|
Враќање на инквизицијата! |
Внеси реплика | страница <1 24252627> |
Автор | ||||||||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Тоа што се оставени мошти од маченици (или светци) не значи ништо од правен аспект. Има многу случаи кога мошти на светци кои се од друга земја се поставуваат во олтарот на црквите. Тоа што Романија праќала свои свештеници и нивниот владика ја осветил црквата, истотака не значи ништо, затоа што во времето кога црквата е изградена, МПЦ не постои како правен субјект и нема ексклузивитет врз територијата на Македонија. Во Православниот свет - установено е дека - на територијата на една држава, има една црква и само таа е сопственик на црквите на таа територија. Исклучок прави Атос (Света Гора), Ерусалим и Цариград, каде се дозволува на различните православни цркви да имаат свои "претставници". Можеме лаички да дебатираме дали е тоа правилно или не - но и црковните канони и државните закони даваат јасен одговор. |
||||||||||
Do what is right, come what may...
|
||||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Sakash da kazhesh deka samoproglasenata i nepriznaenata MPC ima ekskluzivitet vrz site verski hramovi , bez obzir sto taa ne gi izgradila, samo zatoa sto sega tie se naogjaat na teritorijata na Republika Makedonija?
Spored toa znachi deka site makedonski hramovi vo porobenite delovi na Makedonija se grchki, bugarski i sprski i nie nema zoshto da polagame pravo na niv? Toa znachi deka nie bespravno polagame sopstvenost vrz manastirot Prohor Pchinski ? Toa, isto taka, znachi deka polaganjeto pravo na sopstvenost na MPC vrz crkvite vo Avstralija i Amerika e greshno ! Spored tvojot iskaz, toa znachi deka sekoj hram sto e pronajden vo Makedonija do sega, po nekakov avtomatizam spored administrativnata sopstvenost na teritorijata, ekskluzivno pripagja na MPC ? I od kade go izvleche ovoj zakluchok? Spored koj zakon, nacionalen ili internacionalen, proizleguva deka site hramovi koi sega pripagjaat na teritorijata na Makedonija, a bile izgradeni od drugi narodi, verski pripadnosti i Crkvi, stanuvaat ekskluzivna sopstvenost na MPC ? Zgora na toa, Makedonija e sekularna drzhava, vo koja im se garantirani verskite opredelbi na drzhavjanite, kako i sopstvenosta i nepovredlivosta na domot i imotot. Na MPC ne i e dadena nikava eksluzivnost. Vo Ustavot na Republika Makedonija, pod chlen 19 stoi: - Makedonskata pravoslavna crkva, drugite verski zaednici i religiozni grupi se odvoeni od drzhavata i se ednakvi pred zakonot. Po koja osnova ti i dodeluvash bilo kakov praven ekskluzivitet na MPC na teritorijata na Republika Makedonija ? Изменето од Messenger - 14.Април.2009 во 00:58 |
||||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||||||
Pravoslavna hristijanka
Нов член Регистриран: 13.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 19 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Nezavisno od crkovnata administrativna jurisdikcija, Pravoslavnata Crkva e Bozhja, vozglavena od Samiot Hristos. Pravoslavniot Bozhji narod mu gradi hramovi na Boga za da mu sluzhi i za svoe spasenie, a administracijata ja vodi crkovnata jurisdikcija (uprava) na chija teritorija pripagjaat, bez obdzir na ktitorite, drzhavite i nacionalnata pripadnost na narodite.
Изменето од Pravoslavna hristijanka - 14.Април.2009 во 07:35 |
||||||||||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Ах, да беше светот волку розов. 1. Многу е дискутабилно дали Православната Црква е Божја. Повеќе се гледа по делата на нејзините челници, дека е световна. Па, гледајте што се случува, постојано само некои хотели, афери, материјализам и политика. Но ај, ова за понатака. 2. Воспоставена од Христос не ни може да биде, бидејќи Православната црква не постоела тогаш. Ниту по институционалност, ниту по своите учења. Постои наука која востановува кога некое (во случајов) православно верување настанало - добар дел од нив се векови, а некои и милениуми после Христос. 3. Реткост е веќе православниот народ да гради православни храмови. Едноставно и народот е одметнат од православната црква. Затоа, најдена во духовно беспаќе челниците на МПЦ се крстат во власта, да им плати уште некое храмче за заработка на уште некое денарче. 4. Ктиторите, државите и националноста воопшто не се „гола вода“ во православието, туку се напротив јадрото околу кое се формира православната догма и секое дејствување. Ктиторите се опсипани со голема чест, со крштевање од самите Архиепископи, со измислување на непостоечки обреди за задоволување на нивните суети (како што беше со Фуфо и Костовски). Државите и националноста пак, се клучни, бидејќи веќе нема една православна црква, туку многу, кои се задоени во својот етнофилетизам, едно слепо поклоништво кон својот народ, што веќе тие и не можат да ја исправат гревовноста на својот народ. Опседнати се раските во туѓите „дворови“, а ни „гредите“ во својот веќе не ги гледаат. Извини ми што те разбудив од розовиот сон. |
||||||||||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
||||||||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Месинџер, доцна е тука, па набрзина ќе ти одговорам.
Сите храмови на територијата на Република Македонија и припаѓаат на МПЦ и тоа никогаш не било спорно. Непризнавањето е од сосема друга природа и тоа никогаш не го довело во прашање управувањето со храмовите. МПЦ никогаш немала претензии кон храмовите кои се наоѓаат во Пиринска или во Егејска Македонија, ниту пак кон манастирот Св.Прохор Пчински во однос на неговото управување и поседување. За црквите во Австралија, Америка и Западна Европа, важат различни правила, кои се јасно прецизирани во каноните на црквата и кои сите православни цркви ги почитуваат (иако често доаѓа до спорови, сепак, тие се надминуваат со соодветни процедури и со тек на времето). |
||||||||||
Do what is right, come what may...
|
||||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Izgleda neshto ne se razbirame. Republika Makedonija ne e Saudujska Arabija. Makedonija e sekularna drzhava i vo nea vazhat drzhavni, a ne crkovni zakoni. Crkvata so svoite zakoni i pravila si gi sreduva svoite raboti vo delokrugot na nejzinata jurisdikcija, kako i nejziniot odnos so ostanatite crkvi od drugite drzhavi. Pravno-sopstvenichkite raboti vo drzhavata se reshavaat so zakonite na drzhavata, a ne so crkovni zakoni. Kako sto go citirav jas Ustavot na Republika Makedonija, poveli citiraj drzhaven zakon na Republika Makedonija koj dava ekskluzivno pravno-sopstvenichka sila na MPC da polaga sopstvenost na site verski hramovi sto postojat na teritorijata na Makedonija, a koi ne se izgradeni od MPC tuku od drugi pravni subjekti . Изменето од Messenger - 14.Април.2009 во 17:13 |
||||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||||||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Сигурен си? |
||||||||||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
||||||||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Месинџер - Православните цркви имаат меѓусебно разбирање и договор, дека во рамки на сопствените јурисдикции не се мешаат во сопственоста на црквите. При формирањето на МПЦ во 1959-та година, одлучено е црквите на територија на (тогаш Социјалистичка) Република Македонија да потпаднат под јурисдикција на МПЦ. Ова е сторено во согласност со СПЦ, која се откажува од управувањето врз нив (не можам да ти цитирам конкретен закон или одлука, затоа што не можам да го најдам на интернет). Ова не важи за црквите кои се национализирани и црквите кои се претворени во културни установи (музеи).
По 1991-ва година, одлучено е при денационализацијата, православните цркви на територија на Република Македонија кои ќе се денационализираат, да бидат предадени на управување на МПЦ, како правен наследник на Православната Црква на територијата на Републиката. Ова е регулирано со закон, не е измислено, ниту случајно и никогаш до сега не е оспорено од ниедна друга православна црква во светот (дури и од оние кои финансирале градење на храмови на нашата територија). Така што - беспредметна е целата таа дискусија. |
||||||||||
Do what is right, come what may...
|
||||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
OK, ti veruvam, iako ne mozhesh da dojdesh do zakonot i da go objavish tuka.
Dokolku nekoj ne polaga sopstvenichko pravo na svojata gradba, a drzhavata vo toj sluchaj so poseben zakon nea ja predava vo sopstvenost na MPC, togash imam razbiranje za celiot proces vo ramkite na drzhavnoto zakonodavstvo vo sekularnata drzhava, iako imam izvesna rezerva okolu seto toa... no ta si e samo moj pogled, sto ne mora da znachi nishto za bilo koj drug. |
||||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Во Бугарија имаше многу голем проблем заради нешто слично... црквите се сопственост на БПЦ, но таму, заради одредени расправии, уште пред речиси 20-тина години, имаше расцеп во црквата и се создадоа два синода. Главниот проблем се јави заради прашањето на сопственоста на имотите и црквите. Во моментот кога државата реши да го признае едниот од синодите како правен носител на тоа право - сите имоти им беа предадени ним (ова се случи некаде во 1998-ма година).
Повторно - во рамки на секуларна држава, законски се одредува правниот наследник и локален претставник на Православната Црква. Во Американското и Канадското законодавство, овие нешта се сосема поинаку решени, но не може да се прави споредба со тамошните услови и начин на управување со работите и соодветно, тукашниот принцип таму е неприменлив. |
||||||||||
Do what is right, come what may...
|
||||||||||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Да беше баш така, немаше Јован Вранишковски да си ги бара имотите. Можеби следеше дека неколкупати имаше написи и по дневните весници дека СПЦ ќе си го бара национализираниот имот во Македонија (1945 г.), којшто е многу голем. Засега, државата одбива да и го врати, и наместо неа и го дава на МПЦ, но ова е правно на стаклени нозе. Се разбира, било која партија ако навистина и ги врати имотите на СПЦ, би си направила самоубиство на политичката сцена, така да тука не се работи толку за следење на словото на правото, туку за спасување на политичката кожа. |
||||||||||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
||||||||||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Претставка до Уставен за црква на плоштад
Група на граѓани за денеска најави поднесување на претставка до Уставниот суд за утврдување на уставноста на одлуката за изградба на црква на плоштадот Македонија со државни пари. Неодамна бевме сведоци на судир на две протестантски групи на плоштадот во Скопје, кога во обид на спречат демонстрациите под мотото „Не го силувајте Скопје“ протестантите ги нападна друга група граѓани кои со себе носеа црковни симболи и кои не сакаа да се протестира против изградбата на црква на плоштад. Насилствата на плоштад отворија јавна расправа за слободата на говор и изразување, по што уследи уште еден протестен марш низ градот кој помина мирно. Пред два дена и претставници на ИВЗ излегоа со јавно барање за изградба на џамија на плоштадот во главниот град на Македонија. |
||||||||||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
||||||||||
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Непристојни зборови
твојата уста да не изговара
и никакви лаги
да не кажува
Поговорки 4:24
Искрената уста има долг век;
лажливиот јазик има кус век
Поговорки 12:19
Кој си ја пази устата-си ја пази душата;
а кој многу зборува ,себеси се уништува
Поговорки 13:3
|
||||||||||
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
||||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Проповедај го словото, настојувај во време и во невреме,
изобличувај, прекорувај, охрабрувај со сета трпеливост и со поука
(2 Тимотеј 4:2)
Умесно кажаните зборови се како златни јаболка во сребрена кошничка.
(Поговорки 25:11)
Разобличи ги глупостите на безумникот,
за да не мисли дека е многу паметен.
(Поговорки 26:5)
Не бој се! Но зборувај и не замолкнувај,
(Дела 18:9) Зборувај им ги Моите (Господовите) зборови, послушале тие или непослушале,
(Езекиел 2:7)
|
||||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||||
Внеси реплика | страница <1 24252627> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |