IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Традиционални занаети
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Традиционални занаети

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Традиционални занаети
    Испратена: 31.Декември.2009 во 13:12

НОСИИ



Духот на фолклорното богатство на Македонскиот народ низ вековите растел и на подрачјето на Велес, оставајќи го на носиите што го надживеале времето, белегот на народното создавање.

 

До ден денес, најкарактеристични носии во велешкиот крај останале носиите од северните велешки села.

 

Машката носија била изработена од бело платно,а ја сочинувале кошула, гаќи, елек од клашна (пругасто домашно ткаено платно), шалвари со широки ногавици, бечви со капаци од бел и црн шајак, копоран од клашна и памуклија антерија која се носела преку елекот. На нозете се носеле чорапи врз кои се обмотувала волнена објала или калци (вид потколеници од клашна што се навлекувале на нозете). Во летните периоди мажите на појасот или на главата носеле бела крпа бришалка.



Женската носија била составена од памучна кошула, везена по долниот дел и на ракавите, ќурдија (горна облека без ракави) изработена од бела и од црна клaшна, долга до средината на листовите од нозете. Потоа, ѕуница (појас од волнена преѓа), елек од шарено платно во пруги, како и фута ткаена на црвена основа. На главата, жените носеле шамии во разни бои. Карктеристични за фризурите биле додавните прцли, кои се прикачувале на собрана коса.

Во првите децении на XX век, женската носија ја замениле фустаните наречени ив’станки (облека во два дела, составена од здолниште и блуза исклучиво изработени од свила или сатен. Оваа носија била позната под името кроазе.

Жените на глaватa носеле шмии, а на нозете „чејли“.



ВЕЗОВИ

Со убавината на креацијата, умешноста на комбинацијата на бои и техники, македонските везови и ден денес претставуваат една од најзначајните етнолошки вредности. Техниките и везовите што се развивале и негувале на целата територија на Македонија, имале свои приврзаници и на подрачјето на Велес. Особено впечатлив е мијачкиот вез кој во себе спојува повеќе традиционални елементи на старата култура што Мијаците, од областа Мала Река, ја пренеле при населувањето во селата Ореше и Папрaдиште во областа Азот, велешко.

 

Карактеристика на мијачкиот вез е неговиот колорит во кој доминира црвената боја. Црната боја доминира во везовите што потекнуваат од Скопска Црна Гора и Долни Полог. Во колоритот на македонските везови се застапени и други бои како зелената, жолтата или темно сината. Карактеристика на македонските везови се густо извезените површини и специфичните орнаменти и мотиви. Традиционално за изработка на македонските везови се користеле претежно волнени конци и конци обоени со природни средства за боење. Во некои области како Полог и Порече за изработка на везовите се користела срма.

Македонските везови денеска во Велес ги негува здружението на граѓани „Везилка Ленка“ кое неодамна отвори и погон за изработка и пласман на традиционалните везови на домашниот и странскиот пазар.

TRADICIONALNI ZANAETI

ГРНЧАРСТВО



Грнчарството го носи духот на Велес. Овој традиционален занает што успеа да преживее векови на предизвици и денес е симбол на градот. Во минатото со грнчарство се занимавале сиромашните семејства. Грнчар бил и Кочо Рацин, еден од најголемите македоски поети. Грнчарите биле принудени со часови да копаат во месноста Рупите во потрага по квалитетна глина. Неретко, тие го ризикувале и животот за што сведочат податоците во историските записи за млади грнчари кои загинале од одрони обидувајќи се да ископаат најквалитетна глина. Грнчарството бара посебна умешност за мануелно обликување како и смисол за естетика. Кочо Рацин грнчарството го сметал за најстара уметност создадена истовремено со цртежите на пештерскиот човек.

Глината се обработува мануелно, со помош на грнчарско колце. Потоа изработените бардаци, стомни, тави, грниња и други грнчарски производи се сушат и се печат во специјални печки. На крајот се украсуваат со цртежи со специјални керамички бои и се заштитуваат со тенок слој на транспарентен флукс. Наспроти развојот на керамичката индустрија, традиционалните велешки грнчарски производи сеуште се барани на пазарот. Тоа ја одржува традицијата, но и занаетот. Секој од грнчарските производи е уникатен и сам по себе има единствена вредност. Денеска, покрај за потребите на домаќинствата, грнчарските производи служат и како украс во домовите на вљубениците во традицијата каде сведочат за историјата на македонската умешност.



КАЛАЈЏИИ


Во минатото, велешани, најчесто користеле бакарни садови за готвење. Поради зеленикавиот слој, што од влагата се јавува на бакарните садови, нивната површина се заштитува со тенок слој од калај кој одвреме навреме треба да се обнови. Калајџиите биле стручњаци за прекривање на бакарните садови со калај, а вршеле и поправки на сите оштетени бакарни садови. Казаните, котлите и ѓумовите за вода се калаисувале поретко, а најчесто се калаисувале котлињата кои виселе на отворените огништа по кујните. Во градовите најмногу се задржале бакарните тепсии со различна големина, украсени со убави филигрански гравури. Во ХХ век, во Велес, имало само тројца калајџии кои биле принудени да одат по селата во потрага по работа. Денес овој традиционален занает е исчезнат. Сепак поедици ги зачувале семејните традиции и од време навреме, умеат да му се вратат на калајчиството кое се применува за заштита на бакарни предмети што граѓаните-вљубеници во традицијата сеуште ги чуваат во домовите, најчесто како украс.




САРАЧИ

Сарачите изработувале целосна опрема за коњи: амови, седла, узенгии, камшици и кожени ленти. Главна суровина што ја користеле била кожата. Познатата велешка Сарачка чаршија –Безистенот, која се наоѓала на местото на денешниот градски пазар, во минатото го добила името поради големиот број на занаетчии сарачи кои работеле во неа. Опстојувањето на сарачкиот занает, кој денеска е исчезнат, зависело од бројот на коњите, но и од нивната намена.

 

Доколку расните коњи повеќе се употребувале за јавање или за влечење пајтони и чези, тогаш и сарачите имале повеќе работа. Ако коњите повеќе се користеле за носење товари или за орање, сарачите останувале без работа. Предизвиците на новото време и воведувањето на современи сообраќајни средства сосема го избришале овој занает од лицето на Велес. Но, долго по неговото исчезнување, чаршијата сеуште се нарекувала Сарачка, во спомен на мајсторите-сарачи.



САМАРЏИИ

Самарџискиот занает е еден од најстарите. И овој занает е во опаѓање, но не е исчезнат. Најмногу е застапен во руралните средини и ќе постои се додека крупниот добиток се користи за носење товар. За правење на самари, мајсторите самарџии користат дрво, јутено платно или аба, штавена јагнешка или овча кожа и слама. Со делкање на дрвото, тие ја прават предната и задна кобилица на самарот, во која вметнуваат измазнети гредички. Во таа дрвена рамка, самарџиите поставуваат јутени или кожени перници, наполнети со слама, како и по една цилиндрична јутена перница. Перниците ги поставуваат под предната и задната кобилица. Самарите се шијат рачно, со специјални игли. Самарџиите не користат машини за шиење, ниту столарски алат за обработка на дрвото. За изработка на самарите користат само тесла и специјален нож за стругање на дрвените делови.




ПАЈТОНЏИИ


Со појавата на моторните возила, шарените пајтони со коњски запреги украсени со ѕвонци и прапорци, исчезнаa од Велес. Останаа само спомените за еден од најспецифичните занаети што некогаш живееле во градот. Во минатото, секој не можел да се занимава со овој занает. Покрај пајтонот, пајтонџиите морале да имаат убави и здрави коњи како и шталa за дa ги чуваат. Пајтонџискиот занает не бил лесен зато што тие работеле по цел ден, а неретко и во текот на ноќта. Пајтонџиите биле изложени на секакви временски прилики. Развојот на стопанството и трговијата во XIX век придонел Велес да прерасне во жив транспортен центар што значело и многу работа за пајтонџиите. Во тој период, пaјтонџиите го минувале Стар мост со своите пајтони на четири тркала со впрегнати два или четири коња. Тие се користеле за превоз на патници и можеле да соберат до шест лица. Велешките пајтонџии биле мошне вешти во својата работа затоа што морале да возат и по стрмни и нерамни терени во повисоките делови од градот. Пајтоните се користеле и за свадби, а богатите велешани за превоз на младенците и сватовите ги ангажирале речиси сите велешки пајтонџии. Традицијата налагала и најсиромашните велешани за своите свадби да ангажираат барем еден пајтон. Пајтонџиите превезувале и стока за трговците. Поради атрактивноста на пајтоните, денеска постои инцијатива за нивно враќање на велешките улици. Во време на модерни превозни средства, враќањето на духот на овој занает може да биде вистинска туристичка атракција и да ги оживее спомените на постарите велешани.



ТЕРЗИИ

Во времето на големата културна експанзија на Велес, во XIX век кога младата авангарда ги донела со себе културните специфики на европските земји, во Велес особено биле ценети мајсторите –терзии задолжени за шиење на облеката на имотните, но и на посиромашните велешани. Со материјали се снабдувале од Велешките трговци, а неретко и самите патувале до Солун па дури и во Далмација по набавка на материјали. По отворањето на големата штофара на семејството Шукареви како и неколку други штофари во градот, терзиите добиле можност побрзо да набават материјали и да ги задоволат желбите на велешани.

 

Особено потребите на имотните граѓани и претставниците на еснафот кои имале желба да се облекуваат по најнова европска мода и да носат костуми од квалитетни материјали. Терзиите за својата работа најмногу користеле ,,Singer,, машини за шиење кои се сметале за најквалитетни. Денеска голем број велешки семејства, во своите домови чуваат и сеуште користат вакви машини. Наспроти брзиот развој на текстилната индустрија, терзискиот занает преживеа до денеска. Во Велес сеуште работат 18 мајстори-терзии кои произведуваат облека по мерка .

 

TRADICIONALNI PREDMETI



Меѓу традиционалните предмети кои со векови ја задржале својата намена и опстанале на ова поднебје се споменуваат украсите и предметите во кои на жарник се приготвувале и се послужувале специјалитетите од македонската кујна.

 

Изработени од глина, тавите, грнците, тенџерињата се предмети во кои и денеска се приготвува традиционалната македонска храна. Не помалку вредни се ваганите и толчниците направени од дрво, како и лажиците во разни големини. Меѓу садовите во кои се чува водата предничат надалеку познатите стомни, бардаци и ибрици.

 

Особено впечатливи за туристите се бакарните тепсии, ѓумови и украсни послужавници. Занаетчиите и домаќинките порано ги употребувале пеглите изработени од месинг, но денеска тие се користат само како украси.



Изменето од Tetratka - 31.Декември.2009 во 13:13
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Декември.2009 во 13:24
Покуќнина од метал

Со брзиот развој на индустриското производство се напуштале старите традиционални форми на живеење. Освен мебелот од метал, од метални свиткани цевки и профилирано железо, со федери и сл., од метал  биле изработени и постаменти за ламби, потоа послужавници, мангали од месинг, ибрици, чашки за кафе и ракија, мали кутии за чување накит, пепелници од бакар итн. [1]

 

37.13. Часовник од метал, МГС инв. бр. 2291

 

37.14. Рамка за слика, метална, МГС инв. бр. 497

 

Бронзата, месингот и среброто служеле за украсување на покуќнинските предмети или предмети за дотерување. Кујунџиите правеле кутии, табакери за тутун и цигари, мастилници, кандила, вазни, садови за слатко, пудриери за дами, садови за чување и послужување на ситни колачиња и бонбони, послужавници и слично.

Многу предмети од метал биле со натписи, посвети, благослови или биле изгравирани и датирани. За гравирање биле користени познатите граверски техники  “флах”, “тиф” и “ерхабен”.” [2]

Скопските трговци во својата работа користеле печати, “мурови”, во кружна, овална или четвртеста форма. Понекогаш тие биле и во вид на прстен и истовремено служеле и како накит и како печат.

Секоја градска куќа имала голем број покуќнински предмети од метал, наменети за огништето, за перење и одржување на личната хигиена, за послужување на храна и пијалаци, за затоплување на просториите, за осветлување и слично.  Од метални садови, во градските куќи се употребувале тави, бакарни котлиња, тепсии, чинии, зарфови, прибор за јадење итн. Нив ги изработувале и ги калаисувале калајџиите. Одделни предмети биле изработени од ковано железо, како пирустии, маши, држачи за борина и слично. Во секоја градска куќа имало свеќници, вазни за цвеќе, авани за толчење, домашни кантари, чукала за порта, ѕвонци за  врата  што  ги изработувале леари и кантарџии. Во металната  покуќнина спаѓале и ѓумовите, сааните, ибриците, мангалите, казаните, котлињата, чиниите, чашите за пиење и друго. 

 

37.15. Чајник од метал, МГС инв. бр. 795

 

37.16. Метален послужавник, МГС инв. бр. 2532

 

37.17. Свеќник, шандан, МГС инв. бр. 1175

 

Предметите од метал се одликувале со богатство на форми и оригинални линии, а нивната орнаментика била изведена со техника на “грави” или “плитко” релјефно ковање.  Голем број  покуќнински предмети од метал биле увезени од странство, а најчесто се увезувале  мангали, самовари,  држачи за свеќи  итн. Поради многубројните посебности на предметите од бакар, како и поради нивната широка домашна употреба, тие останале само спомен за еден одреден временски период, додека насекаде се појавувале производи од стакло, порцелан, уметнички обликувана керамика, емајлиран метал.

за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2010 во 19:26
http://www.cs.earlham.edu/~dusko/nosii/smock34-1.gif
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2010 во 19:27
http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/DF2EFCD44E00F64DB340C457A5E491B3.jpghttp://www.macedoniadirect.com/costumes/prilep/P2098382.jpg
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2010 во 19:29
Народните носии се едно од главните обележја на нашата култура и традиција. Носиите ја претставуваат инвентивноста и мајсторството на народните креатори-Македонските жени, кои сами ги изработувале носиите од суровини кои самите ги произведувале (најчесто волна, лен, памук, коноп) со помош на традиционални алатки (разбој, вретена, игли).
До почетокот на 20 век, кога народните носии беа се уште во употреба и популарни, на територијата на Македонија постоеја околу 70 различни видови на богато украсени народни носии. Секој регион во земјата има свои главни стилски, естетски и функционални обележја по кои се разликува од другите. Причината за мноштвото различни народни носии, најмногу женските, пред се лежи во географската изолираност на етничките региони, како и честите миграции и едничкиот диверзитет на населението.
На територијата на Македонија се разликуваат два главни типови на носии: Западно-македонски и Источно-македонски. Западните се поделени според етнографските региони, Горниот тек на Вардар, Дабарско-Мијачки и Брсјачки. Источните се поделени на Средниот тек на Вардар и Шопски регион.
Главни карактеристики на македонските народни носии се везот (со раскошни геометриски и цветни шари), апликациите, плетените шари, бордури, срмата и плетенките, како и накитот, главно изработен од метал, монистра и плодови од природата.
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2010 во 19:32
http://farm4.static.flickr.com/3014/2631142358_27e975f3de.jpg
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2010 во 19:35
http://www.horo.bg/resources/images_full/o632453791465000000.jpg
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2010 во 19:37



Охридско Поле





Дебарско Поле





Пијанец






Преспа





Прилепско



Горна Река





Скопско

за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2010 во 19:41

national%20costumes%20of%20Macedonia%20from%20Mavrovo national%20costumes%20of%20Macedonia%20from%20Mavrovo

Изменето од Tetratka - 08.Јануари.2010 во 19:42
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2010 во 19:43

 

муслиманска%20носија%20од%20Река с.%20Битуше,%20православна%20носија с.%20Битуше,%20православна%20носија с.%20Битуше,%20православна%20носија с.%20Битуше,%20православна%20носија муслимански%20и%20православни%20носии%20од%20Река муслимански%20и%20православни%20носии%20од%20Река муслимански%20и%20православни%20носии%20од%20Река муслимански%20и%20православни%20носии%20од%20Река муслимански%20и%20православни%20носии%20од%20Река муслимански%20и%20православни%20носии%20од%20Река,%20с.%20Јанче муслимански%20и%20православни%20носии%20од%20Река,%20с.%20Јанче свечена%20православна%20носија%20од%20Река,%20на%20Водици%20во%20с.%20Битуше свечена%20православна%20носија%20од%20Река,%20на%20Водици%20во%20с.%20Битуше православна%20носија%20од%20Река,%20на%20Водици%20во%20с.%20Битуше свечена%20православна%20носија%20од%20Река,%20на%20Водици%20во%20с.%20Битуше православна%20носија%20од%20Река,%20на%20Водици%20во%20с.%20Битуше детска%20православна%20носија%20од%20Река,%20на%20Водици%20во%20с.%20Битуше момински%20православни%20носии%20од%20Река,%20на%20Водици%20во%20с.%20Битуше православна%20носија%20од%20Река,%20на%20Водици%20во%20с.%20Битуше свечена%20православна%20носија%20од%20Река,%20на%20Водици%20во%20с.%20Битуше моминска%20и%20свечена%20православна%20носија%20од%20Река,%20на%20Водици%20во%20с.%20Битуше свечена%20православна%20носија%20од%20Река,%20на%20Водици%20во%20с.%20Битуше муслиманска%20носија%20од%20Река муслиманска%20носија%20од%20Река муслиманска%20носија%20од%20Река свечена%20православна%20носија%20од%20Река,%20на%20Водици%20во%20с.%20Битуше

за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2010 во 19:45
http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/58D16EDCDD5B604FB7C9D72FBCFFC0D2.jpg
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2010 во 19:47
Женски носии от с. Смилево, Битолско

за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2010 во 19:49


Свадбена женска носија од с.Куфалово, Солунско
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2010 во 19:50
Скопска женска носија

за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.