|
Просветленост и материјална благосостојба |
Внеси реплика | страница <12345 17> |
Автор | |
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пред година дена ја прочитав “Јади, моли се и уживај“ на Елизабета Гилберт.
За мојот вкус оваа книга беше и премногу хедонистичка. Авторката е на едно духовно патешествие после еден бурен развод и потполно се предава на сетилните и гастрономски пред се уживања. Паралелно, бара смисол, бара духовност, низ Италија, Индија, Бали. Сега е во Њу Џерси, живее во една прекрасна куќа која претходно била Презбитерианска црква и така...пишува нова книга. Авторката беше гостинка на Опра (кај нас оди со задоцнување). Оан што ми се допадна, беше нејзиното објаснување на зборот себичност, имено, во кинескиот јазик, за себичност има две значења. Прво, да си правиш добро на себе, да си угодуваш-но без да повредиш никого, додека втората употреба на зборот е охолост. Во западниот свет, во кој сме и ние, зборот има конотација на ова второ значење по што автоматски, да се има, да се ужива во благосостојба се изедначува со себичност. Затоа во нашата култура особено овде, јужна Европа, Балкан, тешко е да се прифати таквото гледиште дека човек може да биде материјално исполнет и истовремено просветлен. За Американското општество и разбирање, тоа е сосем в ред, бидејќи таму всушност центарот е SELF. Значи во тие општества, во фокусот е самата индивидуа, додека пак ние сепак сме некако поколективно наклонети, одиме на угодување на другите, да не ги повредиме блиските, но и сметаме дека материјалната благосостојба никако не оди со просветленост, односно, аскетизмот (сега не зборувам за монаштво но воопшто, аскетизмот во секојдневното битисување, одрекување во полза на другите, родителски жртви за децата на пример) оди со духовноста. И тука настануваат конфликтите. Но и самиот хедониозам и материјална благосостојба, иако не се грешни сами по себе сепак претставуваат пречка за просветлувањето, за што сведочат овие духовни и често бесцелни патешествија на модерниот материјално исполнет западен човек. Глобален човек да речам... Дали може да се биде духовен и материјално исполнет истовремено? Голем труд мислам дека треба за тоа. Луѓето-колку и да е клише, кога ќе се најдат на еден таков завиден материјален пиедестал ја губат врскарта со духовноста (најчесто). Е сега некој може да дава во добротворни цели, хумани концерти, донации, но колку навистина се крие тука Љубов кон ближниот, а колку сфаќањето за спасение по дела (значи давам да добијам), а колку да се избегнат такси и даноци-е тоа само Господ знае. И самиот поединец. Тука се сложувам за “камилата низ иглени уши“, на тоа мислел Исус. Кој може значи, како што кажа да не се врзе за материјалните работи кои создаваат се некаква зависност, тој се се спасил. Но, кој може, кој може... |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Angliskiot jaziik ima eden dobar zbor za toa - attachment.
Poentata e da go zhiveesh zhivotot, da gi uzhivash negovite blagostanja, da se otkrivash i realizirash sebe si preku materijalnite dozhivuvanja, no da ne sozdavash attachment od niv. Da ne se vrzuvash za niv bidejki tie ne se celta na nasheto postoenje, tuku samo nachin, eden vid alat, preku koj nie se osoznavame sebe si, svetot (Kreacijata), a so toa i Boga (Kreatorot) vo Negovoto Sebstvo (Celost). Koga kje se razbere onoa sto go rekovme za blagosostojbata kje ni stane jasno i sto misli Isus koga veli deka ne doagja vo mir, tuku so mech vo raka za da razdeli deca od roditeli. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ne postoi nikava kauzalnost megju siromashtijata i prosvetlenosta. Ako beshe taka, togash na svetov kje imashe milijarda prosvetleni lugje. Od druga strana znaeme za lugje koi se prosvetlile, a ne bile siromasi. Znaeme deka ima lugje koi se prosvetile, a bile visokoobrazuvani, kako i lugje koi se prosvetile, a nemale nekoe posebno obrazovanie. Znaeme deka prosvetluvanjeto ne e eksluzivitet na nikoja religija bidejki imalo prosvetleni lugje na site strani na svetov, od site veruvanja i rasi. Изменето од Messenger - 04.Октомври.2009 во 02:07 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Палестинец
Сениор Регистриран: 24.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 12129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
A sto e toa prosvetlen covek ili prosvetlenost.....mozes li da objasnis messenger?
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Koga kje ti "svetnii sijalica" vo zatemnetiot um, pa kje progledash i razberesh so jasnotija, i kje se zdobiesh so onoa sto lugjeto ponekogash go narekuvaat mudrost.
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кога ќе ја сватиш вистината, од каде си, зошто си и како си, кога ќе ја сватиш вистината за твојот Креатор, за неговите каректеристики и особини, кога ќе го сведиш твојот живот на осознавање, љубов, правење добри дела, тоа е просветленоста на човекот... Тоа може да го осознае само јас, ти, тој, таа, тоа, а не некое животно без душа, без свест и без емоционални сетила! |
|
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вратата е отворена, но малкумина ќе влезат низ неа. А нели треба сите да влезат Мессенгер? Нели на сите ќе им се дадат милион и милион шанси, што значи еден ден сите ќе бидат при Причинителот. |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Sega zavisi od chija religijska osnova go gledash toa. Ako ja sledish hristijanskata, togash nemash shansi bidejki taa ne priznava reinkarnacija. Spored nejzinoto tolkuvanje Isusovoto tvrdenje deka samo malkumina kje minat znachi deka vo edniot i edinstveniot obid daden preku materijalniov zhivot, najgolemiot broj ne kje uspejat da minat. Tochka. E sega, da ne bide premnogu pesimistichki, ke rechat deka sepak Bog gi miluva svoite cheda, deka na site kje im presuduva posebno i pravedno, pa kje najdat nekoj citat od Pavle, nekoj od ovoj ili onoj apostol... no fakt e deka Isus ne dava nikakva provizija za seto toa i veli ednostavno, bez popusti - malu kje minat niz tesnata vrata.
Ona sto go velisjh ti vazhi za religiite koi velat deka lugjeto koi ne minale kje dobijat druga shansa vo nivnite sledni zhivoti. Spored niv, praktichno site kje minat. Drugi pak religii voopshto ne se zanimavat so takvi raboti. Za niv chovekovata dusha, kako Kreatorovo sozdanie se vrakja nazad vo Negovoto Sebstvo, vo svojot izvor, bez nekakvi teshkotii ili komplikacii kako sto velat drugite. I taka, sekoj so svoeto... |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мессенгер, многу интересно забележа дека Исусовите зборови околу неврзувањето за материјалните добра се однесуваат на создадената зависност од ствари, но и од личности (
Koga kje se razbere onoa sto go rekovme za blagosostojbata kje ni stane jasno i sto misli Isus koga veli deka ne doagja vo mir, tuku so mech vo raka za da razdeli deca od roditeli....), во постов сакам да се осврнам на зависноста од личности, а можеме да отвориме и сродна тема. Во врска со тоа би сакала да направам прво еден осврт на attachment-от. Кога се раѓа новороденчето, започнува неговиот бондинг со мајката пред се. Подолго време во светот (а тек некоја година наназад и кај нас) се применува програмата руминг ин, односно, веднаш по породувањето бебето се става заедно со мајката во соба, односно не се разделуваат како што беше случај кај нас. Тоа значи дека врската родител-дете започнува веднаш по самото раѓање (да не зборуваме дека бебето уште во матката нели, доживува и има чувства на заштитеност итн-но да не одиме далеку). Значи, токму тоа поврзување, бондингот, е еден од почетните предуслови за создавање здраво и8 среќно дете. Поточно-правилното и здраво поврзување. Детето сака да биде мазено, пазено, заштитено...И така треба да биде. Во домовите за бебиња без родители, децата се оставени во своите креветчиња, кутрите, ќе плачат, плачат, и на крај заспиваат исцрпени затоа што никој нема да ги земе. (Овде не осудуваме никого, просто тоа е така, нели не може една негувателка да крева по десетици бебиња а освен тоа-не им е мајка). Тие бебиња се гладни за љубов...Често се болни од бронхитиси (тоа го знаат оние кои посвојувале бебиња, а болестите на белите дробови во рана возраст психијатрите го поврзуваат со-вапај, плач за мајка)... Овие деца подоцна прозборуваат, а пројавуваат и некои форми на однесување како на пример клатење напред назад, кое симболизира нишкање...Секој кој имал искуство и работа со оваа категорија знае за што зборувам. Бебето оставено така, без љубов и внимание-често умира. Подоцна во тек на родителствувањето, детето се воспитува така што се учи да се осамостои. Но сепак, врските остануваат. Калил Џибран има кажано “сопружници, бидете како столбови, но не приближувајте се премногу, зашто ако се приближите премногу еден до друг, зданието ќе се сруши„ (парафразирав). Значи-ем конектирани-ем дисконектирани. Е сега, како е тоа можно? Како е можно сосем да се остават родители, деца, сопружници и да се тргне по некој пат на просветлување? Како да се дистанцираме од емоциите (зашто ако ги имаме тогаш како ќе оди дисконектирањето)? Како тоа ќе се одрази врз личноста? Како е можно истовремено да се љуби некој (дете, родител) а да се раскине врската создавана со години, нема ли со тоа да биде повредена личноста од која духовно се разделуваме (а можеби и физички, зависи кој каков пат на просветлување избрал)? (Овде јасно е не зборување за одење на гурбет или школување во странство но за просветлувачка разделба, односно дистанцирање заради просветлување). Ако од друга страна, го љубиме ближниот а со нашето одделување го повредуваме, нели со тоа постапуваме лошо? |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зависи каков потенцијал имаш како човек, благосостојбата може многу да придонесе за развој на духовноста но и да одмогне , исто е и со сиромаштијата. Сепак прво стомакот треба да се наполни за да може да профунционира мозокот. Ние сме робови на телото и мора да му удоволуваме до одреден степен.
|
|
Beauty fades, dumb is forever
|
|
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Доколку врската е болна, деструктивна и полна со контрадикторности одделувањето на здравите емоции од корумпираните е неизбежно, во овој случај едниот тргнува по друг пат за да може да ја доживее сопствената „судбина„ и да ја пронајде својата светлина.
Дали постапуваме лошо?
Мојот одговор е НЕ, доколку сме стигнале до крајот на патот и нема друг излез повеќе. Со тек на време може и „оставениот„ ќе го пронајде својот пат и ќе се соочи со себеси.
Здравиот однос подразбира размена на љубов и останати состојки во еднакви количини. Доколку почне се еднонасочно да се одвива, поради неспособноста на другата личност да се менува или регенерира,тоа не ништо добро.
Овде доаѓа до она прашањето за себичност и селф-центарот.
Жртвите во одредени моменти во нашиот живот се излишни, особено доколку две индивидуи се способни да се грижат самите за себе.
Само низ болката понекогаш можеме да ги надживееме и надраснеме некои прашања.
|
|
Beauty fades, dumb is forever
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Овде не мислев за окончување на болни врски-кои секако треба да се прекинат.
Мислев на раскинување на врските со најблиските, “пуштање“ на децата да одат по свој пат, “напуштање“ на родителите, односно, ослободување од нечие влијание. Нема ли со таквото напуштање да повредиме некого? Колку некој навистина може да биде емоционално дисконектиран? Емоционалната дистанцираност ако е вродена-создава карактеропати и сурови криминалци. Но како еден човек кој оди по пат на просветлувањето да се ослободи свесно од емоционалната зависност која како и материјалната гуши и влече кон долу? Дали е воопшто можно такво нешто? Токму затоа Исус тоа го споредува со “минување на камила низ иглени уши“, зашто слично на материјалната завиосност и емоциите создаваат зависност. Е сега во однос на материјалната зависност, зошто мислите дека сиромав човек неможе да биде материјално зависен од нешто? (Колку треба да поседува човек за да се нарече богат? има ли деиниција за тоа? Приказната на Толстоиј за царот кој барал кошула од најсртеќниот човек на светот ни акжува дека таа кошула ја имал-најсиромавиот во царствпото и таа била единствено нешто што поседувал). |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ne zboruvame za nikakvo dramatichno i potpolno raskinuvanje na vrskite megju decata i roditelite, nitu pak za emocionalna distanciranost, tuku govorime za onoa sto mozhebi najdobro bi se definiralo kako posesivnost ili objekt koj navidum ja sintetizira celta na nasheto postoenje.
Emotivnosta ni e bogodaden kvalitet, a ljubovta e nejzina kruna, no posesivnosta ili ljubomorata se rezultati od nejzinata zavisnost, od stravot deka sopstvenata glad za vnimanie i ljubov nema da bide zadovolena dokolku se dozvoli objektot koj ne hrani so emocii da bide sloboden da pravi ona sto smeta deka e najdobro za nego. Toa e rezultat od nashata lichna emotivna praznina, pa kako nejzin surogat ja koristime tugjata. Ljubovta e davanje, a ne zemanje. I toa davanje ne se pravi zatoa shto ochekuvame deka neshto kje dobieme za vozvrat. Ljubovta ne e trgovija, pa objektot kon koj taa e upatena ne e zadolzhen da plakja za nea. Zadolzhuvanjeto na decata od strana na roditelite, zatoa sto tie "se zhrtvuvaat za niv", ne e ljubov i pretstavuva katastrofalna devijacija od onoa sto navistina treba da pretstavuva vistinskoto roditelstvo, onaka kako sto ni e prikazhano vo Biblijata - da se sozdade pored svoeto podobie, no so slobodna volja. Steknuvanje i neguvanje zavisnost od bilo shto e uslov za kreiranje na sekakvi patenja i histerii vo zhivotot, a so toa i definitivno oddalechuvanje od sopstvenoto prosvetluvanje. I toa e mudrosta shto ni ja porachuva Isus vo navedenite citati. Изменето од Messenger - 06.Октомври.2009 во 00:54 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се што поседуваме на овој свет, сакале да прифатиме или не-еден ден нужно ќе премине во рацете на некој друг.
Сите материјални добра со кои располагаме, сите уживања во нив-имаат времен карактер. Дадени ни се да се служиме со нив, но еден ден тие ќе служат на некој друг. Исто се однесува и на блиските-потесен, поширок семеен круг, луѓе кои ни се драги, итн. Никој од нив не е наш 100% и не смее да биде така, ние не поседуваме никого. Тогаш, со благодарност треба да се однесуваме кон сите што ни се дадени во дадено време и чии патишта ни се вкрстуваат одреден период (родители, браќа, роднини, пошироко) за да учиме едни од други и да уживаме во љубовта кон нив, љубовта која пред се ја даваме. Е кога човек ќе ги сфати овие работи, ќе престане да хистерише кога ќе загуби нешто или некого, нема да страда и да полудува. Но, кој може така да мисли? Кој? Кој? Изменето од maria_magdalena - 06.Октомври.2009 во 09:01 |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Внеси реплика | страница <12345 17> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |