IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Хиперактивни деца
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хиперактивни деца

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Хиперактивни деца
    Испратена: 19.Јануари.2009 во 08:48
Se pocestite diskusii za nekvalitetnata rabota na nastavnicite, nametnatite novi zakonski promeni vo obrazovanieto, a posebno aktuelnoto testiranje na znaenjata na ucenicite so cel KAZUVANJE/NAGRADUVANJE na nastavnicite vrz osnova na pokazanite znaenja na ucenicite nametnaa potreba od isfrlanje na povrshina na site problemi koi so godini se talozat ama pred niv site zamizuvaat... Se pocesti se reakciite na prosvetnite rabotnici deka pokraj obemnite nastavni programi, nedostatok na kvalitetni ucebnici, kratko vremetraenje na nastavniot cas, voveduvanje najrazlicni proekti od edikojsi koj malku saka da se opari pri toa nevodejki smetka za posledicite vrz ucenicite i nivnoto obrazovanie, nerabotenje na svojata rabota na ucilishnite strucni sluzbi tuku cela briga e prefrlena vrz nastavnikot, nemoznosta na roditelite da gi kontroliraat svoite deca koi najprvo treba da se sredat pa potoa da se bara VESHTERKI.
Eden od problemite so koi se sudruvaat nastavnicite e i zakonskata ramka koja gi osloboduva roditelite od nosenje dkument od Zavodot za mentalno zdravje so koe se potvrduva deka deteto nema nikakvi problemi, a ucilishtata se izlozeni na kazna dokolku pobaraat takov dokument. Eden problem koj e mnogu aktuelen megju nastavnicite e problemot na ...

Нервозни родители – хиперактивни деца

Истражувањето извршено на Универзитетот Мериленд покажа дека родителите на хиперактивните деца и самите се во опасност од различни пореметувања. Тие најчесто манифестираат анксиозност, депресија...

Родителите на децата со изразена хиперактивност, пореметување кое настанува како последица на одсуство на доволно внимание на околината и посебно на родителите, треба и самите да се консултираат со психијатри или невролози. Тие исто така се изложени на ризикот и самите са станат хиперактивни или да почнат да страдаат од пореметување во учењето, памтењето или некои други болести, соопштија американски истражувачи.

Генетска пореметеност

Истражувањето извршено на Универзитетот Мериленд покажа дека родителите на децата кај кои е дијагностицирана хиперактивност 24 пати повеќе се изложени на ова пореметување отколку децата без ова пореметување.

„Иако за хиперактивност постои генетска предодреденост, утврдено е дека сепак не заболуваат сите родители на деца со пореметувањето„, изјави неврологот Д-р Андреа Хронис која раководеше со истражувањето.

„Сите лекувања и терапии на деца се многу помалку ефикасни доколку и родителите имаат проблеми„-нагласи Хронис. „За несреќа, кога родителите имаат психолошки проблеми, тие се помалку способни животното опкружување на детето да го прилагодат на начин на кој на детето ќе му пружат оптимални услови за развој.

Битна е средината во која детето расте

Поради тоа, велат истражувачите, неопходно е да се истражи и средината во која детето расте и се идентификува и, ако е потребно, да се третираат проблемите на родителите кои можат да влијаат на лекувањето на детето.

Научниот тим на докторката Хронис го следеше однесувањето на 200 деца кај кои е дијагностицирана хиперактивност на универзитетските клиники во Чикаго и во Питсбург. Однесувањето на децата со хиперактивност е следен од 1995 година но, во исто време е контролирано и дали родителите страдаат од депресија.

Утврдено е дека родителите на претшколски деца со хиперактивност, кои и самите имаат проблеми во однесувањето, особено агресивност, два до петпати почесто имаат ментални проблеми како што се
анксиозност, депресија и користење на дроги.


Симптомите на хиперактивност често се мешаат со симптомите на некои други ментални однесувања-предупреди Д-р Хронис во извештајот објавен во Списанието на американската академија за деца и адолесцентна психијатрија.
Vo sekoja paralelka ima barem po edno. Psiholozite digaat race...roditelite  se odnesuvaat taka kako shto mozat...baraat nastavnicite da se spravat so nivnite deca na strucen nacin. Roditelite na ostanatite roditeli cesto reagiraat deka nivnite deca se maltretirani od hiperaktivnite deca. roditelite pagjaat vo depresija, a smeshno e da se rece deka i nastavnicite pagjaat vo depresija bidejki treba da se "spravat" i so deteto i so negovite  roditeli i so roditelite na ostanatite deca.




Изменето од mamamd - 19.Јануари.2009 во 08:48
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2009 во 09:27
Е добро бе мама па зар дете треба да е бубачка Па едно време важеше “МИРНО ДЕТЕ Е САМО БОЛНО ДЕТЕ“ а сега не треба да е живо.Јас имам 2 хиперактивни деца,и едно флегматично.Не е се слагам со фактот дека заради малку посветено време на детето се јавува тоа.Првото дете ми е флегматично,а немав време ни да го видам како што треба.Бев млада,бизнис терав (за жал) а за второто имав повеќе време,додека за третото,ќерка ми,го имав цело време на овој свет.И се посветив потполно и не одев на работа до нејзината скоро втора година,а таа е најенергична од сите.Зар болест е што ќерка ми сака да скока на трамболина?Што сака музика и да игра на неа?Зар болест е што е детето среќно,весело и живо?
Не се сложувам воопшто со горекажаното.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2009 во 09:43
Originally posted by butterflyM55 butterflyM55 напиша:

Е добро бе мама па зар дете треба да е бубачка Па едно време важеше “МИРНО ДЕТЕ Е САМО БОЛНО ДЕТЕ“ а сега не треба да е живо.Јас имам 2 хиперактивни деца,и едно флегматично.Не е се слагам со фактот дека заради малку посветено време на детето се јавува тоа.Првото дете ми е флегматично,а немав време ни да го видам како што треба.Бев млада,бизнис терав (за жал) а за второто имав повеќе време,додека за третото,ќерка ми,го имав цело време на овој свет.И се посветив потполно и не одев на работа до нејзината скоро втора година,а таа е најенергична од сите.Зар болест е што ќерка ми сака да скока на трамболина?Што сака музика и да игра на неа?Зар болест е што е детето среќно,весело и живо?
Не се сложувам воопшто со горекажаното.

Имам другар кој дипломираше психологија на оваа тема.

Хиперактивноста е болест, но нема ништо заедничко со детската разиграност и динамика.

Еден од главните симптоми кај хиперактивните деца е дека не умеат да го одржат своето внимание на една работа повеќе од 5-10 минути, дури ни во некаква интересна игра. Натамошен симптом е дека се екстремно зборлести и неретко ги закачаат другите деца или им пречат во нивната игра или школски задачи, и тоа така постојано се повторува, секој ден, со месеци, со години.

Некои деца ја надминуваат во пубертетот, но некои не. Возрасните оболени(бидејќи не биле лекувани како деца) од хиперактивно растројство тешко се вклопуваат во општеството и на работното место(неретко ја губат) поради својата неможност да ја контролираат постојано, на секои 5 минути нешто сосема друго да прават, а започнатото речиси никогаш не го завршуваат.

Лекувањето е можно, но задолжително подразбира консултации со психолози и дефектолози. Истото важи за поставување на точната дијагноза.



Изменето од Majkl - 19.Јануари.2009 во 09:48
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2009 во 10:43
Peperutke, golema e razlikata megju zivo i palavo...i hiperaktivno. Tokmu zatoa i ja otvoriv temata, da s eeducirame, da naucime da ne gi koristime terminite koi ne se soodvetni. Vo isto vreme da mozeme navreme da reagirame i kako roditeli i kako nastavnici...
Ova prezemeno od portalot  ...Me citash"... objasnuva mnogu...i rascistuva mnogu dilemi...

....Би започнала од една хиперактивност на детето за која многу родители не сакаат  да се соочат со вистината велејќи дека нивното дете е живо, темпераментно , тврдоглаво размазено и неспретно.

Но станува збор за едно ментално пореметување (attention deficit hyperactivity disorder, ADHD) кај детето кое пати од хиперактивност.Ваквото дете не успева да се организира,ги губи работите,не може да чека во ред, не е стрпливо,ја напушта школската клупа во текот на часот и секогаш е спремно некаде да тргне, да оди.

Првото сознание за своето дека родителот ќе го добие во предучилишната установа или училиштето од неговата воспитачка или учителка искажано како примедба дека понашањето на детето е проблематично иако се работи за дете кое е многу паметно, но со неговата нестрпливост прави мал неред во наставата.Кај вакви деца не помагаат казните а во секое одделение седи некое хиперактивно дете со овој проблем на синдром  на пореметување на вниманието.

АДХД синдромот се јавива кај малите деца и 12 % се јавува во училишниот период.Педијарската епидемиологија од овој синдром забележува поголема појава кај момчиња, три пати поголем во однос на девојчињата.Сепак се појавува некаде од втората и третата година од животот, но тој не е препознатлив се до поаѓањето во училиштето, бидејќи дефицитот на вниманието доаѓа до израз во училницата , каде што детето не може да го задржи вниманието на предавањето и  не може да седи во училишната клупа подолго од 45 минути и не може да се фокусира на училишните  задачи.За овие дечиња карактеристични симптоми се импулсивноста.и хиперактивноста , со други зборови детето не успева да се организира, премногу зборува,на прашањата инстинктивно одговара,го прекинува соговорникот,се наметнува на другите,често е раздразливо, бесно реагира на родителските забрани и наредби,агресивно е кон врсниците и нема трпение да седи во училишната клупа.

Споменатите симптоми се јавуваат најмалку во две средини во училиштети и домот.Траат околу шест месеци и воглавно се манифестираат пред седмата година и доведуваат до значајни пореметувања, социјални, училишни и работни активности.Освен проченката од лекарот , од клучно значење се запазувањата на родителите и учителките од кои се очекува активно учество во третирањето на пореметувањето.Меѓутоа иако дури и во стручните кругови може да се чуе мислењето дека АДХД не е озбилно пореметување, туку „палавост на детето кое ќе помине само по себе„ ,  студии на психијатрите  зборуваат спротивно.АДХД е прифатен како медицинска состојба која има биолошка основа.Во мозокот кај децата со ова пореметување има дефицид на два неуротрансмитери-допамин и норадреналин и исто така е утврдено дека има улога и наследноста.

Родителите се советуваат да побараат помош од психолозите , дефектолозите и детскиот психијатар.Освен нив во лечењето  треба да учествуваат сите, родителите, учителката и блиската околина.Лечењето на хиперактивниот синдром постепено се прилагодува на секој пациент и подразбира примена на психолошки, едукативни и социјални методи а доколку е потребно и лекови.Иначе овој лек кој се користи за лекување на хиперактивниот синдром се издава на дупли рецепт, а неговото издавање се проверува во случај родителите сами на нивна одговорност да не  го дијагностицираат синдромот и ги лечат своите деца.

Znaci ne zboruvame za obicna palavost...nemirno dete...tuku za hiperaktivno dete...




Изменето од mamamd - 19.Јануари.2009 во 10:49
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2009 во 11:07
Сега се разбравме
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2009 во 13:50
Интересна студија мама, добро е да се обрне внимание на овие работи. Точно е тоа дека децата се проекција на атмосферата во домот која живеат, особено овие деца кои потекнуваат од семејства со „сложени„ карактери кај двата родитела, како и незгодни животни околности.
Гледам многу често емисии на тв и во средината тука има такви изразени случаеви на деца со проблеми во „однесувањето„. По неколку сериозни опомени од педагозите, се превземаат мерки на отстранување на таквиот ученик од редовната настава и ги праќаат во т.н поправни училишта неколку пати во неделата или целосно ги префрлуваат таму.
И не дека овие деца се лоши нешто, но со вакви симптоми на постојано реметење на наставата и покажување агресивност исклучиво за време на школските часови мора да пренасочат привремено.

Изменето од GlenKlouz - 19.Јануари.2009 во 13:51
Кон врв
pmmladen Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 21.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 333
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pmmladen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2009 во 23:07
мамад,
текстов од горе го препиша или го копираше:)
Твоите заклучоци и ставови ги донесуваш врз основа на личното набљудување, искуство, разумно расудување или врз основа на некоја статија од некој психолог или психијатар кој и самиот не знае каков е, дали е нормален или не. Кој им дал такво авторитативно право на психолозите и психијатрите да просудуваат дали некој е нормален, дали тие се нормални, кој може тоа да им го потврди. До сега не сум видел некој што психологијата и психијатријата го направиле нормален-излечен. Обично после третман од гореспоменативе можеш да прочиташ во весник дека пациентот убил некого или се самоубил и во статијата во црна хроника во весниците е нагласено дека бил лекуван од ментални пореметувања, или пак пациентот е претворен во ЗОМБИ ИЗДРОГИРАН СО ТЕШКИ ПСИХИЈАТРИСКИ ДРОГИ и таков повеќе и не личи на човек тој е само сенка речиси мртов без чувства и емоции.
А што се однесува до хиперактивноста мислам дека тоа е доблест кај децата. Проблемот не е во децата туку кај возрасните кои не можат да се соочат со премногу раздвиженост и среќни и весели деца затоа што самите тие возрасни отишле далеку од нормалноста па сега за да ја прикријат својата влошена ментална состојба им измислуваат болести на децата -биле хиперактивни?.
И порака до сите деца: ДЕЦА БИДЕТЕ ХИПЕРАКТИВНИ БИДЕТЕ ЖИВИ И НИКОГАШ НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ НА ЛАГАТА ДЕКА ТОА Е БОЛЕСТ!

Изменето од pmmladen - 20.Јануари.2009 во 21:09
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2009 во 13:00
...Jas navedov deka tekstot e prezemen... i pak kje povtoram se so cel pravenje razlika megju "zivo, nenmirno, palavo" i hiperaktivno dete. Razlikata e golema.
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2009 во 13:58
Ццццц Мама џабе да објаснуваш, читам и се чудам дали луѓево воопшто ЧИТААТ пред се што е напишано, дали посветуваат внимание на содржината или го рипаат секој втор ред.
За некои болести и синдроми многу малку се знае и луѓето веднаш си земаат за право да критикуваат нешто од кое врска си немаат.
Оваа „болест„ спаѓа во групата на Behavioral Desorders или пореметувања во однесувањето од одредени психолошки и невролошки причини.
Да не тресам толку зелени, не сум докотр, но лично познавам вакво дете, и детето не е ненормално туку си има одредени проблемиво однесувањето за кои се превземаат соодветни мерки од страна на неговите родители и на училиште. И незнам зошто луѓево тоа толку трагично го сфаќаат, кога прво не разграничуваат некои работи.
Кон врв
pmmladen Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 21.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 333
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pmmladen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2009 во 21:18
Погледнете овде и видете што сакам да кажам:
http://www.fightforkids.org/
http://www.psychiatric-help.org/PSYCHIATRIC-HELP/default.asp
http://www.alternativementalhealth.com/
http://www.psychcrime.org/
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2009 во 21:26
Nema da polemiziram od pricina shto delimicno se soglasuvam okolu tvojot stav deka mnogupati mesto lecenje se postignuva obraten efekt. isto taka ima edna bolna vistina deka kaj nas shkolskite psiholozi voopshto ne se strucni za rabota so hiperaktivnite deca i voopshto ne se nafakjaat da rabotat so niv pa duri i ne dijagnosticiraat hiperaktivnost tuku ona shto site go velat..palavo...nemirno...kje se smiri...
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2009 во 12:47
Да не заборавиме дека АДХД има две спротивставени страни-едната е хиперактивноста за која пишувавте а другата е atention deficit syndromeпри што детето е тотално деконцентрирано, мирно (за разлика од хиперактивното дете, дури препасивно), се оддава на дневни сонувања, споро е....

Се согласувам со мамамд дека школските психолози немаат благе везе за оваа работа а уште помалку се обучени за работа со нив. Често овие деца ја ометаат наставата во “нормалните“ паралелки затоа што за нив кај нас не постои посебна паралелка/институција.

Кај некои, овој синдром се губи во адолесценцијата, кај некои не. Често се препишуваат и лекови и затоа ова дете треба да е под надзор на невропсихијатар а не детски психолог.

МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Тречи Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Царевићот

Регистриран: 22.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 414
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Тречи Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2009 во 16:18
Мање шекер у исхрана и океј ќе биде
Книге децо книге......
Речи свима ко си,не штиди се своје вере,и буди поносни син Православја!

Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2009 во 16:57
Хиперактивните деца често се раѓаат од родители кои конзумирале дроги. Не е правило, но често е.
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 2,000 секунди.