивни мотори, чиј помошник Ричард Грос извршил пресметки.

Грос е категоричан дека чилеанскиот земјотрес довел до редистрибуција на земната маса и изместило со околу 8 сантиметри оста, кон која е балансирана Земјата. Оваа ос се разликува од оста на ротација на планетата. На северниот пол, пример, точката на преминување на осите на површината на Земјата се на растојание од околу 10 метри една од друга.

Покрај тоа Грос е споредил земјотресот во Чиле со тоа, во Суматра во 2004 година. Иако подземните трусове пред 6 години се посилни, поместување на оста тогаш е 7 сантиметри. Причините се кријат во фактот дека Епицентарот на чилеански земјотрес се наоѓа во средните Широчина (а во случајот на Суматра - во екваторијалниот), а исто така во тоа што разломот во областа на Чиле влезе во земјината кора под голем огол. 

Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2010 во 23:15

Откриена првата планета надвор од нашата галаксија

Астрономите веруваат дека ја откриле првата планета која се наоѓа во друга галаксија. Планетата се наоѓа во Messier 31, огромна галаксија во близина на Млечниот Пат, во соѕвездието Андромеда.

Планетата е оддалечена од земјата околу 2,5 милиони светлосни години. Новото небесно тело е откриено благодарение на феноменот наречен „микроленсинг“, кога гравитационото поле на некој објект близу нашата планета се однесува како лупа.

На астрономите им беа потребни пет години да сфатат дека веројатно забележале планета која не припаѓа на нашата галаксија. Тие уште во 2004 година го набљудувале необичниот феномен „микроленсинг“, додека ја проучувале галаксијата Андромеда, која со голо око може да се види како замаглена дамка.

Меѓународниот научен тим тогаш мислеше дека користејќи го телескопот на Канарските острови, забележал неколку ѕвезди кои кружат една околу друга.

Но, компјутерските симулации и другите експерименти и пресметки ги убедија научниците дека всушност забележале ѕвезда и планета, која е шест пати поголема од Јупитер, како кружи околу неа.

Повеќе од 300 таканаречени „егзопланети“, кои кружат околу ѕвезда се откриени во нашата галаксија, но досега не е потврдено откривање на планета во друга галаксија.
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2010 во 00:29
Originally posted by fiks fiks напиша:

Баш ме интересира на кој начин ги измерија тие 1,26 мили секунди?


Се работи за 1.26 микросекунди. 1 микросекунда е еден милионити дел од секундата.
Точноста на најпрецизните часовници (штоперици) на планетава е од редот на 10^(-34) или со зборови: десет на степен минус триесет и четврта, или во децимали: 0.0000000000000000000000000000000001 секунди. среќа Станува збор за атомски часовници кои работат на одреден период од зрачењето на атомот Цезиум.

Многумина се прашуваат како е можно еден земјотрес да го намали денот т.е. деноноќието. Затоа ќе објаснам на кратко.
При земјотресот, дел од површината на Земјата пропаѓа т.е. се поместува кон центарот на Земјата. Како последица на тоа, се намалува инерцијалниот момент на Земјата, а пак од законот за запазување на ротациониот импул, следува и зголемување на ротационата брзина на Земјата. Со тоа се намалува и Земјината ротација (времето за кое таа се завртува околу својата оска). Нормално ова намалување е од редот на микросекунди затоа што станува збор за релативно многу мала количина на маса што се поместува релативно малку кон центарот на планетата.

Доколку бев малку сложен погоре, еве ви поедноставно. Завртете се на едно канцелариско столче со раширени раце. Во моментот на вртењето соберете ги рацете кон вас и ќе приметите како брзината на вашето вртење ќе се зголеми, а времето за кое вртите еден цел круг ќе се намали. Оваа разлика ќе биде повоочлива доколку држите некои тешки предмети во раката.
Ете што се случило со Земјата среќа
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2010 во 01:01
bravo be evanаплауз,..mozeshe da kazesh i kako onie ,....vo umetnichko lizganje ,...koga gi sobiraat racete otkako gi rashiruvaat , i pochnuvaat da se vrtat se pobrzo !намигнување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2010 во 01:56
Ми текна и мене прво на тоа, ама ретко кој може да прави такви пируети, па затоа мислев дека овој експеримент е поедноставен среќа
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2010 во 16:17
Ок е бе Евангелос,знам јас како оди тоа намалување,туку види ги овие сегаголема%20насмевка
 
 
На оската не и чуе
Тврдењата на НАСА дека земјотресот во Чиле бил толку силен што успеал да ја помести Земјината оска и да го скрати денот, се комплетно апсурдни и без никаква научна основа, се огласија германските научници.

Неколку дена по потресот со јачина од 8,8 степени, геофизичарите од американската вселенска агенција објавија дека како резултат на катастрофата сега денот е пократок за 1,26 микросекунди а оската на Земјата е поместена за цели 8 сантиметри.

Спротивно на ова тврдење, професор Рајнер Кинд од Германскиот истражувачки центар за геонауки објаснува дека промените на оската предизвикани од земјотрес би биле толку мали, што не би можеле ни да се измерат. Затоа е невозможно тие воопшто да се откријат.

“Кога ја прочитав веста се фатив за глава. Со тоа тврдење НАСА може само да ги полни насловните страни. Бројката од 8 сантиметри е апсолутно непроверлива”, со иста доза на сомнеж е и проф. Карл-Хајнс Гласмаер од Германската геофизичка асоцијација.

Ова го потврдува и доктор Моџиб Латиф од институтот Лајбниц, кој вели дека влијанието на еден земјотрес врз накосеноста на Земјата во секој случај би било многу слабо.

“Небесните тела околу нас се најмногу одговорни за накосеноста на планетава. Гравитацијата на големите планети ја одредува стрмнината на Земјината оска. Тоа не може да го промени земјотрес, дури и кога е толку силен како оној во Чиле”, изјавил за Билд, др. Латиф.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2010 во 20:02
....istoto i jas go mislam ,...i go potvrdiv duri,...samiot!намигнување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,157 секунди.