|
Писмата на Исус |
Внеси реплика | страница 123 6> |
Автор | |
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 16.Мај.2007 во 00:16 |
Во Евзебиевата “Историја на црквата“ ги имаме
цитатите на писмата кои си ги разменувале Исус со кралот Едесе Абгар. (писмото на Абгар до Исус) “Абгар, синот Укамов, до Исуса доброчинителот,
којшто се појави во околината на Ерусалем. Ми кажувале за тебе и за тоа дека
лекуваш болни без тревки и лекови. Расправаат дека со твојата моќ слепите
прогледуваат фатените проодуваат дека ги избркуваш нечистите духови и ѓаволите,
дека ги оздравуваш оние којшто докго време боледувале и дека воскреснуваш
мртви. Откако сево ова сум го слушнал за тебе, од двете едно е вистината: или
си Бог и откако си слегол од небото, дејствуваш, или го чинишсето тоа како син
Божји. Затоа денеска ти пишувам и те молам да се удостоиш и да дојдеш да ме
ослободиш од болеста од која страдам. Згора на тоа ми раскажувале дека Евреите
мрмореле против тебе и дека сакале нешто лошо да ти сторат. Мојата престолнина
не е голема но е убава и достатна за нас двајцата“ (одговорот на Исус) Благословен да бидеш, оти не си ме видел а си
поверувал во мене. Пишувано е за мене дека оние коишто ме виделе, нема да
поверуваат во мене, дека оние коишто не ме виделе ќе смогнат да поверуваат и
дека живот вечен ќе имаат. Што се однесува до твојата молба да дојдам кај тебе,
овдека треба да го исполнам своето послание, а потоа да се вратам кај онега што
ме испратил. Кога тоа ќе се исполни ќе ти пратам еден од своите ученици, кој
што ќе те излекува од болеста и кој што ќе ви го отвори и тебе и на оние што се
со тебе патот на животот“ |
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
абе ти што се сомневаш дали евангелијата се напишани од Г.Г. Гаврил во 1991 година, или порано, сега одеднаш најде за сходно да ти бидат веродостојни некои божемски писма од 4-5 век по Христа?
значи единствениот критериум ти е, дали ти се допаѓа некој текст или не? абе ставарно нема логика ова твоево верување... Изменето од аџија - 16.Мај.2007 во 00:28 |
|
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Види ако не знаеш не знаеш, јас прашав ако некој знаи кој ученик Исус го пратил и што стана со кралот а ти почна нешто сосем трето и без вреска. Тоа гои пишува во Евзебиевата “Историја на црквата“.
Или сакаш да кажеш дека Евзибиј ставал фалсификати во своите дела? |
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
па сакам да кажам дека веродостојноста на тоа „писмо“ е еднаква на веродостојноста дека ти си научник... |
|
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зошто би лажел Евзибиј.
Тој ги цитира писмата, значи ги имал в раце, ги гледал. Ај да иди од перо на некој нехристијанин, али Евзибиј е еден од првите Христијански писатели и историчари. Да се сомнева во неговото дело е мошне сериозно. |
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
добро ако е така... СУПЕР!
а зошто би лажел Флавије? зошто Матеј? зошто Лука? значи се е супер така? или супер е само тоа што тебе ти чини? |
|
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па Евзибиј прв го споменува делот на Флавије. Од Евзибиј наваму постои тој дел. Флавије не постои кај предходните црковни историчари (пред Евзибиј) а кои го познавале па и користеле пишувањето на Флавиј, Клеменс, Мунициј, Тертулијан, Теофил од Антиохија. Сите го знат Флавиј и единствено споменуваат кај Флавиј за Јован и Јаков но не и Исус. Од Евзибиј па наваму се појавува делот за Исус кај Флавиј...
Хмммм велиш дека има некоја врска? Изменето од Чорбаџија - 16.Мај.2007 во 00:53 |
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
немам појма... пак шпекулраш, а јас чекам да се пронајде „алката која недостасува“...т.е. ракописот во некоја пештера или пустина кој ќе ни потврди нешто, бидејќи не сум толку лековерен како „некои“... јас сакам цврсти факти, издржани, научни, а не рекла казала...
|
|
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Евзибиј ги цитирал писмата значи вистинити се.
Не знам што друго би те убедило. |
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
зборував за флавије...
|
|
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ракопис во пештера ништо не значи, не можеш да го викниш ни Флавиј ни Светониј ни Матеј да провериш дали тие го напишале, дали е ракописот нивен. Затоа се користат научни методи да се оцени што е валидно а што не. Ракописот колку и да делува “древно“ и “впечатливо“ со ликот не кажува многу. Така да и писмото на Исуса или писмото на Пилат во кој го убедува Тибериј дека Исус е син божји и дека згрешиле што наговорени од Еврите го убиле има ист изглед и филинг како и оригиналното писание на Павлета. Али едното е божемско а другото не.
Тука наулните методи стапуваат на дело. |
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
не се сложувам...
ако се пронајде ракопис, кој ќе покаже дека го нема делот кој ти шпекулираш дека е додаден, тоа и те како МНОГУ ќе значи... но засега, остануваме на жолтиот печат... |
|
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Аналогно на тоа ако се најди ново евангелије - влегува во Новиот завет?
|
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ако се најде ново евангелие од првиот век, од веродостојни „извори“, тогаш се разбира дека ќе има големо влијание врз вистинитоста на евангелијата какви што ги познаваме... Засега, такво нешто не е откриено, кое би можело да ја фрли во сомнеж евангелската наука... |
|
Внеси реплика | страница 123 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |