IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Салати
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Салати

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 26>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2011 во 05:38

Салата од зелка со киви

Потребно:

* 200 г свежа зелка
* 2 моркова
* 2 киви
* сок од 1 лимон
* 1 лажица мед
* сол
* бибер
* 1 лажица маслиново масло

Приготвување: исечете ја исчистената зелка на тенки резанки. Исчистете ги морковите и изрендајте ги на крупно ренде. Посолете ги зелката и морковите. Излупете го кивито и исечете го на тркалца. Измешајте го сето тоа, па прелијте го со маринадата. За маринадата, измешајте го маслото со медот, додајте го сокот од лимон, па зачинете со сол и со бибер. Така подготвената салата оставете ја да отстои еден час, па сервирајте ја.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2011 во 16:12

Салата со мајонез

Потребно:

* 4 тврдо варени јајца
* 1 китка младо кромитче
* 200 г мајонез
* сол по вкус

Приготвување: јајцата исечете ги на поголеми коцкички, па во нив додадете го младото кромитче исечено на тркалца. Сето тоа добро измешајте го со мајонезот. Салатата посолете ја по вкус и пред да ја послужите добро изладете ја.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2011 во 18:46


Изменето од Valerija - 04.Април.2011 во 18:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2011 во 18:49
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2011 во 05:19

Салата од моркови

Потребно:

* 500 г моркови
* 1/2 китка магдонос
* 5 лажици вински оцет
* 5 лажици масло
* сол
* 1 главица кромид

Приготвување: излупете ги морковите, па измијте ги и изрендајте ги. Исчистете го кромидот и исечете го на тенки резанки. Вака подготвените моркови и кромид зачинете ги со солта, оцетот и маслото, добро измешајте ги и пред да ја послужите салатата, украсете ја со ситно сечканиот магдонос.

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2011 во 08:35
 
 Ги обожавам   сите  зеленчукови  салати ....среќа
но без мајонез и за мене непознати додавки на зачини....голема%20насмевка
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2011 во 14:02

Салата од тестенини

Потребно:

* 240 г тестенини
* 2 китки младо кромитче
* 100 г чадена сланина
* 200 г печено пилешко месо
* масло
* сол
* бибер

Приготвување: исечете го исчистеното младо кромитче на тркалца, па пржете го со сланината исечена на коцкички. Потоа додајте го исечканото пилешко месо, добро измешајте го сето тоа и динстајте го околу 20 минути на тивок оган, во поклопено тенџере. Сварете ги и исцедете ги тестенините, па измешајте ги со подготвениот сос.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2011 во 07:51

Салата од печен зеленчук

СОСТОЈКИ
• 2 модри домати
• 2 црвени пиперки
• 1 виолетов кромид
• лимон
• 6 чешниња лук
• 200 гр мали домати
• 50 гр црни маслинки, без коски
• 1 гранче босилек
• 150 мл маслиново масло
• сол и бибер

ПОДГОТОВКА
Зеленчукот (модрите домати, пиперките и кромидот) исечкајте го на мали коцкички (1.5 – 2 см). Модрите домати ставете ги во сад, попрскајте ги со сок од половина лимон, посолете ги, натопете ги во вода и оставете ги половина час за да го исфрлат горчливиот вкус. Потоа, исцедете ги, додадете во нив пиперка, кромид и 100 мл маслиново масло и убаво измешајте ја смесата. Зеленчукот ставете во тава за печење и во претходно загреана рерна на 200°С. Се пече 25 минути (додека не омекне).

Откако ќе биде готово, извадете го од шпорет и оставете да се излади. Подобро е да го префрлите во сад за салата и да го ставите во фрижидер. Додека се лади, во висок и тесен сад можете да ги ставите преостанатиот сок од лимон, маслиново масло, исечканиот лук, сол и бибер и сето тоа убаво да го измешате.

Врз изладениот зеленчук се ставаат малите домати исечкани на пола, црните маслинки, преливот. Потоа салатата нежно измешајте ја и посипете ја со босилек.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2011 во 07:57

Салата со портокал и мисирка

СОСТОЈКИ
• 100 гр рукола
• 100 гр зелена салата
• 100 гр мотовилка
• 250 гр чадено мисиркино месо
• 2 портокали

ПРЕЛИВ
• 2 лажици Vegeta Twist салата
• 50 мл вода
• 2-3 лажици лимонов сок
• 1 лажичка оцет балсамико
• 50 мл масло за јадење

ПОДГОТОВКА
Исчистете и измијте ја мотовилката, руколата и зелената салата. За да го подготвите преливот, измешајте ја Vegeta Twist со вода, ломонов сок и оцет балсамико. Смесата оставете ја да отстои 10 минути, а потоа додате го маслото.

Месото од мисирка насечете го на тенки листови, а портокалите излупете и одвојте ги на парченца.

СЕРВИРАЊЕ: на поголема чинија наредете ги залените салати, прелијте со сосот за салати и на крајот наредете ги листовите месо и парчињата портокал.

По желба, месото од мисирка можете да го исечете на резанки, додека портокалот можете да го замените со праска

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2011 во 08:00

Салата со спанаќ, боровинки, кромид и лешници

 

СОСТОЈКИ

за салата
• 2-3 главици виолетов кромид, ситно исечкан
• 600 гр спанаќ
• 2 круши, излупени и пресечени надолжно на тенки парчиња
• 40 гр суви боровинки
• 85 гр лешници, крупно насечкани

за сос
• ½ голема шолја маслиново масло
• 2 големи лажици оцет балсамико
• 2 мали лажици сенф
• 1 мала лажица шеќер
• 1 мала лажица морска сол
• бибер, свежо измелен

ПОДГОТОВКА
За да го подготвите сосот, потребно е да имате мал сад (тегла) и капак кој добро се затвора. Ги комбинирате маслиновото масло, оцетот, сенфот, шеќерот, солта и биберот. Затворете го убаво садот и добро протресете го. Оставете го на страна.

Во сад со средна големина, ставете го кромидот и прекријте го со студена вода. Оставете да отстои барем 30 минути. Добро исцедете го и ставете го на хартиени крпи или салфетки. Во мал сад измешајте ги боровинките со 2 големи лажици од сосот за салата. Оставете ги да отстојат 20 минути или најдобро до сервирањето на салатата.

На крај, во голем сад ставете ги спанаќот (може и малку да го проварите ако сакате), кромидот и крушите. Сосот протресете го уште еднаш и полијте го врз салатата. Убаво измешајте и потоа попрскајте со боровинки и лешници.

СОВЕТ ПЛУС: сосот може да го подготвите еден ден однапред и да го ставите во фрижидер. Треба да го извадите од фрижидер два часа пред сервирањето. Кромидот и боровинките најдобро е да се подготват 4 часа пред сервирањето.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2011 во 13:55

Пролетна салата

Потребно:

* 10 ротквици
* 2 кисели јаболка
* 1 лимон
* 1 китка младо кромитче
* масло
* оцет
* бибер
* сол

Приготвување: ротквиците исечени на тркалца и јаболката на тенки парчиња измешајте ги и испрскајте ги со сокот од лимон. Младото кромитче ситно исечкајте го и измешајте го со ротквиците. Салатата зачинете ја со масло, оцет, сол и бибер и послужете ја.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2011 во 04:43

Салата од домати

Потребно:

* 4 домати
* 2 зелени пиперки
* 3 тврдо варени јајца
* масло
* 1 главица кромид

Приготвување: исчистете ги пиперките од семките и исечете ги на коцкички. Исечете ги доматите на парчиња. Измешајте ги, па додајте сол и масло. Излупете ги тврдо варените јајца и кромидот, исечете ги на тркалца и распоредете ги врз салатата.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2011 во 13:30

Салата од моркови

Потребно:

* 1 кг моркови
* 150 г шунка
* 150 г гауда
* 1 главица кромид
* магдонос
* 1 лажица вински оцет
* 3 лажици масло
* сол
* бибер

Приготвување: сварете ги морковите во солена вода, па исечете ги на тркалца. Исечете ги шунката и гаудата на мали коцкички. Направете го преливот од исечканиот кромид, ситно сечканиот магдонос, оцетот, маслото, биберот и малку сол. Зачинете ја салатата со преливот, па оставете ја да отстои еден час пред да ја послужите.

Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2011 во 19:45
ЦЕЗАР САЛАТА

Време на приготвување: 60 минути


Потребни состојки
• 20 милилитри Оцет
• 1 лажица/ци Маслиново масло
• малку Магдонос
• 100 грама Мајонез
• 1 Кришка/ки леб
• 20 грама Краставица
• 80 грама Зелена салата
• 30 грама Домат
• малку зачин
• 30 грама Блага павлака
• 20 милилитри Brandy
• 60 грама Пилешко
• малку Црн пипер

Начин на подготовка
Зелената салата ја сечеме. Ја сервираме во длабока чинија. Пилешкото филе го сечеме на коцки. Го ставаме во тава со загреано масло да се пржи. Потоа се промешува, па се зачинува со вегета и црн пипер, па се промешува. Кога ќе се пропржи пилешкото, го вадиме на чинија и го оставаме да се олади.

Лебот го сечеме на коцки и него го ставаме во тавата каде што се пржеше пилешкото, за да се пропржи. Промешуваме и веднаш штом ќе се пропржат коцките леб ги вадиме на чинија и ги оставаме да се оладат. Краставицата ја сечеме на коцки и ја ставаме во подлабок сад.

И доматот го сечкаме на коцки и го ставаме во садот. Во садот ги додаваме испрженото пилешко на коцки и испржените коцки леб. Состојќите ги промешуваме и ги ставаме врз зелената салата. Мајонезот го ставаме во подлабок сад. Во садот ги додаваме оцетот, благата павлака и коњакот.

Зачинуваме со црн пипер, исечкан магдонос и убаво промешуваме за состојките да се изедначат. Со ова ја прелеваме салатата. На крајот ставаме малку исечкан магдонос.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 26>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,531 секунди.