IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Одбојка
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Одбојка

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Одбојка
    Испратена: 17.Јуни.2008 во 19:36

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦОТ ЈОВИЦА СИМОВСКИ НАЈВЕРОЈАТНО И СЛЕДНАТА СЕЗОНА ЌЕ НАСТАПУВА ВО БЕЛГИСКАТА ЛИГА

"Засега останувам во Авербоде"

Нашиот интернационалец и еден од предводниците на репрезентацијата, Јовица Симовски, најверојатно и следната сезона ќе остане во својот досегашен клуб, белгискиот Авербоде. Симовски иако изминатава недела имаше понуда и сериозни преговори со третопласириот тим во белгискиот шампионат, Асе- Леник, не успеа да го оствари трансферот бидејќи сегашниот клуб за раскинување на договорот бараше висока отштета.

"Имав интересна понуда од третопласираната екипа во Белгија, Леник, да преминам во нивниот тим, а во текот на преговорите во целост беа прифатени моите барања. Но, Авербоде не сака да ме пушти да заминам од клубот и за раскинување на договорот бараат висока отштета. Во договорот кој го имам со нив стои дека доколу имам понуда од некоја екипа која настапува во Лигата на шампионите, нема да ми прават никакви проблеми и ќе ме пуштат да заминам, но бидејќи тоа не е случај со Леник, управата на Авербоде се труди да ме задржи. Засега останувам во клубот, но доколку во текот на летниот период се појават и други интересни понуди, тогаш можно е да ја сменам и средината", вели Јовица Симовски.

Популарниот "Гума" изминатава сезона беше најдобар поентер во белгиската лига и е еден од клучните играчи на Авербоде, па оттука сфатлива е и реакцијата на клубот кој се труди да го задржи својот најдобар играч. Симовски на 1 август почнува со подготовките со екипата, а во истиот период треба да стартува и подготвителниот циклус на машката репрезентација за баражот за ЕП. Интерналецот уште од сега најавува дека нема да може да биде дел од комплетните подготовки бидејќи Авербоде ќе му дозволи отсуство од само една недела.



Повредата санирана

Повредата на скочниот зглоб која Симовски ја доби во квалификациите за ЕП е санирана. Отокот е комплетно повлечен, а Јовица се надева дека нема да има никакви проблеми до стартот на новата сезона и бараж натпреварот кој ја очекува репрезентацијата.

 
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2008 во 19:37

ПРВОТО КОЛО ОД СВЕТСКАТА ЛИГА 2008, ВО ЗНАКОТ НА ШАМПИОНОТ

Бразил го обележа "мечот на неделата"

Првиот натпреварувачки викенд на Светската лига 2008 помина во знакот на актуелниот шампион Бразил, САД, Русија, Бугарија и Франција, кои имаа одличен старт и со две победи во разигрувањето со противниците го затворија првото коло.

Бразилците во "натпреварот на неделата" успеаја на двете средби, пред својата публика да слават со 3:2 против Србија. "Кариоките" откако ја забележаа првата победа, во вториот меч им преостануваше да ја потврдат добрата игра, но Србите беа решени да го возвратат ударот.

Домаќинот имаше предност 10:7 во стартниот сет, но Србија изедначи на 14:14, по што следуваше долга борба и игра поен за поен с$ до завршницата, 21:21. Со фантастична игра на мрежата, особено во блокот, Србија во финишот дојде до минимално водство 23:21, кое го задржа до крај искористувајќи ја втората сет топка за 25:23. Бразилците доминираа во вториот сет и без поголеми проблеми со 25:19 изедначија на 1:1. Стабилната игра "кариоките" ја задржаа во продолжението, што им донесе водство од високи 16:9. Србија, која како да ја бараше својата играта во тие моменти, успеа да излезе од кризата, изедначувајќи на 23:23, а подоцна прави и комплетен пресврт освојувајќи го сетот со 26:24. Србите со силна иницијатива го почнаа четвртиот сет и имаа 4:0 на стартот, но Бразил многу брзо се стабилизира и ја презема работата во свои раце, и со 25:23, се избори за тајм-брејк. Домаќинот решеноста за победа ја покажа во петтиот сет, кога со одлична игра го неутрализираше отпорот на конк*рентот и со 15:11 го реши натпреварот во своја корист.

Во вториот дуел од "А" групата Франција запиша две победи против Венецуела. Во групата "Б", Куба и Италија имаат изедначен скор, една победа и еден пораз, додека Русија двапати ја совлада Кореја. Фаворитите во "Ц" групата, САД и Бугарија немаа проблеми во мечевите со противниците. Најинтересна група викендов беше "Д" каде се одиграа четири неизвесни натпревари, во кои конк*рентите ги поделија бодовите.

Второто коло од Светската лига 2008 се игра следниот викенд.

СВЕТСКА ЛИГА 2008

1. КОЛО

ГРУПА "А"

Бразил - Србија 3:2/3:2

Венецуела - Франција 2:3/0:3

ТАБЕЛА:

1. Франција 2 2 0 6:2 4

2. Бразил 2 2 0 6:4 4

3. Србија 2 0 2 4:6 2

4. Венецуела 2 0 2 2:6 2

ГРУПА "Б"

Куба - Италија 3:2/1:3

Кореја - Русија 2:3/1:3

ТАБЕЛА:

1. Русија 2 2 0 6:3 4

2. Италија 2 1 1 5:4 3

3. Куба 2 1 1 4:5 3

4. Кореја 2 0 2 3:6 2

ГРУПА "Ц"

Финска - САД 1:3/0:3

Бугарија - Шпанија 3:0/3:1

ТАБЕЛА:

1. САД 2 2 0 6:1 4

2. Бугарија 2 2 0 6:1 4

3. Финска 2 0 2 1:6 2

4. Шпанија 2 0 2 1:6 2

ГРУПА "Д"

Египет - Полска 3:2/1:3

Кина - Јапонија 2:3/3:2

ТАБЕЛА:

1. Полска 2 1 1 5:4 3

2. Кина 2 1 1 5:5 3

3. Јапонија 2 1 1 5:5 3

4. Египет 2 1 1 4:5 3

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2008 во 17:12

НАЈТРОФЕЈНИОТ МАКЕДОНСКИ СТРАТЕГ ЈА ПРЕКИНА СОРАБОТКАТА СО ЦРНОГОРСКИОТ ПРВОЛИГАШ

Миленковски ја напушти Будванска Ривиера

* "Поради "замрзнувањето" на функцијата на досегашниот спортски директор на клубот, Раденко Маровиќ, со кого и ја почнав мојата соработка, сметав дека најкоректно е со меѓусебен раскин на договорот да се повлечам од позицијата тренер на Будванска Ривиера", вели Миленковски.

Нашиот најтрофеен тренер и поранешен селектор на машката репрезентација, Јошко Миленковски ја прекина соработката со црногорскиот прволигаш Будванска Ривиера со кој минатата сезона се најде на третото место во европскиот ЦЕВ куп. Причини за напуштањето на Миленковски на оваа позиција има повеќе, но приоритетна е "замрзнувањето" на функцијата на досегашниот спортски директор на Будвани, Раденко Маровиќ со кого нашиот стратег и ја почна соработката во црногорскиот клуб. Разделбата е направена во меѓусебен пријателски договор, со можности во иднина квалитетната соработка да биде обновена.

"Поради 'замрзнувањето' на функцијата на досегашниот спортски директор на клубот, Раденко Маровиќ, со кого и ја почнав мојата соработка во клубот, сметав дека најкоректно е со меѓусебен раскин на договорот да се повлечам од позицијата тренер на Будванска Ривиера. Маровиќ комплетно ја поддржуваше мојата работа изминатава сезона, па оваа постапка може да се каже дека е од лојалност кон него и од големото заемно почитување. Секако оставен е простор во иднина да ја обновиме соработката. Пресудно беше и тоа што морам да се вратам на обврските кои ги имам како професор на Факултетот за физичка култура, како и кон екипата Работнички Фершпед", изјави Јошко Миленковски.

Нашиот најдобар стратег во моментов на прво место ги става работните обврски кои ги има кон факултетот, но воедно посветува големо внимание и на клубот Работнички Фершпед. Миленковски со успехот кој го постигна изминатава година го привлече вниманието на реномирани европски клубови, но засега тој само ги разгледува понудите.

"Во моментов сум посветен на обврски кон факултетот, а работам и во конструирањето на екипата на Работнички Фершпед за следната сезона. Градењето на кариерата како одбојкарски тренер во иднина многу зависи од договорот со ФФК. Имам неколку конкретни понуди од екипи кои настапуваат во Лигата на шампионите, што за мене претставува голем предизвик, но засега само ги разгледувам понудите. Доколку не успеам да се договорам со нив, како опција секогаш останува Работнички Фершпед, што воедно одлично се усогласува и со моите работни обврски како професор", додава Миленковски.

Јошко Миленковски во последните две сезони, прво како тренер на Работнички Фершпед стигна во фајнал-форот на Топ тимс купот, а лани како предводник на Будванска Ривиера го постигна најголемиот успех во историјата на црногорската одбојка, освојувајќи го третото место на завршницата во ЦЕВ купот.

В. Зарева

Вуковиќ на тренерското место

Селекторот на машката репрезентација на Црна Гора, Веселин Вуковиќ, ќе биде новиот тренер на Будванска Ривиера. Новото раководство на клубот има долгорочни цели и планови, меѓу кои будванската екипа догодина да биде составена само од црногорски одбојкари и да претставува расадник на сениорски репрезентативци.

Маровиќ: "Задоволство ми беше да работам со Јошко"

Досегашниот спортски директор на Будванска Ривиера, Раденко Маровиќ потврди дека станува збор за пријателска разделба, која се надева дека во иднина ќе има можност да се обнови.

"Заминувањето на Миленковски е поврзано со моето 'замрзнување' на функцијата спортски директор на клубот поради здравствени причини. Бидејќи Јошко и јас бевме еден тим кој квалитетно функционираше, тој реши да се повлече заедно со мене, што го ценам како особено пријателски гест, па токму поради тоа и нашата разделба беше таква, пријателска. Морам да напоменам дека Миленковски одлично ја одработи својата задача, му донесе на клубот еден голем, историски успех и ми беше задоволство да работам со еден таков човек и стратег како него", ни рече во телефонскиот разговор спортскиот директор на Будванска Ривиера, Раденко Маровиќ.

Максимално посветен на Работнички Ф.

Миленковски овој период максимално е посветен на формирањето на екипата на Работнички Фершпед и играчите со кои ќе настапува тимот следната сезона. Нашиот стратег се надева дека ќе успее да се зачува костурот на екипата од минатата година бидејќи тоа ќе биде добро не само за клубот туку и за машката репрезентација во која настапуваат поголем дел од одбојкарите на шампионот. Миленковски смета дека треба да се заборават личните несогласувања и да се работи за едно општо добро на одбојката, со што и најдобро ќе се искористи шансата до која се изборија репрезентативците, бараж натпреварот кој води на ЕП.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2008 во 17:13

ИНТЕРНАЦИОНАЛНАТА ОДБОЈКАРСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА 31. КОНГРЕС ВО ДУБАИ ДОНЕСЕ НОВА "ИСТОРИСКА" ОДЛУКА

14 играчи и две либера во секој тим

На 31. конгрес на Интернационалната одбојкарска федерација, кој изминативе денови (16-17) се одржа во Дубаи и на кој учествуваа над 200 национални федерации, Генералното собрание на ФИВБ донесе нова "историска" одлука со која направи важни промени во одбојкарските правила. Започнувајќи од 1 јануари 2009 година, во секој тим бројот на играчите ќе се зголеми од 12 на 14 одбојкари, од кои во составот ќе се најдат и две либера, а правилата дозволуваат само еден од нив да биде на теренот. Конфедерациите и националните федерации новото правило ќе можат да го имплементираат веднаш по завршувањето на Олимписките игри во Пекинг.

Покрај оваа одлука Конгресот исто така го разгледуваше и го одобри предлогот наметнат од Бордот на ФИВБ за користење на топка со помал притисок со цел да се зголеми должината на сервисот и МВА 200 да биде официјална топка за Олимпијадата оваа година.

Конгресот ја потврди одлуката на Бордот која се однесува на интернационалните трансфер сертификати (ИТЦ) со цел да ги заштити домашните играчи, како и идентитетот на националните лиги, со што ќе се запре и монополот на финансиски моќните клубови. Од сезоната 2010- 2011 клубовите ќе имаат право во својот тим да имаат колку сакаат странски играчи, но на теренот во истовреме може да се најдат само двајца. ФИВБ им дозволува на националните федерации сами да одлучат дали на своите клубови ќе им дозволат уште еден странски играч во полето.

Генералното собрание за следната сезона определи рок од седум месеци, од 15 октомври до 15 мај, за комплетирање на натпреварувањето во националните лиги.

ФИВБ со нов претседател

Актуелниот претседател на ФИВБ, Рубен Акоста, на 31. конгрес на Федерацијата го најави своето повлекување од позицијата, поради приватни причини, а на неговото место едногласно беше избран досегашниот прв потпретседател на ФИВБ, Жижинг Веи.

Акоста е втор претседател на Светската федерација и 24 години одлично ја вршеше својата функција промовирајќи ја одбојката во светски рамки и правејќи спектакуларен развој на овој спорт.

Јованов на конгресот во Дубаи

Претседателот на ОФМ, Марјан Јованов, заедно со селекторот на машката репрезентација, Александар Тасевски, присуствуваа на 31. конгрес на ФИВБ во Дубаи. Нашата делегација на овој собир покрај воспоставувањето на нови соработки и продлабочување на старите исто така успеа начелно да се договори со претставниците на словенечката федерација, за заемна соработка во текот на подготвителниот период на машките репрезентации за баражот за ЕП 2009.

 
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2008 во 17:13

ШАМПИОНОТ ЈА ПРОДОЛЖУВА СОРАБОТКАТА СО ДВАЈЦА СТАНДАРДНИ ПРВОТИМЦИ

Модев и Трајчевски остануваат во Работнички Фершпед

Интернационалецот Христо Модев и Влатко Трајчевски се двајцата одбојкари кои најверојатно и следната сезона ќе ја продолжат соработката со досегашниот клуб Работнички Фершпед. Двајцата стандардни првотимци на "шпедитерите" веќе преговараа со раководството на клубот и според информациите и од двете страни останува само договореното да биде пренесено на хартија.

"Имав состанок со раководството на Работнички Ф. и преговаравме за условите и за продолжување на договорот за уште една година. Сакам да останам во клубот уште една сезона, но засега постигнат е само устен договор, а за да се официјализира работата, мора се да се стави на хартија", изјави еден од носителите на играта на шампионот минатата сезона, Влатко Трајчевски.

Христо Модев веќе неколку сезони наназад настапува за Работнички Фершпед, а соработката ќе ја продолжи и оваа година.

"Доколку останат условите за кои преговарав со управата во изминативе денови, тогаш нема двоумење, останувам во Работнички Ф. и следната сезона. Единствено што преостанува е и официјално да се потпише договорот", вели интернационалецот Христо Модев.

Покрај разговорите со овие двајца играчи, раководството на Работнички Фершпед преговара и со другите одбојкари кои беа дел од минатогодишниот состав бидејќи тоа е приоритет за "шпедитерите", да се задржи костурот на ланскиот тим.

"Приоритетно за клубот е да се задржи основата на тимот од минатата година, па затоа во моментов се почнати преговорите со одбојкарите. Имавме конструктивни разговори со Модев и Трајчевски и с$ води кон тоа дека ќе останат во екипата, додека со другите с$ уште се разговара. Со едно до две квалитетни засилувања, а и во зависност од ждрепката во ЦЕВ купот, мора посериозно да се размислува за евро- амбициите на екипата догодина", н$ информираше поранешниот тренер на Работнички Ф., Јошко Миленковски.

Одбојкарите на Работнички Ф. до крајот на месецот ќе тренираат по што следува пауза од еден месец, за на 4 август да ги стартуваат подготовките за новата сезона.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2008 во 17:14

ПОРАДИ ПОКЛОПУВАЊЕ НА ТЕРМИНИ ЧЕШКАТА ФЕДЕРАЦИЈА БАРА ПРОМЕНА НА ТЕРМИНОТ НА БАРАЖОТ

Чешка бара нов датум

Чешката федерација достави барање до ОФМ со кое бара одложување на датумот кога треба да се одигра првиот натпревар од бараж фазата на ЕП 2009, меѓу нашата и чешката машка репрезентација. Причината за ова барање е поклопувањето на термините, односно викендот 6-7.09 кога треба да се одигра првиот меч, Чешка треба да биде домаќин и на завршницата на младинското Европско првенство во Брно. За нов датум е предложен 9 септември, а само пет дена подоцна, на 14, треба да се одигра вториот дуел. Пропозициите велат дека доколку се постигне договор меѓу федерациите тогаш ЦЕВ и покрај тоа што ги има веќе определено термините нема да прави проблеми. Чешка чека одговор од ОФМ, кој треба да биде доставен по враќањето на претседателот Јованов од Конгресот во Дубаи.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2008 во 18:15
МАКЕДОНИЈА СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ ОДГОВОРИ НА БАРАЊЕТО НА ЧЕШКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ЗА ПРОМЕНА НА ТЕРМИНОТ

ОФМ во потрага по компромис

Одбојкарската федерација на Македонија во текот на следната недела официјално ќе одговори на барањето на Чешката федерација, дали првиот бараж натпревар за ЕП 2009 кој двете машки репрезентации треба да го одиграат во Чешка викендот 5-6 септември ќе биде одигран три дена подоцна на 9 септември. Чесите барањето за промена на терминот го поставија поради поклопување со завршницата на Европското младинско првенство, каде Чешка се јавува како организатор, како и со немањето можност за ТВ пренос на бараж дуелот. Промената за Македонија е прифатлива само доколку домаќинот на првиот меч се согласи да не прими еден ден повеќе или, пак, натпреварот да се одигра на 10 септември. Поради лошата комуникација со чешките официјални лица, како и одбивањето на рецепроцитет со екстра денот, ОФМ ќе се потруди да донесе најдобро решение и по пат на компромис да го реши настанатиот проблем. Во спротивно ќе се придржуваме кон датумите пропишани од ЦЕВ и ќе бараме баражот да се одигра во дадениот термин.

"Промена на терминот е возможна, но зависи од соработката со Чешката федерација. Поради лошата авионска конекција, побаравме ден повеќе да бидеме гости на Чесите, а потоа и во реваншот тие да престојуваат екстра ден во Македонија, но таквиот предлог за реципроцитет не беше прифатен. На Конгресот во Дубаи и покрај настојувањето на нашиот претседател Јованов да се воспостави комуникација и договор, наидовме на ладен однос од страна на потпретседателот на Чешката федерација. Разгледувајќи ги можностите ни одговара мечот да се одигра на 10 септември, но тоа повторно зависи и од домаќинот. Доколку не успееме да дојдеме до компромис, реално е да бараме да се задржи првичниот термин поставен од ЦЕВ, бидејќи ние немаме никаков проблем со тоа, туку Чешка", н$ информираше селекторот на машката репрезентација, Александар Тасевски.

Канцеларијата на ОФМ во моментов ги разгледува сите опции и се надева дека во текот на деновиве ќе биде донесено најдоброто решение, со кое ќе одговорат на барањето на Чешка.

"Ќе направиме неколку работни состаноци на кои покрај мене ќе учествуваат и генералниот секретар, спортскиот директор и селекторот и во заедничка консултација ќе донесеме решение кое ќе сметаме дека е најдобро за нашата репрезентација, по што ќе одговориме и на барањето на Чесите", вели претседателот на Федерацијата, Марјан Јованов.

Бараж натпреварите според ЦЕВ треба да се одиграат првите два викенда од септември, но доколку дојде до промена на терминот дуелите меѓу Македонија и Чешка ќе се одиграат со разлика од само пет дена.



Тасевски ја подготвува програмата

Селекторот Тасевски во полна пареа работи на програмата за подготвителниот период и бараж фазата од квалификациите за ЕП.

"Работам на програмата за бараж фазата од квалификациите. Треба да се консултирам дали да се соберат репрезентативците порано или да се остане на првичниот датум, 5 август. Би сакал првата фаза и дел од втората да одработиме надвор од Скопје, за потоа во нашата "база" да преминеме на техничко- тактички план. Во зависност од можностите на ОФМ да ни обезбеди спаринг- противник добро би било да одиграме неколку контролни натпревари пред баражот", изјави Тасевски.

Словенија прв спаринг- партнер

Федерацијата уште од сега активно работи на обезбедување противници со кои сениорите ќе одиграат пријателски средби пред баражот со Чешка. Прв конк*рент е Словенија, која би сакала со нас да одигра контроли кои би биле од заемна корист и за двете селекции. Федерациите начелно ја договорија соработката, но останува истата да се потврди и реализира во текот на подготвителниот период.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2008 во 23:30

РАБОТНИЧКИ ФЕРШПЕД НЕДЕЛАВА ЈА ЗАТВОРА ОВАА СЕЗОНА

"Шпедитерките" на одмор до август

Одбојкарките на Работнички Фершпед оваа недела ќе ја заокружат натпреварувачка сезона. "Шпедитерките" и покрај тоа што не успеаја да ја одбранат двојната круна годинава, со активна работа продолжија и изминатиов период, а сега следува едномесечен одмор. Тренерот на Работнички Фершпед, Светислав Пеица, ги ослободува своите играчи од обврските кон клубот с$ до почетокот на август, кога ќе стартуваат подготовките за новата натпреварувачка сезона.

"По завршувањето на репрезентативните обврски на дел од одбојкарките екипата повторно се комплетираше и работевме изминатиот период. Со лесни тренинзи оваа недела ќе ја затвориме сезоната и девојките ќе добијат еден месец одмор. Нивните обврски кон клубот ќе стартуваат на почетокот на август кога и ќе почнат и подготовките за новата сезона. Раководството на клубот треба да се состане во текот на следната недела и тогаш ќе го направиме планот за целите, амбициите и измените кои евентуално би ги имале во клубот следната година", изјави тренерот на "шпедитерките", Светислав Пеица.

Засега нема најави за промена во играчкиот состав на тимот, но тоа официјално ќе може да се потврди дури пред почетокот на првенството.

"Екипата го задржа истиот играчки состав и по завршувањето на сезоната, но за промените, евентуалните заминувања или доаѓање на нови играчи е уште рано да зборуваме. Секако Кијановиќ, која беше наше засилување во текот на вториот дел од лигата, си замина. Единствена најава за повлекување може да се очекува од капитенот Зафировска поради обновувањето на повредата на коленото, но и тоа не е потврдено", додава Пеица.

"Шпедитерките" ќе имаа доволно време да се одморат и да соберат енергија пред стартот на подготовките за новата сезона, кога ги очекува тешка задача, враќање на шампионската титула во свој посед.

В. Зарева

Зафировска се уште без одлука

Капитенот на Работнички Фершпед, Андријана Зафировска, с$ уште нема донесено одлука дали ќе прави операција на обновената повреда на коленото, што ќе предизвика и повлекување од екипата или ќе се потруди со други методи да ја санира повредата. Таа во моментов го води летниот камп за подмладокот на клубот во Маврово, а конечното решение ќе го донесе по враќањето во Скопје и по консултациите со раководството на тимот.

"Проблемите со коленото продолжуваат, а единствена сигурна опција за санирање на повредата во моментов е операција. Но, одлуката с$ уште не сум ја донела, морам прво да се консултирам со раководството на клубот и заедно да најдеме најдобро решение, потоа мора да направам уште неколку контроли и лекарски анализи. Сакам да продолжат да играм, а од екипата ќе се повлечам само доколку тоа е неизбежно. Повторувам конечната одлука ќе мора да ја донесам наскоро, а тогаш ќе знам во која насока ќе се движи мојата одбојкарска кариера", вели Андријана Зафировска.

 
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2008 во 16:39

НОВИ МОМЕНТИ ВО ПЛАНОВИТЕ ЗА ПОДГОТОВКИТЕ НА МАШКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА БАРАЖОТ

Сениорите на Копаоник!?

*Машката репрезентација има покана од словенечката селекција заедно да го одработат подготвителниот период пред бараж натпреварите кои двете екипи ги играат на стартот на септември.

Стручниот штаб и раководството задолжени за машката сениорска репрезентација се во преговори со првите луѓе на словенечката селекција за одржување на заеднички подготовки на Копаоник од 20 до 30 август, во пресрет на одигрувањето на баражот за Европското првенство 2009 во Турција, каде Македонија игра со Чешка, додека Словенија се среќава со Португалија. Во предвидениот период на Копаоник подготовки за новата натпреварувачка сезона ќе има и рускиот шампион Искра Одинцово, што ќе претставува одлична можност да се одиграат и неколку меѓусебни пријателски натпревари, што ќе биде од заемна корист за сите три екипи.

"Имаме покана од репрезентацијата на Словенија заедно да одработиме десетдневни подготовки на Копаоник од 20 до 30 август, така што меѓусебно ќе си помогнеме во темпирањето на формата пред почетокот на двомеч баражот за ЕП во кој ние се среќаваме со Чешка, додека Словенија за свој противник ја има Португалија. Во истиот период на Копаоник рускиот прволигаш Искра Одинцово ќе се подготвува за новата сезона, што претставува уште еден позитивен момент. Ќе може да одиграме неколку контроли со двете екипи, што секако дека ќе биде од заемна корист. Одговорот за оваа примамлива понуда ќе го дадеме по состанокот на Извршниот одбор кој ќе треба да ја утврди финансиската поддршка за репрезантацијата во следниот период", не информираше спортскиот директор на репрезентациите, Петар Јовановски.

Засега останува првичниот план, репрезентативците да се соберат на 5 август, а понатамошниот тек на подготовките дополнително ќе биде познат.



Чесите во исчекување

Чешката федерација ќе мора да го почека одговорот на ОФМ за барањето за промена на терминот на првиот бараж натпревар.

"Се уште немаме одговорено на барањето на Чесите. Ги разгледуваме сите опции и нормално и ние поставуваме одредени услови бидејќи примарно е пред с$ да ги гледаме нашите интереси", вели Јовановски.

Чешка побара првиот дуел кој треба да се игра на 6 септември да биде поместен за 9, поради поклопување на термини на два настани.

 
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2008 во 17:13

СТРУМИЧКИТЕ ПРВОЛИГАШИ СО ИДЕЈА ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ НА СИЛИТЕ

Македонија Џио и Струмица во еден тим!?

* Директорите на двата клуба покренаа иницијатива за здружување на екипите што би било во интерес на подигање на квалитетот на машката одбојка.

Во периодот кога играчите на двата струмички прволигаши Македонија Џио и Струмица ги полнат батериите пред стартот на новата натпреварувачка сезона, раководствата на клубовите дојдоа до заедничка идеја за обединување на силите и формирање една екипа. Иницијативата произлегува од директорите на тимовите, Александар Ѓоргиев и Ѓорѓи Ѓорѓиев, кои веќе имаат направено една неофицијална средба на која ги изнесоа своите идеи за соединување на клубовите, како од финансиски така и од играчки аспект. Оваа замисла е во голем интерес пред с$ за македонската машка одбојка и подигање на нејзиниот квалитет на едно повисоко ниво. Првите луѓе на Македонија Џио и Струмица во текот на оваа и следната недела се очекува да се состанат повторно и да се утврди дали оваа идеја ќе биде применета и во пракса.

"Директорите на двата клуба имаа неофицијална средба во завршницата од младинскиот шампионат, каде се покрена иницијативата за обединување на првите екипи што како од играчки, така и од финансиски аспект би било по корисно за двата тима, а воедно би го подигнала и квалитетот на машката одбојка во домашното првенство. Сепак, допрва следуваат средбите и состаноците на кои раководствата на двата клуба ќе мора да ги прецизираат сите детали и доколку се најде заедничко решение оваа работа и да се официјализира. Конечниот одговор би требало да го имаме до средината на јули, за периодот кој ќе ни преостане до почетокот на август, кога би стартувале и подготовките за новата сезона, со што ќе имаме доволно време да ги организираме работите во новоформираната екипа", изјави тренерот на ОК Струмица, Ацо Ѓорѓиев.

Информацијата ја потврди и вториот тренер на Македонија Џио, Трајче Атанасов, но тој вели дека потребно е да се почека да завршат разговорите меѓу првите луѓе на клубовите, а подоцна да се обелодени конечното решение. Според Атанасов, оваа идеја би се развивала соодветно со следењето на светските трендови на Одбојкарската федерација и формирање на една поквалитетна Супер-лига, во која би се натпреварувале шест екипи кои ќе можат меѓусебно да си парираат.

Доколку оваа иницијатива не доживее реализација Македонија Џио и Струмица ќе продолжат со самостојната работа и борбата за повисока позиција во Првата машка лига.



Ждрепката за БКК на 8 јули

Нашиот единствен претставник во пилот проектот на Балканската одбојкарска асоцијација (БВА), Балканскиот клупски куп, Македонија Џио на ждрепката на 8 јули, во Солун ќе ги знае противниците во својата група. Струмичкиот прволигаш исто така поднесе пријава и за организација на еден од двата турнири кои се играат по групи.

Едно од правилата за настап на ова натпреварување кое треба да стартува во септември вели дека екипите учесници не треба да имаат пријавено настап во некој од евроските купови, па поради тоа имињата на поголемиот дел од клубовите кои ќе играат на Балканскиот куп ќе се обелоденат на денот на самата ждрепка. Таков технички проблем имаат Бугарите каде две екипи се на листата на чекање за настап во ЦЕВ купот и во зависност од тоа кој тим ќе влезе во натпреварувањето, другиот ќе игра во БКК. Досега во машка конк*ренција покрај Македонија Џио, потврдени се пријавите на Модрича Оптима од БиХ, како и Рибница од Србија.

Во женска конк*ренција Македонија нема да има претставник на премиерното започнување на Балканскиот клупски куп.

 
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2008 во 17:13

ОВАА ГОДИНА ПОВТОРНО "BEACHVOLLEYBALL OHRID 2008"

Одбојка на плажа - третпат

Од 17 до 27 јули, на плажата Бафало во Охрид ќе се одржи третото по ред издание на првенството во одбојка на песок, во организација на Промо дизајн и Евент менаџмент компанијата.

Како изминатите две години така и оваа турнирот е поделен во неколку категории, аматери, компании, јавни личности, а најголемото внимание и акцентот е ставен во завршната фаза од настапот каде се натпреваруваат професионалците.

Минатата година во машка конк*ренција шампиони беа Гоце Славков и интернационалецот Христо Модев, кои потврдија дека оваа година ќе се потрудат да ја одбранат титулата, додека кај дамите Сандра Ѓошева и Софка Камиловска се закитија со втората титула како најдобра екипа на првенството во одбојка на плажа.

Овој настан од година во година привлекува с$ поголемо внимание, па поради тоа организаторите се надеваат дека и летово ќе бидеме сведоци на уште еден квалитетен турнир.

 
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2008 во 20:17
"ЦРВЕНО- ЦРНИТЕ" ГИ ЗАВРШИЈА ОБВРСКИТЕ ЗА ОВАА СЕЗОНА

Пасивен период за Вардар О.

Тимот на Вардар Осигурување, кој изминатата натпреварувачка сезона се најде на петтото место на табелата во Првата машка лига, од почетокот на оваа недела ги прекина сите активности и замина на одмор. За одбојкарите на Вардар ова ќе биде пасивен период, с$ до крајот на јули кога како и изминативе две години, така и оваа дел од екипата ќе настапи на турнирот во одбојка на песок во Охрид, а во првата недела од август ќе стартуваат и подготовките за новата сезона. Раководството на "црвено- црните" паузата ќе ја искористи за креирање на политиката на клубот за следната сезона, како и за утврдување на финансиската и играчката конструкција.

"Одбојкарите од оваа недела се ослободени од обврските и имаат одмор до почетокот на август кога стандардно ги стартуваме подготовките за новата сезона. Единствена активност на дел од играчите ќе биде настапот на бич- волеј турнирот во Охрид. Додека играчкиот кадар одмора, на раководството му претстои период на состаноци на кои ќе мора да ја креираме политиката на клубот за следната година, како и утврдување на финансискиот аспект и конструкцијата на тимот кој ќе се натпреварува", изјави тренерот на Вардар Осигурување, Деан Стојанов.

Предводникот на "вардарците" најави дека дел од играчите ќе бидат ослободени од обврските кон клубот пред почетокот на следната сезона, а исто така и дека се очекува подмладување на тимот со нови одбојкари.

"Се планираат промени во екипата, па така некои одбојкари ќе бидат ослободени од настап за клубот, секако оние што се под договор остануваат во тимот, а би требало составот да го подмладиме со неколку квалитетни и перспективни млади играчи. Секако имињата и деталите за тоа ќе бидат познати во текот на преодните рокови на ОФМ", заврши Стојанов.

Се размислува и за подготовки

Тренерот на "вардарците" веќе размислува и за можната дестинација каде неговата екипа ќе го одработи првиот дел од подготвителниот период за следната сезона. Стојанов деновиве е во Крани каде со младинска екипа им се придружи на кампот на Форца Волеј, Борец и женскиот состав на Вардар Осигурување, а со тоа ги разгледува и условите кои ги нуди ова место за темпирање на формата.

"Сметам дека во Крани има солидни услови за одработување на базичните подготовки, но мора прво да се консултирам со управата на клубот и доколку добијам дозвола за тоа, првиот дел од подготвителниот период најверојатно Вардар ќе го помине во Крани", вели стратегот на "црвено- црните".

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2008 во 16:38

ПО ЕДНА ГОДИНА НАСТАП ВО СРПСКОТО ПРВЕНСТВО РЕПРЕЗЕНТАТИВНОТО ЛИБЕРО ПОВТОРНО ДОМА

Тања Алексовска им се враќа на "шпедитерките"

Столбот на одбраната во женската репрезентација на Македонија, либерото Тања Алексовска по една година настап кај српскиот прволигаш Зрењанин 023, следната сезона повторно ќе ги засили редовите на својот матичен клуб, Работнички Фершпед. Таа деновиве е во преговори со управата и тренерот на "шпедитерките", Светислав Пеица, и според заедничките изјави постои обострана желба и интерес соработката да се обнови. Алексовска имаше понуди од Зрењанин 023 за продолжување на договорот, како и од суперлигашот Клик за да премине во неговите редови, но сепак нашиот вицешампион претставува најдобра опција за неа во моментов.

"Следната сезона се враќам во Работнички Фершпед. Имав понуда да останам во Зрењанин, но има големи промени во играчкиот кадар на екипата, а и погледите и амбициите за новата сезона се сосема поинакви па затоа не го продолжив договорот. Суперлигашот Клик исто така сакаше да ме ангажира за следната сезона, но условите кои ги понудија не ми одговараа па затоа се враќам дома. Сакам да направам и пауза од градење на интернационална кариера и да се посветам и на студиите, кои секако дека ми се приоритет. Затоа сметам дека најдобро решение е да се вратам во мојот матичен клуб и да им помогнам да ја повратат шампионската титула", изјави Тања Алексовска.

Стратегот на Работнички Фершпед, Светислав Пеица, н$ информираше дека изминативе денови имал неколку средби со Алексовска, но конкретниот одговор ќе го има денеска.

"Точно е дека имавме неколку средби со Тања и според досега разговараното постои заеднички интерес за таа да се врати во екипата. Таа ќе биде дел од Работнички Фершпед следната сезона. Тоа дефинитивно ќе биде потврдено денеска, а верификувано во еден од преодните рокови", вели тренерот на Работнички Фершпед, Светислав Пеица.

Тања Алексовска минатата сезона за првпат го напушти матичниот клуб и имаше солиден настап во Првата српска лига, каде со екипата на Зрењанин 023 заврши на петтото место.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2008 во 15:54

СЕЛЕКТОРОТ НА КАДЕТИТЕ ГО ОБЈАВИ ИМИЊАТА НА ОДБОЈКАРИТЕ НА КОИ ЌЕ СМЕТА НА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА БАЛКАНИЈАДАТА

Стојанов со 20 играчи на поширок список

* Селекторот на кадетската машка репрезентација, Деан Стојанов го состави поширокиот список на одбојкари, а работи и на програмата според која селекцијата ќе се подготвува за Балканијадата во Бугарија.

Предводникот на машката кадетска репрезентација, Деан Стојанов го формираше поширокиот список од 20 одбојкари на кои ќе смета во подготвителниот период за Балканијадата која од 26 до 30 јули ќе се одржи во Казанлак, Бугарија. Селекторот на седумдневните подготовки ќе располага со нови, млади и перспективни репрезентативци, а од минатогодишната постава на располагање има само четири одбојкари. Плановите се темпирањето на формата да се одржи во Скопје, најверојатно во СЦ Форца, а првиот собир кадетите треба да го имаат на средината на овој месец.

"Поширокиот список на играчи е доставен до Федерацијата. Во игра се нови, млади и перспективни одбојкари имаме промена на генерација, додека од старата постава останати се само четири репрезентативци кои најверојатно ќе го понесат товарот на селекцијата годинава. Подготовките според начелните договори ќе бидат одработени во Скопје, во СЦ Форца, а стартот би требало да биде на средината на месецот иако ќе инсистирам доколку има можност да започнеме и неколку дена порано. Списокот од 20 одбојкари сметам дека е доволен за да се одработи она што е зацртано во програмата за кратките седумдневни подготовки, од каде пред заминувањето ќе се направи уште еден пресек и ќе се добие конечниот состав на селекцијата кои ќе не претставува на Балканијадата", вели селекторот на кадетите, Деан Стојанов.

Кадетите минатата сезона имаа скромен учинок и завршија на претпоследното место на Балканијадата, додека оваа година во разигрувањето по групи во "А" групата играме со Србија, Црна Гора и Молдавија.

В. Зарева

ПОШИРОК СПИСОК - КАДЕТИ:

1. Игор Апел Вардар О.

2. Ѓорѓи Ѓорѓиев Струмица

3. Александар Ричлиев Македонија Џио

4. Милош Петровиќ Работнички Фершпед

5. Дарко Јовановски Работнички Фершпед

6. Марко Стошиќ Работнички Фершпед

7. Живко Дамјановски Работнички Фершпед

8. Игор Димковски Работнички Фершпед

9. Мартин Петковски Работнички Фершпед

10. Матеј Митев Борец

11. Дејан Димовски Борец

12. Саше Ивковиќ Борец

13. Мартин Милков Борец

14. Бобан Темелков Борец

15. Даниел Јанев Вардар О.

16. Иван Тодоровски Работнички Фершпед

17. Златко Николовски Проволеј

18. Мики Пешевски Македонија Џио

19. Љупчо Богоев Македонија Џио

20. Маријан Урдов Македонија Џио

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,532 секунди.