IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Абортус?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Абортус?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 44>
Автор
Порака
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 19:20
    И уште нешто многу интересно во врска со абортусот. Психоаналитичарите соопштувааат дека луѓето – посебно женитие од генерацијата на 68 те - кои без многу да размислат си ги изживувале своите телесни страсти, надпросечно боледуваат под депресија поради сторените абортуси.
   
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 20:31
... se razbira toa se onie onie koi imaat sovest.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 22:49
Оти се избришани сликите што ги пастирав?
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2008 во 02:24
Луѓе, пријатели мои!
(Зарем во овие доцни (или рани) пополноќни часови, би седел овде и би пишувал, а да не ве сметам за блиски?големо%20гушкање)
Последен што се спомна (во оваа тема) беше Иларион!
Ме чуди и ве прашувам, зошто секогаш мора да се повикувате на нечии туѓи зборови, на нечии туѓи животни искуства, ставови и определби? Да, сите тие досега цитирани луѓе верувам дека биле паметни, искусни, мудри, богобојажливи, но зарем секогаш и во секоја прилика мора да се цитираат (и уште полошо да се прифаќаат=копираат) нивните погледи на свет? Зошто упорно се сака да се копира нечиј туѓ живот? Зошто тие нивни искуства не се користат само како (добра) основа или како насока за надоградба на нашиот сопствен живот? Зошто не си поставите сопствени норми на живеење?
Се двоумев, се мислев, дали да „се мачам“ да го пишам овој пост или не. Пресудно за мојава одлука беше искреното (би рекол човечкото) признание на Спирос за неговиот случај, кој само го потврди она што сакав јас да го кажам и ми влеа додатна сила да се одлучам да го пишам следново, па макар и по цена да бидам баниран! Па макар и трајно.
Знам, невозможно е да се осознае вистинската бол додека не се почувствува на сопствена кожа, но обидете се барем малку  и замислете се себе си во една од овие ситуации:
- Да бидете една од тие девојчиња или жени кои се жртви на силување. Дали тогаш ќе ги прифатите религиозните морални принципи и со неизмерна среќа ќе го очекувате доаѓањето на свет на уште едно божјо чедо?
- Да бидете родител на дете, кое е жртва на еден оваков дивјачки акт. Ќе се помирите ли со судбината и, поради вашите верски убедувања, ќе го оставите вашето дете да трпи психички, емоционални и секакви други страдања ако се породи и вечно да се сеќава на тој немил настан? Но тука се јавува и друг проблем. Дали (и колку) ќе бидат големи и искрени мајчините чувства (иако е откинато од неа) кон тоа дете кога тоа не е создадено од љубов?
- Да бидете најблизок роднина со жртвата која е обесчестена (сестра, сопруга, мајка), како ќе гледате на сето ова што погоре го наведов?

Но, не се само случаите на насилство. Што би направиле во ситуација кога:
- лекарите, уште во самата утроба на мајката, утврдат дека има некаква здравствена маана, дали срцева (како во случајот на Спирос), или можеби ментална или сл.? Дали тогаш треба да се остави тоа дете да дојде „ на овој свет“? Тоа ќе биде само одложување (на неодредено време) на она што неминовно следи на дете со такви здравствени проблеми. Тоа време на „живот“ е само свесно одобрување на измачување на самото дете, на неговите родители, но и на општеството.
- сте во брак, и кога со вашата сопруга „се заборавите“ па таа останува бремена (и според религиозните учења ова не е грев, во брак да се има дете), но поради одредени здравствени причини, жената да не смее да го носи (или роди) детето? Дали во тој случај свесно ќе одите кон пропишаните религиозни норми и ќе дозволите да уништите еден живот за да (евентуално) дојде друг?

Влегувањето во предбрачни сексуални активности на млади (15, 16, 17 ... години) и на малку постари (23-4,5,6 години)  девојки не е „придобивка“ само на денешново време. Тоа го имало од секогаш. Можеби било по скриено, но сепак го имало. Од една страна и јас (донекаде) се согласувам дека не е добро да се има секс пред брак, но од друга страна и го оправдувам. Зошто!? За да некој стапи во брак, на тој секако му треба извесно време да го запознае партнерот. Секако, тоа запознавање неможе да биде парцијално. И, едноставно, невозможно е да се биде со некоја личност подолго време а да „целосно“ плазењене се запознаеш. Е сега, ако некој овде е поборник на „договорен“ брак (брак кој однапред е предвиден и договорен од страна на родителите) секако нема да се согласи со моето размислување.
Ете, несакајќи, овде повторно се наметнува прашањето, кои од тие што се декларираат како христијани, отишле пред Него со „чист образ“ на чинот на венчавање!

Ах пустињето! Никој не го одобрува (пред брак), а на сите ни’ се сака!плазењесмеењељубовголемо%20гушкање
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2008 во 07:20
Nema nitu sram nitu grev koga se dava iskrena ljubov. Toa e samospodeluvanje i primanje na Bozhenstvenoto vo nas. I ljubovta ne poznava granici... propisi... dekreti ... dogmi ... zakoni ... Tie raboti nemat nishto so ljubovta... Naprotiv, tie postojat i se neguvaat edinstveno da ja ogranichat i da ja manipuliraat ljubovta.

Bidejki ljubovta e najgolemata sila i koj ke bide potpolno oblean i obzemen od nea ne mozhe da bide kontroliran. A opshtestvoto bara kontrola, disciplina, red i poredok.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2008 во 08:18
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Оти се избришани сликите што ги пастирав?


Јас ги избришав! Затоа што ова е отворен форум и е достапен и за деца. Нема да дозволам да се објавуваат визуелни содржини кои може да предизвикаат стрес кај деца (а и возрасни), без разлика на нивната оправданост и контекст.
Do what is right, come what may...
Кон врв
16.9 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 16.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај 16.9 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2008 во 12:57
Еве да не ме караат дека од туги искуства и со туѓи зборови сведочам, јас можам да кажам за себе:
Сум имал во животот ситуација кога сум дал согласност за абортус. Причината и не е битна, не сум смеел да го направам тоа. Тоа со години ми тежеше на душа, се додека не го исповедав. Понатаму, некои 7-8 години подоцна, повторно мојата сопруга абортираше но не намерно ами спонтано. И тоа два пати. Тоа значи не е абортус во правата смила на зборот ами е Божја воља.
Новинаров во текстов меша помеѓу правата кои ги имаме со закон, и правата кои како верници ги прифаќаме. Верниците (во случајов Христијансите) доброволно (со нивната слободна воља која пак е од Бога дадена) прифаќаат одерден начин на живот, сведочејки така за нашиот Спасител. А ако е по слобонда воља, а знаеме дека е така, зошто е тогаш тешко да не се абортира? Имале причини? Какви? Финаскиски? Па детето е дадено како Божја воља, или во најмала рака со Божје дуопштение, па ако сме верници како такво и ќе го прифатиме, и кога ќе немаме пари за ново ауто, ќе знаеме дека е така поради вољата Негова.
За кариера? Ете се роди дете, и кариерата не оди нанапред? Пак е тоа Божја воља, сигурно има зошто е така.
Здравстевна причина? Па ако на жената со рагањето на тоа дете навистина и се наруши здравјето, пак е и тоа од Бога, та зар кога болеста доаѓа „од ништо“ (иако ништо не е случајно) не се покоруваме на вољата Негова и го трпиме тоа, а се' за наше спасение?
Да, многумина од нас декларативно кажуваме дека ќе живееме по учењето на Црквата, а во практика си тераме по свое. Ова не е само за сексот пред брак, ами и за многу други работи. Но затоа Бог ни го дал покајанието,и исповедта. Така, и оној со најразвратен живот во младоста, кога доаѓа да живее во Црквата, се исповеда и причестува, секако со искрено од срце покајание, и понатаму може да живее во мир. Секако ако ова не се повторува секој два дена :) Затоа пак е најдобро да секој од нас има свој опитен Духовник, кој ќе може да ја види нашата духовна возратс и според тоа и да не води напред во верата.
Малку сум конфузен можеби, ама пишувам набрзина и концетрацијата ми бега.
Поентата ми е дека правата од повелбата на Обединетите Нации и должностите кои како Православни Христијани своеволно ги прифаќаме се целосно различни, ама па сето тоа е наша воља, нели?
Значи барање на некакви права во Црквата и не е баш некоја паметна идеја. Црковното учење е ДОГМА- или ја прфаќаш и потоа се трудиш да живееш во Христа Спасителот, или ја отфрлаш и остануваш атеист на споствен ризик, нема некоја голема математика.
Значи животот е дар од Бога, и ние не можеме да го одзимаме поради некои наши лични потреби.
Споредбата дека и кога „правиме живот-дете“ ние си играме Бог, е смешна за секој кој барем малку е влезен во животот во Христа, зошто и кога мислиме дека НИЕ „правиме“ дете или даваме живот, и тогаш е еден Оној кој „живот дари“. Како иначе (еве пак од лично искуство) ние правевме деца 3 години, а никако не можевме да ги „направиме“, ами требаше да биде таква вољата Негова, та да се „фати“ живот нов.
Изнатрескав многу работи на кои можеби и не им е емстото овде-можеби се премногу интимни, но, во Христа сите сме браќа и сестри, така да, за мои Ве имам :)
Прости ми Господи и смири ја душава моја немирна.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2008 во 12:59
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Дали само кога се убива ембрионот, човекот си игра господ? Што се случува ако тој принцип го споредиме со свесното правење друг човек? Дали тогаш човекот си игра господ, бидејќи тој создава луѓе? Чисто реторичко!


Треба да имаме две работи на ум. Првата е дека Господ дал благослов луѓето да се размножуваат, а дал забрана да се убиваат невини суштества, мили дечиња. Другата работа е дека Господ ја дава душата, а не родителите. Родителите со своите физички карактеристики кои им ги дал Господ, го создаваат телото, но не и душата. Така што, според ова – не, не си играме Господ при размножувањето.

Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Иако е жив организам, ембрионот на човекот сеуште не може да се оквалификува како човек. Дали првичниот контакт, оплодувањето на сперматозоидот на јајце клетката и почетокот на размената на генетскиот материјал може да се земе како човек? Сигурно не! Понатаму, дали во фазата кога ембрионот на човекот е сличен на ембрионите на речиси сите цицачи, (еден доказ за еволутивниот развој на човекот) може да се нарече човек? Претпоставувам дека ќе се согласите ако и овојпат речам не!


Златниче, а бе мило, ова ти нема логика. Како може со самото оподување суштеството што не е зачнато да не е човек? Зарем ти си бил нешто друго, па потоа си станал човек? Нон сенс! Ако телото не е оформено како што треба нас да ни изгледа, тоа не значи дека не е човек. Ако одиме од тој аспект, си немаш претстава какви деформации има кај луѓе што се раѓаат (страшни деформации, да не ставам слики, ќе ме кара зидарски), зарем сите тие ќе ги наречеме подруго од човек? При самото зачнување се дава најбитното кај човекот, а тоа е душата. Душата е она што човекот го прави комплетен. Размисли за тие деца кои се раѓаат мртви и се ќе ти стане јасно.
И понатаму во фазата на развој, иако телесно ембрионот наликува на други цицачи, сепак тој се разликува мноооогу од сите останати – тој е човек, а не риба, не мајмун. Човек со душа и дух и тело. А тоа наликување воопшто не е доказ за еволутивниот период. Еве и нешто да се посмеете баш за ова наликувањето кога станува збор




Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Тој (ембрионот) во текот на 280 дена поминува низ разни фази низ кои се формира новото човечко суштество. Од моментот кога ќе излезе од „водното“ опкружување и ќе почне да диши воздух, тогаш може да се смета дека е човек.


За ова си во грешка. Човекот, а и секое друго живо суштество, дише уште во мајчината утроба. Тоа барем сме го учеле на училиште. Детето живее во плацента преку која се врши исхрана и дишење, односно од мајката прима кислород и хранливи материи, а преку неа ги исфрла сите отпадни материи. Значи, не треба да се роди за детето да дише, затоа што тоа веќе го прави и во утробата на мајката, само што со нејзина помош, се додека не се оформи телото.

Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Емоционалниот фактор е уште еден аргумент зошто сум за абортусот.
Како ќе реагира (како што рековте) девојче од 15,16 години доколку несакајќи забремени? Зарем една младешка грешка да ја прати цел живот? Што со таа млада личност понатаму? Во што може таа да се развие? Истите трауми ќе ги преживуваат и нејзините родители и најзините најблиски. Што со емоционалниот аспект на детето кое ќе се роди? Вечно ќе го носи „проклетството“ дека е родено како копиле. Како тоа ќе се одрази на неговата психа? Доколку се даде во дом ќе важи истото што го реков погоре, плус што тоа ќе биде на товар на државата.
Но, да не ги земаме во предвид само малолетните. Што ако некоја повозрасна жена несакајќи забремени? (Од сопругот или од ... кхм, кхм)


Мислам дека форумот е за религија, така да ова не ти држи вода. Сите овие примери што ги наброја се од атеистички или традиционален аспект. Секоја млада личност која е воспитана во духот на православието НЕМА да го направи тоа. А понекогаш дури и да не е така воспитана, ако размислува разумно, пак нема да го направи. Треба да ни биде јасно дека за секоја наша постапка има последици. Ако некоја малолетна девојка „несакајќи“ забремени (а несакајќи не постои, затоа што со самото впуштање во односи се има во обзир и тој исход), тогаш треба да си ги сноси последиците. Не може да си прави ќејф, а од друга страна да убива невини суштества. Што се оснесува до траумите на околните, зарем мислиш дека ако абортира со тоа ќе ги снема? Потоа има можност од големи здраствени компликации, од стерилност, а што е најчесто и најтешко, големо измачување на совеста. Зарем мислиш дека ако абортира ќе нема стресови? Најкголемите стресови ќе бидат тогаш врз таа девојка. Зошто? Затоа што како и секое љубопитно суштество ќе ја интересира како изгледа абортирано дете, доколку не го видела сопственото, па кога ќе ги погледне овие слики, што мислиш, ќе се радува или ќе добие дополнителен стрес?

жално

жално1

жално2

А ајде сега погледни ги и овие слики

радосно

радосно1

радосно2

радосно3

Сега разумно сакам да ми кажеш кое повеќе ти се допадна и кое може да ти донесе поголема радост? (има и видео клипчиња, ама ќе ги пастирам линковите само ако дозволи зидарски, затоа што навистина се страшни)

Што се однесува до тоа „копиле“, и јас сум порасната без татко, но тоа не ми е никаков емоционален проблем, туку баш личносно те зацврстува. Му благодарам на Бога што сум жива и што некој не решил дека јас треба да не постојам! А доколку некое дете почне да чувствува емоционален проблем, тоа прво би било затоа што не е воспитано во христијански дух, а второ, затоа што околината може да го отфрли на разни начини, а не дека е виновна мајката или детенцето. Значи, ние треба да си го смениме ставот кон таквите деца, зашто токму тие „копилиња“ може да бидат далеку подобри луѓе од тие со родители (да не навлегувам сега толку длабоко во психологија).
Имам пријателка која е родена во семејство со 7-8 деца. Нејзината биолошка мајка не можејќи да ја одгледа, ја даде на посвојување. Веднаш како бебе ја посвоија луѓе кои беа бездетни. Кога разговарав со неа на таа тема и кога ја прашав како го гледа сето тоа, нејзиниот одговор беше: Слава Му на Бога што мојата биолошка мајка, прво, не ме абортирала, а второ, што ме дала на мојата мајка! Нема подобро нешто што некој би можел да го направи за своето дете – да не го убие, а и да израдува некој кој цел живот копнеел да има деца.
А со последното што го пишуваш – што ако некоја жена забремени од некој од страна, само докажуваш дека абортусот е нечовечка, ѕверска особина. Зарем е човечки да се мами? Зарем е човечки да се изневерува, да се живее во лага, да се повредуваат другите луѓе? Не, изневерувањето не е човечка особина, туку животинска, демонска, а следствено на тоа и абортусот е демонска работа.


Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Од аспект на верата, абортусот не е дозволен. Таму дури и самата помисла на секс пред брак е грев! Но, колкумина од тие кои се кажуваат дека се верници го прифаќаат ова начело од верата? Сите (или барем сите ) само го кажуваат тоа, а никој не го практикува. Секој си го прави ќеифот!    И, за какви верници ми се кажуваат тие? Демагогија!
Во овој контекст, сакам да потсетам и на еден мој друг пост испратен пред 2-3 недели:... Пред извесно време во весникот Православна светлина (мислам дека е на МПЦ), сретнав податок дека чинот на ставање венци на главите на младоженците при венчавање претставува знак за победа, дека непобедени влегуваат во брачниот живот и дека не ги победила сладострасноста.
Е сега, ме интересира мислењето на сите оние кои го прифаќаат христовото учење, дали тие такви, непорочни (со чист образ) влегле во брачниот живот? И што со тие кои не се придржувале кон ова божја заповед, а сепак отишле во Неговата црква, пред Неговиот олтар и го примиле венецот на својата глава? ...


Полека, затоа што овој коментар прејде во суд. Не е точно дека сите не го почитуваат тоа. Јас барем знам доволно девственици (и тоа во поодминати години над 30 и тоа машки) кои ми се потврда дека сепак во ваков луд свет има нешто чисто. Не е работата дека не го можеле тоа, туку дека не го сакале. Повеќе го љубат Бог отколку страстното задоволство. Круните се симболика, исто како што и белиот фустан кај невестата е симбол на девственост. Треба да биде така, но не секој тоа го исполнува. Но, треба и да ти биде јасно она што до сега неколку пати го повторив на форумов – едно е какво е чистото Христово учење, а друго е тоа како „верниците“ си го прифаќаат и толкуваат. А кој знае, а не исполнува, само си навлекува грев на себе... Сепак, слободна волја... кој сака нека има односи пред брак, кој сака нека абортира, но треба да си ги знае последиците... изборот е наш!


Изменето од Maran Ata - 13.Ноември.2008 во 13:18
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2008 во 15:52
   
16.9, blagodaram za tvojata ispoved... mozham da razberam kako se chuvstvuvash posle reshenieto zhena ti da go abortira bebeto. Se gleda deka taa tezhina se ushte ja nosish na dusha.

Inaku, zabelezhuvam i konfuznost vo osoznavanjeto, razbiranjeto i rakovodenjeto od opshto prifatenite principi deka Bog kreira, no oti chovekot ima slobodna volja vo toj proces i deka na eden nachin taka se reflektira kako negov sokreator. Faktot deka ovie dva elementi postojat vo sekoj mig na nasheto postoenje i deka megjusebno se prepletuvaat do nivo koe najchesto ostanuva nerazbirlivo za sekojdnevniot chovek, pretstavuva se ushte edna od vrvnite tajni na nasheto postenje koe Isus se obide da im go razjasni na lugjeto.

Mozhebi kluchniot element koj mozhebi pomaga vo toa razbiranje se negovite zborovi so koi ni veli deka nie sme deca Bozhji i deca chovekovi i deka kolku sto e Bozhjata volja na nebesata, tolku e i chovekovata slobodna volja na zemjata i deka edinstvoto, harmonijata i sovrshenstvoto vo sushtina zavisi od nivoto na nashata svest i razbiranje na ova navidum razlichno, no edinstveno Sebstvo. I kolku sto taa razlika vo nashata percepcija i interpretacija e pomala, tolku poblizu sme do harmonijata i zakonite koi vladeat vo ovaa Kreacija koja nie ja narekuvame Svet.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2008 во 17:01
samo da ve pozdravam
големо%20гушкање
mi zalici naslovot na
AVTOBUS

soryyyyyyyyyy i pozdraaaaaaaaaaav големо%20гушкање
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2008 во 18:59
Nekogas mora da se napravi abortus so cel da se socuva zivotot na majkata ... koja bez da znae deka ce ima komplikacii ostanala trudna .... sto pravime vo toj slucaj zarem treba da se zrtvuva zivotot na majkata ????
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2008 во 19:07
Ако искрено се моли ке се спасат и таа и детето. среќа Јас сепак би оставила на Бог и нема сама да решам да му го прекратам животот.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2008 во 19:09
milo
molenje ne pomaga
doktorite se togas BOGovi
ti poaskuvam miloголемо%20гушкање
nikogas da ne se uveris deka e toa takaголемо%20гушкање


Изменето од anakin - 13.Ноември.2008 во 19:09
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2008 во 19:12
големо%20гушкањеМило ја сум се уверила молитвата колку помага. Баш тие доктори мене не ме спасиле а ме спасил Бог. И верувај , не ти го велам ова да ти противречам туку од што навистина ми се случило големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 44>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.