![]() |
|
Македонски фудбал |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 89101112 13> |
Автор | |||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Изменето од емил - 03.Април.2011 во 07:30 |
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Костов го напушти кормилото на Работнички По серијата слаби резултати и неполни четири месеци на функцијата, Влатко Костов повеќе не е шеф на стручниот штаб на Работнички. Тој поднесе оставка по нерешениот резултат со екипата на Скопје. |
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
25 коло во ПМФЛ поделено во три дена
![]() Во четирите утрешни натпревари ќе играат: Тетекс - Брегалница, Металург - Скопје, Работнички - Пелистер и Хоризонт Турново - Напредок. За в недела е закажан дуелот Шкендија - Силекс, а колото ќе биде комплетирано в понеделник по одигрувањето на натпреварот Ренова - Вардар. Почетокот на сите средби е во 16 часот. Табела: Шкендија 51 бод, Металург 44, Работнички 41, Ренова 41, Хоризонт Турново 36, Напредок 35, Тетекс 31, Силекс 31, Брегалница 29, Скопје 27, Вардар 21 и Пелистер 12. |
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Отпишаниот Пелистер изненади во Скопје
Победата на Пелистер од 2-1 на гостувањето кај Работнички е најголемото изненадување во 25. коло, но и во досегашниот дел од фудбалската сезона во Првата лига. Битолчани немаа освоено ниту бод на гостувањата во првенството. По победата во градското дерби против Вардар минатото коло, се чинеше дека Работнички конечно се најде на посакуваниот колосек, но така не мислеше убедливо последнопласираниот противник, кој пред овој дуел имаше четири порази во низа и само три победи во целата сезона. На Работнички не им помогна ниту брзото водство со голот на најдобриот стрелец во лигата, Борче Маневски, во 9 минута. Бујчевски во 23 минута погоди за 1-1, а пресвртот го приреди Симоновски во 80. минута. |
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
ФФМ не ја проширува Првата лига
|
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Металург останува на исто растојание од лидерот Шкендија
Победи остварија водеќките четири клуба во петте натпревари кои попладнево се одиграа од 27 коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Нема промени на врвот на табелата, Шкендија ја задржа бодовната предност од пет бода пред второпласираниот Металург. Најубедливата победа ја оствари токму Металург на стадинот во Автокоманда во Скопје против последнопласираниот Пелистер со 5:0. Работнички на стадионот во Чаир беше подобар од Хоризонт Турново со 3:1, а во Тетово Ренова славеше триумф против Напредок со 4:1. Единствената гостинска победа во ова коло ја постигна Силекс во Тетово против Тетекс со 2:0. Без победник заврши натпреварот во Штип меѓу Брегалница и Скопје. Во вчерашниот натпревар лидерот Шкендија го совлада Вардар со 2:0. Табела: Шкендија 58 бодови, Металург 53, Ренова 50, Работнички 47, Силекс 37, Хоризонт Турново 37, Напредок 36, Тетекс 34, Брегалница 33, Скопје 29, Вардар 21, Пелистер 15 |
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Вардар освои само бод против Брегалница, Шкендија сигурна против Пелистер
Поради редовната седница на Собранието на ФФМ, што ќе се одржи во утрешниот термин за прволигашки мечеви во Охрид, натпреварите од 28. коло во елитниот домашен фудбалски шампионат се одиграа денеска, невообичаено за наши услови. Фудбалскиот маратон во Скопје започна со дуелот меѓу Работнички и Тетекс во 13 часот, а им припадна на "романтичарите" кои со 2-1 славеа против тетовскиот тим. Во продолжение Вардар и Брегалница ги поделија бодовите играјќи нерешено 1-1. Од овој натпревар за одбележување е и 78. минута од мечот, кога стрелецот на единствениот погодок за Брегалница, Лазар Илиев заработи црвен картон. Лидерот Шкендија славеше на гости кај фенерџијата Пелистер, додека со нерешен резултат 1-1 заврши и дуелот во Турново помеѓу Хоризонт и Ренова. Фудбалерите на Металург славеа во Кичево против Напредок, додека Силекс се избори за бод на мечот против скопје во скопската населба Автокоманда. Резултати: Напредок - Металург 1:2 Пелистер - Шкендија 1:3 Скопје - Силекс 1:1 Хоризонт Т. - Ренова 1:1 Вардар - Брегалница 1:1 Табела: |
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Три бода за Тетекс во дуелот со Скопје
Комплетирано е 29. коло во Првата фудбалска лига на Македонија. Во последниот меч, одигран денеска, фудбалерите на Тетекс, пред свои гледачи, славеа во дуелот со Скопје. Гостите поведоа непосредно пред одморот благодарение на погодокот на Кировски, за во вториот дел Тетекс преку Наумовски во 66. минута и Јовановски во 73. минута, да стигне до важни бодови за изгенување на баражот. резултати и стрелци: Тетекс - Скопје 2:1 одиграно вчера одиграно во саботата: Брегалница - Пелистер 4:0 Металург - Хоризонт Турново 1:1 Ренова - Работнички 2:2 Табела: |
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Вардар освои бод против Скопје, Шкендија само на бод од првата шампионска титула
Фудбалерите на Вардар, пред својата публика, одиграа нерешено без голови во директниот дуел со најблискиот конк*рент, Скопје, на кого треба да му ја одземат позицијата на табелата, за да обезбедат бараж за опстанок во Првата фудбалска лига на Македонија. И по денешниот меч, Вардар заостанува зад Скопје 5 бода, што сеуште теоретски го остава во игра најголемиот македонски фудбалски бренд, во пресрет на последните три кола од домашниот шампионат, да се избори за задржување на прволигашкиот статус. Секако, Скопје е во многу подобра позиција на крајот да игра бараж за опстанок. Сега повеќе нема дилеми, Вардар мора да освои 9 бода во преостанатите три рунди до крајот и да се надеваат на грешки на Скопје кој пак секако си има свои пресметки во борбата за позиции. На врвот од табелата Шкендија го совлада Хоризонт во Турново, а по ремитo меѓу Металург и Работнички, сега на тимот од Тетово му е потребен само уште еден бод за и теоретски да ја обезбеди првата шампионска титула. Ренова го совлада Тетекс, во меч во кој поразениот тим од 65. минута играше со играч помалку поради исклучувањето на Јовановски, додека Напредок и Брегалница одиграа меч без погодоци. Пелистер иако имаше предност од два гола против Силекс, сепак на крајот загуби, благодарение на погодокот на Нацев непосредно пред последниот судиски свиреж, а од овој меч за одбележување е и фактот дека двата тима натпреварот го завршија со по десет играчи во поле. Резултати и стрелци: Напредок - Брегалница 0:0 Пелистер - Силекс 2:3 Работнички - Металург 1:1 Хоризонт Т. - Шкендија 0:2 Ренова - Тетекс 4:2 Табела: До крајот на првенството останува да се одиграат уште три кола и тоа по следниот распоред: 32. коло 33. коло |
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Промена на терминот за бараж натпреварите
Поради предвремените избори во Република Македонија терминот за одигрување на бараж натпревари за пополнување на Првата фудбалска лига, кој требаше да се одиграат на ден 05. јуни 2011. година (недела) се променува и истите ќе се одиграат на ден 02. јуни 2011. година (четврток) со почеток во 16:30 часот. Согласно пропозициите во натперварувачката 2010/2011 година десетто пласираниот од првата лига игра со трето пласираниот од втората лига, деветто пласираниот од првата лига игра со четвртопласираниот тим од втората лига. |
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Шкендија ја прослави титулата пред 12.000 навивачи
|
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Одбиен предлогот за проширување на Првата фудбалска лига на Македонија
Управниот одбор при Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница во Прилеп, го искористи овластувањето на Собранието на ФФМ да разговара за проширување на Првата фудбалска лига на Македонија и одлучи да го одбие предлогот елитното фудбалско друштво да се прошири на 16 членови. УО при ФФМ донесе заклучок да се подготви посебна седница на која ќе се разговара за резултатите на фудбалската репрезентација на Македонија во квалификацискиот циклус 2012 година и понатамошниот статус на актуелниот селектор на националниот тим Мирсад Јонуз. |
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Напредок и Миравци прволигаши
Бараж средбите за пополнување на Првата фудбалска лига на Македонија се одиграа попладнево. Со сигурни победи на средбите во Скопје и Прилеп во елитата ќе играат екипите на ФК Напредок и ФК Миравци. Резултат:
Напредок - Тиквеш 2-0 (Стадион Ѓорче Петров) Скопје - Миравци 1-4 (Стадион „Гоце Делчев" Прилеп). |
|||||||
![]() |
|||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||
Промовирани најновите засилувања во ФК Работнички
Тренерот на Работнички, Горан Петрески полека го комплетира составот за настапите во Лигата на Европа и новата сезона во домашното првенство. Најнови на списокот на засилувања, денеска промовирани, се Владица Брдаровски и Горан Станковски. И двајцата ги одбработуваат првите полесни тренизи заедно со физиотерапевтот, со оглед на тоа дека имаат ситни повреди, но се очекува до недела кога Работнички на белградска "ЈНА" ќе одигра пријателски меч со Партизан, да бидат подготвени. И Брдаровски и Станковски се повратници во македонскиот фудбал бидејќи изминатиот период настапуваа во Чешка (Брдаровски), односно Молдавија (Станковски). „Очекувам во настапите во Лигата на Европа да стигнеме далеку и да играме со некој тим од рангот на Атлетико Мадрид и Тотенхем, а во домашното првенство да се бориме за шампионската титула“ - изјави актуелниот младински репрезентативец Владица Брдаровски. "Мислам дека најквалитетната екипа во Македонија во моментов е Работнички и затоа мојот избор е токму Работнички“ - потенцираше повратникот во Работнички, Горан Станковски кој во 26 мечеви за Работнички има постигнато 14 голови. Од таборото на Работнички и веста дека до заминувањето на мини-подготовките во Белград в недела се очекува и официјализирање на договорот на уште еден повратник во тимот од Дебар Маало, Димитрија Лазаревски кој веќе почна да ги одработува првите тренинзи со екипата. |
|||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 89101112 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |