IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Градови во Македонија
  Активни теми Активни теми RSS - Прилепски настани
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Прилепски настани

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 7>
Автор
Порака
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Прилепски настани
    Испратена: 04.Август.2015 во 12:22
Секојдневни настани во Прилеп, проекти, реализации,критики СЕКАКО,  и секако предлози ЗА ПОУБАВ ПРИЛЕП ( БЕЗ ПОЛИТИКА, БЕЗ ПОЛИТИЧКИ ПОЗАДИНИ И НАВРЕДИ) 
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2015 во 13:53

ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ ОД ВЕЛОСИПЕДСКАТА ТУРА ИЛИНДЕН 2015 ПРИСТИГНАА ВО ПРИЛЕП

Агенцијата за млади и спорт во соработка со Велосипедската федерација по трети пат ја организираат велосипедската тура Илинден 2015.

Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2015 во 13:55

Венеција во Прилеп. Така денеска се шегуваат прилепчани по поплавата што го зафати градот ппладнево.

Фото: Со кајак по прилепските улици - kajak prilep
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2015 во 14:00

Сите ние заедно, да го изградиме храмот Св.Петка во населбата Точила

Со љубов, вера и поддршка да го изградиме храмот „Св. Петка“ во населбата - Точила

Жиро сметка: 300020000340408

Банка: Комерцијална банка

Назив на примачот: Црква Св.Благовештение - Прилеп

Цел на дознака: Донација за изградба на нова црква Св.Петка

Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2015 во 15:27
Originally posted by Zdravko81 Zdravko81 напиша:

Венеција во Прилеп. Така денеска се шегуваат прилепчани по поплавата што го зафати градот ппладнево.

Фото: Со кајак по прилепските улици - kajak prilep

Лесно ви е вас, викаат во Прилеп немало жртви затоа што знаеле да одат по гранкихи, хи...
Мала шала..
Испратија механизација во Прилеп?!
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2015 во 15:29
izvor: www.republika.mk

По вчерашните поројни дождови и поплави, во Прилеп ситуацијата е стабилизирана. Се чистат улиците и населбите од наноси, а комисиите за проценка на штетите веќе се на терен, соопшти денеска кризниот штаб на општина Прилеп.

prilep poplava

 

Според Никола Димески, претседател на Штабот, Прилеп вчера беше зафатен од силно невреме со пороен дожд и до 40 литри во секунда за 30 минути, што направи проблеми и штети. ­

– Уште во текот на невремето вчера, екипите веднаш излегоа на терен каде што имаше поплавени улици, канализациска мрежа, дворови и објекти. Вчера во 19 часот одржавме итна седница на која надлежните информираа за ситуацијата. Имаме пријави на граѓани за поплавени, најчесто подрумски простории, дел улици и канализација, истакна Димески.

Стиганти се околу 50 пријави на граѓани од кои 25 за поплавени подруми. ­

– Во сите случаи ноќеска до полноќ е интервенирано и денеска ситуацијата е стабилна. Преземени се сите мерки, а надлежните остануваат мобилни зашто се најавува во текот на денешниот ден и в четврток пак да има поројни дождови. Засега се справуваме сами како општина и немаме потреба од дополнителна помош, изјави Димески и апелира, граѓаните кои имаат штети од вчерашното невреме да поднесат барање.

Екипите на „Водовод и канализација“ синоќа постапуваа за одведувањето на дождовните води по пријавите на граѓаните. ­

– Синоќа екипите на „Водовод и канализација“ примија повеќе од 30 повици. За сите е излезено на терен и е реагирано. Денеска ќе се санираат дел проблематични точки кои не беа итни од вчера. Се интервенираше дури и до полноќ. Во поглед на еконструкцијата на канализационата мрежа што се врши во градот, тоа е проект за реконструкција на фекалната канализација и водите треба да бидат одведени до пречистителната таница што ќе се гради. Сега е при крај првата фаза од целиот проект во должина од 23 километри, следува втората фаза во должина од 44 километри. Ова е посебно со одведувањето на дождовните води, рече Ѓоко Јочкоски од ЈП „Водовор и канализација“.

Како што информира Златко Ристески, директор на ЈП „Комуналец“, се расчистува во најзагрозените населби и така ќе биде наредните денови.

– Според нашите согледувања, повеќе наноси имаме во населбите Тризла 1 и Тризла 2 и во населбата Бончејца. Денеска таму се работи на отстранување на наносите и работите ќе продолжат и утре. За два до три сена ќе се исчистат сите наноси од кал по поројните дождови – вели Ристески.



Изменето од Zdravko81 - 04.Август.2015 во 15:29
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2015 во 15:33
.

И оваа година, љубителите на добрата музика во Прилеп ќе имаат можност да уживаат цел викенд во звуците на неколку популарни имиња од популарната и џез музика.

Од 27-29 aвгуст, на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп , се одржува интернационалниот џез фестивал Prilep Jazz Weekend 2015.

Честа да го отвори фестивалот, ја има македонскиот артист Емин Џијан со своето трио. Покрај него, ќе настапат: Милан Петровиќ Квартет (Србија), триото на браќата Тавитјан, групата на Теодисиј Спасов (Бугарија), руската драмендбејз атракција Салто и алтер составот на Дарко Рундек – CUL DE SAC.

Сите концерти ќе се одржат на летната сцена од ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.

11807681_1638672053017524_6028050630275326567_o



 
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2015 во 14:11
Петок, 07 Август 2015 13:46

Пред споменикот на десетте загинати воени резервисти на Карпалак во прилепскиот гарнизон „Мирче Ацев“ денеска се одбележа 14-годишнината од загинувањето на македонските бранители.

karpalak-prilep-500
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2015 во 10:56
Со централна свеченост во прилепската касарна, денеска беше прославен Денот на Армијата на Република Македонија.
Градоначалникот Ристески го честита 18 Август, Денот на Армијата на Република Македонија и посака многу успех и лична безбедност во извршувањето на секојдневните обврски и задолженија на припадниците на АРМ.
18 Август е прогласен за Ден на АРМ  со одлука на Владата на Република Македонија од 3 јуни 1993 година и првпат е одбележан таа година.
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2015 во 09:45

Манифестација „Изворен балкански фолклор 2015“ ќе се одржи вечер на плоштадот „Александрија“ во Прилеп во рамки на Прилепското културно лето.

oro.jpg-500

На оваа традиционална манифестација ќе настапат фолклорни групи од Македонија, Бугарија и Србија кои ќе го презентираат нивниот изворен фолклор.

Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Септември.2015 во 00:28
Незнам зошто чистењето на градската река кое започна пред околу еден месец е
стопирано, а работниците со машините работеа турбо, па дури и во недела, уште од 8 часот,
без никакви обзири за населението кое живее во непосредната близина изненадување
Сите улици низ градот се катастрофа, една асолна од почеток до крај нема,
сето е дупки, длапки, а на местата кај што демек е ископан асфалтот за да се закрпи,
дупките стојат и по неколку дена отворени ко кратери, без притоа да се стави ни еден знак за
предупредување.
Гледам се пресекле уште неколку дрва покрај градската река во делот од кај малото мовче (кај Стара Црква) према Табана, небаре авионска писта ќе градиме.
Или финтата е демек ако е порастурено, повеќе се работи изненадување



Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2015 во 15:59
Објавен тендер:

Се бара изведувач кој ќе може да ја смени целокупната водоводна мрежа во Прилеп која била направена уште од времето на дедо Ное со неквалитетни цевки, и да ја смени и до изгради целокупната канализациона мрежа без да ги копне улиците. ( кој ќе ги копне улиците ќе маваме по рачесмеење ) само да им погодиме на поединци...намигнување
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2015 во 16:01
малку хумор и сатира хахахахаха голема насмевка ха газење од смеење

и уште нешто...

Се молат комшиите да направат список на кој кога му одговоара да работат фирмите на овие проекти... како што кажав погоре, да ја погодиме работата... 
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2015 во 22:30
Очигледно членов над мене одамна не поминал низ Прилеп голема насмевка
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.