IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Салати
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Салати

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223 26>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2014 во 14:07

 Пилешка салата

Потребно:

  • 170 гр зелена салата
  • 100 гр бело грозје
  • 300 гр сварено бело месо
  • 2 тврдо варени јајца

За прелив:

  • 2 чаши јогурт
  • 1 лажичка сенф
  • ½ лажичка сув зачин
  • 2 лажички мајонез

Подготовка:

Јогуртот, сенфот, зачинот и мајонезот измешајте ги добро. Измиените листови зелена салата наредете ги во плиток сад. Одозгора ставете насечкано бело месо и кругови варени јајца. Нафрлете од белото грозје и прелијте со претходно подготвениот прелив.

6-brzi-specijaliteti-so-ostanatite-veligdenski-jajca-1

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2014 во 14:07

Салата Ница

Потребно:

  • 1 варено јајце
  • 1 домат
  • 1 краставица
  • 1 пиперка
  • 1 конзерва туна
  • 1 кромид
  • неколку црни маслинки
  • малку маслиново масло, лимонов сок, сол и бибер

Подготовка:

Јајцето и доматот исечете ги на парчиња, краставицата на коцки, пиперката на резанки, а кромидот на кругови. Измешајте го целиот зеленчук, зачинете со маслиново масло, лимонов сок, сол, бибер и додадете ги маслинките.

6-brzi-specijaliteti-so-ostanatite-veligdenski-jajca-2



Изменето од Valerija - 26.Април.2014 во 16:06
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2014 во 14:08

Француска салата

Потребно:

  • 300 гр рокфорт сирење
  • 2 јајца
  • 3 домати
  • 3 лажици грашок
  • 3 главици кромид
  • 4 лажици тартар сос
  • 4 лажици павлака
  • 1 лажичка сок од лимон
  • 1 лажица јогурт

Подготовка:

Сирењето и јајцето исечкајте ги на коцки, ставете ги во чинија и додајте им го исечканиот домат, грашокот и кромидот. Помешајте го тартар сосот, павлаката, сокот од лимон и јогуртот, а потоа прелијте ја салатата. Оставете ја да отстои 1 час во фрижидер.

6-brzi-specijaliteti-so-ostanatite-veligdenski-jajca-3

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2014 во 14:08

Салата со шунка и јајца

Потребно:

  • 3 варени јајца
  • 250 гр шунка
  • 1 рендан морков
  • 100 гр сварени макарони
  • прелив од мајонез, павлака и сенф
  • малку сол и бибер

Подготовка

Белките од јајцата исечкајте ги на коцки, жолчките изгмечете ги и помешајте ги со шунката исечкана на парчиња. Додадете ги сварените макарони, па сето тоа прелијте го со сосот од мајонез, павлака и сенф.

Зачинете по желба со сол и бибер. Одозгора додадете го ренданиот морков и украсете со босилек, магдонос или кругови од варени јајца.

6-brzi-specijaliteti-so-ostanatite-veligdenski-jajca-4

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2014 во 17:50

КАПРЕЗЕ САЛАТА

капрезе1

Подготовка:

Исечете ги доматите на парчиња, ги посипете ги со вегета и оставете да отстојат за да се маринираат.

Исечете ја моцарелата на парчиња и ги стави заедно со доматите на голема чинија.
Украсете со босилок исечен на ленти и посипете ги со црн пипер.

Состојки:

  • 4 домати
  • 400 гр. моцарела
  • маслиново масло
  • сол, бибер
  • босилек
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2014 во 17:50

ЛЕСНА ЛЕТНА САЛАТА СО САРДИНИ И КОМПИР

salata

Едноставен рецепт за кој не треба многу време, ни пари. По желба, за подобар вкус, можете да додадете маслинки или пак, копар, но никако не претерувајте со солта.

Подготовка:

Очистете ги солените сардини и оставете ги да отстојат во вода за да излезе вишокот сол.

Сварете ги компирите, но внимавајте да не ги преварите, па потоа да ви се распаѓаат кога ќе ги сечкате. Олупете ги и исечкајте ги на коцки.

Полека мешајте и додавајте маслиново масло, исечкан магдонос, целер и лук.

Одвојте ги коските од рибата, ситно исечкајте и додајте во компирите, па промешајте. Во сад измешајте сенф со лимонов сок, па со тоа прелијте ја салатата и уште еднаш промешајте.

Се служи ладно како предјадење или како главно јадење.

Потребни состојки:

  • 10 солени сардини
  • 500гр компири
  • 1 главица лук
  • 1 лажица сенф
  • маслиново масло
  • оцет
  • свеж магдонос и целер
  • лимон
  • сол и пипер
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2014 во 17:51

ДАНСКА САЛАТА СО ТЕСТЕНИНИ

recepti

Подготовка:

Варете ги тестенините во солена вода, осум минути и после прелејте ги со ладна вода. Исцедете.

Помешајте го оцетот и маслото, солот и биберот. Истурете го врз тестенините и оставете ги некое време.

Печеното телешко месо исечете го на мали парчиња. Во покриен сад динстајте го три минути посолениот грашок со малку вода. Пиперката, исчистете ја и исецкајте ја на мали коцки.

Месото, исцедениот грашок, пиперката и краставицата измешајте ги со тестенините. Додадете ги мајонезот и сенфот и промешајте полека и уште еднаш зачинете по вкус.

 

Состојки:

  • 200 г тестенини супа во облик на полжавчиња
  •  1 / 3 чаша оцет, малку сол
  •  4 лажици масло, бибер
  •  125 гр телешко месо печено
  • 150 г грашок замрзнат
  •  1 црвена пиперка
  • 1 / 2 чаша фино исецкана краставица
  • 4 супени лажици мајонез
  •  2 мали лажички сенф

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2014 во 22:32

САЛАТА СО КРУШИ, РОКФОР И ПРЕЛИВ ОД БРУСНИЦА

salata krusi

Потребни состојки

1 марула

100 гр печени ореви

2 круши

1 кромид

100 гр. сланина

100 гр. француско сирење рокфор

За прелив:

100 гр. свежи или замрзнати брусници

2 лажички шеќер

30 гр. јаболков оцет

½ лажичка сенф

2 лажички сок од портокал

50 гр. масло за јадење

Сол и црн пипер

Припрема:

Најпрво припремете го преливот. Ставете ги сите состојки за преливот во посебен сад и матете се додека не добиете хомогена смеса.

Кромидот исецкајте го и испржете го на масло за јадење се додека не се карамелизира. Исецкајте ја сланината на парчиња и нејзе пропржете ја на масло за јадење.

Добро измијте и исецкајте ја марулата, крушите исечете ги на долги тенки парчиња и искршете го сирењето на помали парчиња. Во посебен сад ставете го кромидот, сланината, ситно сецканите ореви и сирењето и промешајте.

Во чинија за салата најпрво ставете ја марулата, потоа додадете ги крушките, а одозгора посипете ги измешаните кромид, сланина, ситно сецкани ореви и сирење. Одозгора прелијте ја салатата со преливот од брусница. Добар апетит!



Изменето од Valerija - 26.Април.2014 во 16:06
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2014 во 16:05

Салата од јачмен и печурки

12

    Време на подготовка: 40 минути / ќе послужите: 6

    • 1/2 шоља маслиново масло
    • 1,25 килограми печурки по желба , исецкани (по потреба)
    • Крупна сол и црн бибер, по желба
    • 1 главица црвен кромид, ситно сецкано
    • 3 лажички балсамико
    • 150 грама павлака за готвење
    • 3 лажички сецкани стебленца од млад кромид
    • 3 лажички  ливчиња од мајчина душица
    • 2 главици марула, исечкана на покрупни парчиња
    • 500 грама варен јачмен
    • 150 грама ситно сецкан лешник
    • 150 грама свежи ливчиња од магдонос

    Чекор 1

    Загрејте една лажица од маслото во голема тава на срена топлина. Гответе ги печурките со една лажичка сол, мешајте повремено додека не добијат печурките златна боја, околу 5 минути, потоа префлете ги во длабок сад. Ситно сецканиот кромид се готви исто така со една лажичка масло на слаба топлина, додека да омекне. Потоа додадете балсамико и мешајте неколку минути.

    Чекор 2

    Тргнете го кромидот од топлина, измешајте го со павлата и преостанатиот балсамико. Прелејте со преостанатато масло. Додајте ги ливчињата од мајчина душица, ситно сецканите стебленца од млад кромид, зачинете со сол и црн бибер, оставете да се олади преливот. Во меѓувреме комбинирајте ги листовите од марула, печурките, лешникот и магдоност. Додајте го на крај врз нив готовиот прелив. Зачинте со сол и црн бибер, добро измешајте. Спремно за послужување.

     



    Изменето од Valerija - 26.Април.2014 во 16:06
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2014 во 17:41
    Вкусна и необична салата "Седмо небо"

    Иако летото веќе е зад нас, тоа не не спречува да направиме мал луксуз и да се препуштиме на задоволството кое оваа летна салата ни го нуди.

    Невообичаениот спој на намерници е токму она што ја прави оваа салата посебна и токму затоа сме сигурни дека ќе им се допадне на сите оние кои сакаат да експериментираат во кујната.

    Состојки:

    - 200 гр зелена зелка/марула
    - 200гр црвена зелка
    - 1 јаболка
    - 250 гр ананас
    - 250 гр слива
    - 150 гр пилешко
    - 1 супена лажици мед
    - 1 супена лажица сенф
    - 1 супена лажица мајонез
    - 100 гр пармезан 
    - 8 чери домати
    - 100 грама ореви

    Подготовка:

    Црвената и зелената зелка исечкајте ги ситно, како и јаболката, ананасот и сливите. Паралелно сварете го пилешкото, по можност без зачини со остар вкус, и потоа истото исечкајте го ситно како и останатите состојки. Измешајте ги сите намерници заедно во еден голем сад и потоа додадете ги пармезанот ,чери доматите исечени на половини и оревите. За подготовка на сосот потребно е во мал сад да ги измешате сенфот,мајонезот и медот, се додека не ја добиете саканата густина на сосот, потоа со истиот прелиете ја салатата. Наш совет е да додадете и оцет балсамико или пак комбинација од портокалов и лимонов сок. 

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2014 во 17:52
    Вкусен летен рецепт: Кинеска салата

    Летото е период кога луѓето пред се одбираат едноставна храна која не бара многу подготовка, а која истовремено е вкусна и хранлива... Токму за таков вид на јадење станува збор во рецептот во продолжение.

    Кинезите се познати по користењето на оризот во својата исхрана, кој што воедно е и еден од основните прехранбени намерници, па токму затоа и не зачудува што и самиот наслов на салатата најавува дека станува збор за рецепт во кој што се содржи оризот. 


    Во продолжение прочитајте кои се потребните состојки за салатата и начинот на нејзино подготвување и можете уште денес да го пробате ова вкусно летно јадење. 


    Потребни состојки: 

    ● Една шолја ориз
    ● 5 кисели краставички
    ● 350 грама шунка
    ● 1 кисела павлака
    ● 100 грама мајонез
    ● 1 лажица сенф
    ● една лажица сол 
    ● ½ лажица ѓумбир
    ● 3 чаши вода


    Подготовка:

    Сварете го оризот и во водата додадете сол и ѓумбир. Доколку користите бел ориз, истиот гответе го 20 минути, додека за интегралниот ќе ви бидат потребни 40 минути готвење. Откако оризот ќе се олади, во садот додадете ги исечканите краставици, шунката и сите други зачини по избор, а потоа додадете го и сенфот, мајонезот и павлаката. 


    Целата смеса добро измешајте ја и истата украсете ја со китки магдонос или некоја друга декорација по избор. Секако, на крајот поканете ги најблиските и уживајте во јадењето! 

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2014 во 15:48
    ПРОЛЕТЕН РУЧЕК: САЛАТА ОД ОРИЗ И ТУНА

    Еден класичен ручек заменете со оваа богата салата, полна со зеленчук и зачини.

    Потребно: 
     900 г.сварен, изладен ориз
     400 г.процедени парчиња туна
     200 г.смрзнат грашок
     1 црвена пиперка бабура
     100 г.црни маслинки без семка
     1 лажица копар
     половина врзоп магдонос
     4 лажици лајт мајонез
     сок од еден лимон
     2 лажици масиново масло
     2 лажички сол


    Подготовка: 
     Туната додајте ја во оризот. Грашокот варете го 10 минути во врела вода, па процедете го и додајте го во оризот.

     Пиперката исецкајте ја на ситни коцкички, а маслинките на тенки кругови. Магдоносот исто така ситно исецкајте го. Сите состојки додајте ги кај оризот.

     Измешајте го мајанезот со лимоновиот сок, солта и маслиновото масло, па додајте го кај оризот и добро промешајте.

     Оваа салата е добра за сите кои внимаваат на линијата, а по желба можете да додадете и варни јајца, краставица, домат, рукола или било кој зачин.


    Изменето од Valerija - 01.Мај.2014 во 15:48
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2014 во 22:05

    ИТАЛИЈАНСКА КОМПИР САЛАТА

    4

    Состојки:

    • 500 гр компири
    • 300 сланина, исечкана на коцки
    • 4 домати, исечени на четвртинки
    • 1/2 главица кромид
    • 60 мл маслиново масло
    • 4 чешниња лук
    • 300 грама боранија, обарена
    • 1/2 лажиче оригано
    • 4 ливчиња ситно сечкан босилек
    • 60 грама ситно сечкан магдонос
    • сол и бибер

    Подготовка:

    Сварете те ги компирите  во зовриена и солена вода. Лукот и магносот ситно исечкајте ги. Кога компирите ќе бидат сварени, уште додека се топли излупете и исечете ги на четвртинки. Пропржете ја  сланината, додека да се стопи маснотијата. Компирите зачинете ги со сол, бибер и додадете ги преостанатите состојки : лук, кромид, домати, сланина, оригано, магдонос, боранија.

    Измешајте ја салатата убаво.

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2014 во 13:47

    Пролетно вкусно мезе: Попај салата


    Пролетта е прекрасно годишно време кое мораме да го искористиме за да јадеме што повеќе салати, а да ја избегнеме тешката готвена храна која е типична за зимскиот период. За денеска ние се одлучивме да ви понудиме вкусно мезе, кое со малку фантазија  и креативност може да ви биде и главен оброк.

    Потребни состојки:

    • 300 гр. свеж спанаќ 

    • 2 зелени салати 

    • главичка кромид 

    • 2 келераби или рукола 

    • мала шолја нерафинирано масло 

    • 2 лимона 

    • корен целер 

    • црн пипер 

    • домат 

    • малку пршута и коцки кашкавал или сирење

    Подготовка:

    Младиот свеж спанаќ се сечка и измешува со насечканата зелена салата. Кромидот се сече на тенки кругови, келерабата и целерот се чистат и се рендаат па сето тоа се соединува и зачинува со нерафинирано масло, сок од лимон и црн пипер. Салатата добро се меша и веднаш се служи, а пред тоа се ставаат парчињата пршута и кашкавал или сирење. Доколку сакате дресинг, тогаш можете во чинијата да си ставите малку павлака или мајонез.

    Пријатен апетит!

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223 26>
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,671 секунди.