IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 100101102103104 138>
Автор
Порака
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2009 во 17:50
МЕЛНИЦА
си знаеш дека е за
тебе другите и не мора...


Ја запрев мелницата
на големиот часовник
- никој да не види

еднаа твоја насмевка
во запчаниците заглавив
- ни ти да не сетиш

времето чкулаво е
- нека е
и такво го разубавуваш...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2009 во 17:52
Погледнуваш во самракот
и чекаш се да исчезне
како и таа проклета убавина
која ѓаволот ја даде тебе да ти напакости
Како и рајскиот поглед во тие ѓаволести очи...
Како и секоја воздишка во која се чуствуваше љубовта...
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2009 во 20:35
Gi razbudi suvstvata vo mene,
ti si taa sto razbudi se sto nemav jas,
se sto potonalo vo dlabok son,
se sto predhodno bilo zamrznato...

Zemi go ova srce moe malo i zemi guma,
ramisli dobro i odberi sto ke brises,
eve ti,zemi da povleces linija-dve,
brisi gi luznive crni sto mi gi zadade,
brisi gi spomenite sto samo ti gi sozdade,
vrati se' kako sto predhodno bilo....

Potoa zemi ja paletata i cetkava mala,
i pak boi kako sto jas bi sakal da bide,
vleci, ckrataj, mesaj boi, oboi me,
boi ja idninata moja crna da ne e,
sakam se da bide kako sto sekoj zasluzuva da e.....
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2009 во 08:33
ЌЕ ОПСТОИМЕ

Гаврани грачат
очи да ти пијат
ко да малку им беше



Во твојата иловица
душата си ја огледувам
испукана
зажедната
а многуродна...

Твоите карпи
мои коски
настршлени
исправени
високи
дланки рапави
понудени
за гордоста гнездо...

Ветриштата твои
мој глас
во болката твоја испечен
во солзите твои искален
меч за сите битки
недобиени
што ќе ги добиеме

Кога газам по тебе
ко по себе да газам
толку сме исто
толку сме едно...

Не има
- ќе опстоиме...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2009 во 11:43
ПРИКАЗНА

И ќе ги откопаме сите приказни
да не ни талкаат душите на претците



Раскажи ја приказната за принцезата
на дланка од воздишки што раснела
под дивите планини во срцето на јунакот
во пранги црни кога скапувал...

На три царства маќеата ја ветила
од три принца ниеден не и бил достоен...

Во девет лакти платно повиена
во девет води црни зацрнета
девет јуди на крст ја распнувале
сонот да не го досони...

Девет ловци мирасчии
девет сина Керубинови
со црни кучиња изесли
месото и го кинеле

Под девет камена вистина закопана
од девет чуми до коска раскостена
девет сонца на девет црни неба
- црни, неогреани...

Во девет кивоти солзалии
времето го броела
и нас да не дочека
сонот да го досони...

А мислевме – лесно ќе е...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2009 во 14:32
НЕЗАВРШЕН МОТИВ

Не мижи пред вистината,
лагите ќе те заслепат...


На мојот гроб времето ќе испише
се што не стасав да напишам
за мене и за тебе,
и секој што ќе прочита ќе биде стих
од најсреќната песна на сите времиња
за вистината на лагите за мене
и лагите на вистината за тебе...

Очите си ги наполнив со вистина
никогаш да не изгнијат...

Моите очи во сонцето што гледаа
кога им ги острев длетата за тебе
како последен мотив во иконостасот...

Никој нема да ги види...

Друг некој ќе те резбари
во дрво со црвоточина
снимајќи те со очи
заслепени од темница...

Очите дури не му изгнијат....
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2009 во 22:27
зашто да чекам некој
за никој да ме научи како,
зошто да имам правила
за никој да рече ако,
доволно ми е слободата
и перница мека
чуствувам.....................
само слатка потреба
која ме чека

забава
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2009 во 00:44
ПРИКАЗНА ЗА ЉУБОВТА

Ако Оче наш не ја научив,
да те љубам можам посилно од сите свештеници
во молитвите што те спомнале...



Мојата љубов си ја мери силата со врутоците
на времињата што те престигнувале
- со крикот на унесреќените растечена
место песна заспивалка...

Колку високо да ги изѕидам столбовите
за да си ги бакнам корените

И благослов за семето
и клетва за сеачот си
- постојбино на исконските страданија...

Кој ли братоубиец писанието го напиша
со крвата на убиените браќа
та зборот ветрот ни го враќа
како сува плунка во лицето...

Од сортата на пирејот сме биле
А трски на лик
- танчерки на ветрот дабје што корни...

Приказната за Самсон во коренот ни е сплетена
- зар самите да си ја расплетеме...

И благослов за семето
и клетва за сејачо си
- во каква песна да се надживееме
да се соѕидаме...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2009 во 11:41
ПИЛЕ

Навикнав да варам кокошки,
мисирки
и гуски:
искубени,
износени,
витосани,
а ти - пиле блескаво
па страв ме фати да не те преварам
па да не се распаднеш
од ковчињата кревки,
крцкави,
како за кавурма со лук
и триста други зачини,
а поубаво си многу
така голичко
а недопрено
само малку потпечено
заруменето
од очи лиги
на сите да потечат...

a kaj mi e zbunetiot... lele me prifati negoviot stil...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
cupeto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 206
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај cupeto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2009 во 12:25
PETEL

Naviknav da go slusam ,
kako kuk*rika od daleku ,
ne znam ni kako izgleda ,
ni od koja strana ide ,
ama vidi go ti nego ,
tolku prodorno ,
sto i sega
vo niedno vreme na nego mislam,
no ne so cel da go ispecam ,
i da se nasladam na negovite kopani,
tuku da go pogalam ,
na negovata tocnost ,
i prodorno i interesno kuk*rikanje,
navistina e opasno majstorce   
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2009 во 12:54
ТРАГИ

Сите траги што ги оставив
Сто жиивоти малку ќе се
За да ги избришиш
Сите трагови што не ги остави
Во солзите ги бараш
А не се пресликуваат... 





Изменето од zenmaster - 26.Јуни.2009 во 00:22
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
cupeto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 206
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај cupeto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2009 во 13:03
Dozd , sneg , vetar

Site tvoi stogodisni tragi ,
so pesna ke ti gi pokrijam ,
za da gi izbrisam ne ke mozam,
,,sve toa ke pokrie ruzmarin, snegovi i sas ,
istoriskoto belo dugme ,
dozdot ke te osvezi ,
snegot ke te osvesti,
a veterot ke ti go prenese,
mojot baknez
na tvoeto nasolzeno lice ,
jas tebe togas ke te voskresnam      
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2009 во 00:15
ПРИКАЗНА ЗА СВЕТЛОЗРАЧНИТЕ

А сите подеднакво те љубеле
со мислата им светлозрачна
но во различен сон те сонувале...



Век немало да не дотече -
црни солзи реки набликнувале
раните да ти ги измијат...

Колку деца ти се удавиле
кај да фатат кога не знаеле

- на сретпат матната ги стрефила

Со зрак од кама кандило
на светци пред слава им палеле
светлини се престориле...

Црнилата пак останале
други да ги растегнуваат...

- ни крај ни почеток не им знаеле...

Скаменети крици низ горите
крв со крв закрвена
а една мајка ги раѓала...

И во крикот наш денешен
крвишта огној разгореле

- та чии сме ако свои не сме...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
cute_girl Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 27.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај cute_girl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2009 во 03:37

Идеален пар на кој сите му завидуваа...Кога ги гледаа заедно, луѓето гледаа едно нешто, една љубов вгнездена во две души и две тела.Бог не створил ништо почисто и поневино на Земјата од нивната љубов. Секојдневно можеа да ги забележат во паркот каде се среќаваа после часовите. На нивните лица секогаш имаше насмевка и радост...Всушност насмевките беа огледала на нивната среќа и на тоа колку тие се сакаа и колку уживаа кога беа заедно. Дури ни мракот неможеше да им ја затемни љубовта, ниту темните облаци кои надвиснуваат кога се спрема бура неможеа да им ја замрачат љубовта. Едноставно нивната љубов беше во два правци, повратна. Но, со тек на време работите стануваа поинакви какви што не се очекуваа. Односите се заладија, меѓу нив одненадеш почна да се гради некој чуден ѕид. Матеј се трудеше секој нов ред од ѕидот да го сруши, но на Ана воопшто не ја интересираше тоа. Беше слепа пред тажните лица на Матеј, беше глува за неговите очајни воздишки, не беше ни тука кога нему му требаа прегратки и бакнежи. Нивните планови за нивната толку посакувана венчавка веќе изумреа..никој не се осмелуваше да ги спомне посебно Матеј кој толку се плашеше за нивната иднина.”Душичке јас те сакам”-и велеше често пати, а таа на неговите зборови враќаше со насмевка. Сето тоа нему му делуваше збунувачки. На МСН само ќе разменеа по некој збор и ништо друго. Со ноќи и денови Матеј очајуваше размислувајќи како да ја пробуди нежноста во нивната врска која одамна заспала. Неговата депресија која се гледаше во неговото однесување и тело Ана не ја забележуваше. А, на пораки не ни одговараше.Кога и се јавуваше секогаш беше недостапна...Една ноќ во викендичката далеку од градот страста беше победникот. Незамислива ноќ поминаа која колку и да сакаат нема да ја заборават.Ноќта ги гледаа ѕвездите. Матеј ја праша:”Мислиш ли дека после смртта луѓето одат на небото?”.”Па можеби”- му одговори.”Кога мене ќе ме нема јас ќе одам на онаа ѕвезда”- и покажа кон најсветлата.. “ и ја бакна...Мила дали ме сакаш?”-ја праша пред таа да се качи на велосипедот. “Не”-му одговори и се качи на нејзниот велосипед и замина. Матеј остана на скалите да плаче и страда. Душата му се раскинуваше, а срцето му умираше.”Па таа е мојот живот, сега без нејзината љубов јас сум никој и ништо. Без мојата душичка мојот живот веќе не вреди.” Во викендичката на масата најде еден полузгужван лист.Го исправи малку и и напиша писмо кое го остави на масата.”Те сакам”-го бакна писмото и веднаш истрча надвор.Близу викендичката се наоѓаше мост кој беше на висина од 30 метри од големата река која постојано брануваше. Со солзи во очите трчаше кон мостот и без запирање ја прескокна оградата и скокна. Скокајќи извика колку што може:”Анааааа те сакаамм”...Одеднаш само се слушна звук кој значеше дека телото е под вода. Подоцна во куќата на Ана некој дојде. Тоа беше сестрата на Матеј. “Брат ми почина...со полни очи и кажа...се фрли од мостот близу викендичката и оставил писмо за тебе...збогум”. Како ремен од трња да го превитка нејзиното срце. Остана нема и неподвижна пред вистината. “Господе зашто? Јас го сакав...тоа што го правев цело време беше за да видам дали навистина ме сака, сакав со моето студенило да видам дали ќе се бори за мене...а, сега го нема за да му кажам дека го сакам и дека сето тоа беа мои залудни глупости! “ Бесно ја кубеше косата и удираше по ѕидот обвинувајќи се дека таа е убиецот. Го зема писмото:
“Мила моја
Мојот живот го носеше твоето име, Ана. Но, откако името се изгуби мојот живот немаше смисла да се живее без име. Безимените работи се безвредни. Се што беше во мои раце да ја вратам љубовта и нежноста меѓу нас, направив, но не беше доволно. Ти посакувам со друг да бидеш посреќна бидејќи денес јас заминувам далеку од овој свет. Од таму ќе те чувам и ќе внимавам на тебе. Верувај ми дека беше љубовта на мојот живот и дека и после смртта дури и таму горе на небото ќе те сакам. Навечер погледни во нашата ѕвезда, таму сум јас душичке. Збогум.Засекогаш ќе те носам во срцето кое иако мртво ќе лежи во реката и ќе те чува тебе во него.Те сакам!.”
Отиде до реката без размислување. Ја пикна раката во неа. “Те сакаамм душичкее!!Прости ми што бев толку глупава и што се однесував така.Прости ми, не сакав така да биде...Прости ми...Како ли ќе живеам без твојата прошка, како ќе го носам на душата овој товар?”
По 9 месеци од нејзниата утроба се роди нивниот син кој потполно личеше на него. Го крсти Матеј. Детето живееше со неговата млада 18-годишна мајка. Кога стана повозрасно и кога почнуваше да ги сфаќа работите ја праша:”Мамо зашто умре мојот татко?” “Бидејќи на Земјата се родило тоа чуство-студенило кое им наштетува на луѓето...”-му одговори таа...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 100101102103104 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,406 секунди.