|
Тодор Александров и Ванчо Михајлов |
Внеси реплика | страница 123 22> |
Автор | |
kentucky
Група Регистриран: 06.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 66 |
Тема: Тодор Александров и Ванчо Михајлов Испратена: 09.Јуни.2008 во 01:57 |
Dali e na povidok vrakanje na VRHOVIZMOT vo Makedonija, dali se naogame pred vistinski raspad na drzavata. Emisijata na Jadi Burek bese taka dobro izmontirana da go prikazaa na taa emisija Todor Aleksandrov kako covek koj e vistinski pobornik za Makedonija i voopsto makedonstinata, a site dobro znaete deka toj bil covek koj e okarakteriziran kako vistinski KRVNIK nad svojot narod i covek koj sakal i sonuval za idejata na GOLEMA BUGARIJA i Makedonija da bide del od nea. Ona sto ne mu uspea na Ljupco Georgievski sega pocnuva da go sproveduva Nikola Gruevski preku negovite mediumi za pocetok, a veruvam ke prodolzi i so za nego dobro poznati metodi na promocija na raboti koi mu se od negov sustinski interes. E Makedonce, kade se dvizime so stote cekori na prerodbata.
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Испратена: 09.Јуни.2008 во 02:36 |
Не стигнав да ја видам емисијата и што се било таму искажано но секако ке додадам дека навистина треба еднаш Македонскиот народ да ја утврди својата државност и национална конституција.Секако при тоа сакам да биде една работа на јасно,незнам кој колку читал за Александров или Михајлов ама сепак знам дека колку и да е прочитано или колку и да е објавено се гледа дека не е јасно.Тодор Александров е единствен човек - МАКЕДОНЕЦ кој кренал рака и воено ја нападнал Бугарската царштина,го окупирал градот Ќустендил и го известил тогашниот министер за одбрана со писмо кое гласи од прилика вака - Вие,вашата влада и вашиот цар ветивте дека по Бук*решт ке се заложите за неправедното распарчување на Македонија,ветивте дека ке направите се што е во вашата моќ Македонија да биде Обединета и Независна држава.Вашето ветување и вашите лаги денес завршуваат,Македонските комити и ВМРО јасно увидоа дека се излажани и кренаа глас против вашата окупаторска политика,Ќустендил ке биде под наша воена управа се до остварување на нашата цел.
Поради ова писмо владата на тогашниот Бугарски премиер паѓа а Александров добива документ со јасни заложби за Македонски училишта,Македонски свештеници во Пиринско и започнување на нов договор со Грците и Србите за Македонско обединување и независност. Тука многу и нема нејасно Но ке додадам дека истиот тој Александров го измисли и заведе како секојдневен слоганот МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ и се потпиша на документ кој јасно ги обедини сите Македонски политички и воени субјекти од тоа време под истиот слоган на средбата во ВИЕНА. Додека денес гледаме и премолчуваме вакви факти поради некакви други интереси и некакви други личности кои не се воопшто Македонци,кои ги судеа Македонците од АСНОМ бидејки ја сакаа истата таа идеја на АЛЕКСАНДРОВ - МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ,се колнеа на начинот на кој и Александров се заколна пред камата и пиштолот положени на библијата,стоеа исправно АСНОМците на химната на Александров - Изгреј зора на Слободата. Денес тие душмани на Ченто,Шарло,Брашнаров имаат споменици и места во Македонската историја како ослободители наместо душмани а еве се бара и бара осуда на Македонски херој - Тодор Александров кој јасно беше убиен од Бугарската влада за ништо повеке или помалку туку за една и единствена идеја Независна и Слободна МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ. Нека почива во мир овој голем херој на Македонскиот народ,има уште Македонци кои го паметат неговото дело а незнајковците ке продолжат да го напаѓаат но тоа само ке ја покаже нивната ситна душа и ке овозможи неговото име повеке да се спомнува. СЛАВА МУ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Испратена: 09.Јуни.2008 во 16:11 |
На 29 април 1924 год. Централниот комитет на ВМРО, во состав на П. Чаулев и Т. александров, ја издаваат ПЛАТФОРМНА-ДЕКЛАРАЦИЈА за обединување на македонското револуционерно движење- МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ. На 30 април 1924 год, во Виена, истиот комитет и во истиот состав го составуваат: ПРОТОКОЛ за обединување на македонското револуционерно движење. На 6 мај, а публикувано за јавноста во број 1 на весникот “Балканска федерација“ на 15 мај 1924 год. МАЈСКИОТ МАНИФЕСТ на ВМРО (Обединета), потпишан од ЦК во состав на А. Протоѓеров и П. Чаулев а за Т. Александров неговите ополномоштени П. Чаулев и А. Протоќеров. Бугарската влада на чело со Цанков а со помош на Протпѓеров, инсценира убиство на Тодор Александров на 31 август 1924 год. Со негова помош (на Протоѓеров)од бандата на В. Михајлов, убиени се и Димо Хаџи Димов и Арсен Јовков. Со овие настани се оневозможи обединителниот конгрес, како што било замислено во споменатиот Протокол. Сепак, во октомври, 1925 год се одржа оснивачката конференција на ВМРО (Об.) на која што се донесени нејзиниот Устав, изработен врз принципите на Манифестот. |
|
Karamazov
Сениор Регистриран: 20.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 144 |
Испратена: 10.Јуни.2008 во 11:50 |
Mnogu e tesko da se sudi za licnosta na Todor Aleksandrov od ucebnicite po istorija. No, fakt e deka toj vo svesta na Makedoncite koi ziveele vo toa vreme bil dozivuvan kako naroden vodac. "Krvnik" stanal duri po II Svetska vojna od pricini koi jas nemam namera da gi obrazlozuvam. Ova moe tvrdenje go potkrepuvam so svedocenjeto na mojot dedo (roden 1903 g.) koj bil rodnina na Todor Aleksandrov i komu kako mlad covek vo sekjavanje mu ostanale tajnite poseti na Aleksandrov i negovite soborci vo negovata kukja vo Novo selo. Dedo mi kategoricno tvrdese deka Aleksandrov gi branel makedonskite interesi i nemal nikakva vrska so idejata za Golema Bugarija. |
|
tre, tri, tra
|
|
chuchuliga
Сениор Регистриран: 27.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Испратена: 10.Јуни.2008 во 16:18 |
Пред сигурно едно десетина години се запознав со бабата на една моја пријателка од Софија. Баба и беше образована жена(сакам да кажам - не беше некоја без школо). Само што се запознавме, таа ми рече дека е од Македонија. Јас љубезно ја прашав од каде, таа ми рече од каде. Јас се спремав да си одам (таа влезе кога јас бев веќе на излегување) и учтиво се поздравив со неа, додека таа почна самата да ми раскажува дека е македонка бидејки е родена во Македонија, но, Македонија е само географски поим, а сите славјани кои таму живеат се бугари, па почна да ми развива теории, како Ванчо Михајлов на тоа цел живот го посветил, да докаже дека македонците со бугари, дека сме „сштиа нарот“ и почна да вика, да се црвенее, да се пени ( на мојата пријателка и стана многу непријатно, бидејки таа е тотално аполитична )!!!Неверојатно!! А јас ја гледам и се чудам што и стана на женава, од ништо - нешто (тоа е затоа што си ја имаат мувата на капата и се болно искомплексирани дека се дојденци кои ја превземаат локалната религија(христијанството) и јазик(славјански)). Јас само мирно и реков дека моите баби родени 1908 и 1920 секогаш биле македонки-македонки, никогаш не се имале за нешто друго и ми раскажувале за бугарската окупација (времето кога дојдоа бугарите), додека дедо ми во втората светска војна бугарите го уапсиле и го однеле на стрелање (бидејки го криел житото на селаните на кровот на училиштето во кое бил директор), но тој немајки што да изгуби се дал во ризично бегство и успеал да им избега.
А Тодор Александров му бил претходник и „учител“ на Ванчо Михајлов. Точно е дека бил за независна Македонија, но не признава македонски етнос (или етникум, како некои што викаат), туку ги има македонците за бугари. Тоа е чиста борба за моќ и власт која нема врска со реалноста, мирен просперитет во регионот и ништо добро за македонците. Така да, мислам дека оние што сакаат да ги слават таквите, најдобро нека си одат кај нашиот источен сосед, како што веќе си направи ЉуБчо, и нека си останат таму.
П.С. Има и ден денес некои луѓе кои тврдат дека Стаљин бил многу добар и праведен човек. Така да, можеби сепак некои работи треба да се примаат со огромна резерва. Изменето од chuchuliga - 10.Јуни.2008 во 16:21 |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Испратена: 11.Јуни.2008 во 00:48 |
Па нормално дека не е твој ако си нешто друго(било што) а не Македонец.Погоре напишав - Т.Александров го искажал и покажал својот Македонски идентитет и својата патриотска заложба за Независна,Слободна МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ.На кој тоа не му се допаѓа нормално дека не го сака Александров за Македонец
|
|
Aminta2
Сениор Регистриран: 11.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 361 |
Испратена: 11.Јуни.2008 во 01:02 |
Александров не е Бугар, не тролувај.
Не реков дека е позитивна личност, реков дека е спорен, има црни петна. Испоубил Македонци без врска. А дека таманел Срби и затоа ти пречи, и тоа држи. Но исто така е факт дека се борел за независна Македонија на Македонците. Изменето од Aminta2 - 11.Јуни.2008 во 01:03 |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Испратена: 11.Јуни.2008 во 11:33 |
Ма какво востание какви бакрачи,едноставно го окупирал Ќустендил бидејки сватил дека Бугарскиот цар не го одржува својот дел од договорот кој им бил ветен на Македонците.
Сега можеби и ви е јасно зошто Бугарите толку го сакаат Александров,Македонски ќотек не се заборава |
|
dudulovski
Сениор Регистриран: 05.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 998 |
Испратена: 11.Јуни.2008 во 14:03 |
Во Јунскиот преврат учествуваат и бугарски генерали што немаат никаква врска со Македонија.
Изменето од dudulovski - 11.Јуни.2008 во 14:05 |
|
Еден литар ракија на ден и секогаш ќе бидеш здрав како дрен.
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Испратена: 11.Јуни.2008 во 14:14 |
Точно така затоа овој напад на Ќустендил нема врска со превратот,ова е изведено од чисти МАкедонски комитски чети под водство на ВМРО(Т.Александров)
|
|
dudulovski
Сениор Регистриран: 05.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 998 |
Испратена: 11.Јуни.2008 во 14:33 |
Тоа било против тогашната влада, која се обидува да го зголеми раздорот во ВМРО. Убиен е и министерот за одбрана. И што се случува по временото заземање на Ќустендил и Неврокоп (Г.Делчев)? Не многу подоцна, Тодорче е во служба на бугарската држава во гаснењето на комуниситичкото Септемвриско востание, зар не?
|
|
Еден литар ракија на ден и секогаш ќе бидеш здрав како дрен.
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Испратена: 11.Јуни.2008 во 15:36 |
Е па не,никако не.Во тој период се случува нешто што Бугарската држава не го доживеала никогаш,Македонската преродба се зголемува и доаѓа многу до израз.МАкедонските борци јасно даваат до знаење дека сакаат автономија на пиринскиот дел,Македонските интелектуалци застануваат на страна на својот народ и ја одделуваат својата МАкедонска нација од Бугарската.Целиот сплет на случувања довел до состанокот во Виена каде што јасно и гласно е кажано - МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ а затоа Бугарската влада преку своите шпиуни во ВМРО го убива Т.Александров
НЕ мешај баби и жаби,Ќустендилското завземање е направено на рака на ВМРО,војската и полицијата е разоружана и е воспоставена револуционерна власт во самиот град,па тоа и Бугарите го знаат.ЦАРОТ лично моли и ветува автономија на Пиринска Македонија само комитите да се повлечат од Ќустендил |
|
дуле
Сениор Регистриран: 11.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 973 |
Испратена: 11.Јуни.2008 во 16:40 |
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Испратена: 11.Јуни.2008 во 17:41 |
ПОвеке пати сум пишувал и пак ке напишам дека нападот на Ќустендил со чисто предупредувачки карактер кон самиот цар и владата на Бугарија,Т.Александров сакал да им даде на знаење на самите Бугарски власти дека Автономијата е тоа што Македонците го сакаат а не да станат Бугари или дел од Бугарија,за тоа и сведочи предупредувачкото писмо на Александров до царот и министрите
Сепак слоганот МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ кажува се |
|
Внеси реплика | страница 123 22> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |