|
Зен приказни |
Внеси реплика | страница <1234 15> |
Автор | |
kum
Сениор Регистриран: 06.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 3279 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ajde uste
dosadno e ova vreme nema nikoj na forumov |
|
JOIN THE FAMILY
|
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вистинска среќа
Еден богат човек го замолил учителот Сенгаи да напише нешто кое ќе донесе среќа во неговата фамилија, а ќе се пренесува од генерација на генерација. Сенгаи на големо парче хартија напишал - Таткото умира, синот умира, внукот умира - На ова богатиот човек многу се разлутил и рекол - Те замолив да напишеш нешто за среќата на моето семејство,а ти вака се шегуваш? Немав намера да се шегувам, одговорил Сенгаи, и му објаснил- Кога твојот син би умрел пред тебе, тоа многу ке те ожалости. Кога твојот внук би умрел пред тебе и твојот син, и двајцата ке бидете ожалостени. Но ако твојата фамилија умира по редот кој јас го запишав, тоа ке биде природен тек.Јас тоа го нарекувам вистинска среќа! |
|
Goddes of Chaos
Сениор Регистриран: 01.Април.2007 Локација: Ecuador Статус: Офлајн Поени: 337 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Coooooooooooooooooool..
keep up the good work
mudrost krijat kinezive
|
|
Narodot za najmudra kniga ja smeta onaa koja e najnerazbirliva za nego.-A.Hitler
|
|
kum
Сениор Регистриран: 06.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 3279 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
da ti kazam pravo vo pravo e sengai
|
|
JOIN THE FAMILY
|
|
CHOCO GIRL
Нов член Регистриран: 13.Септември.2007 Локација: Cuba Статус: Офлајн Поени: 15 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
da vo pravo e
luge ajde spijajte kasnoe
|
|
LOVLEY
|
|
kum
Сениор Регистриран: 06.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 3279 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
jas sum uste 2 saati tuka
|
|
JOIN THE FAMILY
|
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
може ли само да уживате во приказниве
Камениот ум Кинескиот учител Хоген живеел сам во мал храм во едно село.Кај него дошле четворица монаси кои патувале. Го замолиле да запалат оган за да се згреат.Додека работеле зборуале за субјективноста и објективноста. Слушајки ги Хоген им се доближил и им покажал голем камен велејки им. -Еве еден голем камен.По ваше мислење дали каменот е во вашиот ум или вон него? Еден од монасите одговорил - Па според будистичката гледна точка се е објективизација во мојот ум Тогаш мора главата да ти е многу тешка- рекол Хоген, штом во неа секаде влечкаш толкав камен |
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Капка вода
Учителот Гисан замолил млад ученик да му донесе вода во ведро, за да ја разлади топлата вода за капење. Ученикот донел ведро со вода, ја разладил топлата вода, но му останало уште вода во ведрото. Ученикот ја истурил вишокот вода на подот. Глупаку- му рекол Гисан. Зошто ја истури напразно водата кога можеше да ја искористиш за полевање на цвеќињата? Младиот ученик во тој миг го свати зенот.И го смени своето име во Текисуи што значи Капка вода |
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Месечината не може да се украде
Рјокан, зен учител живеел скромно во мала колиба во подножје на некое брдо.Една вечер во неговата колиба влегол крадец, но видел дека таму нема ништо вредно за да се украде. Во меѓувреме се вратил Рјокан и го затекнал крадецот. Му рекол - Можеби си минал долг пат да ме посетиш, и не би требало да си одиш со празни раце!Те молам земи ја мојава облека како подарок! Крадецот, изненаден, ја зел облеката и избегал. Јадник! помислил Рјокан за крадецот, додека седел гол и ја посматрал Месечината...-Сакам да можев да му ја подарам оваа прекрасна Месечина! |
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Највредна работа на Светот
Зен Учителот Созан бил запрашан- Која е највредната работа на светот? Глава од мртва мачка!-одговорил Созан Зошто баш глава од мртва мачка?- го запрашале пак. Затоа што никој не може да и ја одреди цената -одговорил Созан! |
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ништо не постои
Уште додека бил млад зен ученик, Јамаока Тешку одел од учител до учител. Стигнал и кај учителот Докуон. Сакајки да го импресионира учителот, младиот ученик рекол -Буда , Умот и чувствителни суштества на крајот на краиштата не ни постојат. Вистинската природа на сите појави е празнина, не постои ни спознавање, ни мудрост ни заблуди, ни просечност. Нема ни давање ни земање! Учителот мирно молчел и пушел. Изненадно, го удрил Јамаока по главата со своето бамбусово луле. Тоа многу го разлутило младиот ученик. -Ако ништо не постои- рекол Докуон- тогаш од каде дојде твојава лутина? |
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Каменот е најдобар молчелив пријател
Ова е приказна за двајца пријатели кои што патувале заедно низ пустината. Во еден момент, во текот на одењето почнале да се расправаат и едниот пријател му удрил тупаница на другиот. Удрениов се почувствувал навреден, но без да каже збор, напишал во песокот: “ДЕНЕСКА ДОБИВ ТУПАНИЦА ОД МОЈОТ НАЈДОБАР ДРУГАР” Продолжиле така да одат се додека не наишле на една оаза каде што решиле да се искапат. Оној кој што ја добил тупаница за малку ќе се удавел бањајки се, но животот му го спасил другиот. Кога дошол при себе оној кој што за малку ќе се удавел, изгравирал на еден камен: “ДЕНЕСКА МОЈОТ НАЈДОБАР ДРУГАР МИ ГО СПАСИ ЖИВОТОТ”. Пријателот кој му удрил тупаница го запрашал: “Кога те удрив - ти запиша во песокот, а сега гравираш на камен -”Зошто?” Пријателот му одговорил: “Кога некој ни прави лошо, треба тоа да го запишеме во песокот, за ветровите на проштевањето да го избришат”. Но, кога некој ни прави добро, треба тоа да го изгравираме на камен за да неможе ништо повеќе да го избрише!” НАУЧИ СЕ ДА ГИ ЗАПИШУВАШ “РАНИТЕ” ВО ПЕСОКОТ, А “СРЕЌАТА” ГРАВИРАЈ ЈА НА КАМЕН. Велат дека е потребно една минута да запознаеш посебна личност. Еден час за да научиш да ја цениш. Еден ден за да ја засакаш. Но, еден ЦЕЛ живот да ја заборавиш. |
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Така значи?
Зен учителот Хакуин бил фален од соседите како човек што живее невин живот. Блиску до него живеела една убава девојка чии родители држеле продавница за храна. Ненадејно, без било какво предупредување, нејзините родители откриле дека ќерката забременила. Ова ги налутило родителите. Девојката не сакала да признае кој е таткото, но по многу тормозења, сепак го именувала Хакуин. Во голема лутина родителите отишле кај учителот и го изнавредиле со најпогрдни зборови. Така значи? - било се што тој им рекол . Кога детето се родило, му го донеле на Хакуин. Тој веќе го загубил својот углед, што не го загрижувало многу, но мошне добро се грижел за детето. Добивал млеко од своите соседи и с é друго што му требало на детето. По една година, девојката - мајка веќе не можела да издржи. Им ја кажала вистината на родителите - дека вистинскиот татко на детето било едно момче што работело на рибниот пазар. Мајката и таткото на девојката веднаш отишле до Хакуин да го молат за прошка и искрено да се извинат, а и да го земат детето назад. Хакуин, бил услужлив. Отстапувајќи им го детето, се што рекол било: Така значи? |
|
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Razlikata pomedju Buda i Budala e samo edno "la" ...
|
|
PARADISE MACEDONIA
|
|
Внеси реплика | страница <1234 15> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |