IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Аикидо
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Аикидо

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 25>
Автор
Порака
makoto Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 13
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makoto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2009 во 15:34

Abe krste kaj go snema?



Изменето од makoto - 04.Февруари.2009 во 15:35
чесност...
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2009 во 17:42
Педагошки против повреди,културно против насилство.Моќта на говорот е појако оружје и од оружјето на насилието.А,лостови,центар на вртење потенцијална и кинетичка енергја... се дело на научниот пристап кон спортовите.
Љубов и само љубов
Кон врв
Опашчки Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 05.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опашчки Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2009 во 13:23
Се сложувам со Дак.Науката треба да си заземе место во спортовите и боречките вештини,инаку сето тоа е само теоретизирање без аргументи и факти.Затоа и постојат факултети,универзитети,академии и сл.
Кон врв
osavkov Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 62
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај osavkov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2009 во 13:24
Originally posted by Дак Дак напиша:

Ме интересира колку години егзистира вештината Аикидо кај нас во Македонија?Има ли признаени-потврдени наши аикидо тренери (мајстори)? Не сакам да спорам и навредувам,туку од чиста радозналост.


Еве малку историја на аикидото во Македонија...
- Ме привлекуваше нешто ново, тогаш, во 1975 година, беше формиран првиот аикидо-клуб во Македонија - Скопје. Тренер беше белграѓанецот Божидар Станковиќ, врвен мајстор во овој спорт. (Љубомир Михајловски-Џанго, поранешен министер за внатрешни работи, во интервју за Утрински весник, 16.10.2006)
- Во џудо клубот во Битола во 1977-1978 одржуваше тренинзи, белграѓанецот Христо Јанчуловски, во тоа време во војска во Битола.
Овој период е веројатно интересен, но имаме малку информации и ако некој има повеќе информации за тоа, би било убаво овде да ги објави.
Овие датуми би можеле да се сметаат за први почетоци на претставување на аикидото во Македонија иако веројатно од тој период малку луѓе се задржале во аикидо тренингот, се до девеесеттите години и првите семинари на Љ. Врачаревиќ во Македонија.
Во Куманово, декември 1995 год. се одржал семинар со српски инструктори.
Г-дин Мустафа Ајѓун, во Македонија, во Битола, прв пат одржа аикидо семинар во 1998-ма година. Од 1998-ма година до денес, Ајѓун Сенсеи одржа повеќе од 30 аикидо семинари во Македонија и има голем придонес во развојот на нашето аикидо, аикидо инструкторите, аикидо клубовите и формирањето на Македонската Аикидо Асоцијација.
Во овој период во Скопје почнува со работа аикидо клуб кој го води г-дин Даниел Димитров од Бугарија. Денес, членови од тој клуб, водат свој аикидо клуб во соработка со г-дин Христо Михајлов исто така од Бугарија.
Во 2001-2002 во Охрид започнува да се работи аикидо според методологија на тоа што денес се нарекува Ивама Рју аикидо.
Во 2006 год. во Скопје првпат гостува г-дин Микеле Кваранта од Швајцарија и денес два аикидо клубови од Скопје и Куманово соработуваат со него и ја формираат Македонската Аикидо Федерација.
Овде значајно е да ги споменеме и јапонските инструктори кои го помагаат развојот на аикидото во Македонија во последниве години.
Во 2004 и 2006 год. во Македонија одржува семинари г-ица Муцуко Минегиши.
Во 2004 во Македонија одржува семинар инструктор од главниот клуб на Аикикаи Фондацијата, Јошиаки Јокота Шихан.
Во 2006 и 2007 год. семинари со Коичи Ториуми Шихан исто така инструктор од главниот клуб на Аикикаи Фондацијата.
Секако овде треба да им заблагодариме на сите аикидо ентузијасти од Македонија кои со својот труд, овозможија сето ова да се случува и повеќе луѓе да се запознаат со оваа прекрасна боречка вештина.

За другото што прашуваш, дали има потврдени и признати аикидо мајстори во Македонија, ќе го кажам ова:
Јас не би го употребувал овде зборот "мајстор", тоа би била субјективна категорија, но во овој момент, колку што мене ми е познато (ако некој има посвежи информации нека ме исправи), дипломи за црн појас или Дан степен во аикидо, признати и регистрирани од аикидо организација со неспорен кредибилитет, Аикикаи Фондацијата - Хомбу доџо, од Токио , Јапонија, се следните:
Во Македонската Аикидо Асоцијација има 4 носители на 2. Дан и 3 носители на 1. Дан.
Во Македонската Аикидо Федерација има 2 носители на 1. Дан.
Во независен клуб од Куманово 2 носители на 1. Дан.

И тоа би било се, засега! среќа 

поздрав
Љ. Ошавков
kenbukan.org.mk



Изменето од osavkov - 06.Февруари.2009 во 16:52
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2009 во 14:22
Благодарам за исцрпната информација,а исто така благодарам за фотката на оригиналната диплома од Дамјан.Мислам дека сето тоа треба да се забележи во јавноста,(како не би се доаѓало до судир со т.н ре.аи.).И мислам дека секој може да си најде она што му се допаѓа.Се гледа дека во МАА има поголем број на тренери од повисок степен.Постои ли можност тие да организираат (мислам конкретно на нив), некаква школа за аикидо(семинар)како би знаела јавноста за што се работи(мислам оти знаеме како работат странците,додека нашите ги нема никаде).Мислам дека со таков потенцијал на тренери би можело да се направи нешто(не мислам на секојдневни тренинзи).
Поздрав.
Љубов и само љубов
Кон врв
Љупчо Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 22
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Љупчо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2009 во 15:34
Немав намера да се вклучувам во дискусиите околу Аикидо.Но,мислам дека е потребно да го изложам својот став.Имено,со Аикидо се занимавам од 1992г.(учејки од книги и видеокасети) Се сложувам и со Ошавков(со кој се знаеме уште мн.одамна `95),а и со Дамјан со кој сум во Македонска аикидо федерација.
   Интересно е излагањето на историјските факти(посебно за оние во `70-тите год,бидејки не ги знам).Но,Ошавков има направено грешка(сигурно печатна).Да,точно е дека во Куманово гостува инструктор од Србија (тогаш Сој.Југ., и тоа тогашен потпредседател на Аикикаи Југ.)и тоа точно 8-9 декември 1995г.кога е одржан семинар (за првпат во самостојна Македонија).А,официјално регистриран аикидо клуб во 1993 е Ак „Куманово“.Континуитетот што се спомнува за српските инструктори не го продолжуваат „двата клуба“,туку клуб кој се изроди од мојот асистент
(и кој сега е под САФ-`05г.кој клуб во почетокот не можев да го прифатам бидејки ми го рушеше кредибилитетот,
но подоцна сфатив дека мојот ученик_кој добро го познаваш,„прераснува“ во мајстор,па така се сложив со себе си дека Аикидо е за секого) .Не би сакал да споменувам некои податоци кои би биле субјактивни,но сепак Аикидо како традиционално (изворно,класично),званично датира од 1995.Како што е познато поради познатите причини Аикидо како такво не можеше да се развива.А,за соработката со српски инструктори,се тоа се правеше од едноставна причина поради стекнување на валидни ,признаени сертификати од страна на Аикикаи фондацијата во Јапонија.И,впрочем како што се случи со вашата аикикаи организација,каде преку турски инструктор се здобивте со сертификати,така и јас бев приморан да се повинам на некои сегрегацијски правила и да се стекнам со таква диплома.Но,никогаш не сум сакал да се повинам на правилата од некоја организација која нема кредибилитет за сертификати на територија на Македонија.За соработката со Микеле...тука е неспорен фактот,оти човекот работи по добра методологија,што мене ми остави мн.подобар впечаток и од српските,и од турските и од др, инструктори.Мене лично ми се допаѓа методологијата на Икеда,бидејки и самиот како лице од физичка култура,истражував во доменот на методологијата на Аикидо.
Не би сакал ова да се сфати како полемика или нешто друго.Уште еднаш се извинувам ако некого сум навредил,сето ова ми беше излагање во интерес на историјскиот осврт(за кое имам се документирано).
Се надевам дека нема да разбранувам ионака матни води во Аикидо светот.
Со почит кон сите што вежбаат Аикидо без оглед на стиловите.
   Поздрав
Кон врв
DamjanC Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 98
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DamjanC Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2009 во 15:44
Поздрав Љубиша,

Редно беше и тебе да те прочитаме овде.

Се гледаме наскоро на семинарот, поздрав!
Кон врв
osavkov Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 62
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај osavkov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2009 во 17:17
Поздрав Љубиша,

Мојот претходен пост беше обид накратко, хронолошки, објективно да претставам некои случувања кои претходеа на оваа наша аикидо сегашност и да одговорам на прашањето на Дак.
Значи, јас напишав дека во Куманово се одржал семинар во 1996, а ти велиш декември 1995. ОК! Поправено е веќе! среќа
Другото што си го напишал за интерперсоналните и интеринституционалните односи....не ми е многу познато, а и баш не ме интересира! среќа
Молба до сите, вака или онака инволвирани во аикидото, доколку имате други и поточни информации, повелете и просветлете не! среќа

Поздрав!
Љ. Ошавков
kenbukan.org.mk



Изменето од osavkov - 07.Февруари.2009 во 13:45
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2009 во 18:21
Ме интересира,доколку едните добиваат дипломи од една,други од друга организација,трети од трета и тн.,како ли ќе изгледа ако еднаш се оди кај едните,а еднаш кај другите,дали ќе се стекне со некаква диплома ученикот?Бидејки за мене сите сте еднакви.Значи ли дека секој си прави што сака?
Љубов и само љубов
Кон врв
DamjanC Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 98
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DamjanC Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2009 во 02:20
Па, оние кои сериозно сакаат да се занимаваат со аикидо, сосема е природно да „прошетаат“ низ сите клубови кои им се достапни и да си одберат каде ќе вежбаат и што за нив ќе има кредибилитет. А дипломите (мислам на парчето хартија) во претходно набројаните клубови и федерации се исти. За жал, тие исти дипломи не гарантираат исто ниво на знаење, бидејќи не работат сите според иста програма за учење и полагање. Тоа, според мене е пропуст на врвот на организацијата. Ама, како е, така е. Тоа прави разните учители да имаат повеќе слобода и да биваат ценети или не од нивните ученици.

А како што не се сите луѓе исти, така и секој аикидока е различен. Па оттука, и секој учител по аикидо е различен. И кога некој бара да учи аикидо, веројатно најважно е да му се допаѓа како учителот ќе му предава. И да, секој ќе си најде нешто за себе. Различни афинитети има по светов... среќа

Изменето од DamjanC - 07.Февруари.2009 во 02:30
Кон врв
osavkov Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 62
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај osavkov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2009 во 14:18
Originally posted by Дак Дак напиша:

Ме интересира,доколку едните добиваат дипломи од една,други од друга организација,трети од трета и тн.,како ли ќе изгледа ако еднаш се оди кај едните,а еднаш кај другите,дали ќе се стекне со некаква диплома ученикот?Бидејки за мене сите сте еднакви.Значи ли дека секој си прави што сака?

Ако ова "секој си прави што сака?" се однесува на тоа дека секој ќе го направи својот избор на учител, клуб или организација врз основа на своето искуство, афинитети и мотиви, тогаш ДА, секој прави што сака! среќа
Ако твоето прашање за дипломите и одењето од една во друга организација беше за тоа дали тие дипломи и стекнатиот ранг би се признале во друга организација, тогаш одговорот би бил дека тоа зависи како од организацијата, клубот или учителот, така и од ученикот чиј ранг би требало да се признае.
Македонската Аикидо Асоцијација, мојот клуб и јас лично генерално би го признале актуелниот ранг на ученикот, доколку тој доаѓа од клуб или организација која ги практикува Аикикаи стандардите, независно од методологијата на тренинг.
Но, доколку доаѓа од друга вештина или друг систем тогаш сигурно е потребен подолг период на адаптација.
На пример, имам ученик, во моментов 1.Кју Аикикаи, кој во мојот клуб дојде како 3.Кју од друга вештина, "реално аикидо" и кој уште на почетокот се согласи да го започне својот тренинг од почеток и неговиот прв испит беше за 5.Кју.

поздрав
Љ.Ошавков
kenbukan.org.mk
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2009 во 15:55
Да,се разбравме.Благодарам многу osavkov,и ве молам не си реплицирајте едни на други
Љубов и само љубов
Кон врв
aikido master Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 26.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aikido master Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2009 во 01:13
Не сум сигурен дали добро ве разбрав.

На каков начин сте ги добиле диплломите затоа што Љупчо беше нејасен на начинот за добивање на дипломите

И колку само да знаете во Реално Аикидо сите дипломи се исти и вредат исто и во Македонија и низ цел свет.
Кон врв
Љупчо Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 22
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Љупчо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2009 во 09:04
Уште еднаш да не се ствара забуна......Сите дипломи верифицирани од Aikikai-hombu dojo,Јапонија,на територија на македонија се со неспорен кредибилитет (оти без нострифицирани сертификати во седиштето на светската аикикаи организација,нема регистрирање на носители на дан степени).Не стануваше збор за дипломи,туку за нашите учители-представници на клубовите како ментори за стекнување(полагање)за дан степен(кои во нивните матични организации се со висок Дан степен,4,5,6 дан.).
   Можеби сум нејасен за оние кои се релативно кратко во аикидо(да не речам „тазе“),но со другите мислам се разбираме.Жал ми е што ме сфативте како нападен,и им се извинувам и на Ошавков и на Дамјан поради разбурканите води(не сакав да ме сфатат како „не е тоа така-вака е“).
   А,за тоа како го викате.....„реално“аикидо....мислам дека не стануваше збор.Не би сакал да коментирам оти за „реал“аикидо најдобро знаат луѓето кои учествуваа во развојот на настаните околу аикидо кај нас (мислам на периодот од 1993-1995),а понатаму само посебе е...политика.Неблагодарно е да се коментираат настаните,а без да се земат во обзир луѓето кои дадоа мн.поголем придонес за аикидо (било како и да се викаше тогаш),пред се мислам на луѓето од Битола,кои предходеа да се формира првиот Аикидо сојуз(1995),за да подоцна некои од нив ја формираат МАА.За дипломите од „реал-Врачар аикидо“....немам коментар.Исто се однесува и за сите други организации.Конечно....луѓе,сфатете дека сеуште сме на почетокот на осознавањето за Аикидо,ниеден сертификат не би смеел да се подценува,преценува,деградира,и т.н.(сепак е тоа парче хартија),но на некој можеби живот му значи.
      Камо среќа ние во Македонија да имаме своја организација која би ги обединувала сите ...аикидоки кои навистина го сакаат аикидо (без оглед на стилови;што би се рекло колку луѓе толку стилови).
     Ова е мој личен став или како што е кажано интерперсонален и интеринституционален сооднос за и околу аикидо.Би ве вратил на темата Аикидо,не за оспорување,туку за унапредување на Аикидо,говорете малку околу филозофијата во аикидо,околу психологијата,техниките,....да се осознае стручноста за аикидо тренерите.
Поздрав.
„Ништото секогаш во себе содржи се`“.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 25>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.