|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика | страница <1 23456 138> |
Автор | |
...Well...
Сениор ...ExtraVagant... Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 5231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...mache...ruchinjata ke te zabolat od tolku tapshanje-ta-na-na... |
|
...Well...
Сениор ...ExtraVagant... Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 5231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...... ...could I, have just one kiss?... |
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Елка
Со двата прста, нежно и со восхит ги фаќам лампионите на нашите лаги додека ја китам елката. |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Sekunda pred kraj
kade se gleda deka od zborovi e dosta i zaludno e se. Za akcija e vreme spremanje za skok i kade se gleda deka resiv da begam. |
|
mamma
Сениор Регистриран: 15.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9879 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Imam chuvstvo...deka naskoro,...ke gi napisham najubaviot tekst,
ili stihovi vo mojot zivot .... |
|
eurydice
Сениор Регистриран: 18.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 429 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Заразени
Ние сме мутанти, Зар не ти е јасно, Сè што сме си кажале Со букви, не гласно, Нè менува тивко По крвта ни шета Ново како вирус Од друга планета. Отпрвин нè скокотка, А после нè боли, На крај ќе нè скине Емотивен пролив. |
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Za ubav Stojan posle nekolku godini se utvrdi deka e tatko i na tri momцiнјa od kopiliwata oti majkite na nivnite petlinјa go poznaa negoviot znak -petokraka zvezda so dva potkrсeni kraka. Mozebi i nekoe od momicinjata bease negova majstorija, ama neli tie nemaat petlimja, pa taka niedna majka ne bese sigurna vo toa.
No pred da se utvrdi toa, vo seloto pocnaa kravite da oteluvaat telinja so glava na koza i noze kakvi sto imaat kuciwata a mlekoto im bese izmesano so krv i mirisase na mrsa. -Bela lazicka nema da vidime, nitu nie, nitu nasite deca! Ubav Stojan komentirase deka go videl edna nokj Mice Prclov i deka ovoj mu se ispovedel kako badijala si ja stavil jamkata okolu vratot, oti onaa svrknatata pak ne go pustala da vleze vo nea i kako povampiren, pa zatoa im gi ebel kravite na soselanite na polna mesecina i zatoa kravite kje ragjale takvi teliwa i mlekoto kje im bilo pomesano so krv i kje truelo na mrsa se dodeka dusata ne mu najde uspokoenie za zrtvata sto mu ja prinel na Amor, a toa mo`elo da se sluci samo vo krevetot na onaa sto imala trmje mesto bunda okolu tesnoto. Otprvin nikoj ne mu veruva{e. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кога дојде време да си заминеме дома, бидејќи Верче и кате имаа дозвола од родителите да се задржат до девет часот и ниту минутка повеќе, Ведран и Кате рекоа дека ќе отидат до слаткарницата за да купат сладолед за сите...
- Вие одете,ќе ве стасаме! – рече Ведран. Всушност, тоа беше махерски смислен изговор од страна на Ведран како да останам сам со Верче, а тој со Кате. Верче беше расположена и весела како пеперутка која штотуку излегла од својот кожурец.Светеше од радост и расположение како утринско сонце. Толку убава и волшебна ја немав никогаш видено. Ја јадев со погледот и го заситував гладот по нејзината бајност во очите и во душата. Се полнев како слаткарски шприц со шлагот на нејзината девственост. Боже, колку многу ја сакав таа ноќ! Секој атом од моето постоење беше вљубен до бесвест во нејзината коса,нејзините очи, нејзините усни, нејзините движења на пеперутка... Од нејзините очи ме галеше топлиот летен повеј... Боже, колку многу сакав да ја гушнам таа ноќ! Да го сетам биењето на нејзино срце во моето... Да ја сплотам песната на нејзината душа со мојата... Да го пуштам низ коритото на мојот надојдне крвоток бликотот на нејзината крв... Колку малку требаше за да ми стане блиска психологијата на некои владетели од минатото кои за таква убавина војни воделе, опожарувале цели градови, убивале и биле убивани... Колку малку ми требаше таа ноќ за да ги спознаам чувствата на поетите, кои вдахновени од таква убавина ги испеале најубавите стихови на сите времиња и страдале до крајот на животот... Пеперутката зборуваше за своите планови за упис во средно медицинско училиште, а јас смислував начин како да и кажам дека е волшебно убава и дека за неа некој владетел би водел војна во минатото. Татко и и мајка и сметале дека тоа е правилен избор за една девојка. Татко ми и мајка ми не знаеја ништо за Беатриче на Данте, за Дулчинела на Дон Кихотм за Лаура на Петрарка... - Ти, што ќе се запишеш? Никогаш не бевме разговарале на таа тема. Повторно оној топол повеј од двете ливади во нејзините очи. - Техничко училиште – реков! - Инжинер, се насмевбна таа, - Како тато... Ми беше мило што ме спореди со татко и. Тој важеше за господин човек. За брзо време стекна углед во целата населба.Веројатно Верче сакаше да има сопруг како татко и. Затоа и м и годеше споредбата со него. - Би било убаво! – признав, - гледајки во врвовите на новите чевли, со кои, не знам зошто, шутирав едно камче, заборавајќи на ветувањето што и го дадов на мама - Ти си бистар и можеш да успееш! – ме пофали Верче, - Но треба и многу да се трудиш... Да се одречеш од многу задоволства на животот, оти електро факултетот е еден од најтешките! - Има уште многу време до него...Прво да го прегазам средното Сакав да ја сменам темата, да и кажам дека ноѓе заспивам со нејзиното име на усните, дека во сонот го барам нејзиниот лик под перницата, ама никако не ми доаѓаше идеја како да го направам првиот чекор кон таа тема. „Бојан без проблеми би го направил тоа“, помислив и самиот не знаејќи од каде ми дојде Бојан на ум. Сеедно, тоа момче навистина умееше да разговара со девојчињата. И да остава впечаток уште при првата средба со нив. Ми стана уште помило што го запознав. Од него би можел многу да научам Чув забрзани чекори зад нас, тоа беа Ведран и Кате со нашите сладоледи. Ќе и кажам... Следниот пат кога ќе бидам насамо со неа. Можеби на журката. Да, секако, журките се најпогодни сутации за такви нешта...Додека се танцува... Или...Не е важно, секако дека ќе и кажам. Изменето од majstorce62 - 19.Март.2008 во 19:11 |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Umoren sum od sranja,
umoren od se, sto li mu e sega pa na ovoj ? Ovde ne se krijam, nadvor se krijam i gospodin izigruvam vozdrzen i seriozen komu samo eden del od usta se smeska i od vega se podiga. Neprepoznatliv, nevidliv na site pred oci |
|
RUSHKA
Сениор Регистриран: 28.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 2837 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Otpatuva nad oblacite
bez pozdrav. Zborovi vo grlo zastanati BOL OCAJ Krik jak, silen da go raspara neboto da te vidam malku, da te vidam... |
|
4ISTA SOVEST=MIREN SON
|
|
KaLiNa
Сениор Регистриран: 25.Јули.2006 Статус: Офлајн Поени: 8416 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ova e recenica sto si ja napisav odamna, ama mnogu cesto si ja preprocituvam
kopnees za mnogu, za SE i koga ke go dobies toa sto go sakas, se plasis deka ke go izgubis, deka se e son, deka toa ne ti se slucuva na tebe...zosto ednostavno ne uzivas vo momentot, zosto ne uzivas dodeka trae, zosto mislis na UTRE i zosto koga kopnees za toa SE ne se tesis deka ke dojde UTRE koga SE ke ti zatropa na vrata...
|
|
kuliraj
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Za denes e dosta
od vozbuduvanja i razbiranja, za denes e dosta od dokazuvanja koj sto rekol i kako mislel. Denov zavrsi onaka kako i pocna tapo i bledo i se nadevam deka poveke nema da se vratam iako drsko se lazam iako nokva mislite tuka ke mi bidat, koj kako mislel i zosto mislel i kade civija se krie. Vo slucaj sekoj vozbudlivo si bese, mrtvi bukvi a sepak pozivi od mnogu ziveenja. |
|
eurydice
Сениор Регистриран: 18.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 429 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кој ми е крив
Од пуста милост на гла ти се качив Ко мува на слатко ти брмчев нон-стоп Те гушкав и тегнев, ти бушавев коси, Ти траеше мирен, трпелив ко поп. Кога беше немирен те лулав нани-нани Те смирував за да останеш до мен`. Кога беше заспан те будев ајде стани Не можев да чекам до новиот ден. И природно, трпи-трпи, појќе не се трпи, Ти реши да ставиш точка на се` Си ги прибра сите партали и крпи Аман жено збогум, заборави ме. Изменето од eurydice - 20.Март.2008 во 01:21 |
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Жена без адреса
-Мила, – ја прашав – зошто ги мешаш поимите љубов и секс за една ноќ? А таа вртејќи со очите, небаре силно шокирана од моето прашање, ги заби црвените нокти во густата и долга црна коса, одбирајќи еден прамен за да го врти низ прсти, додека несигурно ги листа мозочните виуги и одбира некој од многуте готови одговори што ги чува за вакви прилики. -Па види, дарлинг, јас животот го гледам како квиз. Нон-стоп некој ти бара да му дадеш џек пот. Јас успевам да им го дадам тоа на мажите, зошто имам умешност да си го поделам срцето на безброј мали коцкички љубов. Е сега, знам ќе си речеш дека многу си имаат сварено супа од тие коцкички, ама што да правам, кога сум толку посакувана!? – ја заврши реченицата отворајќи го малото огледалце, за да си ја поправи шминката. Баш кога си помислив дека го заврши бледото објаснување, во кое секогаш неминовно го става зборот љубов како маска што навидум го сокрива нејзиното (за многумина) срамно поведение, таа воскликна: -Ах, и ова заборавив да ти го кажам. Јас во тој квиз не им дозволувам на мажите да играат џокер “повикај пријател”. Не можам со двајца, дарлинг. Тоа е ту мач за мене. И колку повеќе барав да ми изнесува детали од возбудливиот сексуален живот што го водеше без запирање, толку повеќе се воодушевував од нејзината театрална фацијалност, измешана со еден куп емоции и неартикулирани движења. Во исто време, нејзината личност собираше наивно девојче, искусен манипулатор, кабуки-кралица и жена без адреса. Додека си ги поднаместуваше тенките хулахопки, ја набљудував нејзината силуета и се најдов себеси како во рацете цврсто стегам камен за да го убијам блудништвото во нејзиниот дух. А таа вртејќи се кон мене, ми носи реминисценција од дамнешна Исусова беседа: Кој си ти за да судиш? - Како изгледам? – ме прашува со бисерна насмевка, една од многуте што механички знае да ги става на својата уста, за да ги поттисне горчливите талози од светот што му припаѓа секому и никому истовремено. - Одлично! – и велам, пуштајќи го мисловниот камен. - Вечерва оперирам во Пелагонија – ми вели. –Другарка ми Маца ми рече дека имало нешто во почвата таму, па речиси на сите им биле како мортадели. – кикотливо констатирајќи, ја закопча ташната, во која ги стави неопходните “заштитни акцесоари”. - А што ти фали во Скопје? - ја прашав снисходливо. - Абе дарлинг, види...Во Скопје ги има од секаков асортиман, ама најчесто мене ми се погодувале само микроСКОПСКИ. Лоша среќа! – ми рече, откако двајцата избувнавме во несовладлива смеа. Наклонувајќи го своето тело да ме бакне за поздрав, го почувствував истиот парфем што некогаш мајка ми го ставаше на себе. Во него го олицетворив сеуште свежиот здив на нашиот некогашен среќен живот, додека имав двајца родители и прекрасна сестра. По лицето ми се стркала солза, но скришум успеав да ја стопам во перницата што ја испи како што земјата впива долго чекан дожд. - А ти да си легнеш рано и да не гледаш телевизија цела ноќ. Ок? Утре си на училиште. – остро ме погледна, отворајќи ја вратата што е проколнат мост кој ги разделува девојката што ја познавам како најмила сестра и блудната жена без адреса. Изменето од Quentin - 20.Март.2008 во 09:17 |
|
Внеси реплика | страница <1 23456 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |