|
ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ |
Внеси реплика | страница <1 89101112 68> |
Автор | |
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Sveti Aleksij
~ovek Bo`ji Ovoj svet ~ovek poteknuva od blago~estivi roditeli, od tatko Evtimijan i
od majka Aglaida. Tie dolgi godini nemle deca, pa taka, bidej}i bile bogati, a
i zaradi golemata qubov {to ja imale za deca, sekoj den postavuvuvale po tri
pati na den jadewe za siraci, vdovici i bolni. Me|utoa, negovata majka
postojano se nolela na Boga da &
daruva edno dete. Изменето од чаир - 06.Март.2007 во 07:55 |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
Sulltan Murad
Сениор Регистриран: 18.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 0 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Светиот маченик Маврикиј и седумдесетмина војници 07/03/2007 Во времето на царот Максимијан имаше големо гонење на христијаните. Маврикиј беше старешина на војската во градот Апамија Сирска. Незнабожците го обвинија кај царот како христијанин и како сеач на христијанската вера меѓу војниците. Самиот цар дојде и поведе истрага. Заедно со Маврикиј пред царот беа изведени и седумдесетмина војници христијани, меѓу кои и Маврикиевиот син Фотин. Овие јунаци не можеа да ги поколебаат ниту ласкањата ниту заканите на царот. На заканите му одговорија: „О цару, нема страв во доброумната и моќна душа на оние што Го љубат Господа!“ Кога царот нареди и им ги соблекоа војничките појаси и облеката, тие рекоа: „Нашиот Бог ќе нѐ облече во облеки и појаси нераспадливи и со вечна слава!“ Кога царот ги укоруваше затоа што ги презреа војничките почести што им ги беше дал, одговорија: „Твоите почести се бесчестење, зашто заборави на Бога Кој ти ја даде царската власт! Тогаш царот нареди, па пред очите на Маврикиј го убија син му Фотин за со ова да го исплашат таткото и останатите. Но Маврикиј рече: „Ни ја исполни желбата наш мачителу и го испрати пред нас Христовиот војник Фотин“. Тогаш царот ги осуди на најнечовечна смрт - ги одведоа во една кал, ги разголеа, ги врзаа за дрвјата, ги намачкаа со мед за да ги испокасаат комарци, стршени и оси. Дури десеттиот ден во страшни маки Му ги предадоа своите души на Бога, за вечно да се радуваат со светите ангели на небото. Христијаните тајно ги зедоа нивните тела и чесно ги погребаа. Овие храбри Христови војници пострадаа околу 305 година.
|
|
Sulltan Murad
Сениор Регистриран: 18.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 0 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Многубројните маченици во Евгенија близу Цариград 07/03/2007 Во времето на царот Аркадиј беа откопани мошти на многумина Христови маченици, а меѓу нив ги пронајдоа и моштите на Светиот апостол Андроник и оние на неговата помошничка Јунија (Рим. 16, 7). Тие мошти беа пронајдени според откровението од Бога што му се даде на еден клирик, Никола Калиграф. Нивните имиња ги знае само Господ, Којшто ги запиша во Книгата на Живите на небесата. Над моштите на Св. апостол Андроник во 12 век царот Андроник I изгради прекрасен храм. |
|
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Светиот свештеномаченик Поликарп, епископ Смирненски (22/02)Овој голем апостолски маж се роди како незнабожец. Во верата Христова го воведе и го крсти Свети Јован Богослов. Во раното детство Поликарп остана сираче и според некој нејзин сон го зеде една благородна вдовица Калиста, којашто го подигна и го воспита како сопствен син. Поликарп беше благочестив и милосрден од детството. Се трудеше со животот да го подражава Св. Вукол, тогашниот епископ во Смирна, а и Светите апостоли Јован и Павле, коишто ги познаваше и ги слушаше. Св. Вукол го ракоположи за презвитер, а пред смртта го покажа за свој наследник во Смирна. Апостолските епископи што се собраа на погребот на Вукол го хиротонисаа Поликарп за епископ. Поликарп имаше дар на чудотворство од самиот почеток. Така го изгони демонот од слугата на некој кнез, со молитва го запре силниот пожар во Смирна во она време. Гледајќи го ова мнозина незнабожци во Смирна го сметаа за еден од боговите. Низведуваше дожд сред сушно време, исцелуваше болести, прорекуваше итн. Пострада во времето на царот Марко Аврелиј. Три дена пред смртта Св. Поликарп прорече: „За три дена ќе бидам фрлен во оган за Господ Исус Христос!“ И кога војниците го фатија третиот ден и го поведоа на суд, возвикна: „Нека биде волјата на Господа Бога мој!“ Кога судиајта го советуваше да се одрече од Христа и да ги признае римските богови, Поликарп му рече: „Не можам да менувам подобро за полошо!“ Евреите посебно го мразеа Поликарп и настојуваа да биде изгорен. Кога го врзаа и го положија на кладата, тој долго Му се молеше на Бога. А беше многу стар, белокос и светол како ангел. Луѓето сите видоа како пламенот го обвива, но не го допира. Исплашени од оваа појава незнабожните судии му наредија на џелатот низ пламенот да го убие со копје. Кога беше прободен од него истече толку многу крв, што сиот оган изгасна, а телото остана цело и ненагорено. Наговорен од Евреите судијата нареди мртвото тело на Поликарп да се запали според елинскиот обичај. Така нечестивите го запалија мртов оној когошто жив не можеа да го запалат. Св. Поликарп пострада во 167 година на Велика сабота. |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Преподобен Дамјан (22/02)Монах на манастирот Есфигмен на Света Гора. Му беше современик и другар на великиот Козма Зографски. Се подвизуваше на гората Самарија меѓу Есфигмен и Хилендар. Се упокои мирно во 1280 година. Откако се упокои од неговиот гроб четириесет дена избиваше прекрасно благоухание. |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Обретение на главата на Свети Јован Крстител (23/02)Великиот и славен Крстител Јован беше убиен по желба и наговор на злобната Иродијада, жената на царот Ирод. Откако му ја отсекоа главата, Иродијада нареди да не му ја погребуваат заедно со телото, зашто се плашеше дека страшниот Пророк би можел некако да воскресне. Затоа ја зеде неговата глава и ја закопа на едно скриено и бесчесно место длабоко во земјата. Нејзината дворјанка Јоана, жената на Хуза, не можеше да трпи главата на Божјиот човек да остане на она бесчесно место, па тајно ја откопа, ја однесе во Ерусалим и ја закопа на Елеонската Гора. Не знаејќи за сето тоа, кога царот Ирод дозна дека Исус врши големи чуда, се уплаши и рече: „Тоа е Јован когошто јас го убив, стана од мртвите“ (Марко 6, 16). По извесно време еден угледен богаташ поверува во Христа, ја остави својата позиција и суетата на светот и се замонаши, па како монах со името Инокентиј се насели на Елеонската Гора токму на она место каде што беше закопана главата на Свети Јован Крстител. Сакајќи да си ѕида келија копаше длабоко и пронајде земјен сад и во него глава за којашто на таинствен начин му беше јавено дека е на Крстителот. Тој ја целива и ја закопа на истото место. По Божја Промисла оваа чудотворна глава подоцна одеше од рака на рака и понираше во мракот на заборавот па одново беше објавувана, додека најпосле во времето на благочестивата царица Теодора - мајка на Михаил а жена на царот Теофил - и во времето на патријархот Игнатиј, не беше пренесена во Цариград. Од главата на Светиот Предвесник се извршија многубројни чуда. Значајно и интересно е тоа што додека беше жив Свети Јован не изврши ниедно чудо (Марко 10, 41), а на неговите Свети мошти им се даде дар на чудотворство. |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Преподобен Еразмо, монах Печерски (23/02)Од родителите наследи големо богатство и целото го потроши за украсување на црквите, особено за посребрување и позлатување на икони. А кога осиромаши и остана без ништо сите го презреа. Ѓаволот му нашепна дека залудно си го потроши имотот: наместо да им го раздаде на сиромасите тој го потроши за украсување на црквите. Еразмо му се подаде на ова искушение и поверува, заради што се презре себеси и падна во очајание, па почна да живее беспатно и беззаконо. Кога му се приближи часот на смртта, се собраа околу него монасите од братството и почнаа да разговараат за неговите гревови, зашто тој беше во бессознание. Одеднаш се исправи во постелата и рече: „Отци и браќа, така е како што велите, но еве ми се јавија Св. Антониј и Теодосиј, а потоа и Пресвета Богородица и ми рекоа дека Господ ми дава уште време за покајание“. Пресвета Богородица му кажала и охрабрувачки зборови: „Сиромасите ги имате на секое место, а моите цркви ги немате“. И поживеа уште три дена, па се покаја и почина во Господ. Свети Еразмо се упокои во 1160 година. |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
orto
Сениор Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Обретение на главата на Свети Јован Крстител (23/02)
Великиот и славен Крстител Јован беше убиен по желба и наговор на злобната Иродијада, жената на царот Ирод. Откако му ја отсекоа главата, Иродијада нареди да не му ја погребуваат заедно со телото, зашто се плашеше дека страшниот Пророк би можел некако да воскресне. Затоа ја зеде неговата глава и ја закопа на едно скриено и бесчесно место длабоко во земјата. Нејзината дворјанка Јоана, жената на Хуза, не можеше да трпи главата на Божјиот човек да остане на она бесчесно место, па тајно ја откопа, ја однесе во Ерусалим и ја закопа на Елеонската Гора. Не знаејќи за сето тоа, кога царот Ирод дозна дека Исус врши големи чуда, се уплаши и рече: „Тоа е Јован когошто јас го убив, стана од мртвите“ (Марко 6, 16). По извесно време еден угледен богаташ поверува во Христа, ја остави својата позиција и суетата на светот и се замонаши, па како монах со името Инокентиј се насели на Елеонската Гора токму на она место каде што беше закопана главата на Свети Јован Крстител. Сакајќи да си ѕида келија копаше длабоко и пронајде земјен сад и во него глава за којашто на таинствен начин му беше јавено дека е на Крстителот. Тој ја целива и ја закопа на истото место. По Божја Промисла оваа чудотворна глава подоцна одеше од рака на рака и понираше во мракот на заборавот па одново беше објавувана, додека најпосле во времето на благочестивата царица Теодора - мајка на Михаил а жена на царот Теофил - и во времето на патријархот Игнатиј, не беше пренесена во Цариград. Од главата на Светиот Предвесник се извршија многубројни чуда. Значајно и интересно е тоа што додека беше жив Свети Јован не изврши ниедно чудо (Марко 10, 41), а на неговите Свети мошти им се даде дар на чудотворство. Преподобен Еразмо, монах Печерски (23/02)
__________________Од родителите наследи големо богатство и целото го потроши за украсување на црквите, особено за посребрување и позлатување на икони. А кога осиромаши и остана без ништо сите го презреа. Ѓаволот му нашепна дека залудно си го потроши имотот: наместо да им го раздаде на сиромасите тој го потроши за украсување на црквите. Еразмо му се подаде на ова искушение и поверува, заради што се презре себеси и падна во очајание, па почна да живее беспатно и беззаконо. Кога му се приближи часот на смртта, се собраа околу него монасите од братството и почнаа да разговараат за неговите гревови, зашто тој беше во бессознание. Одеднаш се исправи во постелата и рече: „Отци и браќа, така е како што велите, но еве ми се јавија Св. Антониј и Теодосиј, а потоа и Пресвета Богородица и ми рекоа дека Господ ми дава уште време за покајание“. Пресвета Богородица му кажала и охрабрувачки зборови: „Сиромасите ги имате на секое место, а моите цркви ги немате“. И поживеа уште три дена, па се покаја и почина во Господ. Свети Еразмо се упокои во 1160 година. |
|
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
|
orto
Сениор Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свети Тарасиј, патријарх Цариградски (24/02)
Неговиот претходник, патријархот Павле, тајно го напушти престолот, отиде во манастир и прими схима. Тогаш владееја Ирина и Константин. Според советот на Павле, царскиот советник и сенатор Тарасиј беше избран за патријарх во 783 година. Брзо ги помина сите црковни чинови и стана патријарх. Човек со високо образование и голема ревност во православната вера. Овој чин го прими неволно, но во име на победата на Православието над ересите, особено над иконоборството. Под него беше свикан Седмиот Вселенски Собор во Никеја во 787 година, каде што ереста беше осудена, а се врати и се утврди почитувањето на Светите икони. Тарасиј беше многу милостив кон сиромашните и кон бедните, им правеше засолништа и им даваше храна. Но кон силните беше одлучен во одбрана на верата и моралот. Кога царот Константин ја избрка својата законска жена Марија и зеде некоја своја роднина па живееше со неа барајќи од патријархот благослов да се венча, Свети Тарасиј не само што не му даде благослов туку најпрво го посоветува, потоа го изобличи и најпосле го одлачи од Причест. Пред срмтта го видоа како им одговара на демоните: „Не сум виновен за тој грев! Не сум виновен ни за тој грев!...“ Така се дури не му изнемоште јазикот, па почна да се брани со рацете и да ги изгонува демоните. Кога издивна лицето му заблеска како во сончева светлина. Овој вистински јерарх се упокои во 806 година. Со Црквата управуваше дваесет и две години и четири месеци. Преподобен Пафнутиј Кефалас (24/02) Му беше современик на Св. Антониј Велики. За него се вели дека осумдесет години носел едно исто расо. Свети Антониј многу го ценел и на сите им велел дека овој е вистински подвижник, кој умее да лечи и спасува души. |
|
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
|
orto
Сениор Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свети Порфириј, епископ Гаски (25/02)
Овој голем архипастир се роди во Солун од богати родители. Младоста до дваесет и петтата година ја проживеа во родниот град, потоа го напушти родителскиот дом и светскиот живот и се оддалечи во Мисирската пустина. Под раководство на опитен духовник младиот Порфириј таму се замонаши и мина пет години. После ја посети Светата Земја заедно со својот соподвижник монахот Марко. Се подвизуваше во една пештера близу Ерусалим пет години, но тогаш расслабе во нозете и не можеше да оди. Сепак, ползејќи на колена постојано ги посетуваше Божјите служби. Една ноќ му се јави во видение Самиот Господ и го исцели од болеста во нозете и стана сосем здрав. Кога го избраа за епископ во Газа Порфириј ја прими таа должност со тешко срце. Во Газа затекна само двесте и осумдесет христијани; сите други жители беа идолопоклоници, и тоа фанатици. Само со својата голема вера и трпение Порфириј успеа да ги приведе Газаните во Христовата вера. Мораше лично да патува во Цариград кај царот Аркадиј и кај патријархот Јован Златоуст за да бара потпора во нерамната борба со идолопоклониците. Бараната поддрша ја доби. Идолските храмови беа затворени, идолите урнати, а тој изгради прекрасна црква со триесет меремерни столбови. Ѕидањето на овој храм особено го помогна царицата Евдоксија. Порфириј поживеа доволно долго за да го види целиот град Газа обратен во христијанската вера, но дури после неговите долги и тешки напори, страдања и плачни молитви кон Бога. Се упокои мирно во 421 година. Беше чудотворец за време на животот и по смртта. Моштите и денес му почиваат во Газа. Светиот маченик Јован Калфа (25/02) Овој светител се роди во Галата во Цариград. По занимање беше ѕидар („калфа“ значи „ѕидар“). Заради усрдното исповедање на христијанската вера се замери со Турците и тие почнаа да го присилуваат да се потурчи. „Не сакам да се одречам од мојот сладок Исус Христос“, им одговараше. „Во Него верувам, Нему Му служам, Него Го исповедам“. После тешки мачења Турците го заклаа на 26 февруари 1575 година во Цариград. Чесно пострада за љубениот Господ и се пресели во Неговите небесни дворци. |
|
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
|
rome
Сениор Регистриран: 10.Март.2007 Статус: Офлајн Поени: 492 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
rice chitam na brzina shto informacii imash klaeno.izvinimi ama nova sum pa nemozam sve od pochetok da chitam,no toa shto go pishish je za drugi.nemash napishano zasebe.date prasham dali ti si bi go dal svojot zivot kako svetcite za RISTOS.denot nablizuva sto sekoj eden shto je xristijan ke bidi trazen od zakonot,oti nie ke im bideme protivnici,jas veruvam vo eden Gospo toj je Ristos i studirane za krajot na ovoj svet kako shto pishi Svetoto Pismo.no slavenjeto na svetcite (POKLONUVANJE)nema da ne spasi.ve molam chitajte ja Biblijata oti nevreme idi i chejncata od trnjeto ke se ischistat.dali nekade pishi za spasenijeto mora da rabotish ili deka ke se spasish preku drugo ime odsvem preku RISTOS.ako pishi vo svetoto pismo te molam kazi oti nie nego imame najdeno a chitame poslednite 10 god.
|
|
Zaljubena vo Hristos nashiot Edinstven Spasitel
|
|
orto
Сениор Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свети Порфириј, епископ Гаски (25/02)
Овој голем архипастир се роди во Солун од богати родители. Младоста до дваесет и петтата година ја проживеа во родниот град, потоа го напушти родителскиот дом и светскиот живот и се оддалечи во Мисирската пустина. Под раководство на опитен духовник младиот Порфириј таму се замонаши и мина пет години. После ја посети Светата Земја заедно со својот соподвижник монахот Марко. Се подвизуваше во една пештера близу Ерусалим пет години, но тогаш расслабе во нозете и не можеше да оди. Сепак, ползејќи на колена постојано ги посетуваше Божјите служби. Една ноќ му се јави во видение Самиот Господ и го исцели од болеста во нозете и стана сосем здрав. Кога го избраа за епископ во Газа Порфириј ја прими таа должност со тешко срце. Во Газа затекна само двесте и осумдесет христијани; сите други жители беа идолопоклоници, и тоа фанатици. Само со својата голема вера и трпение Порфириј успеа да ги приведе Газаните во Христовата вера. Мораше лично да патува во Цариград кај царот Аркадиј и кај патријархот Јован Златоуст за да бара потпора во нерамната борба со идолопоклониците. Бараната поддрша ја доби. Идолските храмови беа затворени, идолите урнати, а тој изгради прекрасна црква со триесет меремерни столбови. Ѕидањето на овој храм особено го помогна царицата Евдоксија. Порфириј поживеа доволно долго за да го види целиот град Газа обратен во христијанската вера, но дури после неговите долги и тешки напори, страдања и плачни молитви кон Бога. Се упокои мирно во 421 година. Беше чудотворец за време на животот и по смртта. Моштите и денес му почиваат во Газа. Светиот маченик Јован Калфа (25/02) Овој светител се роди во Галата во Цариград. По занимање беше ѕидар („калфа“ значи „ѕидар“). Заради усрдното исповедање на христијанската вера се замери со Турците и тие почнаа да го присилуваат да се потурчи. „Не сакам да се одречам од мојот сладок Исус Христос“, им одговараше. „Во Него верувам, Нему Му служам, Него Го исповедам“. После тешки мачења Турците го заклаа на 26 февруари 1575 година во Цариград. Чесно пострада за љубениот Господ и се пресели во Неговите небесни дворци. |
|
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
|
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Преподобен Прокопиј Декаполит (26/02)Овој светител беше од Десетоградието (Декаполис) околу морето Галилејско, заради што и се нарече Декаполит. На испоснички живот се предаде во младоста и ги мина сите пропишани подвизи за очистување на срцето и возвисување на духот кон Господ. Но кога настана гонењето за иконите од страна на злобниот цар Лав Исавријанин, Прокопиј стана во заштита на иконите, докажувајќи дека иконопоклонувањето не е идолопоклонство, зашто христијаните знаат дека поклонувајќи им се на иконите не и се поклонуваат на материјата туку на живите светители насликани на иконите. Заради ова го мачеа ѕверски, го затвараа, го биеја и го стругаа со железо. Кога беше убиен злобниот цар Лав, иконите беа вратени во црквите, а Прокопиј се врати во својот манастир и во него во мир го проживеа остатокот од животот. На старост се пресели во Царството Божјо, каде што со радост ги гледа ангелите и светителите чии ликови ги чевствуваше на иконите на земјата. Мирно се упокои во 9 век. |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Преподобен Талалеј (26/02)Испосник сириски. Прво се подвизуваше во манастирот на Свети Сава Осветен, но потоа се насели на некои многубожечки гробишта прочуени по појави на демони и плашила. За да го победи стравот во себе со верата во Бога, Талалеј се насели таму и на гробиштата живееше долги години многу трпејќи од нападите на злите духови дење и ноќе. Заради големата вера и љубов кон Господ, Он му даде дар на чудотворство па им направи многу добрини на болните и страдални луѓе. Се упокои околу 460 година. |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
Внеси реплика | страница <1 89101112 68> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |