IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Вечерва, да те прашам...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вечерва, да те прашам...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2008 во 03:36

zidarski, немој да чекаш Бог во сон да ти се објави и да ти каже што да направиш за Него. Доволно ќе направиш за Него ако ги пазиш Неговите заповеди што се напишани во Неговиот Збор - Библијата. Исполнувај ги тие заповеди и ќе правиш богоугодни дела.

Љуби го Бог, љуби го својот ближен, проповедај го евангелието, прави Христови ученици, поучувај ги луѓето на она што Христос ни заповедал, земај редовно причест, изврши библиско крштевање (ако не си го направил тоа), не изостанувај на редовните состаноци на црквата, не враќај зло за зло, биди сол и светлина каде што се наоѓаш, држи се до Словото, до изворното христијанство итн. ако ги правиш овие работи, Бог ќе биде презадоволен од тебе.
 
"Ќе останете во Мојата љубов, ако ги запазите Моите заповеди"
(Исус во евангелие по Јован 15:10)
 
п.с. Azrael, сега приметив колку сме јас и ти едномислени. Очигледно еден ист Дух не спојува големо%20гушкање


Изменето од EvAngelos - 07.Септември.2008 во 03:38
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2008 во 04:39
Значи со проповедање, со љубење само на ближниот, со одење в црква и со неправење лошо е доволно...?
А не со правење на делата, со помагање на сите, со подобрување на светот?
Јас погрешно сум го разбрал тогаш следниов текст:

44 А Јас ви велам: Љубете ги своите непријатели и молете се за оние, кои ве гонат;

45 за да бидете синови на вашиот Татко, Кој е во небесата, Кој прави Неговото сонце да изгрева над злите и над добрите, и дава дожд на праведните и на неправедните.

46 Зашто ако ги љубите оние, кои ве љубат вас, каква награда имате? Зар и цариниците не го прават тоа исто?

47 И ако ги поздравувате само своите браќа; што правите особено?Зар не го прават истото и цариниците?


Изменето од zidarski - 07.Септември.2008 во 04:42
Do what is right, come what may...
Кон врв
misterX Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај misterX Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2008 во 13:51
За да му помогнеме на Бога, сите ние треба да излеземе од нашите цркви, џамии си други свети храмови и она што го научивме таму да почнеме да го применуваме во пракса. Ако добрината ни е единствениот “колач на послужавникот“ со кој ќе му пријдеме на “гостинот“ кој не е како нас, тогаш Аллах ќе биде задоволен.
Она што денес му се случува на човештвото е сосема различно од она на кое алудираат сите религии. Наместо слобода и среќа насекаде војни и страдања. Ние тука зборуваме за идеологии и идеали ама заборавивме како изгледа реалниот живот. Понекогаш помислувам дека голем дел од форумџиите тука кога ќе ги изгаснат своите компјутери и ќе излезат на прошетка, некаде низ своите маала, длабоко се разочаруваат соочувајќи се со слика поинаква од онаа која што ја имаат проектирано некаде во своите “религиозни глави“.
Мислам дека денес Исус -Иса а.с ни е потребен повеќе од било кога. Мислам дека денес сите божји пратеници ни се премногу лути затоа што многу малку спроведуваме од она за кое тие ни зборуваа и не учеа. Што да направиме за бога? За него треба да го направиме она што тој ќе го направи за нас доколку не го заборавиме во ниеден момент од денот.

ЈАс како муслиман ќе си кажам што се ми смета кај муслиманите и што треба да смениме за да му помогнеме на Аллах и да си помогнеме самите на себе:
Како прво денес муслиманите ги заборавија првите к*рански пораки дека секој од нас треба постојано да учи. Образованието е на лошо ниво иако државата ни нуди секакви услови за да станеме образовани. Женските деца не секогаш имаат исти можности да се образуваат и да бидат рамноправни членови на ова наше општество(затоа многу христијани ни се потсмеваат на ова и тоа го поврзуваат со к*ранот т.е сметаат дека тоа ни е порака од него). Заборавивме дека не треба да се расфрламе со нашето богатство додека нашиот комшија нема основни средства за да преживее. Денес некои луѓе трошат иљадници евра на забави и веселби, луксузни коли, куќи а нивни најблиски роднини живеат од социјална помош. Не се води војна против оние кои поради некои бизнис групи сите нас муслиманите не ставија во исти кош со терористите. Најмоќните и најбогатите луѓе на светот се “муслимани“ кои своите средства ги користат за да купуваат фудбалски тимови и скапи “играчки“ додека оние со кои тргуваат ни го претворија народот во еден неписмен “лесно запаллив материјал“ кој за секунд може да избувне и да прерасне во “фундаменталист“ кој е страв и трепет за светот. Исламската заедница се занимава со политика а не со ширење на вистината. Се испотепаа кој да бил главен и дали требало да се зборува на албански или на турски. Демек во македонија исламот им припаѓа само на албанците или турците. Кога гледам вакви работи секогаш се прашувам дали воопшто сите ние имаме право да се нарекуваме муслимани? Дали одењето во џамија само еднаш во неделата или пак двапати во годината ќе ни помогне да ја разбереме суштината на к*ранот? Дали пак и оние кои се молат секојдневно а се пасивни во практикувањето и пренесувањето на Аллаховите зборови се вистински верници? Земјава ни е преполна со луѓе кои страдаат ама ние си мислиме само на себе и своите потреби. Ќе дојдат избори и секој од нас си има свој политички бог на кој му верува повеќе од себеси. За една плата и работа се продадовме и го изгубивме своето човечко достоинство. Денес насекаде околу мене ја слушам паролата “Абе гледај тебе да ти е добро, денес не треба да веруваш никому па ни на сопствениот брат“, Многу често се слуша и реченицата“земај додека можеш, зошто ако не земеш ти ќе земе некој друг“. Се прашувам до кога вака? До кога ќе не толерира бог? Па тешко него со вакви луѓе како нас.
И секој ден по 24 саати да се молиме, бог нема да знае што точно бараме од него. Единствена шанса да се подобри нешто е да почнеме да си ги менуваме навиките и да го применуваме она што го учиме во светите книги. Нема тука подобри и полоши, секаде е исто и христијаните и муслиманите имаат исти проблеми а државата ни тоне. Еве јас сум “среќен“ што добив работа и имам шанса да не живеам од социјална помош како некои мои сограѓани. Но морам да ви кажам дека воопшто не сум среќен поради тоа што барем за работа неморам да се грижам. Воопшто не ми е убаво затоа што насекаде околу мене луѓето се несреќни и збунети. Насекаде се чувствува омраза. Луѓето размислуваат како ВМРОВЦи или Комуњари а понекаде и некој кој држи до некои кои не се толку силни и моќни но се надева дека еден ден ќе дојде и неговото време.
И сега повторно си го поставувам прашањето Како да му помогнеме на бога?
Ќе тргнам од себе за да си го најдам одговорот а ќе започнам со тоа што ќе пробам да бидам подобар, да им помагам на оние кои се немоќни и да не заборавам дека Аллах е единственото добро кое треба да го поседуваме.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2008 во 14:24
Dobar komentar misterX.

Odsekogash bilo taka, ne se gleda religioznosta spored pripadnosta na nekoja institucializirana i organizirana religija, tuku spored delata i svesta sto stoi pozadi niv.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2008 во 15:45
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Значи со проповедање, со љубење само на ближниот, со одење в црква и со неправење лошо е доволно...?
А не со правење на делата, со помагање на сите, со подобрување на светот?
 
zidarski, јас во мојот коментар наведов повеќе Христови заповеди отколку што ти наведуваш и плус додадов едно итн затоа што ме мрзеше да направам детална листа на сите Христови заповеди во Библијата.
Друго, во заповедта "љуби го својот ближен" се содржани и заповедите "помогај на сите", не кради, не лажи, не убивај итн. затоа што ако го љубиш својот ближен, ти ќе му помагаш, нема да го крадеш, лажеш, убиваш итн.
трето, христијаните треба да се трудат да го подобруваат светот, но не смее тоа да им биде финална цел и да се залажуваат дека со нивното влијание ќе ја постгнал "златната епоха", затоа што на христијаните епилогот на земјата им е познат уште од први век и тие знаат дека и покрај нивниот труд, светот ќе врви кон полошо се до катастрофалната армагедонска војна, после која што Христос ќе интервенира и конечно ќе го воспостави милениумот и ќе го подобри светот.
Хуманитарната дејност е една од задачите на христијаните, но таа не е број еден. Има многу хуманитарни заедници што ги вршат тие услуги, но никоја од нив не ја проповеда пораката која што не им ја одложува само смртта на страдалниците и болните, туку им дава вечен живот.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.