IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 138>
Автор
Порака
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2008 во 18:02
големо%20гушкање
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
eurydice Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 429
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај eurydice Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2008 во 18:09
bas se prasuvav kaj propadna majstorce   
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2008 во 18:16
...... pisuvam sega
i redam bukvi
za Kako bi bilo
samovilo
so sviena glava
pod zlatnoto krilo
zborovite gi redam
da  Taka bi bilo................................
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2008 во 20:49
Mi mavtase od daleku
dur oblaci ja nosea
od treto lice duvani.
Mi velese deka vina vo mene ima
zosto premnogu me saka
i deka kolena takva tezina
da drzat ne mozat,
deka mojata ljubov gusi
kako pajazina se lepi
i drn, drn, drn.
A mi se povraka
od izgovori prazni,
kazi de kazi,
deka vo majcina
se se vraka
i deka cena previsoka e
za toa sto se plaka,
deka proizvod so greska sum
otprvo sto ne se gleda,
a potem senkata vidliva e
bez pardon i sansa


Кон врв
...Well... Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...ExtraVagant...

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5231
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ...Well... Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2008 во 04:00
The LETTER...



The door that somebody has opened...

The door that somebody has closed again...

The chair where somebody has seated...

The cat that somebody has caressed...

The fruit that somebody has bitten...

The letter that somebody has read...
The door that somebody has opened...opened...oh, opened...



The chair that somebody has seated...
The letter that somebody has read...

The chair that somebody has turned upside down...
The door that somebody has opened...opened, oh opened...


The path where somebody is still running...
The forest that somebody passing trough...
The river that somebody dives in...
The forest that somebody passing trough...
The river that somebody dives in...

The forest that somebody is passing trough...
The river that somebody dives in...

...The hospital where...somebody has died.










Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2008 во 10:19
Na race te nosam
na pat od iljada milji
i sepak sila imam,
sepak nasmevka lice mi krasi
iako za vozduh se boram,
no ne od zamor,
no ne od zelba
pobrgu da stasam
do krajot od patot,
zosto ne sakam na zemi
da te spustam,
zosto stopala tvoi
po pateki vozdusni da cekorat treba
od onoj vozduh sto go izdisuvam jas
i zaradi tebe sto se stvara
so sekoj zdiv
zaradi sekoja misla
sto te baknuva i guska
nesporedliva so bilo sto
od vidliviot svet
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2008 во 19:02
АЈВАН ЛЕКАР

          Дедо е припрост човек, но има зад себе седумдесет и седум години животно искуство, диплома за завршено срдено стопанско училиште (цели две години) и интерна диплома за вкв мајстор – водоинсталатер издадена од фирмата во која „младоста ја оставил“. Е, а тоа големо животно искуство му вреди повеќе од пет факултети иако абер си нема од компјутери, од виндоус, од плејстејшн, од мобилен, од акционерски друштва, од брокерство и останатите новороденчиња што ни ги истресе тразнизцијата (која никако да застарее, туку се уште си ја чуваме како млада невеста).
        Денес ја прегазив во голем стил Проектната задача за матурскиот испит и прво нему му се пофалив. И таман го начекав моментот, само што се вратил од банка со шушки во џебовите (пензиите стасале, да не дојде до забуна дека дедо и на овие години работи хонорарно). И, се разбира, зашуште една петстотка, за да тргне работата како подмачкана, од дедо.
        - Така, а кога ќе ја положиш сета матура…Ај, знае дедо како да те награди!
        Ај, шо ми е златен дедо, да ми го поживи господ уште многу години! Не, не за шушките. Дедо ми е најверното другарче. Советник број еден во животот. За секој проблем со него се консултирам. А сега дојде ред и за најживотниот – упис на факултет. Што да се одбере? Многу ми се мотаат како сателитчиња околу мозокот, ама на секој маана му наоѓам.
        Медицина…
        Хм, убаво звучи тоа докторе, па бел мантил, па згодни, цицлести сестри…Ама се накотија многу со дипломи од соседот на исток… Накот недоучен… Додека јас завршам, ниту за болничар нема место да остане…
        Право…
        Не ме бидува ниту самиот да се одбранам не пак други да бранам…
        Машински…
        Косата да ти падне од учење, а кај ќе се вработиш… Сите фабрики во градот ги затворија…
        - Јас да сум сега на твои години, без размислување ќе му ја конк*рирам на ветерина, - насети дедо што ме мачи.
        -Дедо, да не те удри премиерот со покачувањета на пензијата од 100% како со даска по глава? – го погледнав загрижено, - За свињар и говедар ука не ми треба.
        - Слушај го ти дедо, златно име мое…Дедо никогаш не греши! – пак тој.
        - Абе дедо, ме зезаш, признај! Ај кажи ми што да запишам, оти стварно не знам. Како во лавиринт сум.
        - Иднината во оваа земја за младите е само во ветерината! – одмудри по трет пат дедо.
        - Ааааааааааа, знам кај ти цела умчето дедо…- му намигнав весело, - Си ги гледал последните вести, те подлакомија и тебе субвенциите што ќе ги дели премиерот за земјоделието и сточарството. Ама тоа, дедо, се вика – не умри магаре до зелена трева… Абе, дедо, уште ли не им ги научи финтите: идат избори, па мораат нешто да ветат…
        - Не бе мило, та не сум дотаму излапавел, ај, ти се молам, немој така за мене… Ќе бидиш господин…Доктор. И тоа, не каков било, ами воен доктор…Ехе, во мое време колку процедури, прегледи, тестови требашечовек да помине за да да се запише на Воена академија, па уште и медицина.
        - Дедо, а да те одведам јас тебе кај твојот матичен да те прегледа…Каков бе воен доктор…Абе ние тие ги викаме ајван доктори! Си ги измешал, дедо, лончињата, тоа ќе да е. Е, убаво ми мислиш, ајван доктор да бидам!
        - Ништо не те научиле книгите и професорите… - рече, - Море, име светло, дедино, та не се слушаш ли ти како се не ни се викаат нашите војници – Лавови, Тигри, Волци, Мечки, Шкорпиони, Шатки, Мисирки… Мислиш, дека обичен лекар може да ги лечи нив?
        Го зеде бастуност и се запати кон пензионерскиот дом каде го чекаше друштвото весели филозофи на партија домино.


Изменето од majstorce62 - 27.Април.2008 во 20:28
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2008 во 23:25
Mirisam pod miski
pedanten ne sum ic,
nebricen sum stalno
i dim od corapa so noz da ja seces,
a tebe te nema
iako te baram i cekam kade ne si.
Zad sekoj cist maz
stojat centrifuga i zena,
kako sto sekoj vljuben
pred sakanata ne prdi, zdriga,
nitu cacka nos,
samo za da mu dade
i vo kujna mu vleze,
a potoa druga pesna
od piratsko cd
niz kuka se razlee,
kako i kaj site drugi
a nie mislevme
poarni ke bideme
lebdejki nad seto toa
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2008 во 11:19

ЕБАТИ ДРЖАВАТА…

        - Ебати ја државата, што нема закон за заштита на домашните животни! – истурив гневна пцовка, кога жена ми сета во солзи ми соопшти дека кучето на мајка и го смачкал камион додека минувало преку булеварот.
       Всушност, тоа беше наше куче, ама поради непостоење услови за чување во станот на третиот кат, го посвоивме кај тештата, која имаше куќарка, каква таква, ама сепак куќарка, со двор и други потребни услови за чување домашно милениче. А добро и се најде, бидејќи непосредно пред тоа си почина тестот, па другарче и беше.
        Разгневен од оваа црна вест, ја подадов главата на прозорецот и плукнав.
        - Пу, ебати државата! – пак испцував, не водедјќи сметка дека соседите, кои беа на власт, можат да ме чујат.
        На тротоарот немаше многу свет, само една стара жена и едно куче кое душкаше околу кошничката за отпадоци, поткревајќи се на задните нозе и обидувајки се со муцката да извади парче стар леб од неа.
        Се загледав во паѓањето на плунката, а телото сето ми се стегна, некаква внатрешна математика ми сигнализира дека плунката ќе падне вра главата на жената. Но за среќа, во тој миг ја пресретна една заспана оса, кој без компас леташе под прозорецот од кој ја лансирав плунката, отцртувајќи неправилни осмици низ топлиот воздух.
        Сетив леснина, но за кратко… Осата, погодена како со проектил „ воздух – земја“, се струполи врз кучето што си ја испробуваше среќата пред кошничката со отпадоци и, збунета од тоа што не знаеше што точно ја снајде, како реакција на одбрана му го зари џвалото во кожата, па тоа заквиче, и почна да се врти во круг, како некој да му врзал лименка за опашот, па се обидуваше да ја докачи и да се ослободи од неа.
        Некој уплав ја отфрли жената како катапулт кон улицата и таа почна да писка панично и да мава со чантата кон кучето, не гледајќи дека зад неа иде такси со голема брзина.
        - Глупава, бегај од улицата! – викнав панично кон жената, - Ќе те однесе таксито!
        - Пу, ебати ја државата со вакви гуски!
        Не знам дали ја слушна мојата опмена; во истиот миг кога јас викнав, или помислив дека викнав, силно чкрипење го раскина жешкиот летен воздух и жената повторно скокна, овојпат од улицата на троарот, значи во спротивна насока, што мене ми заличе на смешно враќање на сцена од филм што се монтира, при што кучето заквиче уште посилно, си ја подвитка опашката и побегна.
        Очекував таксистот да застане, да излезе од таксито и да и ги истури пиперките на старата жена, да и се развика за да друг пат си ги понесе очите кога преминува улица, а не да ги чува дома крај нејзиниот дедо, но тоа не се случи.
При кочењето, таксистот, некое младо детиште кое самошто зело дозвола ( со врски или прасе) ја загуби контролата над возилото и тоа се најде на спротивната лента на улицата, кон спротивниот тротоар по кој безгрижно поминуваше група деца.
        - Овој ќе ги отепа децата…, - викнав, кон жена ми, спискав!
        Пискањето од улицвата го натсили мојот писок.
       - Пу, ебати државата во која и на слепци им даваат возачка дозвола! – опцував уште еднаш, чувствувајќи како гневот ми навлегува длабоко во коските.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2008 во 14:30
Зад тополи со тело зимзелено
Во крајот од сјајот Се белеат дворови,
Тука мечтае осамена благородна душа,
Под цветовите на липите, покрај здив од борови.

Покрај олтар чудни зборови го сенат,
Во душата му плачат свети хорови,
И мисли дека месечината е заљубена,
Бидејки живее како небеските створови.

Го гледам така се на една нога,
И се поклонувам како сите во Бога,
Но не можам да го насликам во себе.

Само со претчуството на гласот
и профилот негов,
го здобив чуството за него.

Љубовта се вртеше како крадец во замка,
Кој нема излез со врзани раце две,
и си помислив-чиј лиси сега-среќо моја
единствена,
Даи моите солзи се твој утрински дожд,
Дали моето срце е за тебе вистински дар,
Дали моите раце се твои цветни ливчиња кои те галат,
Дали моите очи го будат во тебе жарот.


П.С. Го најдов ова во тетратка од 8мо одд. .....сум немала што да правам на час изгледа намигнување
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2008 во 15:08
ТОЛКУ МАЛА А ТОЛКУ НАПРЕДНА
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2008 во 15:25
е ајде де и ја се чудам како сум го напишала изненадување
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2008 во 19:15
Еве уше нешто од таа тетратка...голема%20насмевка

Додека ѕвездите зборат
во длабока пролетна ноќ
мојата душа трага по твојата
заљубено немо исплашено
невино ја бара низ небескиот шир
твоите очи меѓу ѕвездите
твоите усни во месечината
ликот во облаците...
молкум исчезнуваат!
облаците, ѕвездите, месечината.
ново утро се раѓа
полека ко кришум ги затворам очите
бавно, залутаната душа тоне во сон
повторно денски
за да не го гледа сонцето без тебе
а срцето моли...
Боже не дозволи да заборави.
Не давај!
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2008 во 19:24
аплауз
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,301 секунди.