![]() |
|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 117118119120121 138> |
Автор | |
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Би те галнал
би те пипнал ама баш насекаде дур очи не ти светнат дур воздух не ти зафали дур ко еже кожа не ти се стори. Би ти го дал цел свет до самиот крај двајца сведоци кај само ќе има би ти го свирнал најнежното музиче ушиња дур не ти се вцрвенат од шарки би те извадил дур цивкаш и пискаш да поминам цел каде влагата е блага. Велиш време не е баш сега и тука и кој знае дали и денот е за тоа што ми преостанува се плеснувам по чело ме боли и лелекам а толку пати те плеснав а ти никогаш не се пожали. |
|
![]() |
|
Anarchy ![]() Сениор ![]() ![]() Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
Anarchy ![]() Сениор ![]() ![]() Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Има една песна,
која кога се слуша, се слуша само таа и ништо друго. Има една песна, која кога се пее, се пее на цел глас, со целата своја душа. Има една песна, која кога се свири, не смее да се згреши ниту една нота, иако рацете треперат по жиците од гитарата. Има една песна, за една сакана, која кога се слуша, пее, свири, исто како да е до мене мојата сакана. ама не е... ![]() |
|
![]() |
|
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Еклипса Знам , ти сакаш силна светлина.......јас сакам полутемница, сонце на твое лице , месечина на мои усни еклипса не дели или соединува... Знам , ти сакаш полека ......јас сакам брзо, пупка кога се отвара , цвет кога се затвора деноноќие не дели или соединува... Знам , ти сакаш влажно ......јас сакам суво, морски бран надојден , сув песок при осека ветерот не дели или соединува... Знам , ти сакаш мирис.......јас сакам вкус, блед акт во огледало , амфас сенка на ѕидот одсјајот не дели или соединува... Знам , знам ....ти сакаш срце.......јас сакам душа... *** Eclipse I know you want a bright light ....... I love the halfdarknes, sun on your face, a moon of my lips eclipse does not share or combine ... I know you want slowly ...... I want fast, bud when it opens, when the flower closes day and night does not share or combine ... I know you want wet ...... I love dry, sea wave overfl, dry sand at ebb tide wind does not share or combine ... I know you want ....... I love the smell, taste, pale nude in the mirror, amfas shadow on the wall does not share or reflect together ... I know, I know .... you want heart....... I love heart soul Изменето од bijonse1 - 13.Јули.2010 во 22:48 |
|
![]() |
|
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ПРОКЛЕТ ЗЕЛЕН СЕМАФОР Иде раскрсница .....упсссс полека успорувам.....умешност е да не застанам, само внимателно да ја поминам.....се преслушувам но!?!.....не зависи од мене.....не!! никако !! Идат одпозади .....упсс успорува и пред мене.....опколена сум, само паметно да се движам.....се надевам но!?! .....не зависи од мене.....не!! никако!! Наеднаш тишина.....лер состојба сончевиот зрак ме заслепува.....се препотувам, само трпение треба.....издржувам но!?! .....не зависи од мене.....не!! никако!! Идат чекори.....избледена зебра сенка пред моите очи.....морници некаде во мене, само дланка на шофершајбна.....се збунувам но!?! .....од кого зависи??.....се прашувам?? Мааа ајде, јас не сум таа.....доминантен поглед си имам јас па иде малку горе,па иде малку доле.....ми годи, како во трета да сум??.....прва педала силно притискам конечно!?! .....зависи од мене??.....да!!да!!од мене секако!! Страничната бариера ја остранувам.....главата ја подавам опоен парфем на пастув ме обзема.....го упивам, нежна дланка на лице ме занесува.....замижувам но!?! .....све од него зависи.....да!!да!!од него секако!! Силна свирка ме освестува.....псовки далечни дослушнувам дланката исчезнува.....зелено светло ја заменува, гледам лево,десно , недогледувам.....гасот ме покренува но!?! .....зависеше ли од нас??.....не!!не!!никако!! ![]() ![]() Изменето од bijonse1 - 23.Јули.2010 во 23:32 |
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Сакам да ти напишам
толку многу работи, а стојам како статуа пред белилото на хартијата. Нема е ракава грешна пред толкава белина-чистота, а секоја буква моја е само грд спомен на мене. Се гледам себе пред тебе те гледам тебе-мал, стуткан во столчето како дете натрапник. И небаре јас сум таа-безгрешната која треба да ти суди и пресуди. Небаре почиста е душава моја од малата солза твоја. И се издигнувам "гордо" над тебе Јас-грешница, а ти не си тој кој каменот прв го зема. Ти-рака божја-мила во закрила што ме земаш. Јас грда слика на гордост изгазена-невредна. Изменето од butterflyM55 - 22.Август.2010 во 19:56 |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Течат од душа реки
реки ненапишани-неискажани само во мисли прегрнати го чекаат својот миг. Очиња со боја на длабоко море пред себе и сега ги гледам. Солзи сакам да им испијам во преграт да те земам. Толку слепа и себична сум била та само зедов се што ми даде, несвесна дека само тоа кое се дава е единствено што е твое. Желна и жедна за љубов, за душа сродна-мила те испив до дно без да ја видам тагата што во тебе се свила. Слепа при очо две-невидов. Нема при усни безобразни-непроговорив. Го испив споменот драг-пресуши. Те оставив во далечини празни-заминав. Со себе те понесов душа ти заробив за ден два ли беа.... или повеќе,а сепак ми останаа како еден единствен. Спомен на душа од брат за сестра подарок од срце за жена од маж Живот на дете од дете споени во едно засекогаш. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Капка по капка-роса
на хартија бела паѓа. Капе од два кладенца чисти и вирче прави од желби испишани на белилото. Здив по здив-воздишки се нижат во гради оаза на љубовта чиста што ветре тивко ти ја праќа да ти разлади душа. Збор по збор-гердан од пораки искрени испратени во ноќта додека будна во ноќите сонувам за тебе. Минута по минута-време се реди,минува. Безначајно мерило на нешто што ни ангелите неможат да го измерат. Удар по удар-гради се движат немирно,треперливо како рој пеперутки разиграни по првите пролетни цветчиња. Сигнали ти праќам во ноќта глува и немир, да почувствуваш сладок немир на усните твои меки,од усниве мои врели кои со жар те љубат во осамата твоја. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Блесокот на сончевиот зрак
не ми мами насмевка веќе. Сивило на небото надвиснало нишки, небаре килим на ѓаволот црн ткае. Ни зрак,ни светлина,ни сонце... Чиниш и природата жали што стапките твои ги нема веќе. Ниедно утро не е добредојдено без твојата звонлива насмевка која ме будеше весело од ноќниот пат со тебе. Ниеден ден не е убав без твојот стих. Очиве згаснаа,желни за твојот лик за твојот пишан збор...за тебе. Ниедна ноќ не е мир без мирот на душата твоја која ме галеше долго во ноќите дури не заспијам мирно. Ни јас не сум јас повеќе... ....без тебе... Изменето од butterflyM55 - 02.Септември.2010 во 11:13 |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ти...кој срамежливо ѕиркаш
низ далгите на вечното зеленило и зрачиш со мрна...скромна душа. Скриен зад Бог и небесното синило, сплотен во твоето чистилиште бранејки се од камите на животот, спушти ја раката на моето чело исповед да слушнеш на мачна душа. Стапни со босата нога во мојот свет на илузии и соништа. Исчисти ја тагата од очиве кои само за тебе светкаат. Бакни ја душава со стих кој проштева. Земи ме за рака...Поведи ме... Однеси ме во твојот свет... свет на светото...божественото... Сплетен од твоите нишки љубовни. Покриј ме со покривка од солзи чисти. Заспиј ме со приспивна песна од среќа, и не дозволувај да паднам во искушение. Избави ме од илузии. Задржи ме со вербата твоја. Води ме низ светот на светото. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
На ивица на плач,
ја голтам горчината своја додека мислите патуваат кај тебе. Морам да ја згаснам оваа желба! Да издржам,да преживеам. Да поминам низ искушениево и пак да останам тука каде што сум. Очите твои не сакаат да ме видат. Ниту рацете твои во прегратка да ме земат. Образиве нема да ја почувствуваат топлината на дланката твоја. Нема да дознаам каков е вкусот на усните твои румени. Нема да ја почувствувам нивната мекост....сласт... Душата твоја,ја сака душата моја. А само небото твое ме покрива. Остануваме засекогаш. Остануваме тука каде што сме. Заробени души.... Во градината на вечноста. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Слушни го крикот на душава
која плаче за тебе. Хаосот на живото те обзел и уши ти параат конверзации на луѓе-трујачи. Глув за се околу тебе неможеш да слушнеш. Не допира до тебе тоа. Ѕидот твој како бумеранг ги одбива сигналите и ми ги враќа пак назад. Слушни го крикот-те повикува! Солза те кани на нежност. Љубов бескрајна те чека. Само твојот миг е потребен, и ќе ти се случи... Врисок-ТЕ САКАМ! Шепот-Дојди..... Молба во очи-Допри ме. Плач од око тажно. Дај да го искршам ѕидов. Да те заглушам со себе и со сите крици кои само ги голтам Оти немам право на тоа. А толку сакам.... Изменето од butterflyM55 - 20.Септември.2010 во 04:38 |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Удри ме !!! Удри ме силно...удри !! да ме боли до небо..... удри ме мене , а гушни го него .... лесно е ...верувај...ти тоа го можеш... сакам да ја осетам болката ...тука... во градите... каков вкус има... ти ќе ми бидеш најсилната болка.... удри !! и бакни го него... да ја осетам горчината на мојата усна и глас да не пуштам.... удри силно...удри!! на сите наши поминати мигови ....остани со него... ти тоа го можеш фрли пепел по сите мои чекори... исто како да не бев јас....... удри ме силно...удри!! ти тоа го можеш.....сестро !!! Изменето од bijonse1 - 21.Септември.2010 во 21:29 |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 117118119120121 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |