Отстранување на бемки
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Медицина
Опис на форумот: Болести и лекови, алтернативци, превенција...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=23442
Датум на принтање: 21.Ноември.2024 во 20:29 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Отстранување на бемки
Постирано од: Nesho1
Наслов: Отстранување на бемки
Датум на внесување: 23.Октомври.2010 во 18:26
Имам прашање за сите на форумов. Дали некој има т.н. бемки (mole)на лицето или некаде на телото и дали биле кај дерматолог на преглед, тој каква дијагноза ви кажал, дали ви предложиле нивно вадење (ако се бенигни-неопасни), кој начин на нивно вадење ви предложил (криотерапија со течен азот, електрокатерација, хируршки, ласерски,). Дали било успешно вадењето, на кој начин и колку тоа чини во Р. Македонија. Конкретно ме интересира криотерапија, наводно била најдобра со најмалку негативни ефекти и било ефтино.
|
Коментари:
Постирано од: Pavaroti
Датум на внесување: 23.Октомври.2010 во 22:16
Најсигурен начин е хируршки да се извади. Од тоа горење со течен азот мојот татко доби меланом, па види сега ти.
Ако не ти сметаат и не се големи ич не ги чепкај остај така како што е.
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 24.Октомври.2010 во 00:15
Пред да се одреди начинот на третман на бемката,пожелно е да се направи дермоскопија наместо биопсија на пигментираниот дел на кожата,како би се одредило дали е бенигна или малигна промена.
Пигментираниот дел се премачкува со специјална течност и потоа со дермоскопот се добива слика на екран која се зголемува за 200-300 пати и при тоа се гледаат структурите кои за голо око се невидливи,а пресудни за правилна дијагноза. Доколку е бенигна промена и треба да се отстрани заради естетски причини или пак лоша местоположба ,се применува криотерапија -третман со течен азот,а оние сомнителните се отстрануваат хируршки на пластична хирургија. Ако не ја иритираш при бричење или ако не ти пречи естетски,не ја чепкај или пак за да бидеш мирен направи една дермоскопија,но таков апарат има во приватните дермато-венеролошки ординации.
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: laki_bu
Датум на внесување: 24.Октомври.2010 во 00:20
Nesho1 напиша:
Имам прашање за сите на форумов. Дали некој има т.н. бемки (mole)на лицето или некаде на телото и дали биле кај дерматолог на преглед, тој каква дијагноза ви кажал, дали ви предложиле нивно вадење (ако се бенигни-неопасни), кој начин на нивно вадење ви предложил (криотерапија со течен азот, електрокатерација, хируршки, ласерски,). Дали било успешно вадењето, на кој начин и колку тоа чини во Р. Македонија. Конкретно ме интересира криотерапија, наводно била најдобра со најмалку негативни ефекти и било ефтино. |
Obrati se kaj Dr.Ancevski ......so sigurnost se odstranuvaat ...ama malku kosta ...
------------- Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
Постирано од: Pavaroti
Датум на внесување: 24.Октомври.2010 во 12:12
renatax напиша:
Пред да се одреди начинот на третман на бемката,пожелно е да се направи дермоскопија наместо биопсија на пигментираниот дел на кожата,како би се одредило дали е бенигна или малигна промена.Пигментираниот дел се премачкува со специјална течност и потоа со дермоскопот се добива слика на екран која се зголемува за 200-300 пати и при тоа се гледаат структурите кои за голо око се невидливи,а пресудни за правилна дијагноза.Доколку е бенигна промена и треба да се отстрани заради естетски причини или пак лоша местоположба ,се применува криотерапија -третман со течен азот,а оние сомнителните се отстрануваат хируршки на пластична хирургија.Ако не ја иритираш при бричење или ако не ти пречи естетски,не ја чепкај или пак за да бидеш мирен направи една дермоскопија,но таков апарат има во приватните дермато-венеролошки ординации.
|
Таков дермоскоп има само кај др Анчевски. На контроли сум одел во клиника и кај др Анчевски. Од клиника сум многу позадоволен.
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 24.Октомври.2010 во 12:56
Да,кај Анчевски и кај Пешиќ -Дермомедика,на тие приватни ординации мислев кога напишав за дермоскопот. И не е лошо да се направи дермоскопија во една од нив ,па потоа третманот да се спроведе на Клиника...така ќе има брза дијагностика и сосема неинвазивна,безболна, за разлика од биопсија...и потоа третман со сини картони....нели треба да се мисли на материјалната моќ на членот .
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: Nesho1
Датум на внесување: 24.Октомври.2010 во 15:31
Пред 3 години бев на преглед кај др Анчевски, ме прегледаа, ми ги дадоа резултатите со зголемени слики , ми кажаа дека се бенигни, и ми кажаа да се отстранат хируршки во клинички. Пред неколку месеци бев во друг град на преглед ми кажаа да се отстранат со криотерапија. Пред неколку недели бев на преглед на клинички, клиника за кожни и венерични болести, докторката што ме снимаше (соба бр 5) ми кажа да се извадат хируршки, др Пешиќ (соба бр 1) ми кажа дека можело со криотерапија. Значи до сега хирургија - криотерапија нерешено 2:2. Во секој случај ви благодарам за одговорите.
|
Постирано од: Pavaroti
Датум на внесување: 25.Октомври.2010 во 22:18
Nesho1 напиша:
Пред 3 години бев на преглед кај др Анчевски, ме прегледаа, ми ги дадоа резултатите со зголемени слики , ми кажаа дека се бенигни, и ми кажаа да се отстранат хируршки во клинички. Пред неколку месеци бев во друг град на преглед ми кажаа да се отстранат со криотерапија. Пред неколку недели бев на преглед на клинички, клиника за кожни и венерични болести, докторката што ме снимаше (соба бр 5) ми кажа да се извадат хируршки, др Пешиќ (соба бр 1) ми кажа дека можело со криотерапија. Значи до сега хирургија - криотерапија нерешено 2:2. Во секој случај ви благодарам за одговорите. |
Ајде малку посликовито да ти објаснам, бидејки бемки не се за*банција. Дермоскопот работи на ABCD скала или така нешто, можам да ти пратам линк ама ако ти пратам ќе паднеш во депресија, ова нај пријателски го мислам. Во клиника прво ги гледаат со лупа па недај боже ако има некоја лоша бемка ги сликаат. Мојот татко е доктор дека многу знае му гореле некоја бемка со течен азот па потоа пробаа да му ја извадат хируршки во една приватна клиника и кога видоа дека е меланом а не го исчистиле добро одма го пратија на клиника да го исчистат, од тогаш се поминати неколку години и фала му на бога се е ок.
Имам и јас некои бемки за вадење ама не сакам сега бидејки пред неколку години вадев една и многу тешко ми зарасна. Поздрав и памет у глава
|
Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 25.Октомври.2010 во 23:05
Најверојатно не му направиле дермоскопски преглед и промената им личела на бенигна па примениле криотерапија која верувам предизвикала компликации,па затоа потоа била советувана хируршка интервенција. Хируршката интервенцијавво приватната клиника не била комплетно завршена,значи хистолошкиот наод покажал дека ресекционата линија не е во здраво ткиво,па затоа е направена дололнителна интервенција.
Што се однесува до дермоскопијата,таа е сосема безболна и безопасна и само може да помогне во поставувањето на правилна дијагноза,која би го поштедила пациентот од вакви ситуации како што е во примерот на родителот на нашиот форумски Павароти. Еве како изгледа дермоскопски преглед ....
Еве визуелизација на структурните промени на пигментираната промена...
------------- Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
Постирано од: Nesho1
Датум на внесување: 26.Октомври.2010 во 18:06
Јас сакам да објаснам што ми дадоа кога бев на преглед кај др. Анчевски , ми дадоа извештај од две страни со фотографии во боја, со мерки во мм, површина, оски на ширење, минимален дијаметар, максимален дијаметар, бои,каде се наоѓа на АБЦД скалата каде со графикон се прикажани од 1,0 до 4,75 - бенигни, од 4,8 до 5,45 - сомнителни и поголеми од 5,45 - малигни и други вредности. Во клинички центар ми дадоа само едно ливче со три реченици за да го прочита др Пешиќ и мојот матичен лекар, а ја имаат истата опрема како кај др Анчевски. Јас не критикувам никого, целта ми е да слушнам разни мислења за овој проблем за кој верувам дека го имаат многу во Македонија, кои имаат бемки на лицето и тоа од естетски причини им смета во нивниот живот. Друг проблем во Македонија е тоа што ако некој спомене преглед веднаш другите како стогодишни баби ќе му кажат дека тие работи не се прегледуваат, не се чепкаат се оставаат така,(табу???),додека во другите држави прават кампањи за бесплатни превентивни прегледи за да се спречат смртни случаи кои ги имале во САД, Британија, Австралија, Хрватска, БИХ, Србија итн. Зборувам за превентивни прегледи тоа не значи дека веднаш со трчање ќе се оди на хирургија под нож. Посебно за на лицето, хирургија не е опција, ќе остави трајни лузни, не е тоа како на рака или нога. Поздрав.
|
Постирано од: Pavaroti
Датум на внесување: 26.Октомври.2010 во 21:22
Nesho1 напиша:
Јас сакам да објаснам што ми дадоа кога бев на преглед кај др. Анчевски , ми дадоа извештај од две страни со фотографии во боја, со мерки во мм, површина, оски на ширење, минимален дијаметар, максимален дијаметар, бои,каде се наоѓа на АБЦД скалата каде со графикон се прикажани од 1,0 до 4,75 - бенигни, од 4,8 до 5,45 - сомнителни и поголеми од 5,45 - малигни и други вредности. Во клинички центар ми дадоа само едно ливче со три реченици за да го прочита др Пешиќ и мојот матичен лекар, а ја имаат истата опрема како кај др Анчевски. Јас не критикувам никого, целта ми е да слушнам разни мислења за овој проблем за кој верувам дека го имаат многу во Македонија, кои имаат бемки на лицето и тоа од естетски причини им смета во нивниот живот. Друг проблем во Македонија е тоа што ако некој спомене преглед веднаш другите како стогодишни баби ќе му кажат дека тие работи не се прегледуваат, не се чепкаат се оставаат така,(табу???),додека во другите држави прават кампањи за бесплатни превентивни прегледи за да се спречат смртни случаи кои ги имале во САД, Британија, Австралија, Хрватска, БИХ, Србија итн. Зборувам за превентивни прегледи тоа не значи дека веднаш со трчање ќе се оди на хирургија под нож. Посебно за на лицето, хирургија не е опција, ќе остави трајни лузни, не е тоа како на рака или нога. Поздрав. |
Зошто прашуваш кога си знаеш како треба
|
Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 29.Октомври.2010 во 20:44
member_profile.asp?PF=25817&FID=24 - Nesho1
не знам од кој град си ама јас имам број од еден доктор специјалист од Прилеп (или од Велес) не знам точно од кај беше ама мислам дека е од Прилеп
значи имам број од него и ќе ти кажам како се вика баш во телефонот ми беше запишан од пред година дена и прашај си кај него ако сакаш оти ти давал некој крем и од него ќе ти паднела бемката (ако е бенигна се разбира)
Александар се вика ,доколку сакаш можам да ти дадам негов телефонски број на ЛП се разбира.
значи не сум јас тој (докторот) па да помислиш дека реклама си правам оти јас сум од друг град и јас немам бемки нигде ЗА СРЕЌА ама некако во муабет со други пред 1 год си го запишав бројот и името на специјалистот
значи тука на форумот има прилепчани и велешани и нека кажат тие (сигурно имаат слушнато за него) па нека кажат повеќе за него
-------------
|
Постирано од: Nesho1
Датум на внесување: 30.Октомври.2010 во 23:27
Iron Man напиша:
member_profile.asp?PF=25817&FID=24 - Nesho1 не знам од кој град си ама јас имам број од еден доктор специјалист од Прилеп (или од Велес) не знам точно од кај беше ама мислам дека е од Прилеп значи имам број од него и ќе ти кажам како се вика баш во телефонот ми беше запишан од пред година дена и прашај си кај него ако сакаш оти ти давал некој крем и од него ќе ти паднела бемката (ако е бенигна се разбира)Александар се вика ,доколку сакаш можам да ти дадам негов телефонски број на ЛП се разбира.значи не сум јас тој (докторот) па да помислиш дека реклама си правам оти јас сум од друг град и јас немам бемки нигде ЗА СРЕЌА ама некако во муабет со други пред 1 год си го запишав бројот и името на специјалистот значи тука на форумот има прилепчани и велешани и нека кажат тие (сигурно имаат слушнато за него) па нека кажат повеќе за него
| Ти благодарам за информацијата, такви кремови рекламираат на you tube и ги гледав нивните официјални страни, меѓутоа најдобро е да останам на тоа што ќе ми кажат докторите па ќе видам што понатаму. Поздрав.
|
Постирано од: Srce01
Датум на внесување: 27.Јуни.2014 во 12:38
Здраво. Можеби не ми е соодветно прашањето за тука, но не можев да најдам друга тема. Сакам да прашам, дали имаа шансни, и ако имаа, кадее вршат отстранување на младежии ?
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 27.Јуни.2014 во 12:47
Srce01 напиша:
Здраво. Можеби не ми е соодветно прашањето за тука, но не можев да најдам друга тема. Сакам да прашам, дали имаа шансни, и ако имаа, кадее вршат отстранување на младежии ?
|
Сакаш да си го смениш полот ли ?
-------------
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 27.Јуни.2014 во 13:03
Леле Емил Еве што се http://en.wikipedia.org/wiki/Nevi" rel="nofollow - младежи.
А каде се отстрануваат, појма немам. Тоа е мала хируршка интервенција, би требало да прашаш кај дерматолог. (Имавме тема Отстранување на бемки, ако ја најдам ќе ги префрлам постовите, па може таму ќе има некој совет.)
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 27.Јуни.2014 во 13:05
Па да каже бемка за да ја разберам .
-------------
|
Постирано од: Srce01
Датум на внесување: 27.Јуни.2014 во 13:06
Мислев на поткожни поголеми бемки ...
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 27.Јуни.2014 во 13:09
http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=23442" rel="nofollow - Отстранување на бемки.
Еве ја темата во медицина, ќе ги префрлам постовите. Прочитај таму, имаш и неколку совети. Се надевам ќе ти бидат од помош, ама задолжително треба да се консултираш со дерматолот. Ако се бенигни, не би требало за еден дерматолог да е проблем да се отстранат.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: pajser
Датум на внесување: 27.Јуни.2014 во 14:33
Srce01 напиша:
Мислев на поткожни поголеми бемки ... |
,,,ushte na samiot pochetok bemkite ,,ili ,,melanomite se vid na tkivo koe e /tumorozno/izvini vaka na direktnosta oti poinaku nemozhe/,,,zatoa pravilo e da ne se gibaat,nitu prevzimaat bilokakvi zahvati od krioterapija pa do hirurshko otstranuvanje,,, ,,,sigurno ne ti smetaat vo tolkva mera za da se prevzemaat radikalni merki,bilo koi,zatoa moj sovet ti e da voopshto ne razmisluvash na niv i gi isfrlish od tvojot um i neka si sedat tamu kade se ,bidejki pri razni zahvati golemi se shansite bemkite od obichen melanom da migrira vo sosema neshto drugo nesakano,,,,zatoa ,,,ne rzmisluvaj za niv ,i ne gi chachkaj neka si sedat mirni,,, a i ti da ne mu ja mislish shto posle,, ,,pozzzzzzzz,,,,i se najdobro,,odlukata e tvoja ,,preporakata moja,,
------------- nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
Постирано од: Srce01
Датум на внесување: 27.Јуни.2014 во 15:30
Амаа ми сметааа многуу
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 27.Јуни.2014 во 15:32
Каде ти се што толку многу ти сметаат? (Аки не е тајна)
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|
Постирано од: Srce01
Датум на внесување: 27.Јуни.2014 во 15:34
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 27.Јуни.2014 во 15:38
И тоа е широк поим (за вакви буквалисти како мене хаха) Осетлива зона секако, не би ги чепкала доколку би ги имала, можеби ако беа на образите на пример. Затоа прашав, на некои места и не се толку неестетски.
Ама треба да се прифатиш и сакаш таква каква што си, затоа што никој не е совршен. Инаку за отстранување имаш на многу места во Скопје, и државно и приватно
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|
Постирано од: pajser
Датум на внесување: 27.Јуни.2014 во 15:50
Srce01 напиша:
На лицето ... |
,,,a shto so luznite ,,ako nedajbozhe se sozdadat posle otstranuvanjeto na bemkite,,
,,,vaka spored godinite si sigurno mlada ,,epten mlada i samo ti gi gledash vo ogledalo i nikoj drug,a i obichno mozolche smeta ,/samo za sporedba/,,,i so istisnuvanje na mozolchinjata ostanuvaat tragi luzni ,a ne na bemki,, ,,,sigurno si ubava i so bemkite,mozhebi duri i simpatichna ,,pipi dolgiot chorap,,,
,,,se drugo e komercijalai trgovija so zdravje i "ubavina",,a bidejki se raboti za estetski zahvat nikoj nema da odgovara za nesakanite posledici,,,,pa sega ti vidi,,,a i nema shto da gledash ,tuku zaboravi gi deka gi imash ,,sigurno ne se tolku golemi za da prestavuvaat tolku golem problem,,, ,,,aj pozzzzz,,,,,
------------- nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
Постирано од: Srce01
Датум на внесување: 27.Јуни.2014 во 16:00
Не е како ПИПИ ... НЕ се толку, туку две поголеми на лицето што стварно не е можно да ги прекриеш Сепак ФАЛА ви на сите ...
|
Постирано од: pajser
Датум на внесување: 27.Јуни.2014 во 16:05
Srce01 напиша:
Не е како ПИПИ ... НЕ се толку, туку две поголеми на лицето што стварно не е можно да ги прекриеш Сепак ФАЛА ви на сите ... |
,,,,,shto i da reshish,,,Ti ke si bidesh pak Ti,,,,
------------- nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
Постирано од: sanja-a
Датум на внесување: 27.Јуни.2014 во 17:27
Srce01 напиша:
Мислев на поткожни поголеми бемки ... |
Доколку не забелешуваш промени во бемките (во боја,големина) подобро би било да ги оставиш на мир, како што кажа Пајсер да не се повторувам само помалку ќе ги сончаш
------------- Обожавам луѓе кои ме смеат. Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн
|
Постирано од: Орка
Датум на внесување: 29.Јуни.2014 во 21:36
Да си жива и здрава,и премногу на срце не си ставај... Има пудри кои ги прикриваат,консултирај си се со доктор специјалист. А во меѓу време,види и на ведрата страна. Според некои верувања бемките покажувале каков ќе ви биде животот и дали ќе имате среќа...
http://mkd-news.com/kade-imate-bemki-toa-pokazhuva-kakov-ke-vi-bide-zhivotot-i-dali-ke-imate-sreka/" rel="nofollow - http://mkd-news.com/kade-imate-bemki-toa-pokazhuva-kakov-ke-vi-bide-zhivotot-i-dali-ke-imate-sreka/
Моите неколку да ми платат не ги тргам...Каква позиција фатиле,слободно дома да си седам и среќата сама ќе ми дојде. Ја па будала огласи ќе читам... Од денес на форум ќе си дремам,и како Ѓорѓи во приказнине цар ќе си се сторам. Само којзнае магаре дали ќе се најде низ ова метрополвава белосветска да ми го донесе азното.
|
Постирано од: annaja
Датум на внесување: 21.Септември.2015 во 00:41
Не си играјте со бемките.Пред 40 дена изгубив прва братучетка.
|
|