|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика | страница <1 1819202122 138> |
Автор | ||
...Well...
Сениор ...ExtraVagant... Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 5231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
......darkiiiiiiiiiiiii...
|
||
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Преселба
Не носам куфери со себе кога се селам. Само чувства одлепени од подот што повеќе нема да го газам, и очи наполнети со прозрак од утра, што само овде така јарко изгреваат. Сомнежливо ги вртам страните на светот и со камења мавам по новите катчиња што се нудат да ми го засолнат телото. А духот каде да го ставам? Во малата четка што го ретушира грдиот простор? Или во темниот безизлез на врата што ме чека? Или во новите луѓе чии лица ми се едни па исти? Прегорува последната свеќа на чекањето. Новите патишта се измиени за свежи стапки. А моите нозе стојат. Со чувствата и тие се залепиле на подот. Изменето од Quentin - 15.Мај.2008 во 04:29 |
||
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
мајсторче колку време треба да те чекам за продолжението ??? |
||
girl93
Сениор Регистриран: 14.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Na grobot moj
Ako cveketo na mojot zivot go sroni i posledniot list, dojdi na mojot grob, poseti go mojot vecen dom. Zemi dve beli i dve crveni ruzi, kazi mi te sakav i raka pruzi, ostavi gi na grobot od kamen da stojat vecno tamu. Navedni se i zaplaci tivko, dopri go kamenot studen, i taa nok nemoj da zaspivas, napisi mi pesna,ostani buden. A utredenta,od rani zori, poseti go vecniot dom moj, ostavi ja pesnata za mene, a jas ke go pomnam vecno likot tvoj. |
||
girl93
Сениор Регистриран: 14.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ноќва
Ноќва е најтемната ноќ, ноќва ветерот има моќ, ноќва моќниот ги мрси моите коси, ноќва капка по капка моето лице се роси. Ноќва клета ми одзема пола живот, ноќва,можеби ќе останам и без здивот, ноќва,можеби,е крај на се, а можеби нема да умрам ноќва,не. |
||
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
До Бисерче:
Не дека сакам да се изживувам со твоето трпение, ама имам обврски кон работното место. Се надевам дека ќе го пруфатиш моето извинување, но во првиот миг кога ќе освојам слободна територија ќе седнам и ќе продолжам... |
||
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
||
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
....... ајде јас чекам,.... |
||
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Таман ќе заврши и учебната година, па ќе си имаш бесплатно читање преку летово |
||
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
||
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ЦРНИОТ КРУГ НА СУДБИНАТА (3)
По барање на Бисерна Никој не може посилно да почувствува несреќно вљубени погледи на момчиња од девојка на осумнаесетгодишна возраст чие тело е витко како трска и има бронзен прелив од бакнежи на јулско сонце. Станка имаше осумнаесет години и тело витливо како трска и, згора на тоа, прелиено со бронзен прелив од бакнежите на јулското сонце, но таа не беше свесна дека за трската се лепат несреќно вљубените погледи на момчињата кои заради неа, да тоа беше неоспорен факт, иако таа и за тоа ништо не знаеше, во последно време беа чести гости на речната плажа и дека плажата никогаш, и пред времето на градењето на градскиот базен, не била толку посетена, оти сето нејзино суштествување се поистоветуваше со момчето по име Горан и оти нејзините осумнаесет крилца само кон него првнуваа со радост, а неговиот лик беше единствено достоен по него да се разлијат далгите од двете езерца, толку благо и толку питомо облизнети под нејзиното чело. „ Има една тајна врска...“, почнува песната од почеток, по кој ли пат, исто како и тогаш, во приказната што оживуваше пред нејзините очи стара дваесет или дваесет и пет, или колку ли точно години истечено време низ коритата на животот... Станка Поп Тасева ги склопи кориците на книгата на спомените. Всушност, таа не склопи никакви корици од никаква книга, туку далга на слана го попари трендафилот на мислата што ја одведе во минатото на речната плажа близу Р. Едно штрекнување, едно шашардисување, едно вџашување ја прекина врската со топлиот повев од минатото што извираше од звуците на песната и плашиците што го образуваа второто име во срцето на маргината на учебникот се сторија вкочанетост, така што пред очите и се отвори името на ќерка и... „Има една тајна врска...„ И крв! Не, крв немаше. Ниту капка крв немаше во неа. Немаше ниту околу неа, но таа имаше чувство како сета крв да истече од неа: од лицето, од рацете, од мозокот... Но каде ли истече? Можеби ја впија страниците на учебникот, како сунгер жеден за крв, оти долги години бил затворен во темнината на таванот, но таа не можеше да види ниту капка од сопствената крв по страниците оти тие почнаа споулавена игра на вртење, при што уште еднаш, и уште еднаш, вкупно седум пати, се појавија двете имиња како две црни кукавици во снегот на маргините. Знак, знак,знак,знак, знак, знак,знак, одбројува ѕидниот часовник од ѕидот во собата на ќерка и, една од двете што ги држешеа како потстанари кај разнесувачот на млеко, кој имаше син студент во метрополата и одвреме навреме се појавуваше во некое списание од уметноста и културата со некоја песна, секогаш со исти иницијали под насловот, на местото за посвета. Каков знак,каков знак,како знак, каков знак, каков знак,како знак, каков знак, излегува и влегува кукавичката во седалото во часовникот. Судбина,судбина,судбина,судбина, судбина,судбина,судбина, бие лудилото во слепоочниците на Станка Поп Тасева. Таи ли ќерка и нешто од неа? Кафез... кафез од лудило...Без решетки, а сепак тесен, проклето тесен: душата да ја склучиш во него не ќе може да ја собере... Тесен е кафезот, тесна е собата, тесна е куќата, тесен е градот, тесна е вселената... Или ништо не е тесно: ниту кафезот, ниту собата, ниту куќата, ниту градот, ниту вселената. Тесна е само таа, оти Горан влезе повампирен во неа, а повампирените не ги интересира страста кај жената туку ноќе, на полноќ, кога месечината ќе се исполни само си ја бараат изгубената душа... Тесна е и нејзината душа. Можеби само таа. Напнатите мускули на лудилото ги пукаат со години шавовите на кошулата во која беше облечена нејзината душа и ги бркаа од неа сите мажи што ќе и фрлеа соблазнителен опул, за да може, кога ќе огрее полна месечина да му погледне спокојно, со чисти мисли и уште почиста душа на Горан в очи, макар и на таков, повампирен. |
||
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
................чекоревме по патеката на животот како најјаки,најподготвени да се бориме против целиот свет.Она што го чувствувавме еден за друг , нашите чувства , ни даваа сила да продолжиме понатаму.Го делевме секое добро и лошо,заедно поминавме мигови на среќа и тага,неспиени ноќи,лутајќи до зори.Ноќите ми ги исполнуваше со страст,успивајќи ме со твоите нежни бакнежи.Прекрасно е чувството кога се будам во твоите прегратки.Таа хемија што не поврзува ме направи само твој,стана сопственик на секое мое чувство,мисла.......Заслепен од страст и љубов не знаев дека стоиме на ивицата , на крајот.Зошто ја снема љубовта во твоите очи? Твојата недоверба ја уништи целата љубов во тебе и те отру со гнев и омраза , не турна од височините на љубовта не надвладеа и скрши.Се се срупи одеднаш.Станав црна точка и товар во твојот живот кој се трудиш да го уништиш.Чекорам пред тебе како сенка гледајќи како времето те менува на лошо а јас немоќен да го поправам сето тоа.Ме боли ова чувство во градите и љубовта која не можеш да ја почувствуваш.Залуден беше трудот докажувајќи ти ја мојата љубов.Зарем оваа тага и потреба да те видам,допрам,почуствувам не се доказ дека ми требаш??? Зарем оваа болка по тебе не е доказ дека ТЕ САКАМ ?! Зарем овој нечуен плач на моето срце не е доказ дека си единствена за мене? Ми недостигаш !!! Ечи тоа во мене низ празнината и кршот на мојата душа.Ги поминувам најболните моменти од мојот живот , ноќи во несоница и немири во душава.....те нема.......тешко ми е......И еве измина уште еден осамен и тажен ден , часовите бавно минуваат а од тебе ни траг ни глас.....те нема.Ноќ е и веќе ги пушта првите ѕвезди од своите скриени одаи да ја започнат својата игра низ темното небо.Се е толку мирно и тивко,го слушам само штуркањето на штурците ,како целиот свет да потонал во длабочините на соништата.Сам сум во мислите за тебе а во мојата душа се е срушено.Нема повеќе надеж за нас време е да продолжам без тебе и да се обидам да те заборавам иако тоа тоа е невозможно.Ти си само минато од мојот живот но спомените ме враќаат до тебе.....Тешко ми е,се борам со самотија со тага и со неизлечливата болест - депресијата.Те замислувам покрај себе како некогаш кога бегавме од реалноста и се криевме од сите други за да бидеме сами и да уживаме во секој миг заедно, јас и ти.Те чувствувам иако те нема , ти си во сите пори на моето тело, сеуште течеш низ моите вени.....Времето немилосно минува , не се враќа , остануваме само јас и ти во мојата фантазија прегазени од судбината.Наскоро ќе стане ладно и далечно а љубовта мирно ќе затае.....Ќе исчезнат сите страсти и чувства...Од нив ќе нема ни трага.Допирите ќе исчезнат од мојата кожа а бакнежите ќе станат заборав.Минатото ќе чекори како сенка низ животот додека иднината е толку далечна,недофатлива и невозможна.Останува само онаа лузна на срцето , трага на усните и бледо сеќавање...........зошто е крај??????
ориџинал бај блеки |
||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Блеки, да си го смениш никот под итно во Ѓавол со скршено срце... Тежи лириката во овој текст, блескоти и паѓа со тивок шумол како долг, црн, свечен фустан на телото на некоја убавица, на најубавата жена на нечија забава...
|
||
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
а не никако тоа мајсторче..... ....што ли ќе треба да менувам на следните пишувања
|
||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
тревата е зелена ѕвездите светат....
|
||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
блу е женско и е вљубена... |
||
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
||
Внеси реплика | страница <1 1819202122 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |