IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование > Наука
  Активни теми Активни теми RSS - Научни вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Научни вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 14>
Автор
Порака
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2010 во 01:14
Црните дупки сами ја регулираат својата маса


Црните дупки чија маса се движи помеѓу 7 и 25 сончеви маси и кои исфрлаат силни млазеви од честички и зрачење се нарекуваат микро-квазари. Најниско на мерната скала на црни дупки според масата се црните дупки со стеларни маси, додека на спротивниот крај се супермасивните црни дупки, каде спаѓаат и оние во квазарите кои имаат милиони до милијарди пати поголема маса од сончевата. Новите истражувања од областа на црните дупки, укажуваат на тоа дека млазевите од микро-квазарите е можно да претставуваат дел од некакво нивно „тајно оружје“ за одржување на нивните облици одн. големини.

Опсерваторијата на НАСА за детектирање на рентгенско зрачење, Чандра (Chandra), за првпат забележа ваква интеракција во еден микро-квазар, лоциран во насока на созвездието Орел и оддалечен од нас околу 40 000 светлински години. Овој систем, со ознака GRS 1915+105 (или само GRS 1915), содржи црна дупка која има околу 14 пати поголема маса од онаа на Сонцето и која се храни со материјалот од соседната ѕвезда придружничка. А со процесот на спирализирање на материјалот кон црната дупка се формира и акрециониот диск.


Оптичко-инфрацрвената слика направена од страна на Digitized Sky Survey укажува на густото поле околу GRS 1915, лоцирано во близина на рамнината на нашата Галаксија. Зумирано во квадратот горе лево е сликата направена до страна на Чандра на GRS 1915, еден од најсветлите извори на рентгенско зрачење во Млечниот Пат.
чниот Пат.
Новото откритие ја открива битката помеѓу млазевите, од една страна, и врелите ветрови од материјата од друга, која спирализира надолу кон црната дупка формирајќи го таканаречениот акреционен диск. Така и млазевите и врелиот ветер исфрлаат материја од протокот (движењето на материјата од ѕвездата придружничка кон црната дупка) кој во спротивно би придонесол за растење на црната дупка. Во овој повторувачки процес, кога ветерот исчезнува, млазот се појавува повторно.

Стапката на акреција одн. забрзување е променлива, но поради содејството стапката на изливање на материјата останува константна. Набљудувањето на целиот овој процес ни дава за право да се посомневаме дека црната дупка е способна сама да контролира колку материја да конзумира (или да не конзумира) во секој даден момент. 

Иако само-регулацијата е честа тема во дебатите за супермасивните црни дупки, ова откритие претставува првиот јасен доказ дека таа е својствена и за црните дупки со стеларни маси како и за микро-квазарите. Иако микро-квазарите и квазарите се разликуваат во маса со фактори од милиони, се смета дека и тие би требало да покажуваат слично однесување кога ќе се земат во предвид нивните различни физички величини.

Временскиот интервал во кој се случува промената во однесувањето на една црна дупка би требало да варира во пропорционалност со нејзината маса. Така на пример, едночасовниот интервал на промена во GRS 1915 би кореспондирал со околу 10 000 години за супермасивна црна дупка која тежи милијарда пати повеќе од Сонцето. 

Со оглед на тоа дека е невозможно да се направат толку детални истражувања во единечен систем на супермасивна црна дупка, со проучувањето на црните дупки со стеларни маси како во овој случај, можеме да научиме исклучително многу за црните дупки во целина.


Изменето од Sunny - 02.Февруари.2010 во 01:15
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
vlad0 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Титула нема поради неплатени сметки

Регистриран: 18.Ноември.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 2263
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vlad0 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2010 во 10:21

Large Magellanic Cloud

еве нешто од на википедија, а еве и дел од соддржината:


The Large Magellanic Cloud (LMC) is a nearby irregular galaxy, once thought to be a satellite of our own.[3][4] At a distance of slightly less than 50 kiloparsecs (≈160,000 light-years), the LMC is the third closest galaxy to the Milky Way, with the Sagittarius Dwarf Spheroidal (~ 16 kiloparsecs) and Canis Major Dwarf Galaxy (~ 12.9 kiloparsecs) lying closer to the center of the Milky Way. It has a mass equivalent to approximately 10 billion times the mass of our Sun (1010 solar masses), making it roughly 1/10 as massive as the Milky Way, and a diameter of about 14,000 light-years.[5] The LMC is the fourth largest galaxy in the Local Group, the first, second and third largest places being taken by Andromeda Galaxy (M31), our own Milky Way Galaxy, and the Triangulum Galaxy (M33), respectively.

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2010 во 21:27
Originally posted by Sunny Sunny напиша:


Вода на Месечината

Научниците открија вода на Месечина, која ја создаваат соларните ветрови. Водата активно се движи по површината на Месечината, формирајќи се и разделувајќи се при мешање со честичките прашина. Научниците пронајдоа спектографски доказ за постоење вода, за која се чини дека е погуста на половите. Сепак кога се вели „вода на Месечината“ не станува збора за езера, океани, па дури ни бари.




Не дигајте галама непотребно, тоа е урината на Нил Амстронг голема%20насмевка

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2010 во 21:32
mozno e газење%20од%20смеење
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2010 во 21:36
ma si igra majtap!....ne e samo na nil....i od drugite posle nego e.намигнување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2010 во 00:09
Брза големо%20гушкање, не те познав, си се маскирал со тоа шеширчињата голема%20насмевка
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2010 во 10:36
ooo,изненадување evancho, pa kazi ti samo,...ke go skinam ednoto sheshirche.....za da me poznaesh !намигнувањеголема%20насмевка
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2010 во 17:35
Плутон ја менува бојата

Астрономите останаа вчудоневидени откако Плутон, последната планета во Сончевиот систем , започна да го менува својот изглед и местоположбата на нејзините замрзнати делови.

Новите фотографии од Хабл телескопот покажуваат дека бојата на „планетата-џуџе“ се менува, исто како и ледените слоеви.

Фотографиите кои во четвртокот, беа објавени од НАСА, покажуваат дека Плутон е поцрвен отколку што беше во последните неколку декади. Замрзнатиот нитроген на површината од планетата расте и се смалува, осветлува на северниот дел, а потемнува на јужниот.

-Малку е чудно да се видат овие промени кои се толку големи и толку брзи, вели астрономот Марк Биуе.

Од 1954-та до 2000-та година Плутон, не ја менуваше својата боја, но потоа црвените нивоа се зголемија за 20 до 30 отсто. Во периодот помеѓу 2000-та и 2002-ра нивоата повторно се стабилизираа.


P.S. Od 2007 godina navaka Pluton veke ne se smeta za planeta. голема%20насмевка


Изменето од Sunny - 10.Февруари.2010 во 17:37
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2010 во 17:40
Атмосферата на Земјата е вонземска
08.02.2010

Новото истражување откри дека гасовите кои ја формирале земјината атмосфера и океаните не потекнале од внатрешноста на Земјата туку од кометите и метеорите од кои таа била опсипана за време на Доцното обилно бомбардирање. До овие нови докази е дојдено преку тестирање на вулканските гасови, при што истражувачкиот тим откри јаснa метеоритскa трага во составот на вулканските гасови. Ваквите нови сознанија ги доведоа до зклучокот дека вулканските гасови, всушност, немале значителен удел во формирањето на земјината атмосфера и дека нејзиното потекло, а со тоа и потеклото на океаните, е поинакво, односно најверојатно можеме да го најдеме во периодот на доцното бомбардирање од гас и материја која била богата со вода и која по составот била многу слична со кометите.

Според зборовите на лидерот на проектот, научникот Др. Грег Холанд (Greg Holland), сликите во учебниците на кои е прикажана прастарата Земја со големи вулкани кои исфрлаат гас во атмосферата ќе треба да бидат ревидирани.

Според теоријата на Доцното обилно бомбардирање, внатрешноста на нашиот Сончев Систем, околу 700 милиони години по неговиот настанок, била затекната од ненадеен силен дожд од отпадоци материја од неговото формирање кој несомнено имал огромно влијание врз Земјата која тогаш штотуку се формирала. Доказите кои ги имаме за да ја поткрепиме оваа теорија засега потекнуваат главно од определувањето на староста на примероците од Месечината, што укажува на тоа дека најголемиот дел од камењата стопени при судари со метеорити (impact-melt rocks), се имаат формирано токму во овој тесен временски интервал. А поддршка за теоријата на Доцното обилно бомбардирање даваат и заклучоците од новото истражување за потеклото на земјината атмосфера.

Уметничка претстава на периодот на Доцното обилно бомбардирање

Истражувачите го анализираа криптонот и ксенонот во гасовите од горните обвивки на Земјата до кои дојдоа со земање на примерок од гасовитото поле Браво Доум (Bravo Dome) во Ново Мексико. Тие открија дека двата благородни гасови имаат изотопски траги карактеристични на материјата од раниот сончев систем која е слична со меторитите, а не со материјата која ја наоѓаме во денешните атмосфера и мориња. Со ова се дошло до заклучок дека благородните гасови кои изобилувале во внатрешноста на раната Земја не придонеле во подоцнежното формирање на нејзината атмосфера. На значењето на ова истражување додава и фактот дека тоа е прво кое го утврдува точниот состав на криптонот присутен во обвивката на Земјата поради употребата на специјалните инструменти кои можат да ги забележат суптилните траги во примероците од внатрешноста на Земјата, а кои досега не им биле на располагање на научниците.
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2010 во 21:09
МЕСИНЏЕР ја направи првата глобална мапа на Мерк*р


Глобалната мапа на Мерк*р направена од сондата МЕСИНЏЕР

Првата глобална мапа на Мерк*р објавена од тимот на МЕСИНЏЕР ќе биде клучна при набљудувањата на планетата кога МЕСИНЏЕР ќе влезе во нејзина орбита во 2011. Мапата е направенa со помош на сликите кои ги направи опсерваторијата при трите прeлетувања покрај Мерк*р, последното од нив во Септември 2009, како и фотографии од сондата Маринер 10 во 1970. Правењето на овој глобален мозаик претставува главно постигнување за сите во тимот на МЕСИНЏЕР. Со ова се отвора можност сондата повеќе да не биде само мисија во прелет туку да стане постојана опсерваторија на највнатрешната планета на Сончевиот систем.

Иако правењето на ваква мозаична мапа изгледа лесно, сепак е вистински предизвик да се направи картографски точна мапа од слики со различна резолуција (од 100 до 900 метри по пиксел) и услови на осветлување при прелетувањето на леталото со брзина од 2 km/ѕ. Мали несогласувања при насочувањето на камерата и променливоста на големината на сликите може да придонесат за помали грешки. Правењето на една ваква мапа бара високо специјализиран софтвер. Повеќе картографски експерти од Центарот за астрогеолошки науки работеле на одбирањето на контролните точки потребни за конструирање на финалниот мозаик користејќи го Софтверот за слики и спектрометри (ISIS). За оваа конкретна мапа биле одбрани 5301 контролни точки, секоја од нив се наоѓа на најмалку 3 слики (18 834 мерења) од вкупно 917 слики. По крајните проверки е заклучено дека грешките се многу мали и прифатливи и изнесуваат 1/5 од пиксел на 100 метри што е одлична точност. Штом леталото влезе во орбита околу Мерк*р тимот ќе има можност да направи подобрувања и целата планета ќе биде картографирана во уште поголема резолуција. Оваа глобална мапа е достапна за спуштање од интернет на сајтовите на USGS Map-a-planet и МЕСИНЏЕР.
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2010 во 21:12
Русија ќе испрати живот на Фобос

Незадоволни од потрагата по живот на Марс, Руската вселенска агенција Роскосмос и Планетарното здружение (The Planetary Society) наскоро ќе испратат живот од Земјата на една од Марсовите месечини, Фобос. Малите меѓупланетарни патници би вклучиле бактерии, спори, семиња, ракови, инсекти и габи, сè со цел да се дојде до сознанија како биолошкиот живот во различни форми ќе се справи со вселенското патување во период од три години.


Профил на мисијата Фобос-Грант. За поголема резолуција кликни на фотографијата.

Русија веќе подолго време врши најразлични биолошки вселенски тестови со иста цел. Еден од експериментите изведен во соработка со јапонски научници, вклучуваше прилепување на комарец за трупот на Меѓународната вселенска станица (ISS). Комарецот беше составен дел на проектот Biorisk при што научниците веќе имаа сознанија за способноста на инсектот да влезе во одредена хибернирачка состојба за време на сушите во Африка. Имено, африканскиот комарец може да ја претвори својата телесна течност во трикалорен шеќер, успорувајќи ги своите функции безмалку до комплетен застој. Кога повторно почнува да врне, кристализираното суштество се рехидрира и продолжува со својот животен циклус. При овој експеримент, Biorisk комарецот опстана 18 месеци на температура која варира од -150°C до +60°C. По враќањето на комарецот, научниците му извршија здравствен преглед при што заклучија дека е “жив и нозете му мрдаат”.


Biorisk комарецот, прилично задоволен со животот во Вселената

Овој експеримент, како и идните планирани од овој тип би овозможиле подобро разбирање на тоа како луѓето би преживеале во Вселената во подолг период (можност за ставање на идните меѓупланетарни астронаути во одредена биолошка состојба слична на кома), како и тоа дали е можно одгледување на храна, одн. различни култури за прехранување на астронаутите, надвор од Земјата.


Нашиот меѓупланетарен амбасадор и еден од најпознатите екстремофили - воденото мече (тип Tardigrada)

Американски-основаното Планетарно здружение планира да испрати мал пакет со 10 различни видови вклучувајќи водени мечиња, семе и бактерии. Главната цел на овој експеримент е тестирање на хипотезата за панспермија, според која се смета дека животот може да патува од планета на планета транспортирајќи се притоа со фрагменти од планетарен материјал. Најголемиот дел на биолошкиот примерок би се наоѓал во состојба на биолошко мирување, а тестовите би се извршувале по враќањето на Фобос-Грант на Земјата доколку примерокот се врати жив.

Русија, пак од друга страна, има многу поамбициозни цели со овој проект. Вселенската агенција планира да испрати цела мини зоолошка градина на Фобос. Руските експерименти би вклучиле ракчиња, ларви од комарци, бактерии и габи и би биле посебно насочени кон набљудување на влијанието на космичката радијација врз сите овие различни видови на живот за време на меѓупланетарното патување.



Секако, освен прашањата за етичноста за вршењето на вакви тестови врз животински примерок, постојат и одредени грижи за контаминација на месечината (во случајот Фобос-Грант да не се врати успешно од мисијата). Сепак шансите примерокот да опстане на месечината без атмосфера се минимални до никакви. Во секој случај, идејата за овој експеримент е револуционерна и од огромно значење за астробиологијата.
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2010 во 21:14
Нови размислувања за она што се случувало пред Големиот прасок

Со публикацијата на новиот математички модел, дело на физичарот Шон Керол (Sean Carroll) и професор Марк Камионковски (Marc Kamionkowski), може слободно да се зборува за она што постоело пред Големиот прасок (Биг Бенг) без тоа да звучи како лудост.

 
приказ на временската лента на космичката микробранова позадина (Cosmic Microwave Background односно CMB)


Според теоријата на инфлација (за првпат предложена во 1980), Вселената почнала да се шири експоненцијално веднаш по Големиот прасок. Меѓутоа недостатокот на оваа теорија е тоа што таа предвидува униформен почеток на Вселената. А со помошта на Wilkinson Microwave Anisotropy Probe (WMAP) се откриени и флуктуациите во космичката микробранова позадина, односно електромагнетното зрачење со кое била “поплавена” Вселената 400 000 години по Големиот прасок (во понатамошниот текст CMB), кои се околу 10% посилни на една страна на небото отколку на друга.

 
Мапа на CMB направена со помош на WMAP

Со тоа се потврдува аномалијата која се појавила во раната Вселена. Затоа наместо отфрлање на теоријата на инфлација, работено е на математичкото објаснување за нерамномерната “тежината на Вселената”. Едно објаснување, секако, е дека овие флуктуации се структура останата од нешто што претходно постоело во нашата Вселена.

Направени се математички обиди за проверка дали вредноста на единечното енергетско поле (за кое се претпоставува дека е предизвикувач на инфлацијата) се разликува на едната и на другата страна на Вселената. Овие обиди се завршени без поголеми резултати, бидејќи тимот научници откри дека со промена на средната вредност на инфлацијата доаѓа до промена и на температурата и на амплитудата на енергетските варијациите во просторот. Затоа се извршени и истражувања на второ енергетско поле, наречено искривување, чие влијание врз флуктуациите на CMB е претходно предложено како објаснување на аномалијата. Тимот го додаде и елементот на пертурбација кон искривувањето кое се покажа дека влијае само на варијациите на температурата варира од точка во точка низ просторот, додека нејзината просечна вредност останува иста.
Новиот модел предвидува повеќе ладни отколку топли предели во CMB што ќе биде и тестирано со Планковиот сателит (меѓународната мисија предводена од Европската вселенска агенција во соработка со НАСА која треба да стартува во април 2009).

Резултатите на тимот се клуч за подобро разбирање на инфлацијата со која е опишано ширењето на Вселената. Предвидувањата за него се потврдени, меѓутоа не се знае како е тоа започнало и колку долго ќе трае. Новите пресметувања се поглед во она што се случило во времето на инфлацијата, кое не е потполно објасниво, но во исто време и поглед во она што веќе постоело пред Големиот прасок, затоа што самата аномалија можеби е остаток и следи на она што се случило пред инфлацијата.
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2010 во 21:23

                                                               Откриена риба - вонземјанин?

Локалните жители од кинеското село Далуо во езерото пронајдоа риба за која се смета дека е вонземјанин. Експертите не можат да одредат за кој тип на риба која беше пронајдена во пештера под површината на водата станува збор.

Рибата има уста во вид на клун и црвени долги тенки мустаќи. Најчудно е тоа што очите и се наоѓаат во близина на устата.

Еден од раководните луѓе во селото изјави дека постарото локално населени во минатото раскажувало за чудните риби, но никој од помладата генерација ги немал видено.

Но, според него, длабоко во пештерата, позната како „Пештера на среќата“ биле фатени неколку примероци од оваа риба.

Мострите биле испратени да се испитаат во најблиската научна институција, но до сега никој не потврдил за каква риба станува збор. Сепак, постои и сомневање дека рибата не е дел од живиот свет на Земјата.

Наводно, водата од езерото овозможува долговечност, па поради тоа во неа можат да се забележат чудни креации.

Во оваа планинска област на јужниот дел на Кина според пописот од 2000 година имало 238.000 жители со над 74 години.

Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 08:33

Прва вселенска прошетка во новата година

Коментари (0)   
14.01.2010 13:52
 
 

Екипажот на Меѓународната вселенска станица излезе денеска во прва вселенска прошетка во 2010 година, јавија руските медиуми.

За време на вселенската прошетка, која ќе трае пет часа и 40 минути, руските астронаути Максим Сурајев и Олег Котов ќе постават кабли неопходни за интеграција на новиот модул Поиск на рускиот дел на Меѓународната вселенска станица.

Нивните колеги - Јапонецот Соичи Ногучи и американските астронаути Џефри Вилијамс и Тимоти Крејмер ќе ги надгледуваат „вселенските шетачи“ од станицата.

Новиот руски модул Поиск, кој има маса над 4.000 килограми, димензии 2,6 на 4,6 метри и зафатнина од 12,6 кубни метри, лансиран е во ноември 2009 година, осум години по лансирањето на модулот Пирс.

Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.