IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Свет
  Активни теми Активни теми RSS - Светот денес
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Светот денес

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 46>
Автор
Порака
Wonderful_Life Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Амбициозна Бебушка

Регистриран: 30.Декември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Wonderful_Life Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2009 во 14:25
">
Развод меѓу Никола Саркози и новинарите




Нанси - Скандалот дојде во четвртокот преку парискиот дневен весник „Либерасион“, кој повикувајќи се на добро информирани извори, пренесе дел од неформалната дискусија што се водела на работен ручек во Елисејската палата. Имено, како што пренесе весникот, францускиот претседател Никола Саркози на своите гости им кажал што мисли за некои светски државници и европски политичари. Така, новиот американски претседател Барак Обама бил оценет како „паметна и харизматична личност“, но дека е неодлучен и неискусен. Претседателот на Европската комисија, Баросо, блескал со своето отсуство... Во разговорот Саркози настојувал да се прикаже и како херој во совладувањето на глобалната економска криза, па и наоѓал забелешки и на германската канцеларка Ангела Меркел. За германската канцеларка рекол дека таа пред Самитот на Г-20 во Лондон ги прифатила неговите позиции и барања до другите учесници дури откако сфатила во колку тешка состојба се наоѓаат германските банки и тамошната автомобилска индустрија. Единствено добри зборови, францускиот претседател на ручекот со пратениците имал за италијанскиот премиер Силвио Берлускони, затоа што, како што рекол, три пати победил на парламентарните избори во Италија. Во таа прилика, за шпанскиот премиер Запатеро, Саркози забележал дека „не е премногу паметен“. Токму оваа последна забелешка беше искористена од неговата поразена противкандидатка на претседателските избори, социјалистката Сеголен Ројал, која испрати извинување до шпанскиот премиер и до шпанскиот народ поради навредливите зборови изречени од Саркози. Само две недели претходно, Ројал и' се извини на Африка поради исто така навредливите зборови изречени од францускиот претседател на сметка на Африканците со црна боја на кожата за нивното место во историјата.

Веста, според добро познатиот механизам на функционирањето на медиумите, набрзина доби планетарен карактер, „Гардијан“ напиша дека досега го знаевме Никола Саркози како „фалбаџија“, „хиперактивен“ и „фамилијарен“, но овој пат тој „се надмина“. Во Шпанија аферата доби друг тек, според „Ел паис“, демантите од Елисејската палата не биле убедливи, а вицепретседателот на Народната партија (опозицијата на Запатеро), Естебан Гонзалез Понс, смета дека кога шефот на државата е нападнат на ваков начин, тој треба да се брани.

Во понеделничкото издание на париски „Либерасион“, уредникот и директор на весникот, Лоран Жофран, интегрално ја потврдува уште еднаш веродостојноста на зборовите на претседателот Саркози. Информациите до кои дојдоа новинарите на весникот биле проверени, тие не напишале дека Саркози ги навредувал другите шефови на држави и влади, туку давал само оцени за нивните личности, што не е исто. Тој употреби иронија кон Хозе Луис Запатеро, но таа иронија беше сфатена во прв степен од шпанскиот печат. Тука е и проблемот на аферата, смета Жофран.

Ваквата реакција е одраз на стилот што го карактеризира владеењето на Саркози, брутален и не многу дипломатски (Македонија тоа го искуси и на своја кожа). Без сомневање во начинот на кој се однесува францускиот претседател, тој се' повеќе и повеќе личи на Берлускони. Тоа што не му се допаѓа на еден од ретките опозициони весници во Франција е начинот на кој беше нападнат од весниците блиски до претседателот и од владејачката УМП, кои имаат многу мака да прифатат дека во Франција постои независен печат.

Имено, во саботата портпаролот на УМП, Фредерик Лефебр, го спореди „Либерасион“ со „леток, кој пренесувајќи лажни информации, го нарушува впечатокот за Франција“.

Од устите на неговите најблиски соработници и од устата на Саркози, навредите на сметка на печатот и новинарите се нешто нормално. Така, последното издание на „Канар аншене“ ги пренесува зборовите на Саркози по пишувањето на некои француски весници за моралните вредности на нивниот домаќин во луксузниот хотел во Мексико: „Новинарите се нули, потребно е да им се плука в лице, потребно е да се газат, да се прегазат. Тие се бандити, и не само тоа, бандитите барем имаат морал“. Овие зборови Саркози ги рекол пред претставници на неговото парламентарно мнозинство. На новинарите тој им забележува дека се непријатни и неуслужни. Во мај 2008, тој им се лутел на весниците дека не пишувале многу за осудувањето на Сеголен Ројал поради непочитување на социјалните закони за лицата кои ги вработувала. Оваа аргументација е повторена и сега, бидејќи пресудата против Ројал била потврдена на почетокот на месецов и таа се совпаднала со аферата на нејзино извинување упатено до Африканците и Запатеро. На весникот „Журнал ди Диманш“ (инаку, сопственост на неговиот пријател Арно Лагардер) му забележал дека не му посветил внимание на едно испитување на јавното мислење кое му било поволно.

Ова не е првиот судир меѓу Никола Саркози и француските новинари, имено депешата на АФП за условите во кои била згрижена претседателската двојка во Мексико била „задржана“ неколку часа, бришењето на скапиот прстен на министерката за правда Рашида Дати од насловната страница на „Фигаро“, цензурирањето на текстот во „Журнал ди Диманш“ во кој се зборуваше дека Сесилија Саркози не гласала при вториот круг на изборите“. Со новиот закон за државните радио и телевизиски станици, Саркози лично ќе ги именува нивните главни и одговорни уредници и директори... Изгледа дека „медениот месец“ на Саркози со француските новинари е завршен и очигледно дека двете страни нема да си прогледуваат повеќе низ прсти.

Изменето од Wonderful_Life - 21.Април.2009 во 14:26
Gospod gi sozdal zenskite,zasto imal smisla za ubavina, a maskite zasto imal smisla za humor
Кон врв
lane62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 7583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lane62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2009 во 23:01
Umesto koncerta održao govor protiv Amerike El.%20pošta
Oko nas
utorak, 28 april 2009 12:01
 Poljski pijanista svetskog glasa Kristijan Cimerman izazvao je burnu kontroverzu prilikom ...........
Daj više odmora jeziku nego rukama!
Кон врв
Wonderful_Life Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Амбициозна Бебушка

Регистриран: 30.Декември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Wonderful_Life Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2009 во 21:16











Новиот американски претседател мораше прво да направи една работа: да се разликува од претходникот Буш

Сто дена по преземањето на функцијата, американскиот претседател Барак Обама конечно го комплетира својот владин кабинет. Сенатот го одобри именувањето на Кетлин Сибелијас за министер за здравство. Таа беше гувернер на сојузната држава Тексас.

Сибелијас треба да спроведе реформа на американскиот здравствен систем, што Обама го означи како една од своите најважни внатрешнополитички задачи. Првобитно за министер за здравство беше предвиден поранешниот сенатор Том Дешл, но тој ја повлече кандидатурата поради даночна афера. Инаку, и Сибелијас мораше дополнително да доплати данок.

По речиси три месеци на функцијата, вообичаено се прави првиот биланс. Очекувањата беа големи, бидејќи неговата изборна кампања разбуди надеж за нова ера.

Во првите сто дена од неговиот мандат беше лесно за Барак Обама. Имено, тој мораше прво да направи една работа: да се разликува од претходникот и од неговата политика. На национално ниво, анкетите за Џорџ Буш на крајот на неговиот мандат покажуваа историско ниска поддршка за еден американски претседател. И во меѓународни рамки се посакуваше американски претседател кој, пред се', не е Џорџ Буш. Барак Обама, кратко откако ја презеде функцијата, ги повлече вистинските потези: нареди затворање на затвореничкиот логор Гвантанамо на Куба, го забрани измачувањето, нареди повлекување на американските трупи од Ирак, на Русија и' подаде рака за дијалог и предложи конјунктурен пакет, кој предвидува инвестиции во образованието и во здравствениот систем и најави нова енергетска политика. Набројувањето би можело да продолжи без проблеми.

Опсегот на неговата агенда го одзема здивот. Мултитаскингот – односно истовремено правење многу работи – е еден од посебните таленти на Обама. Ова може со сигурност да се каже по првите сто дена на функцијата. Одвреме-навреме тој, сепак, покажува слабости. Така, на пример, колеблив е околу прашањето дали да се формира истражна комисија што треба да ги испитува недозволените методи на измачувања при испрашувањата од ЦИА за време на владата на Буш. Досега неуспешна е и натпартиската соработка со републиканците, најавувана на големи врати.

Се' на се', тој постојано е приземен и верен на своите убедувања. Во почетокот на мандатот, Барак Обама покажа дека и' е дораснат на задачата, и покрај младоста, во споредба со другите претседатели, и неговото неискуство во извршување политички функции. Тројца мртви пирати и спасен капетан на товарен брод сведочат за тоа дека Обама не е слабак, како што го претставуваа републиканците во изборната кампања. Исто така, под негово раководство се продолжи со целното ракетирање на пакистанска територија, на незадоволство на многу приврзаници на претседателот. Оттука е јасно: можеби Обама се поздравува со претседателот на Венецуела, Хуго Чавез, или на Иран му нуди разговори, кога станува збор за национална безбедност, но не се плаши ниту секунда да ја искористи воената моќ на САД.

Американските граѓани и натаму имаат доверба во Барак Обама. Според анкета на „Вашингтон пост“, речиси 60 проценти од испитаниците се задоволни од тоа како претседателот си ја врши работата. Доверба од граѓаните ужива и за односот кон финансиската криза. Сега 55 проценти оптимистички гледаат на економската иднина на земјата. Во февруари беа 48 проценти.

Во првите сто дена претседателот Обама го исполни ветувањето да води поинаква политика отколку својот претходник. Тоа што во повеќето случаи досега можеше само да ја навести промената лежи во природата на работите. Гвантанамо не може да биде затворен од денес до утре, тоа важи и за повлекувањето на војниците од Ирак, мировно решение за Блискиот Исток, реформа на здравствениот систем, закрепнување на стопанството. Сто дена влада – навидум се чини магичен датум, но за да се измери успехот или неуспехот на овој претседател, тоа е прекратко време. Дури по неколку месеци или години ќе се покаже дали Барак Обама го одбрал вистинскиот к*рс. Денес може само да се каже: почетокот ветува многу!       (Дојче веле)
Gospod gi sozdal zenskite,zasto imal smisla za ubavina, a maskite zasto imal smisla za humor
Кон врв
KING35 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
shadow...

Регистриран: 25.Ноември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7624
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KING35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2009 во 21:22
Svetot vise...otide vo propast
zivotot pisuva romani...a lugeto citaat stripovi
Кон врв
Wonderful_Life Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Амбициозна Бебушка

Регистриран: 30.Декември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Wonderful_Life Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2009 во 14:42
Пекол на кралската прослава во Холандија








АПЕЛДУРН - Холанѓанец во четвртокот намерно влета со автомобил кон отворениот автобус, во кој се наоѓаа кралицата Беатрикс и нејзиното семејство, при што загинаа пет лица, а беа повредени 12 во толпата што ја следеше парадата. Возачот на автомобилот им подлегна на повредите. Карст Татес (38), Холанѓанец, беше критично повреден во својот обид за напад врз холандското кралско семејство и во текот на ноќта им подлегна на повредите во болницата. Црниот автомобил управуван од 38-годишниот Татес го промаши автобусот за четири-пет метри пред да се удри во споменикот во центарот на Апелдурн, околу 90 километри источно од Амстердам.

Во петокот изутрината обвинителството обелодени дека Татес им подлегнал на повредите во 2,58 часот. Тој веќе беше клинички мртов во четвртокот вечерта, бидејќи се здоби со сериозна повреда на мозокот, објавија холандските медиуми. Полицајците кои го испрашува Татес пред да ја загуби свеста посочија дека им кажал дека негова цел било кралското семејство. Неговите соседи во источниот град Хуисен изјавија дека работел во служба за обезбедување до пред неколку месеци, кога бил отпуштен. Тие го опишаа како мирен и осамен човек.








Полицијата наведе дека веруваат оти лицето, чие име не беше откриено, дејствувало само. Во возилото не беше пронајден експлозив. Четворица од повредените гледачи се во сериозна здравствена состојба. Тројца мажи и две жени им подлегнаа на повредите. Татес немал криминално досие ниту, пак, некакви ментални здравствени проблеми. „При претресот на домот на осомничениот не беше пронајдено оружје, експлозив или какви било индикации за поголем заговор“, открија од обвинителството. И покрај смртта на возачот, полициската истрага и понатаму ќе продолжи во обид да се утврдат мотивите за нападот.

Членовите на кралското семејство ужасено ги следеа случувањата кога малото „сузуки“ со голема брзина помина покрај нив, а популарната кралица изгледаше видно потресено подоцна, кога се појави на малите екрани по повод националниот празник Денот на кралицата. „Она што почна како прекрасен ден заврши во ужасна драма што длабоко не' потресе“, изјави Беатрикс (71) во краткото обраќање до нацијата. Таа ги откажа останатите свечености.

Принцезата Максима, сопруга на наследникот на тронот Вилем Александер, и другите деца на Беатрикс, исто така, беа во специјално дизајнираниот синобел автобус со отворен покрив што се движеше кон палатата во Апелдурн. Кралското семејство вообичаено излегува меѓу населението на Денот на кралицата, годишен празник кога граѓаните се облечени во националната портокалова боја. Холандските знамиња кои се виореа од зградите подоцна беа симнати на половина копје во знак на почит кон настраданите. „Холандија е потресена од овој ужасен настан“, изјави холандскиот премиер Јан Петер Балкененде.

Популарната кралица се сретна со добронамерници на улиците пред да се качи во автобусот за парадата. „Одненадеж слушнав силен удар“, изјави еден присутен. „Во почетокот помислив дека станува збор за избеган коњ... Видов како чевли летаат во воздухот и потоа го видов црниот автомобил со скршен прозорец“. Од телевизиските снимки во живо можеше да се забележи автомобил со уништена предница.

Денот на кралицата е прослава по повод роденденот на кралицата, а всушност е роденден на мајката на Беатрикс, Џулијана. Беатрикс е родена во јануари. Стотици полицајци беа ангажирани во големата безбедносна операција за која беа потребни месеци да се испланира. Меѓутоа, властите посочија дека во целост биле изненадени кога малиот црн автомобил ги минал безбедносните огради и се втурнал во толпата луѓе. (Ројтерс)
Gospod gi sozdal zenskite,zasto imal smisla za ubavina, a maskite zasto imal smisla za humor
Кон врв
mmomirovski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 15.Септември.2008
Локација: Tuvalu
Статус: Офлајн
Поени: 1219
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mmomirovski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2009 во 15:13
Новиот грип А (H1N1) досега одзеде 20 животи, а регистрирани се 787 заболени.

Според најновите податоци на Светската здравствена организација (СЗО) во жариштето на болеста Мексико се регистрирани 506 заболени и 19 починати. Во САД се регистрирани 160 заболени и едно починато лице.

Заболени досега се потврдени во Канада (85), Шпанија (20), велика Британија (15), Германија (6), Нов Зеланд (4), Израел (3) и по двајца заболени во Франција и во Италија.

По еден случај е регистриран во Ирска, Костарика, Швајцарија, Австрија, Хонг Конг, Данска, Холандија и Јужна Кореја.

Според агенциите кинеските власти затвориле педесетина здрави Мексиканци во карантин стравувајќи од ширење на новиот вирус. Мексиканците, кои во најголем број се деловни луѓе и биле во Кина како транзит, се задржани во хотелите и другите установи во неколку кинески области, меѓу кои е и Хонг Конг.

На другата страна на светот во Канада еден работник, кој се вратил од Мексико, ги заразил со новиот вирус свињите на фармата на која работи. Според канадските власти работникот закрепнува, исто како и животните.

Можноста животните да ја пренеле заразата на човекот е многу мала, изјави претставник на канадската агенција за инспекција на храната, а СЗО претходно нагласуваше дека нема доказ ото грипот од свињите преминува на луѓето и дека консумирањето свинско месо не претставува опасност
Кон врв
lane62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 7583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lane62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2009 во 18:06
Daj više odmora jeziku nego rukama!
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2009 во 18:11
SLAVA MU не%20вреден
Кон врв
lane62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 7583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lane62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2009 во 18:20
da mozese da voskresneмечтаење
Daj više odmora jeziku nego rukama!
Кон врв
Pacifist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: Switzerland
Статус: Офлајн
Поени: 1618
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pacifist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2009 во 22:16

stvarno li bill tolku jak politicar kako sto kazuvaat ili taka mu go pravat kefot ?????голема%20насмевка

....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related
Кон врв
lane62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 7583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lane62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2009 во 22:22

procitaj....ke vidis....ama bez predrasudiнека%20ти%20е%20срам

Daj više odmora jeziku nego rukama!
Кон врв
lane62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 7583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lane62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2009 во 11:41

 45 ljuge zaginaa na svadba vo Turcija

Daj više odmora jeziku nego rukama!
Кон врв
lane62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 7583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lane62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2009 во 11:44

Kina naredila zvaničnicima da puše

Daj više odmora jeziku nego rukama!
Кон врв
lane62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 7583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lane62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2009 во 14:14

"Koha": Sejdiu nee pokanet na inauguracijata, pricina Tadić

 

 

"Koha": Sejdiu nije pozvan na inauguraciju, razlog Tadić

Блиц - Пре 2 сата и 52 минута
 
 
Listot "Koha ditore" ocenuva deka toa pretstavuva potcenuvanje na pretsedatelot na Kosovo".
Daj više odmora jeziku nego rukama!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 46>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.