|
Отстранување на бемки |
Внеси реплика | страница 123> |
Автор | |
Nesho1
Нов член Регистриран: 23.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 23.Октомври.2010 во 18:26 |
Имам прашање за сите на форумов. Дали некој има т.н. бемки (mole)на лицето или некаде на телото и дали биле кај дерматолог на преглед, тој каква дијагноза ви кажал, дали ви предложиле нивно вадење (ако се бенигни-неопасни), кој начин на нивно вадење ви предложил (криотерапија со течен азот, електрокатерација, хируршки, ласерски,). Дали било успешно вадењето, на кој начин и колку тоа чини во Р. Македонија. Конкретно ме интересира криотерапија, наводно била најдобра со најмалку негативни ефекти и било ефтино.
|
|
Pavaroti
Сениор Експерто нумеро 2 Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најсигурен начин е хируршки да се извади. Од тоа горење со течен азот мојот татко доби меланом, па види сега ти.
Ако не ти сметаат и не се големи ич не ги чепкај остај така како што е. |
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пред да се одреди начинот на третман на бемката,пожелно е да се направи дермоскопија наместо биопсија на пигментираниот дел на кожата,како би се одредило дали е бенигна или малигна промена.
Пигментираниот дел се премачкува со специјална течност и потоа со дермоскопот се добива слика на екран која се зголемува за 200-300 пати и при тоа се гледаат структурите кои за голо око се невидливи,а пресудни за правилна дијагноза. Доколку е бенигна промена и треба да се отстрани заради естетски причини или пак лоша местоположба ,се применува криотерапија -третман со течен азот,а оние сомнителните се отстрануваат хируршки на пластична хирургија. Ако не ја иритираш при бричење или ако не ти пречи естетски,не ја чепкај или пак за да бидеш мирен направи една дермоскопија,но таков апарат има во приватните дермато-венеролошки ординации. |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Obrati se kaj Dr.Ancevski ......so sigurnost se odstranuvaat ...ama malku kosta ... |
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
Pavaroti
Сениор Експерто нумеро 2 Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Таков дермоскоп има само кај др Анчевски. На контроли сум одел во клиника и кај др Анчевски. Од клиника сум многу позадоволен. |
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да,кај Анчевски и кај Пешиќ -Дермомедика,на тие приватни ординации мислев кога напишав за дермоскопот.
И не е лошо да се направи дермоскопија во една од нив ,па потоа третманот да се спроведе на Клиника...така ќе има брза дијагностика и сосема неинвазивна,безболна, за разлика од биопсија...и потоа третман со сини картони....нели треба да се мисли на материјалната моќ на членот . |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
Nesho1
Нов член Регистриран: 23.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пред 3 години бев на преглед кај др Анчевски, ме прегледаа, ми ги дадоа резултатите со зголемени слики , ми кажаа дека се бенигни, и ми кажаа да се отстранат хируршки во клинички. Пред неколку месеци бев во друг град на преглед ми кажаа да се отстранат со криотерапија. Пред неколку недели бев на преглед на клинички, клиника за кожни и венерични болести, докторката што ме снимаше (соба бр 5) ми кажа да се извадат хируршки, др Пешиќ (соба бр 1) ми кажа дека можело со криотерапија. Значи до сега хирургија - криотерапија нерешено 2:2. Во секој случај ви благодарам за одговорите.
|
|
Pavaroti
Сениор Експерто нумеро 2 Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ајде малку посликовито да ти објаснам, бидејки бемки не се за*банција. Дермоскопот работи на ABCD скала или така нешто, можам да ти пратам линк ама ако ти пратам ќе паднеш во депресија, ова нај пријателски го мислам. Во клиника прво ги гледаат со лупа па недај боже ако има некоја лоша бемка ги сликаат. Мојот татко е доктор дека многу знае му гореле некоја бемка со течен азот па потоа пробаа да му ја извадат хируршки во една приватна клиника и кога видоа дека е меланом а не го исчистиле добро одма го пратија на клиника да го исчистат, од тогаш се поминати неколку години и фала му на бога се е ок. Имам и јас некои бемки за вадење ама не сакам сега бидејки пред неколку години вадев една и многу тешко ми зарасна. Поздрав и памет у глава |
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најверојатно не му направиле дермоскопски преглед и промената им личела на бенигна па примениле криотерапија која верувам предизвикала компликации,па затоа потоа била советувана хируршка интервенција.
Хируршката интервенцијавво приватната клиника не била комплетно завршена,значи хистолошкиот наод покажал дека ресекционата линија не е во здраво ткиво,па затоа е направена дололнителна интервенција. Што се однесува до дермоскопијата,таа е сосема безболна и безопасна и само може да помогне во поставувањето на правилна дијагноза,која би го поштедила пациентот од вакви ситуации како што е во примерот на родителот на нашиот форумски Павароти. Еве како изгледа дермоскопски преглед .... Еве визуелизација на структурните промени на пигментираната промена... Изменето од renatax - 26.Октомври.2010 во 21:40 |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
Nesho1
Нов член Регистриран: 23.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас сакам да објаснам што ми дадоа кога бев на преглед кај др. Анчевски , ми дадоа извештај од две страни со фотографии во боја, со мерки во мм, површина, оски на ширење, минимален дијаметар, максимален дијаметар, бои,каде се наоѓа на АБЦД скалата каде со графикон се прикажани од 1,0 до 4,75 - бенигни, од 4,8 до 5,45 - сомнителни и поголеми од 5,45 - малигни и други вредности. Во клинички центар ми дадоа само едно ливче со три реченици за да го прочита др Пешиќ и мојот матичен лекар, а ја имаат истата опрема како кај др Анчевски. Јас не критикувам никого, целта ми е да слушнам разни мислења за овој проблем за кој верувам дека го имаат многу во Македонија, кои имаат бемки на лицето и тоа од естетски причини им смета во нивниот живот. Друг проблем во Македонија е тоа што ако некој спомене преглед веднаш другите како стогодишни баби ќе му кажат дека тие работи не се прегледуваат, не се чепкаат се оставаат така,(табу???),додека во другите држави прават кампањи за бесплатни превентивни прегледи за да се спречат смртни случаи кои ги имале во САД, Британија, Австралија, Хрватска, БИХ, Србија итн. Зборувам за превентивни прегледи тоа не значи дека веднаш со трчање ќе се оди на хирургија под нож. Посебно за на лицето, хирургија не е опција, ќе остави трајни лузни, не е тоа како на рака или нога. Поздрав.
|
|
Pavaroti
Сениор Експерто нумеро 2 Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зошто прашуваш кога си знаеш како треба |
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Nesho1
не знам од кој град си ама јас имам број од еден доктор специјалист од Прилеп (или од Велес) не знам точно од кај беше ама мислам дека е од Прилеп значи имам број од него и ќе ти кажам како се вика баш во телефонот ми беше запишан од пред година дена и прашај си кај него ако сакаш оти ти давал некој крем и од него ќе ти паднела бемката (ако е бенигна се разбира) Александар се вика ,доколку сакаш можам да ти дадам негов телефонски број на ЛП се разбира. значи не сум јас тој (докторот) па да помислиш дека реклама си правам оти јас сум од друг град и јас немам бемки нигде ЗА СРЕЌА ама некако во муабет со други пред 1 год си го запишав бројот и името на специјалистот значи тука на форумот има прилепчани и велешани и нека кажат тие (сигурно имаат слушнато за него) па нека кажат повеќе за него Изменето од renatax - 29.Октомври.2010 во 21:28 |
|
|
|
Nesho1
Нов член Регистриран: 23.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Srce01
Нов член Регистриран: 27.Јуни.2014 Статус: Офлајн Поени: 5 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Здраво. Можеби не ми е соодветно прашањето за тука, но не можев да најдам друга тема.
Сакам да прашам, дали имаа шансни, и ако имаа, кадее вршат отстранување на младежии ? |
|
Внеси реплика | страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |