IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Италијанска кујна
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Италијанска кујна

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 9101112>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2016 во 16:30

Шпагети со тиквица и шампињони


Со ова јадење ќе сфатите дека и посните оброци знаат да бидат неверојатно вкусни и лесни за приготвување.

Потребно:

500 г шпагети

1 поголема тиквица

500 г свежи шампињони

4 супени лажици сончогледово масло

1 мала главица кромид

4 чешниња лук

1 лимон

соја сос

неколку листови магдонос

Подготовка:

Шпагетите се варат во солена вода, колку што е напишано на пакетчето. Додека се варат, во тавче се загрева маслото и на него најпрво се пржи исечканиот кромид, потоа се додават исечканите шампињони. Печурките се пржат, додека не почне целосно да испарува течноста од нив. Тиквицата се сечка на коцки и се додава во шампињоните. Откако се ќе се испржи, се додаваат толчениот лук, сокот од лимон и се зачинува со соја сосот. Бидејќи во ова јадење не се користи сол, додадете соја сос онолку колку што е потребно за да се посоли јадењето. Се послужува со наросен магдонос.



Изменето од Valerija - 24.Март.2016 во 16:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2016 во 10:01

Dave’s Kitchen: Рецепт за италијански таралии


За ова италијанско јадење ќе ви бидат потребни следните состојки:

  • 500 гр. брашно
  • 1 лажичка сол
  • 150 мл маслиново масло
  • 200 мл суво бело вино

Вкус по желба: Најчесто се прави солена верзија со суви ситно сецкани домати, маслинки, ситно сецкан карамелизиран кромид, но може да се направи и блага верзија со лимончело. 

Во длабок сад промешајте го брашното и солта. Додадете го маслиновото масло, виното и мешајте со виљушка додека не се оформи тесто за да може да го доработите со раце. 

Продолжете да го работите тестото околу 5 минути на работна маса додека не биде мазно и глатко.



Доколку сакате да додадете било каков вкус сега е вистинскиот момент. Додадете ги избраните додатоци и продолжете со месење. Оставете го тестото во сад покриено со крпа да одмори од 15-30 минути.

Сечете парчиња од тестото и формирајте долгнавести форми. Краевите спојте ги еден преку друг формирајќи круг. Вака подготвените таралии сварете ги во зовриена вода само 30 секунди. Извадете ги и наредете ги во тавче обложено со хартија. Печете ги околу 25 минути на температура од 200 степени или додека не добијат убава златно кафена боја. 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2016 во 10:38

Паста во сос од вотка и домати


Сакате да направите лесно италијанско јадење со кое ќе ги импресионирате семејството, пријателите и партнерот?

Тогаш ова е вистинскиот рецепт за вас. Составено од паста, домати, печурки, зачини и вотка, ова јадење ќе ги задоволи и најпребирливите. 

Потребни состојки:

  • 1 лажичка босилек
  • 4 чешниња лук
  • 1 шолја сечкани печурки
  • ½ шолја сечкан кромид
  • ½ лажичка оригано
  • 1 мала конзерва домати
  • Варени макарони
  • 1 лажица црвен пипер
  • ¾ лажичка сол
  • 1 лажичка маслиново масло
  • ½ шолја хопла
  • 1 шолја пармезан
  • ¾ шолја вотка

Начин на подготовка:

Во тавче запржете ги кромидот и лукот заедно со маслиновото масло додека кромидот убаво не омекне. Додадете ги доматите, вотката, црвената пиперка, босилекот и ориганото.

Откако сосот ќе зоврие, намалете ја температурата и оставете 10 минути да се динста на тивок оган. Потоа додадете ги печурките и оставете ја тавата уште десетина минути на тивок оган додека печурките не омекнат.

 Во ова додадете ја хоплата и убаво промешајте за сите состојки да направат една целина. Насолете и на крајот ставете ги варените макарони.



Послужете додека е топло, така што од горе ќе ставите од ренданиот пармезан.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2016 во 20:37

ТЕСТЕНИНИ НА 5 НАЧИНИ

16

Постојат одлични начини на кои можеме да ги вметнеме „малите гревови“ во исхраната и да уживаме и во најомилените оброци.

Еве неколку здрави рецепти со паста:


1. Шпагети со црвен сос

За овој тип на шпагети нема да ви биде потребно многу време. Се што ви е потребно се испечени пиперки кои ќе варите и пасирате за вкусен сос и кој ќе го додадете на шпагетите.

Овој рецепт е одличен за забрзување на метаболизмот.

5-zdravi-i-vkusni-recepti-so-pasta-1

2. Салата од макарони

Варијациите на овој рецепт се огромни. Доволно е да сварите макарони и да ги оставите да се оладат. Потем што се можете да ставите во салатата зависи од вашата креативност, можности и желба.

Еве еден предлог. Испечете тенко сецкана тиквичка, обарете морков и исецкајте го на ситни коцкички, пресечете чери домати и додадете темен грав.

За час сте готови, а што е најважно и ќе добиете здрав оброк.

5-zdravi-i-vkusni-recepti-so-pasta-2

3. Примавера макарони

Ова е уште една идеа од која можете да направите вкусна салата со сварените и оладени макарони.

Во нив потребно е да додадете конзервирана пченка, чери домати исецкани на пола, свежи и исецкани на кругчиња моркови и обарен грашок.

По сето ова зачинете со пармезан по желба.

5-zdravi-i-vkusni-recepti-so-pasta-3

4. Лазања со спанаќ

За овој рецепт нема да ви биде потребно многу време.

Предходно обарете ги парчињата тесто за лазања и започнете со редење на слоевите.

На секој слој лазања ставете свежо исецкан и измиен спанаќ и рендан кашкавал.

Оставете сето тоа да се испече на температура од 220 степени околу 20 минути и готови сте.

5. Шпагети во доматен сос

Потребно ви е токму едно тавче. Да точно така. Нема никаква потреба да се мачите. Едноставно во тавчето ставете ги шпагетите, сецканиот кромид, доматите и босилекот и оставете заедно да се варат.

По 20 минути готови сте.

5-zdravi-i-vkusni-recepti-so-pasta-4



Изменето од Valerija - 07.Мај.2018 во 19:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2016 во 08:47

ШПАГЕТИ СО ПЕСТО ЏЕНОВЕЗЕ

4

Песто џеновезе е еден од најпознатите сосови за тестенини и е типично италијанско јадење.

Состојки:

– 400 гр. шпагети

– 20 гр. путер

– 40 гр. свеж босилек

– 40 гр. пињоли

– 40 гр, пекорино

– 40 гр. рендан пармезан

– 3 чешниња лук

– 100 мл. маслиново масло

– сол по потреба

Подготовка:

Сварете ги шпагетите во претходно посолена вода од која на крај оставете настрана 100 мл.

Во блендер ставете ги босилекот, пињолите, сирењата, лукот и маслото и изблендајте ги. Добиената смеса ставете ја во порцелански сад.

Во поголема тава стопете го путерот, а потоа додадете 2 до 3 лажици од сосот. Убаво измешајте и додадете ги шпагетите и водата.

Шпагетите со песто џеновезе послужете ги со изрендан пармезан.

* Песто џеновезе сосот може да го мачкате и на печени лепчиња и на печена риба.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2016 во 08:11

ПОТПЕЧЕНИ ТОРТЕЛИНИ

10

Тортелините се паста во форма на прстен која потекнува од северниот дел на Италија, односно Болоња и Модена, и ако мислевте дека зборот „тортелини“ потекнува од зборот „торта“ целосно сте биле во право.

Овој рецепт ќе ве натера да ги засакате тортелините и тие да станат чест оброк на вашето мени.

Состојки:

  • 2 лажици масло за јадење
  • 1 кромид, исечкан
  • 3 чешниња лук
  • 450g говедско мелено месо
  • 125ml црвено вино
  • 2 лажици доматно пире
  • 30g мелени домати
  • малку оригано
  • сол, буковец
  • 800g тортелини
  • моцарела, пармезан


Начин на подготовка:

1. На загреано масло пропржете го кромидот и лукот и додадете го говедското месо.

2. Откако добро ќе се пропржи додадете ја пастата од домати и црвеното вино.

3. Динстајте некое време па додадете ги мелените домати, ориганото, буковецот и сол.

4. Садот за печење намачкајте го со масло и истурете ги претходно сварените тортелини. Врз тортелините истурете ја готовата смеса и убаво измешајте. Посипете со моцарела и пармезан.

5. Покријте го садот со алуминиумска фолија и печете 25 минути на температура од 350 степени. Декорирајте со босилек.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2016 во 12:49

Шпагети со бел сос


Кој не обожава шпагети? Збогатете го вашиот репертоар на рецепти со шпагети со бел сос кои експресно ќе исчезнат од чиниите откако ќе ги послужите.

Шпагети

Состојки

500 гршпагети

За сосот

250 млпавлака за готвење
100 грсвинска печеница
150 гркашкавал
4 парчињатопено сирење
2 лажицикисела павлака
70 грмаринирани шампињони
1 лажицамаслиново масло
1/2црвена пиперка, капија
сол, бибер, морско оревче, босилек

пОДГОТОВКА

  1. Во малку маслиново масло пропржете ги свинската печеница и ситно исечканата пиперка за да ја ослободат својата арома.
  2. Додајте ја павлаката за готвење и оставете ја смесата на тивок оган да крчка 1-2 минути.
  3. Зачинете по вкус и додајте ги шампињоните, топеното сирење, кашкавалот и киселата павлака. Ставете го на тивок оган околу 3-4 минути и мешајте за да се соедини сосот.
  4. Во меѓувреме сварете ги шпагетите според упатството на кесата. Процедете ги и налејте во нив малку маслиново масло.
  5. Во чинија ставете од шпагетите, прелејте ги со сос и украсете со магдонос.
Шпагети


Изменето од Valerija - 20.Јуни.2016 во 12:51
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2016 во 09:07

Dave’s Kitchen: Лазањи по вкусен домашен рецепт


Лазањите секогаш се добра идеја за ручек, но ќе станат уште поубави и повкусни, ако корите од кои што ги правите се домашно направени.

Потребни состојки:

За корите:

  • 300 гр брашно
  • 3 јајца
  • Прстофат сол

За филот:

  • 500 гр. мелено месо
  • 500 гр. доматен сос
  • 1 средна главица ситно исечкан кромид
  • Оригано
  • Сол и црн бибер
  • Маслиново масло

Начин на подготовка:

Во длабок сад направете ги корите за лазањата. Ставете го брашното, солта и јајцата и месете додека не добиете тесто. Иако на почеток ова ќе ви изгледа како тешка задача, продолжете да месите додека не добиете хомогена целина. 

Оставете го тестото да одмори околу 20-тина минути на собна температура. Кога повторно ќе го размесите ќе биде помеко и подобро за работа. Расукајте тенка кора од него или пуштете го низ машинка за правење тестенини.

Исечете ги корите во формата на тавчето во кое ќе ја подготвувате лазањата. 

Во тава на оган ставете маслиново масло и пржете го кромидот на средна температура додека не зарумени. Додадете го меленото месо и продолжете со пржење уште неколку минути додека месото не биде убаво зготвено. Додадете го доматниот сос и зачинете. Промешајте и оставете оваа смеса да се готви на средна температура околу 1 час со постојано промешување за да не залепи. По потреба додавајте вода.

Кога ќе испари поголем дел од течноста (не целосно) во тавата за печење нанесете од филот со меленото месо колку да ја покрие површината. Ставете ред од корите за лазања, па повторно од филот, повторно од корите и сè така додека не го потрошите филот. Најгоре треба да завршите со филот од мелено месо. 

По желба можете да додадете рендан кашкавал. Се пече во загреана рерна на температура од 180 степени околу 40-тина минути. 

Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB страна,Dave’s Kitchen.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2016 во 08:40

Превкусен рецепт за паста со пилешко и домати

Сите имаме денови кога ни се јаде нешто, но не знаеме точно што.

Во тој миг изгледа дека секоја комбинација што ќе ни ја понудат не е доволно добра.

Затоа за овој викенд се потрудивме да ви препорачаме рецепт што содржи сè што треба.

Потребни состојки:

  • 500 грама шпагети
  • 500 грама пилешки гради сечени на листови
  • 2 лажички зачин за пилешко месо
  • 1 лажичка лук во прав
  • Сол и бибер по вкус
  • ¼ чаша маслиново масло
  • 2 лажици мелен лук
  • 2 лажици сечкан кромид
  • 3 домати ситно сечкани
  • 2 лажици балсамико оцет
  • ½ чаша пармезан
  • 2 лажици ситно сечкан босилок или магдонос

Начин на подготовка:

Ставете ги шпагетите да се варат и кога ќе бидат готови ставете ги во сад. Во меѓувреме измешајте ги зачинот за пилешко, лукот во прав, солта и биберот во едно и потоа со овој микс од зачини убаво зачинете го месото. Во тава на оган ставете малку маслиново масло и убаво испржете го месото од двете страни. Кога ќе биде готово тргнете го на страна.

Во истата тава повторно додадете маслиново, па запржете ги лукот и кромидот. Доволно е само малку колку да фатат боја. Тргнете ја тавата од огнот и во тавата додадете го сечканиот домат.

Потоа додадете ги и шпагетите, сечканото пилешко месо, балсамико оцетот, сечканиот босилек и пармезанот.

Ставете сол и бибер по потреба.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2017 во 08:43

Печена паста со доматен сос и топен кашкавал

Состојки:

  • 300г тестенини
  • 150g кашкавал
  • 100g доматно пире
  • Зачини по желба
  • Сол, бибер
  • Шери домати по желба

Сварете ги тестенините во солена вода. Премачкајте една овална тава со масло или путер, па ставете ги тестенините во неа. Измешајте го доматното пире. Пропрскајте со рендан кашкавал и печете 30 минути. 10 минути пред крај додадете ги доматите, доколку ги користите.

3-ruceci-za-onie-koi-ne-sakaat-da-gotvat-a-sakaat-da-jadat-nesto-vkusno-01.jpg



Изменето од Valerija - 27.Мај.2017 во 08:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2017 во 04:23
italijanskata kujna ne mi omilena,ama ja sakam.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2017 во 12:08

ЛАЗАЊИ СО СОС ОД ДОМАТИ И МОРКОВИ

Состојки:

500 гр кори за лазањи

За бешамел сос:

–          50 гр путер, 50 гр брашно, 7,5 дл млеко, сол, 1 чешне лук

За сосот од домати и моркови:

–          1 главица кромид

–          Маслиново масло

–          1 чешне лук

–          200 гр дршки од целер

–          300 гр домати

–          2 моркови

–          100 гр кашкавал

–          1 лажичка оригано

–          Бибер

Приготвување:

За бешамел сосот направете светла запршка од путерот и брашното, додадете го млекото и гответе мешајќи постојано околу 5 минути. Зачинете со сол по желба. За сосот од домати, испржете го кромидот со маслиновото масло. Додадете ги целерот и морковот,  а потоа исецканиот лук и динстајте налевајќи вода. Кога се ќе омекне, додадете ги доматите и зачинете. Варете на средна температура уште половина час.

Наредете ги лазањите во огноотпорен сад, а на секој ред ставајте бешамел сос, па сос од домати и кашкавал. Печете од 30 до 40 минути на 150 степени. Јадењето може да го декорирате со маслинки.



Изменето од Valerija - 07.Мај.2018 во 19:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2018 во 10:19

Италијанска солена торта од компири со топен кашкавал


Кој вели дека за да зготвите нешто вкусно ви треба цел список намирници и многу време поминато во кујна?

italijanska-solena-torta-od-kompiri-so-topen-kaskaval-001.jpg

Оваа солена торта по италијански рецепт го докажува спротивното.

Во случајов, се прави со пршута и топен кашкавал, но вие може да ја наполните со што и да сакате или имате дома.

Потребни состојки:

  • 500g сварени компири
  • 150g брашно
  • 1 јајце
  • 100g пршута
  • 100g рендан кашкавал
  • Сол и зачини по желба
  • Масло

Подготовка:

Сварете ги компирите и од нив направете пире. Додадете ги брашното и јајцето и направете тесто. Поделете го на два дела.

Ставете малку масло на тава за пржење и загрејте. Ставете го првиот дел од тестото, добро распореден како дебела палачинка.

Наполнете со состојките кои ги одбравте, во случајов пршута и кашкавал.

Покријте со остатокот од тестото.

Пржете неколку минути од една страна, а потоа превртете со помош на чинија.

Сервирајте со кисела павлака, сосови или свежи салати.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2018 во 19:47
&amp;#208;&amp;#154;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#208;&amp;#179;&amp;#208;»&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#132; &amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#208;·&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#154;&amp;#208;°

Куглоф лазања


Состојки
20 кори за лазањи
500 гр мелено месо
1 среден кромид
4-5 лажици доматно пире
250 гр печурки
100 гр кашкавал
20-30 гр пармезан
зачини- црвен пипер, црн бибер, сол, мешан зачин, италијански микс од зачини или само оригано
50 гр тарана

Многу интересен и декоративен начин на правење на лазања, идеално за послужување како мезе или пак за ручек за 3-4ца. Овој тип на лазања се вика парти лазања или лазања за забава.

1. Во тава ставете ситно сецкан кримид и запржете го. Потоа додадете го меленото месо и убаво запржете ги двете состојки. Додадете зачини по ваш вкус, при тоа обавезно да се користи оригано, за италијанско-медитераснки шмек. Така ќе добиете болоњезе сос.
2. Кон крај на пржењето се додава доматно пире и се остава на кратко да се издинста и згусне.
3. Свежите печурки се сецкаат на половинки или четвртинки, зависно колку се големи и се запржуваат кратко, колку да омекнат, на малку масло на среден оган. Може да се додаде еден прстофат сол, за да испуштат вода и да се продинстаат.
*Ако користите маринирани од тегла, не мора да се запржуваат, само исцедете ги од течноста.
4. Корите за лазањи се обаруваат кратко во топла вода. Јас користев домашни. Ако имате свежи кори за лазањи, можете и без обарување да ги наредите, бидејќи се меки.

Редење на куглоф лазањата
1. Садот за куглоф се премачкува со масло или путер и се редат корите една до друга, со мало преклопување, така што да се зафати целиот калап, без да има простор да претече филот.
2. Прво се става рендан кашкавал, во долниот слој, што потоа ќе дојде горе.
3. Потоа се става половина од болоњезе сосот и се распределува подеднакво насекаде.
4. Се става 2 раце тарана, колку да го прекрие слојот со сосот.
*Јас користев тарана, ако скаате може да се користат и кршени кори од лазањи.
5. Потоа се става целата количина на печурки.
6. Прекријте со тарана.
7. Се става остатокот од болоњезе сосот.
8. Со вишокот од краевите на корите, се затвара целата лазања.
9. Се става околу 250 мл врела вода и се пече на 200 степени, околу 20-25 мин. Се зависи од рерната. Готово е кога ќе изврие водата и ќе се запечат корите.
10. Лазањата се остава да се излади и потоа се превртува на голем танир.
11. Одозгора се наросува со пармезан и оригано.

Одлично се комбинира со доматен сос, пиво и добро друштво!!!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 9101112>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.