IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2223242526 68>
Автор
Порака
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2007 во 23:10

Преподобен Теодор Пустиник     18/06/2007

Чудотворец. Си го очисти духот со долгогодишен подвиг во Јорданската пустина и од Бога доби дар на чудотворство. Кога патуваше на кораб кон Цариград, му се случи коработ да залута и снема вода за пиење. Бидејќи патниците на коработ од жед беа веќе близу до смртта, Теодор ги крена рацете кон небото, Му се помоли на Бога и со знакот на Крстот ја прекрсти морската вода. Потоа им рече на морнарите да зафатат од морето и да пијат, а кога пиеја водата беше вкусна и питка. Бидејќи сите почнаа да му се поклонуваат, Теодор ги молеше да не му благодарат нему, туку на Бога Којшто им го направи чудото заради Своето неизмерно човекољубие. Мирно се упокои во 583 година.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2007 во 23:11

Преподобен Висарион     19/06/2007

Роден и воспитан во Мисир. Рано се предаде на духовен живот и не ја извалка духовната одежда во којашто се облече со Светото Крштение. Го посети Свети Герасим на Јордан и го чу Свети Исидор Пелусиот. Го победуваше своето тело со голем пост, со бденија, но колку што можеше го криеше својот подвиг од луѓето. Еднаш четириесет дена стоеше на молитва, не јадејќи и не спиејќи. Имаше голем дар на чудотворство. Постојано место на пребивање немаше, туку до длабока старост живееше по шумите и долините. Исцелуваше болни и вршеше многубројни чуда за полза на луѓето, а во слава на Бога. Се упокои мирно во 466 година.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2007 во 23:11

Преподобните маченички Архелаја, Текла и Сузана     19/06/2007

Како монахињи, чисти и девствени, се подвизуваа во еден незабележлив манастир во околината на Рим. Но кога настана гонењето на христијаните под злобниот цар Диоклецијан, тие побегнаа во Кампанија и таму се населија во близината на градот Нола. Нивниот свет живот не можеше да се скрие од луѓето и оние од околните места почнаа да доаѓаат кај нив за совет, поука и помош во маките и во болестите. Но најпосле беа фатени од незнабожците и ги изведоа пред суд. Тие јавно и слободно ја исповедаа својата вера во Христа. Кога судијата Леонтиј ја запраша Света Архелаја за верата во Христа, таа одговори: „Со силата Христова ја уништувам силата ѓаволска, ги учам луѓето на разум, да Го познаат едниот вистински Бог, а со името на мојот Господ Исус Христос, Единородниот Син Божји, преку мене, слугинката Божја, им се дава здравје на сите болни.“ Сите три девици беа биени, поливани со врела смола, морени во затвор со глад и најпосла исечени со меч. Кога ги изведоа на губилиштето, им се јавија ангели, коишто беа видени и од некои од џелатите. Таков страв ги спопадна, што не смееја да подигнат меч врз Светите девици. Но овие ги охрабрија да си ја извршат должноста. И така, беа заклани како јагненца во 293 година и отидоа во Царството Христово за вечно да почиваат и да се насладуваат гледајќи го лицето Божјо.

 

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2007 во 23:19

Светиот маченик Теодот Анкирски     20/06/2007

Овој Христов маченик беше потаен христијанин и како таков ја помагаше Црквата и чесно ги погребуваше телата на Светите маченици. Така погреба и седум девојки кои пострадаа за Христа. Кога незнабожците дознаа за него, го удрија и него на маки и го погубија (под 18 мај)
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2007 во 23:20

Преподобен Даниил Скитски     20/06/2007

Игумен на прочуениот Скит Мисирски. Ученик на Свети Арсениј и учител на мнозина. Многу од неговите зборови и поуки се ѕвезди патокази за монасите. Еднаш кога варварите го нападнаа Скитот, го викнаа браќата да бега заедно со нив. Тој им одогвори: „Ако Бог не се грижи за мене, што ќе ми е да живеам? “ Уште велеше Даниил: „Колку што телото твое се дебелее, толку душата ти слабее“. Четириесет години се подвизуваше во општежитие, а потоа, во 420 година, се повлече во пустина. Свети Даниил се најде во Александрија кога еден изопачен свекор ја уби својата снаа, Света Томаида, заради нејзиното целомудрие (под 13 април). Тогаш заедно со својот ученик овој светител ја погреба светата страдалница.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2007 во 23:20

Пренос на моштите на Светиот великомаченик Теодор Стратилат     21/06/2007

Се празнува на 8 февруари и под тој датум е опишано житието на овој светител. Но на 8 јуни се празнува преносот на неговите мошти од Ираклија во Евхаита, зашто Свети Теодор му заветуваше на својот слуга Вар кога страдаше: „Телото мое положи го во Евхаита, на имотот на моите предци“. Свети Атанасиј Синајски запиша едно чудо од иконата на Свети Теодор. Во местото Карсата близу Дамаск имаше една црква посветена на Свети Теодор Стратилат. Кога Сарацените го покорија Дамаск, една група Сарацени со жени и деца се населија во таа црква. На ѕидот имаше фреска со ликот на Свети Теодор. Еден од Сарацените зеде стрела и со неа го удри лицето од ликот на светителот. Одеднаш од лицето потече крв. А наскоро потоа сите Сарацени од оваа група изумреа овде во црквата. Свети Атанасиј вели дека самиот лично бил во таа црква и го видел ликот на светителот со траги од засирена крв.

 

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2007 во 23:21

Свети Ефрем, патријарх Антиохиски     21/06/2007

Во времето на византискиот цар Анастасиј Ефрем беше војвода од источните страни. Им беше познат на сите заради неговата голема побожност и милосрдие и за ова беше многу ценет. Кога требаше да се обновува Антиохија, разурната од земјотрес и оган, царот го одреди војводата Ефрем да раководи со таа работа. Својата должност овој си ја исполнуваше со прилежност и љубов. Меѓу обичните работници ѕидари кај него имаше и некој епископ, којшто од непознати причини го беше оставил епископството и работеше како обичен работник, па никој не знаеше дека тој човек е епископ. Еден ден овој човек прилегна да се одмори од тешкиот напор со останатите работници и заспа. А војводата Ефрем виде како од него се извива огнен столб до небесата. Зачуден и ужаснат Ефрем потоа го повика човекот и го заколна да му каже кој е тој. А човеков долго се стеснуваше, но најпосла призна дека е епископ и му прорече на Ефрем дека набрзо ќе биде посветен за патријарх Антиохиски (местото на патријархот беше испразнето, зашто во земјотресот загина стариот патријарх Енфрасиј). И навистина, тие денови Ефрем беше избран и посветен за патријарх. Заради неговата добрина, чистота и ревност за Православието, Бог му даде голем дар на чудотворство. Еднаш, за да убеди еден еретик дека Православието е вистинито, тој го стави во оган својот омофор, а самиот Му се молеше на Бога. Омофорот стоеше во оган три часа и остана неоштетен. Штом го виде тоа еретикот се преплаши и ја отфрли ереста. Во 546 година Свети Ефрем мирно се упокои и се пресели во Царството Божјо.

 

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2007 во 23:22

Свети Кирил, архиепископ Александриски     22/06/2007

По потекло благородник и близок роднина на Теофил, патријархот Александриски, по чијашто смрт самиот беше посветен за патријарх. За време на својот живот водеше три лути борби: со еретиците новацијани, со еретикот Несториј и со Евреите во Александрија. Новацијаните настанаа во Рим, а така се наречени по презвитерот Новацијан, нивниот ересоначалник. Се гордееја со својата добродетел, одеа облечени во бела облека, им забрануваа на другите брак и сметаа дека никој не треба да се моли за оние што извршиле смртен грев ниту да се прими назад во Црквата оној којшто еднаш отпаднал, колку и горко да се кае. Кирил нив ги победи и ги протера од Александрија, нив и нивниот епископ. Борбата со Евреите беше многу потешка и покрвава. Евреите се имаа засилено во Александрија уште од времето кога Александар Велики го основа тој град. Нивната омраза кон христијаните беше бесна и подмолна. Тие ги убиваа христијаните безмилосно и подло, ги труеја, ги распнуваа на крст. По долга и тешка борба Кирил издејствува кај Царот Теодосиј Помладиот да се протераат Евреите од Александрија. Неговата борба против Несториј, патријархот Цариградски, ја реши Третиот Вселенски Собор во Ефес. Со тој Собор претседаваше самиот Кирил, истовремено застапувајќи го и Римскиот папа Целестин, на негова молба, бидејќи тој од старост не можеше да дојде на Соборот. Несториј беше осуден, анатемисан и од царот прогонет на источната граница на царството, каде што и умре со ужасна смрт (зашто црви му го разјадуваа јазикот со којшто Ја хулеше Пресвета Богородица, нарекувајќи Ја Христородица). Откако заврши борбата, Кирил поживеа во мир и ревносно го пасеше стадото Христово. Се престави кај Господ во 444 година. Се вели дека тој ја составил „Богородице Дево, радувај се
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2007 во 23:23
Свети Кирил Белоезерски 22/06/2007

Роден и воспитан e во Москва во куќа на големци. Се замонаши во Симоновиот манастир, каде што со подвигот ги восхитуваше сите други монаси. За да ги скрие своите добродетели, се правеше јуродив. Имаше разговарано со самиот Свети Сергеј Радоњежски и од него прими многу корисни поуки. Беше избран за игумен на манастирот наспроти неговата желба. Но постојано Ѝ се молеше на Пресвета Богородица да му го покаже местото каде што би можел да се подвизува во безмолвие. Една ноќ виде голема светлина и чу глас: „Кириле, излези одовде и оди на Бело Езеро!” И тој навистина излезе од Симоновиот манастир со еден другар, отиде во белоезерските предели и таму, во густата борова шума, почна да се подвизува. Со време пустината се претвори во голема обител. Преподобен Кирил од Бога доби голем дар на чудотворство, па исцелуваше од болести и правеше многубројни други чуда. Се престави во 1429 година во деведесеттата година од животот и отиде кај Господ, Кого сиот свој век Го љубеше со голем жар.
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2007 во 15:02

Светата маченичка Аквилина 26.06.2007

Родена е во палестинскиот град Вивлос, од благочестиви родители. Уште во седмата година наполно упатена во вистинскиот христијански живот, а во десеттата толку преисполнета со разум Божествен и со благодатта на Светиот Дух, што им Го проповедаше Христа со голема ревност и голема сила на своите другарки. Кога настана гонењето на Диоклецијан, некој ја поткажа Аквилина кај царскиот намесник Волусијан; еден ѕвероподобен човек. Волусијан најнапред нареди да ја исшибаат, потоа со усвитена шипка да ѝ ги прободат ушите и мозокот. До последниот здив девицата Аквилина Го исповедаше слободно и јавно Господ Христос, а кога од главата почнаа да ѝ течат мозокот и крвта, таа падна како мртва. Мислејќи дека е навистина мртва, намесникот заповеда да ја изнесат надвор од градот и да ја фрлат на ѓубриште, за телото да ѝ го изедат кучиња. Но ноќта ѝ се јави ангел Божји и ѝ рече: „Стани, биди здрава!“ Девицата стана и беше здрава и долго со благодарност Му вознесуваше слава на Бога, молејќи Го да ѝ допушти да го доврши маченичкиот подвиг. „Оди, ќе ти биде како што молиш!“, се слушна глас од небесата. И Аквилина отиде во градот. Градската порта сама се отвори пред неа и таа дојде и влезе, слично на дух, во дворецот на намесникот пред неговата постела. Намесникот го обзеде неискажлив ужас, бидејќи ја виде жива девицата за којашто мислеше дека умрела. Утредента му нареди на џелатот да ја убие со меч. Пред ова девицата Аквилина Му се помоли на колена на Бога и го предаде својот дух. А кога беше мртва џелатот сепак ѝ ја отсече и главата. Нејзините мошти беа извор за исцелување на мнозина болни. На дванаесет години пострада за Христа. Пострада и се украси со маченички венец во 293 година.

Свети Трифилиј, епископот на Леквусија Кипарска

Ученик на Свети Спиридон, а подоцна му беше и сослужител на островот Кипар. Човек милостив, чист со мислите, цел живот девствен, „жив извор на солзи“ и голем испосник. Добро управуваше со стадото Христово. Кога се упокои прими венец меѓу големите јерарси на небесата. Се упокои мирно во 370 година.

Света Ана и нејзиниот син Јован

Како сираче земена во куќа на големци и како посвоенче однегувана и воспитана таму. Бидејќи добродетелна девојка, овој големец ја омажи за неговиот син. Кога умре старецот големец, навалија роднините врз неговиот син да си ја остави жената од ниско потекло и да се прежени за некоја којашто може да му прилега со богатството. Но синот на големецот се боеше од Бога да го направи ова и не сакаше. Гледајќи го мажот во раздор со роднините, Ана го остави тајно и побегна на некој далечен остров, каде што немаше жива душа. На овој остров пак, дојде бремена и наскоро роди син. Се подвизуваше таму триесет години во пост и молитва. Тогаш, по Божја Промисла, дојде на островот еден јеромонах, којшто го крсти нејзиниот син со името Јован. Се подвизуваше оваа света душа во 5 век и мирно се упокои.

 

 

 

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2007 во 09:18
http://www.culture.org.mk/thm_ikona-naum.jpg

Преподобен Наум Охридски Чудотворец (20/06)

Ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од Петточислениците коишто најревносно соработуваа со овие словенски апостоли. Свети Наум патуваше во Рим, каде што се прослави со чудотворна моќ и со голема ученост. Знаеше многу јазици. Со помош на царот Борис Михаил, по враќањето од Рим тие се населија на бреговите на Охридското Езеро. Додека Свети Климент дејствуваше како епископ во Охрид, дотогаш Свети Наум основаше манастир на јужниот брег на езерото. Тој манастир и денес го краси брегот како што и името на Свети Наум ја краси историјата на словенското христијанство и низ вековите беше извор на чудотворна сила и засолниште за болните и за неволните. Околу Свети Наум се насобра мноштво монаси од сите страни на Балканот. Беше мудар учител, единствен раководител на монасите, одлучен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Неуморно се трудеше и на преведувањето на Светото Писмо и на другите црковни книги од грчки на словенски јазик. Вршеше чуда и за време на животот и после смртта. Неговите чудотворни мошти до ден денес восхитуваат со многубројни чуда, посебно со исцеленијата од тешки болести, особено од лудило. Се упокои во првата половина на 10 век.


Блажениот Студиј (20/06)

Прочуен патрициј и конзул во Цариград. Ги основа црквата и манастирот на Свети Јован Предвесник близу Златните Порти. Манастирот по него е наречен Студиски, а стана славен заради многубројните тамошни славни мажи, духовници, страдалници, од коишто најпознат е Свети Теодор Студит. Латинските крстоносци ја разорија оваа обител во 1204 година, но царот Константин Палеолог Порфиророден ја обнови во 1293 година. На нејзиното место денес се наоѓа турска џамија.



Изменето од orto - 03.Јули.2007 во 09:25
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2007 во 20:19

Собор на Светите славни и сефални апостоли

Иако секој од Светите големи апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди како соборен празник на сите заедно, а со нив и Павле. Ова се имињата и деновите на посебното празнување на Дванаесеттемина:
Петар - 29 јуни и 16 јануари; Андреј на 30 ноември; Јаков Заведеев на 30 април; Јован Богослов на 26 септември и на 8 мај; Филип на 14 ноември; Вартоломеј на 11 јуни и на 25 август; Тома на 6 октомври; Матеј евангелистот на 16 ноември; Јаков Алфеев на 9 октомври; Тадеј на 19 јуни; Симон Зилот на 10 мај; Матиј на 9 август; Павле на 29 јуни. Да спомнеме уште за начините како секој од овие најсвети и најполезни луѓе во историјата на светот го заврши својот живот на земјата: Петар беше распнат на крст главечки; Андреј беше распнат; Јаков Заведеев го убија со меч; Јован Богослов се упокои чудесно; Филип беше распнат на крст; Вартоломеј – распнат, па одран и заклан; Тома беше избоден со пет копја; Матеј го изгореа во оган; Јаков Алфеев – распнат на крст; Тадеј – распнат; Симон Зилот – распнат; Матиј го каменуваа, па мртов го расекоа со секира; Павле го убија со меч.

Блажениот принц Петар

По потекло Татарин, син на татарскиот цар Беркај. Словото за спасението го слушна од ростовскиот епископ Кирил и му се прилепи за срцето. Кога го виде чудесното исцелување на Беркаевиот син со помош на молитвата на истиот епископ Кирил, тајно ја остави Златната Орда и побегна во Ростов. Тука се крсти и сиот се предаде на подвиг и изучување на благочестивата вера. Еднаш ноќеваше на езерски брег, а во сон му се јавија Светите апостоли Петар и Павле и му наредија на тоа место да изгради црква ним посветена. За ова потребните пари ги доби од нив. Петар навистина изгради овде прекрасен храм во којшто и самиот на старост, по смртта на својата сопруга, се замонаши. Мирно се упокои во длабока старост, на 29 јуни 1290 година, а неговата црква стана и остана манастир, по него наречен Петровски.

Преподобен Георгиј Иверски

Роден во Иверија (Грузија) 1014 година, како роднина на грузиските цареви. Се здоби со солидно класично образование во детството, но срцето го влечеше кон духовниот живот. Се подвизуваше кај прочуениот духовник Георгиј во гората Црна. Побегна на Света Гора и продолжи со подвигот во манастирот Ивер. Стана Иверски игумен. Со помош на царот Константин Мономах го обнови Иверскиот манастир и ја покри црквата со олово. Тој оловен покрив стои до денес. На грузиски јазик ги преведе Светото Писмо, Прологот и богослужбените книги. Царот Баграт го повика во Грузија да го учи народот. Во својата татковина беше дочекан царски. Одеше насекаде и го поучуваше клирот и народот. На старост посака да умре на Света Гора, каде што и тргна, но смртта го затекна во Цариград, 1067 година. Моштите му ги пренесоа во Ивер. Иако умре на 24 мај, Иверците го празнуваат неговиот спомен на 30 јуни и го сметаат за рамноапостолен.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2007 во 21:34

Преподобен Атанасиј Атонски

Беше роден во Трапезунт, од богобојазливи родители. Рано остана сираче, но по Божја Промисла го зеде некој војвода, го одведе во Цариград и го даде да ги изучува науките. Заради својата кроткост и смиреност им беше миленик на врсниците. Во детските игри тие ќе го избереа овој за цар, оној за војвода, а Атанасиј за игумен. Како некое претскажување... Кога заврши со училиштето Атанасиј (до постригот Аврамиј) се оддалечи во Малеинската пустина, близу Света Гора, каде што се подвизуваше како ученик на прочуениот Михаил Малеин. Желен за потесен подвиг, се пресели на Света Гора заради безмолвие. Но околу него почнаа да се собираат мнозина ревнители кон подвижничкиот живот и тој беше принуден да ја соѕида својата славна Лавра. Во тоа изобилно му помагаа византиските цареви, најпрво Никифор Фока којшто и самиот сакаше да се замонаши и да се повлече, а потоа Јован Цимисхиј. На Свети Атанасиј навалуваа многубројни искушенија и од демоните и од луѓето, но тој како храбар Христов војник одолеваше на сѐ и со својата неизмерна кроткост и непрестајна молитва кон живиот Бог сите ги победуваше. Полн со Божја благодат, се удостои да Ја види Пресвета Богородица, Којашто чудесно низведе вода од карпа и му вети дека секогаш ќе биде Икономиса (Игуманија) на манастирот. Атанасиј предничеше пред своите браќа и во работата и во молитвата и сите ги љубеше со љубов на пастир и духовен отец. Смртта му дојде ненадејно. Еднаш со шестмина монаси се искачи над една новоизградена црквена припрата да го прегледа ѕидот што се ѕидаше тогаш, но ѕидот се урна и сите ги затрупа. Така заврши овој голем светилник на монаштвото, во 980 година. По смртта повеќепати им се јавуваше на своите собраќа за да ги утеши или искара.

Преподобниот маченик Кипријан Нови

Роден е во селото Клицос во Епир. После смртта на неговите добри родители отиде на Света Гора, се замонаши и се предаде на подвиг во една келија близу манастирот Кутлумуш. Си наложуваше труд на труд и подвиг на подвиг, дури не стана прочуен и почитуван по цела Света Гора. Но самиот не беше задоволен со себе. Го мачеше помислата дека не може да се спаси поинаку, освен преку мачеништво за Христа. Ја остави значи Света Гора, отиде во Солун, излезе пред солунскиот паша и го повика да ја отфрли лажната мухамеданска вера и да ја прими верата Христова. Пашата нареди, та го изнатепаа и го избркаа надвор. Незадоволен од тоа мало страдање за Господ Исус, Кипријан отиде во Цариград, му напиша една хартија на великиот везир во којашто ја изложи лажноста на Мухамед и вистинитоста на Господ Христос. Везирот разлутен го испрати кај шеик-ул-исламот, а овој штом го ислуша Кипријан сѐ што имаше да каже, нареди да му ја отсечат главата. Радосен над секоја мера, Кипријан одеше на губилиште како на свадба. И така пострада за Христа овој Божји човек, на 5 јули 1679 година, остварувајќи си ја својата најтопла желба.

Преподобен Лампад

Имајќи огнена љубов кон Бога уште од детството, Лампад се оддалечи во пустината близу Иринопол и се посвети на подвиг. Штом ги совлада сите страсти и телесните желби, неговата душа беше просветлена од небесна светлина и со неискажлив мир којшто не е од овој свет. Чудотворец и за време на животот и по смртта. Се подвизуваше најверојатно во 10 век.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2007 во 22:57

Православен календар за 29/07/2007

Светиот свештеномаченик Атиноген, епископ Севастиски во Ерменија

Живееше во еден манастир близу градот со десетмина ученици. Во времето на Диоклецијан во Севастија дојде Филомарх, лут мачител на христијаните. И ги испофаќа и уби мнозина христијани од градот. Кога тој Филомарх ги виде Атиноген и неговите ученици, му рече на Старецот да им принесат жртви на идолите за да не загинат како што пострадаа другите христијани. Атиноген му одговори: „О мачителу, тие што ги нарекуваш загинати не се загинати, туку на небото ликуваат со ангелите.“ Се памети трогателна глетка со една срна, којашто порано се хранела од рацете на Атиноген, а кога го видела во неволја, притекнала кај него и пролевала солзи. И горските ѕверови имаа повеќе сострадалност кон Христовите маченици отколку незнабожците. После тешки мачења, при коишто ангел Господов ги ублажуваше мачениците, сите беа убиени со меч: најпрво свештениците и сотрудниците на Атиноген, а потоа и самиот Атиноген. Во небесната татковина се преселија во 311 година.

Светата маченичка и девица Јулија

Родум од Картагена, од прочуен род. Кога Персијанците ја покорија Картагена, многуброен народ беше одведен во ропство. Беше фатена и заробена и Света Јулија и му падна во рацете на некој трговец во Сирија. Трговецот беше незнабожец. Кога виде дека Света Јулија е христијанка, ја советуваше да се откаже од Христа и да стане едноверна со него. Јулија никако не се согласуваше со тоа. Па бидејќи беше верна и добра во служењето, трговецот ја остави и не ѝ додеваше повеќе за верата. Еднаш тој натовари кораб со стока, ја зеде со себе Јулија и тргна во далечни краишта по трговија. Кога пристигнаа на Корзика, се падна некој незнабожечки празник, а Јулија остана на коработ плачејќи од жал што многубројни луѓе живеат во глупава заблуда и не знаат за вистината. Но незнабожците некако дознаа за неа, ја извлекоа од коработ и иако нејзиниот господар им се противеше, почнаа страшно да ја мачат, ѝ ги отсекоа градите и ги фрлија на еден камен, а потоа ја распнаа на крст. Тогаш Јулија Му го предаде својот дух на Господ. Ангел Божји им ја објави нејзината смрт на монасите на блискиот остров Маргарита (или Горгона) и тие дојдоа и чесно го погребаа телото на маченичката. На гробот на Света Јулија се јавуваа многубројни чуда. Таа пострада чесно во 6 век. После многу години верните посакаа да изградат нова црква во чест на Света Јулија на едно друго место, бидејќи старата црква остаре и пропадна. Но ноќта наспроти денот кога сакаа да го положат темелот, граѓата за црквата со невидлива рака беше пренесена до старата црквичка. Во недоумение луѓето повторно ја пренесоа граѓата на новоизбраното место, но пак се случи истото: материјалот се врати на местото кај старата црква. Од ова сите разбраа дека Света Јулија не сака да ѝ ѕидаат црква на друго место, па ја срушија старата црквичка и на тоа место подигнаа нова
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2223242526 68>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.