IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Романија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Романија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
*MIMI* Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 17.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 12
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *MIMI* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2007 во 23:19
Jas licno imav mnogu loso mislenje za Romanija, ama prijatno se iznenadiv najveke od planinite, skijackite tereni i starite gradovi. Ima golem potencijal za eko turizam. Lugeto se mnogu fini i gostoprimlivi. Del od Romanskata kujna mnogu mi se dopadna kako na pr. salata de vinete.  Kaj nas pretezno se sirat ne tolku dobri mislenja za Romanija, no mene iskreno mi se dopadna. Ocigledno deka mnogu se investira i se razviva i toa ne samo Buk*rest tuku i drugite gradovi.
Eh da imase nesto sto ne mi se svigase... MANELE... mnogu losa turbo folk muzika sto strasno me iritirase изненадување
Pop muzikata e super. Dobri faci super spotovi
A jazikot e strasno tezok...тага 
Кон врв
jmama Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 30.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 14
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај jmama Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2007 во 17:50
Znaci vaka jas si pominav super.
Go vidov Buk*rest. Sinaja, Brasov, bevme i na ezeroto Snagov.
Buk*rest e prekrasen grad vo arhitektonska smisla.
Kralskiot dvorec Peles e definitvno mesto koe treba da se vidi.
 
Inaku e uzasno skapo.
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2007 во 16:16
Слушам разни кажувања. Од најдобри до најлоши. 
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
topsexy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
10-K-H-HOT

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3022
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај topsexy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2007 во 13:06
Brat mi bese letovo tamu i kaza deka ubavo si pominal,ali i ja sum bila ednas kako pomala
Кон врв
Филип-МК Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 23.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Филип-МК Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2007 во 22:53

Јас бев во Бук*решт, и тој е како Париз за мене, многу ме подсеќа на него. Западна Романија е сиромашна и нема ги многу градовите таму, а Источна, поготову од Бук*решт до Констанца е ехтра голема%20насмевка



Изменето од Филип-МК - 23.Ноември.2007 во 22:54
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2010 во 15:05
Буик*решт е метропола а не како Скопје, и затоа е убав град иако копија на старите европски градови...Еве и ние сакаме да градиме во барокен стил..?///
Инаку одличен е Бук*решт...Има многу убави градби...сршено%20срце
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2010 во 16:45
Замокот Поенари, Романија

Image

Да не ве лажат да го посетите замокот Бран во Романија за да го видите домот на злиот Влад Тепеш (инспирацијата за Дракула). Замокот Бран е само туристичка атракција и нема никаков доказ дека Влад Тепеш воопшто престојувал таму. Како и да е, недалеку од таму се наоѓа рушевината на замокот Поенари, вистинскиот дом на Влад. Бил подигнат на почетокот на тринаесеттиот век од првите владетели на јужна Романија. Околи 14 век, Поенари била главната цитадела на басарабската династија владетели. Во следните неколку декади името, како и сопствениците, се менувале неколку пати, за на крај местото да биде напуштено и оставено во рушевини. Во 15-от век, согледувајќи го потенцијалот на местото како замок на врвот на стрмна карпа, Влад Тепеш го реновирал местото, правејќи од него една од неговите главни тврдини. По неговата смрт замокот бил запуштен но се уште постои и е достапен за туристи. За да се стигнете до замокот посетителите треба да се искачат по 1500 скали. Замокот ја има репутацијата на едно од најопседнатите места во светот.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2010 во 16:39

Во земјата на Дракула



Романскиот “Холивуд“

Букви на планината, налик на оние во Холивуд ни најавуваат дека пристигнуваме во Брашов - местото каде ќе отседнеме за време на нашиот престој.

Сега мала доза факти - Брашов е главен град на истоимената општина во Трансилванија. На оддалеченост од 166 километри од Бук*решт и со популација од околу 290.000 жители, Брашов претставува значаен туристички центар. За тоа е најмногу заслужна локацијата на Брашов која го прави одлична стартна точка за повеќе туристички дестинации во Романија. Но, тоа не значи дека самиот град и неговата блиска околина не се доволно атрактивни. Имено, на 1.200 метри надморска височина, непосредно до Брашов, се наоѓа Поиана Брашов - најпопуларниот ски центар во Романија. Тука е и одлично зачуваниот стар град кој исто така е значаен за туристите.

Што се однесува до општината Брашов, истата е пример дека локалната самоуправа може да биде и плодоносна. По тешките времиња за народот во комунизмот, од 1991. година, преку новите закони и членови од новиот Устав, општините во Романија го започнуваат успешниот процес на осамостојување и развој.

Меѓу вкупно 41 општина, Брашов е една од најпросперитетните. Причина за овој напредок се бројните инвестиции (најчесто странски) како и фактот дека истата ги има најатрактивните туристички дестинации во Романија.

Едно од поголемите изненадувања за нас беа романските цени. Очекувавме дека во земја членка на ЕУ со просечна плата од 440 евра, и цените ќе бидат делумно повисоки од оние во Македонија. Но, наместо тоа наидовме на (повеќе или помалку) пониски цени. Облеката, такси превозот, пивото - со прилично пониски цени споредено со оние кај нас. Храната, било онаа во супермаркетите или рестораните, алкохолнте пијалоци и сместувањето, со цени* приближно исти или нешто пониски од македонските. Нагласуваме дека станува збор за туристички места во кои навистина е преполно со туристи од целиот свет (сетете се само на цените во Охрид за време на туристичка сезона :) ).

Забележавме и дека, наместо фаст фуд ресторани и ресторани во кои менито се состои од месо на скара како што е обично случај во Македонија (иако, таквата храна ни малку не е поврзана со нашата традиција), во Брашов, а и останатите места кои ги посетивме, акцентот е ставен на локална, традиционална храна која е кулинарско обележје на Романија. И верувајте дека местата на кои се служеше таква храна беа многу попосетени од неколку фаст-фуд ресторани.

* Се работи единствено за личен впечаток, односно за споредбата на цените не се користени официјални статистички податоци.

Но, доста со локални самоуправи и цени - да се вратиме на “естетиката“ :) Една од градбите во градот Брашов која се смета за еден од најзначајните симболи на градот, а и нам лично ни остави најголем впечаток е Biserica Neagra (во превод Црната црква). Готичката градба чија изградба започнала во доцниот 14 век оригинално била позната како Црквата на Св. Марија. Но, по пожарот подметнат од Хабзбурговците во1689 година, црквата претрпела големи оштетувања и го добила името Црна црква. Освен што претставува најголема и една од најзначајните Лутерански цркви во регионот, Црната црква е значајнa по ѕвоното тешко 6 тона (најголемото во Романија) како и по оргулата со импресивни 4.000 цевки. За жал, не можевме да ви приложиме фотографии од внатрешноста на оваа црква.

Интересна е и жичарата која води до планината Тампа, од каде има прекрасна панорама на градот и околните ски ресорти. Тука се наоѓа и “холивудскиот“ знак кој веќе го споменавме.

Се разбира, има уште многу места кои вреди да се погледнат во овој симпатичен град, без сиви облакодери и урбан хаос.

Луксузот на аристократијата

На 44 километри од Брашов во соседната општина, Прахова, го посетивме замокот Пелеш. Сместен во идиличен предел на Карпатите, Пелеш се смета за еден од најубавите и најлуксузни замоци во Европа. Неговата приказна започнува кога романскиот крал Карло 1, воодушевен од околната природа, решава таму да изгради замок. И тоа го прави прилично амбициозно.

По одбивањата на предлог проектите на бројни проекти, кралот се одлучува за германскиот архитект Вилхелм Додерер, поради што и надворешниот изглед е близок до германскиот нео-ренесансен стил. Изградбата започнала во 1873. година, а по официјалното отворање во 1883. година, разни измени и доградби продолжиле до 1914. година. Во целокупното градење и декорирање на Пелеш учествувале повеќе од 300 занаетчии ширум светот.

Дури и во тоа време замокот имал централно електрично греење, внатрешен лифт и правосмукалка. Но, со своите 170 соби (од кои само 10 се отворени за туристи), замокот се покажал како преголем за кралското семејство. Тврдејќи дека е невозможно да се живее во него и дека неговата големина и луксуз негативно влијаат на психата, кралот Фердинанд 1. и кралицата Марија се преселиле во помала реплика на главната зграда позната како замокот Шелитор, градена помеѓу 1889 и 1903. година од архитектот Карел Лиман.

Интересен податок е и тоа дека Чаушеску му го фрлил “меракот“ на замокот, сакајќи да го претвори во своја резиденција. Среќа, еден досетлив кустос одговорен за музејот, кој бил свесен дека власта има обичај да ги “празни“ и реновира ваквите градби, рекол дека замокот е зафатен со опасната печурка Serpula lacrymans (што било точно само за еден мал дел од дрвената конструкција) и дека е штетен по човековото здравје. Со оглед на хипохондријата на Чаушеску, ова било доволно тој да се откаже од замокот.

Не бевме во можност да ја фотографираме ниту внатрешноста на замокот, но можеме да го разбереме кралското семејство кое не можело да живее во Пелеш. Што е премногу, премногу е, макар тоа да е луксуз. :)

Домот на Дракула

По сјајот на Пелеш, се упативме кон по “мрачна“ дестинација - замокот Бран. Градбата позната и како замокот на Дракула се наоѓа во градот Бран и го привлекува најголемиот број на туристи во Романија.

Во тоа се уверивме и лично. Се чекаше во редица за да се влезе во замокот, а внатре едвај можевме да се разминеме со луѓето.

Ако очекувате нешто спектакуларно, овде нема да го најдете. Се разбира, вреди да се посети како историска градба, но во неговата внатрешност најчесто ќе гледате празни соби и ѕидови (благодарение, пред се, на комунистичкиот режим во чија власт потпаднал замокот во 1948. година, и кој бил систематичен во “празнењето“) и понекој предмет од владеењето на кралицата Марија.

Во 2006. година, романската влада му го доделува замокот на Арчдуке Доминик - архитект од Њујорк и син на принцезата Илијана (ќерка на кралицата Марија). Во 2007. година Доминик го дава замокот на продажба за 78 милиони долари, а се очекувало да достигне цена над 135 милиони долари.

Истата година комисија на романскиот парламент започнува истрага за враќањето на замокот на наследникот на кралското семејство, тврдејќи дека истото е нелегално, но Уставниот суд ја одбива петицијата на комисијата и одлучува дека се е изведено според законот и прописите.

Во 2009. година семејството на Доминик открива дека нема да го продаде замокот, туку ќе го претвори во историски музеј посветен на кралицата Марија и нејзиното семејство. Се разбира, одвоен и е простор за најзначајниот жител на замокот - Влад Тепеш, кого благодарение на делото на писателот Брам Стокер сите го знаеме како Дракула.



Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2011 во 22:59
Ништо посебно, не сум воопшто воодушевена од Романија,
кој би рекол дека се во ЕУхи,%20хи...
единствено позитивно беше тоа што си најдовме мотел во Бук*решт
за 10 е од вечер и тоа не беше некој крш мотел, туку собите беа одлично средени со тв и интернетда
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2015 во 11:33





БуК*решт
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.