![]() |
|
Дневник - во малку поинаква форма... |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 910111213 22> |
Автор | |
Calipso ![]() Модератор ![]() ![]() Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
КРАЈОТ НА МОЈАТА ТАЖНА СИМФОНИЈА
Мраз… Ледина… Сивило… Беше единственото нешто, пред моите очи. И само капка утринска роса, која се заниша уште еднаш, подготвена за последен пат да танцува низ просторот дефиниран од единствениот мотив за живот. А ти млад господине, сеуште безгрижно си играш судбински восхит, храброст и верба во она што го носиш во себе, глув за сите крици на ранетата лавица. Секогаш влегуваш непоканет, а толку посакуван од оваа детска душа. Но..јас пораснав знаеш!? И за прв пат… Силен сјај ме подигна високо од ладната земја, еден момент пред да се распрснам на милиони делови. Милиони парчиња крв и месо кои знаеја единствено бескрајно да те љубат, милиони соништа,во кој како меури од сапуница лебдеше твојот лик, милиони птици кои се вивнаа нагоре кон неповторливото бескрајно синило, пеејќи ја лебедовата песна, КРАЈОТ НА МОЈАТА ТАЖНА СИМФОНИЈА… А прекрасна како допирот на бесконечноста: Обиди се. И можеби ќе дознаеш зошто вреди да се живее. Љуби. И можеби ќе дознаеш Зошто вреди да се умре. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
![]() |
|
Blue Scarlet ![]() Модератор ![]() ![]() Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
„П Р О К О Л Н А Т И“
Проколната, Извадена од мајчината утроба свртена наопаку, Денот го живее во темнината на најцрната ноќ. На усните носи трагови од гризнувања наместо бакнежи, Легнува во маглива постела, води љубов со ветерот ... Проколнат, Развеан на четирите страни на светот како прашина, Зрна на среќа собирани во стаклено шише, до пола празно, И клетви изречени во недогледна пустина на цел глас, Со зовриена крв во потрага по волчјата судбина... Самотник, Скитник, обичен смртник, Во време на модерни богови и божици без име и глас, Низ нафрлани слики по нечисти улици да бараш пат, Да следиш ѕвезди и месечеви мириси по своето второ ЈАС .... Проколнати, Подарок во црна кутија со посвета од љубов, За простиот да разбере, умниот да се прелаже, И понекој проколнат да талка низ вековите сам, Во потрага по своето...запишано ..... одамна проколнато ...... Изменето од Blue Scarlet - 19.Ноември.2011 во 20:35 |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
![]() |
|
Blue Scarlet ![]() Модератор ![]() ![]() Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
„ВОЗДИГНУВАЊЕ“
Те познавам по мирисот кој го оставаш зад себе, Толку пати сме се разминале во темнината талкајќи, Без ниеднаш да се судриме, да се допреме, Само испреплетени траги кои никогаш не се поклопуваат... Се прашувам зошто секоја ноќ се рушат зидовите на мојата спална, А потоа наутро по некое чудо ги наоѓам повторно издигнати, И ќе ги допрам за да го избркам сонот со ледено ладен камен, Понекогаш и ќе воздивнам со цврстина на карпа .... Со утринското кафе повторно ќе си ги средам ноктите, Ќе ја расчешлам косата полна со бели пердуви од искинати перници, Па ќе се прекршам во мост на денот, мост кој поврзува, Сончеви зраци и двосмерни ветрови на два брега разделени .... Ќе го одморам погледот заталкан во иднина под сенка на густи трепки, Наученото ќе се доживее, таму далеку на хоризонтот во една точка, Кога само една рака ќе успее да ги допре двете, сврзани во едно, Небото и земјата на иднината без да трепнам во мигот .... Воздигнување на нова месечина, крвава велат била вечерва, Мириса на лоши мисли затворени во дамнешни верувања, А мене ми е толку убава, единствена .... неповторливо моја, Таа вечерва ќе ми стане мајка ....... Изменето од Blue Scarlet - 30.Ноември.2011 во 14:50 |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
![]() |
|
anakin ![]() Сениор ![]() ![]() Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
. чекорам по ѕвездите и барам сина планета седејќи во мекдоналдс и јадејќи компири со кечап и мраз во кокакола ми падна на ум оваа невистина а ја заборавив нејзината адреса, мислам улицата ја запамтив ама бројот го заборавив зошто на влезовите им ставаат, боже, броеви ? шо не ставаат имиња например на песни енџи, смоук ин д вотер или виш ју ви хир кокаколата заврши а остана мраз за стотина виски брзо ќе излезам, ќе одам кај некој од стотина огњеви, денес можеби таму ќе ја најдам, огњевите немаат броеви . среќни празници каде и да си |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
![]() |
|
zamislena ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Музика..... твојата смеа во ѕвонливо прелевање. душата ги собира твоите капки. денеска птиците имаат концерт симфонија во чудотворен болскот мојата душа е звучна сфера. ти велам добредојде и влегуваш. сонцето блеска
во водата на покривите........... |
|
![]() |
|
zamislena ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
...
Има обични животи ... но сите љубови се необични ... Едни поети пишуваат како живеат.... Ноќва мил мој пак низ градот шета пламен Ненапишана песна Невидливото... љубов е преполно...смисла ... Нам ништо повеќе ... Љубов... освен љубовта..не ни преостана Кога не си со мене во .... Слеп беше прозорецот .....
|
|
![]() |
|
Pica pica ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 1488 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Каде замина мојата сенка,никаде ја нема
Кој ли ми ја зема,каде ја снема Сонцето го чекав да изгрее нејзе да ја видам Месечината ја барав,очи со нејзе да исплакнам Ниту сонце изгреа,ниту месечина видов Како да продолжам без мојата сенка да живеам Избезумен по патот, гласови слеп ме водеа Како извор планински жубореа,тагата ми ја смируваа Тоа била мојата сенка,околу мојот врат стегната Силно ме прегрнала и на уво ми зборела Радувај се душо моја,ја најде сенката своја Во љубовна прегратка од земниот прав ќе станеме Сватови и гости ќе поканиме,свадба да направиме. Никој повеќе на нејзе нема да стапне Маж на темнината моја ќе станам Во постела брачна ќе ја галам,додека не зачне и од мојата темнина да ми се роди светлина. |
|
![]() |
|
Joshua_Tree ![]() Сениор ![]() Регистриран: 27.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 6477 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() критики за делови од душа нема.... Изменето од Joshua_Tree - 17.Јануари.2012 во 16:45 |
|
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes |
|
![]() |
|
Blue Scarlet ![]() Модератор ![]() ![]() Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
„СЕНКА СО ДУША“
Те испратив во земјата на сенките, Те ставив зад себе и те притиснав до зидот, Така можам да ти го почувствувам здивот, Мојата сенка има душа, дише зад мене. Те ставам под себе на пладневно сонце, За да се вовлечеш во мене без опашки, Те оставам да дивееш и гориш,викаш и молиш , А јас ќе ги затворам очите и само ќе те слушам. На залезот ќе те постелам пред мене , Од крајот како почеток, јас одамна сум наопаку, И ќе гледам како цел живот слепа да сум била, Прогон на две души во сенки здружени за сила. И кога ќе настапи ноќта јас пак ќе останам иста, Шуплива лушпа за земни задоволства, И нема да дишам за да можам да те слушнам, Чекори на доаѓање .... заминување .... Сеедно .... исто ..... од почеток или крај .... Јас бакнувам сенка пред спиење... сенка што има душа ...... |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
![]() |
|
Blue Scarlet ![]() Модератор ![]() ![]() Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ete ti "senka so dusa" ...... ![]() ![]() |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
![]() |
|
zamislena ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Се раѓаат така бајките кои би ги сакал во сите мои соништа.. и ке ги раскажам...за да летам во рајот кој го немам. ..Воздух..колку е слатко во воздухот да избегам од мојот живот ..Воздуху вдиши ми ја тишината...не ми кажувај збогум.. издигни го светот..однеси ме со тебе помеѓу анѓелските мистерии и демонските насмевки.. прегрни ме и ќе летам.. Ќе се вратам во воздухот кој ме носи од мојот живот..... |
|
![]() |
|
Blue Scarlet ![]() Модератор ![]() ![]() Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
„Танчерка во сино“
Влезе во глуво доба низ источната порта, Ми рече дека во рацете го носи центарот светот, Праша дали ќе верувам на прегратката на ветрот, За да продолжам да играм на штица која шкрипи.... Ми подари слика со илјада сончогледови лица, Рече: „Гледај во синото небо над нив, таму си ти“ Знаеше дека го крадам синилото со секој скок, За да купам име дадено на распродажба ... Му подарив пируета на штицата што шкрипи, И скромна бисерна капка за да ме убие срамот, Па фаќам рамнотежа со раширени празни раце, Му нудам широка насмевка за да види раскош... Заработувам со играње на музика која не престанува, За без пари, со пород кој дели насмевки како летоци, Рече ќе замине во јадрото на сонот и седна во првиот ред, За да го гледам пред мене додека купувам нов ден. Помислив: Чекај ме на работ на штицата, Музиката ќе престане некогаш, ќе ме совлада замор, Му реков: „Тргни по патот продолжи да нудиш чуда, Јас сум неуморна, ќе танцувам до крајот на веков ...“ И сега танцувам уште на штица која шкрипи, Се мешаат звуци за да изгубам ритам кога барам здив, Понекогаш ќе украдам и дел од ноќта, богат плен, Тогаш им дарувам на очите сон во раскош, И таму си ти, во првиот ред ...... Изменето од Blue Scarlet - 23.Јануари.2012 во 22:18 |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
![]() |
|
Blue Scarlet ![]() Модератор ![]() ![]() Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
„ПРОШЕТКА“
Ќе ме прашаш ли зошто брзам па застанувам, Да го измијам лицето на месечева светлина, Кога се подсопнувам од паднати ангели, А знам дека наместо вода ќе добијам оган ... Делам скапи насмевки без сопственик, За да си го одбележам патот изминат, По лавиринт граден со години без демони, Ѕидини напуштени за ноќни прошетки .... И одалеку те слушам како ми велиш: „Расипнице, зар не умееш да чуваш скапоцености, Распаруваш бисерна кожа секоја вечер, Ја нудиш а јас не сум таму да ја соберам, Да ја помилувам и да ти ја вратам како подарок“ Јас ги праќам моите воздишки со ветерот, За да те стигне, да ти го даде здивот одземен, И да не му веруваш, да го избркаш и проколнеш, Ќе ти остави данок собран во бакнежи, За да ми се врати олеснет, да се свие во срцево ... И во зората кога ќе се обидам да побегнам, На белиот булевар одбележан со насмевки, Ќе носам изгореници по вратот како медал, Од жешки зборови без допири за покајание, И ќе ти вратам пак во раѓањето на новата ноќ Во потрага по вода за да добијам оган .... |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
![]() |
|
Blue Scarlet ![]() Модератор ![]() ![]() Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
„Зимско небо“
Знаеш дека можам да поврзам неспоиви нешта, Како белилото со црно како во студена зимска ноќ, Коперфилдови чуда за восхит и аплауз, Сплетени илузии во мрежа од мисли ... никој не ги гледа ... Ќе направам постер на врата од циркуска кочија, За жената што блуе оган а аждаја не е, Таа само грее смрзната душа во зимска ноќ, И не е дел од бајка или циркуска свита .... Самотник, сенка на високи борови завеани, На патека со свилена нишка одбележан, Едно е, се дели со две, стапки во снегот, Без висока математика и компас за талкачи... Посакала таа некогаш да вдише чисто студенило, Да го пречекори снегот пред малата врата, Со крената глава да бара соѕвездија на зимско небо, Касиопеја е таа, свртена наопаку под казна .... Ќе ме спомне и мене таа некогаш, ме знае добро, Стојам спроти неа кога ќе се наведне над изворот, Нејзината вода за мене е лед под зимско небо, Подарок, месечево огледало .... свртено наопаку .... |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 910111213 22> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |