|
Универзален Живот - Прахристијани |
Внеси реплика | страница <1 2122232425 26> |
Автор | ||||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Сега за сега тоа е од прашањата, благодарам.
|
||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Сам во партнерството и бракот? Сами во староста? Живот во единство! Ти не си сам - БОГ е со Тебе Од содржината: Пријатен живот меѓу двајца, мажот и жената-трајна среќа? - Немирот на срцето-во потрага по смислата на живеењето на Земјата - Кој му даде во наследство на човека лош генетски материјал? Дали се Адам и Ева криви за неговата судбина? - Падот-лудост и положување право врз тоа да се биде Бог самиот. Егоман, типичен противник на Бога - Следот инкранации врз основа на каузалниот закон: сличното привлекува слично - Богатство од рацете на темнината-кобна последица: најлоша зависност која трае со инкарнации - Зошто Бог не се вмеша? - Оди ли „светот„, таа творба на луѓето, во хаос? - Стани мирен, стекни тишина. Помош за да се сретне Бог: забележи ги импулсите на внатрешниот живот кои струјат кон тебе од сликата на природата - Испразни ги од себе небитните, себичните мисли. Бог е тишина. - Егоцентрикот не може да го доживее Бога - Во здивот е животот, Бог. Диши свесно! - Копнежот, трагањето по среќа, љубов, заштитеност и татковина има длабока причина. Никогаш нема да „пристигнеш„ во овој свет-бидејќи ти не си од овој свет! - и тн... Воопштено кажано, за нас луѓето животот на Земјата се состои од низа разочарувања. Се надеваме, копнееме, а сепак сме постојано незадоволни. Им посакуваме - воглавно на некој од нашите блиски - среќа, љубов и заштитеност. Понекогаш штотуку ќе си помислиме дека „стигнавме„, но очекувањата повторно не се исполнија - повторно сме сами. Габриеле ни покажува зошто на човекот во овој свет постојано му бега целта на неговите надежи: корените на неговите копнежи се подлабоки. Од тоа исто така се покажува каде може да се пронајде исполнение на неговата потрага. Секој кој тоа го сака може да ги следи овие длабоки Габриелини објаснувања од Божествената мудрост и на пр. да научи како да го доживее животот во единство, Бог, и доспее во внатрешната тишина за да би го сретнал Бога во себе и така ги стори чекорите кои што водат кон вистинската, трајната среќа. Книгата е достапна на српски јазик, а он-лајн бесплатно може целата да се чита на германски јазик под: http://www.das-wort.com/20/de/media/s367de_text.pdf Изменето од Majkl - 30.Октомври.2009 во 10:06 |
||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
од прахристијаните до луѓето низ целиот свет Не ги јадете малечките браќа и сестри, животните. Оставете ги да живеат, бидејќи тие го носат Здивот како и луѓето. Тој доаѓа од Бога. Не им правете зло, оти во спротивно се уништува дел од вашиот внатрешен живот кој во животните е убиен и изеден. Бог нам на луѓето ни ја подари природата и животните за преку нив повторно го пронајдеме Единството. Оти сè што Бог го создаде и создава, е дадено од големото единство на Љубовта, за низ тоа ние повторно да го најдеме единството. Божиќните празници, раѓањето на големиот Дух во детенцето Исус, треба да ни биде симбол: Тој им дојде на животните. Него го прифатиа животните, не луѓето. Да ги прифатиме животните во нашите срца! Да го оставиме животинскиот свет да живее, и ние искусуваме што значи Божиќната ноќ: Голем празник на Светлината. Голем празник на единството. Тогаш ќе ја запалиме свеќата и ќе погледнеме во светлината запрашувајќи се: „Што сака Бог?„ Тој сака ние да ги оствариме законите на Животот, да го најдеме патот кон Животот: заповедите Божји, учењето на Исус, Христос. Тогаш се шири срцето – исто така и за мајката Земја со нејзините бројни форми на живот, растенија и животни. Прахристијаните им посакуваат на нашите слушателки и слушатели едно чудесно време на адвент и спознанието: Исполнувањето на волјата Божја е нашата лична животна задача која нас нè прави среќни, слободни и етични.„ (извадок од: „Втор Адвент – Што би ни рекол Исус денес?„ една радиоемисија која беше емитувана низ целиот свет.) Изменето од Majkl - 06.Јануари.2010 во 14:52 |
||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Брошура која на околу 30стр. ги пренесува излагањата на Габриеле од еден семинар на тема: „Среќата и здравјето лежат во твоите раце„ - Едноставни објаснувања како можат да се постигнат задравјето и среќата, како може многу нешто да се смени кон позитивна насока бидејќи сето тоа всушност лежи во наши раце. Брошурата е достапна на германски и италијански јазик, но кој сака на македонски нека ми се обрати во лична порака. Изменето од Majkl - 08.Февруари.2010 во 19:42 |
||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Змејко - малиот змеј На српски јазик од печат неодамна излезе сликовницата: Змејко, малиот змеј - приказна примена од Светлината. Змејко доаѓа на светот како дете на вистински змејови способни да блујат оган, но се развива сосема поинаку отколку што неговите родители тоа го очекуваа. Приказната ни раскажува како му успеа на овој мал змеј со големи идеали да биде сериозно сфатен и згора на тоа уште и да ја спаси татковината на змејовите. 32 стр. со колор илустрации, тврда подврска. |
||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
- духовни помошти за денот - Секој ден ни дарува изобилство на можности. Секој миг преку препознавање и очистување на грешки ни донесува енергија за промена, шанса да му дадеме на својот живот позитивна пресвртница. Својот ден и своите идни денови ги одредува секој поединец самиот. Во оваа книга со духовни помошти, секогаш за утрото, за пладнето и за вечерта, Габриеле ни покажува к а к о од својот ден можеме да го направиме најдоброто, како можеме да дојдеме до мир со самите себе и со нашите ближни и до еден однатре исполнет живот. Поттици, упатства и совет полн љубов - и охрабрувањето тие да се спроведат во дело. Книгата од неодмна е достапна на македонски јазик, 176стр. мека подврска, пластифицирани корици. Изменето од Majkl - 22.Јуни.2010 во 19:30 |
||||
Џо
Сениор Каубоец Регистриран: 17.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Прахристијаните се вегетеријанци така?
Океј... Дали според нивната догма растенијата имаат душа? |
||||
sjena je od zastora kula na nebesima u našim je prsima |
||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Во последниов тип на исхрана се јадат само оние плодови со чие берење не се уништува трајно растението. На пр. со берењето вишни, дрвото кое ги дало плодовите не се уништува, тоа догодина повторно ќе може да роди.
Растенијата можат да се употребуваат за исхрана и други потреби, но тоа би требало да се одвива во склад со Божјите закони. Намерното, значи свесното оштетување или дури уништување на растенијата чисто од обест или ради профит(при што не се води сметка како тоа влиае на природата и животните) а особено нивно генетско модифицирање е спротивно на божествените закони, затоа што и растенијата чувствуваат, додуша во поинаков облик и интензитет отколку животните. Животните пак чувствуваат многу послично на луѓето, многу поголема болка но и тага. Затоа сечењето растенија и колењето животни не може да се изедначи. Односно обратно кажано, ако би се одело по логиката дека нема разлика меѓу убивањето животни и растенија, тогаш слободно може да се рече дека нема разлика ни меѓу колењето луѓе ако е за исхрана. На пр. ако погледнеш како комбајнот го собира житното класје или скинеш едно јаболко, тоа битно се разликува од колењето на едно јагне или крава која додека ја чуваат во штала е депресивно расположена а пред да ја стават под нож, се обидува да избега, а време на колењето рика од болка и прета додека не искрвари низ маки(имено смртта настапува не во моментот на сечењето на вртанта жила, туку кога најголемиот дел од крвта ќе истече). Изменето од Majkl - 03.Јули.2010 во 14:26 |
||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
ДЕЈСТВУВАЊЕТО НА ХРИСТОС БОЖЈИ И БОЖЕСТВЕНАТА МУДРОСТ извадок од описот на книгата: Авторите на книгата се еден новинар и еден поранешен евангелистички теолог. Кој или што е божествената Мудрост? Зошто е истисната од теологијата? Кој е Тешителот, која е „големата жена„ за која се зборува во Библијата? И зошто толку малце знаеме за пророците? Авторите преку широк лак го поврзуваат дејствувањето на Христос Божји и божествената Мудрост - од прапочетокот до денес. Книгата содржи и ДВД диск:Појдете со Габриеле, божјата пророчица за нашево време, во прошетка низ Земјата на мирот. Погледнете што е преку нејзе трансформирано од седмодимензионалниот свет во три димензии и што сè настана. Слушнете што современиците кои ја познаваат Габриеле имаат во врска со неа да кажат. Од содржината: Божествената Мудрост во Библијата; - жената која на Господа му ги подготвува патиштата - Повикот на пророчицата Божја - Исполнетите пророчки претскажувања - Доаѓањето на божествената Мудрост беше претскажан - Поголемиот дел од луѓето ништо не знаат за пророците - Изјави на браќата и сестрите кои долги години ја познаваат Габриеле, Божјата пророчица и пратеничка - Непријателите на пророчицата - Што сè уште можеше да настане? - „Како на Небото така и на Земјата„: Што е видено во духовниот седмодимензионален свет и што од тоа настана досега во тридимензионалниот свет - Го чекаме враќањето на Христос Божји - и тн... Книгата е достапна на хрватски јазик, околу 300стр. тврд повез, илустрирано, плус ДВД(околу 60мин.) Два линка кон извадоци од некои поглавиа од книгата(хрватски јазик): Според што се препознава божјата пророчица? Како се проверува пророкот? |
||||
Џо
Сениор Каубоец Регистриран: 17.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Каков е тој седмодимензионален свет? Каков е шестодимензионалниот? Петодимензионалниот? Четири?... Многу ме буни пасусов... |
||||
sjena je od zastora kula na nebesima u našim je prsima |
||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Невидливите светови вон Царството Небесно, кои Духот ги нарекува астрални светови и подготвителни подрачја се исто така составени од 7 сфери(настанале при падот на ангелите), но нивните духовно несовршени жители можат да се движат само во рамкитее на онаа димензија која и одговара на нивната свест. т.е. од пониските не умеат слободно да се движат во повисоките. Но од сите овие светови, доколку постојат соодветни услови, душите можат да се инкарнираат во тродимензионалниот свет на Земјата, односно да станат луѓе. Изменето од Majkl - 10.Јули.2010 во 08:58 |
||||
Џо
Сениор Каубоец Регистриран: 17.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Што е Ангел , според догмата ?
Какви се тие нивни падови? Ниво на свест?-Колку нивоа постојат? Некој корисен линк ќе заврши работа , сфаќам дека прашањата(моите) понекогаш се од поширока природа... Изменето од Џо - 11.Јули.2010 во 23:57 |
||||
sjena je od zastora kula na nebesima u našim je prsima |
||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ангелите можат да се инкарнираат т.е. да се отелотворат како луѓе. Душите на луѓето изворно гледано се всушност ангели. Смислата на човековиот живот е преку чистење и себеосознавање душата да се просветли и повторно дојде во ангелска состојба. Само тогаш може да се врати во чистото Небо. Дел од старозаветните пророци биле херувими и серафими инкарнирани со духовна мисија на Земјата како обични луѓе.
Првиот од Бога создаден женски принцип, во еден момент посакал да стане Бог самиот, самата да биде божица извор-создател. Такво нешто е невозможно. Тоа е тнр. прва мисла на Падот, произлезено од едно чувство спротивно на Божјиот Закон. Таа успеала да наговори еден дел од ангелите да тежнеат најпрвин кон поделено царство, а подоцна и тежнеење кон тоа да Бог и неговото создавање се уништи. Целта била да сите создадени форми повторно се вратат во безличниот етер, бидејќи тогаш создавањето би можело да почне наново, но овојпат според замислата на првиот побунет ангел, кој нејзините следбеници ja нареккле по смисла Луцифер(Носител на светлината - во смисла:не ни треба божјата светлина, еве оваа ни е светлината и водачот). Бидејќи Бог на сите им дарувал слободна волја, а воедно бидејќи во чистите Небеса има место само за хармонија и единство со вечниот Закон, Бог, им дозволил да ги напуштат Небесата. При тоа дошло до духовни турбуленции во кои отпаднатите повлекле деловии од вечните планети и сонца. Така настанала постепено материјалната вселена. Многу подоцна настанало и човечкото тело. Исус Христос го има запрено падот на ангелите започнувајќи космичка пресвртница: паднатите светови тнр. сатански хиерархии ги претворил во одскочници кон Небесата, а сите отпаднати битија но и оние кои како божји помошници се вплеткале во материјата, започнал да ги враќа дома. Еден ден сите отпаднати битија ќе се вратат во Небесата а материјата ќе биде асимилирана во духовна супстанција.
Ако зборуваме за невидливите светови кои се наоѓаат вон Небесата, тогаш првите четри рамништа се нарекуваат астрални светови. Оние души кои живеат во астралот сеуште повеќе или помалце тендираат кон реинкарнирање човечки тела. Значително посветлите души, но кои сеуште не се совршени како ангелите, живеат во некое од останатите 3 тнр. подготвителни подрачја: Трпеливост, Љубов или Милосрдие. Тие иако можат да се инкарнираат, не се врзани за Земјината духовна гравитација. Воедно и душата има 7 обвивки, кои настанале при отпаѓањето од Бога. Паднатите битија најпрвин деградирале од седмиот степен, степенот на божественото Милосрдие, на шестиот. Од шестиот деградирале на петиот, од петиот на четвртиот и тн. Секоја душа и човек кои сакаат да се вратат во Царството Божјо треба повторно да да ги поминат овие степени т.е. скалила на духовен развој, со тоа што сега тие се движат нагоре, започнувајчи со првиот степен, степенот на божествениот Ред. Со таа цел е објавен од небесниот свет Внатрешниот Пат, пат до срцето Божјо - до нашето вистинско постоење.
Изменето од Majkl - 12.Јули.2010 во 20:05 |
||||
Џо
Сениор Каубоец Регистриран: 17.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Што е сатана , ѓавол ?
|
||||
sjena je od zastora kula na nebesima u našim je prsima |
||||
Внеси реплика | страница <1 2122232425 26> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |