IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8586878889 138>
Автор
Порака Обратен редослед
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2009 во 23:41
They killed everyone and live in love forever
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2009 во 02:48
Што го прави човек
ѕвер да биде некогаш,
зошто некои луѓе
како врколаци се ноќе
Што е се дволично и двоструко
та да неможам
ни сама да се разберам
зошто кога зборувам навечер,
денски се каам.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2009 во 13:48
Писма долги
кон творецот упатени
никогаш прочитани
никогаш отворени
од ветерот завеани
некаде под снегот замрзнати
за мачето шутнато
од еден до друг
пред сите и за сите
сила покажана
заради корист недобиена
заради секојдневност одбиена
сировост недоквакана.
Од колена траги немоќни
со снегот се топат
по кои иде минувач намерник
да испере гревови стари
совест да смири.
Маче канџи покажува
фучи бесно
секаде исто е
патник заминува
минатото го гони
кон некоја точка нејасна
иако секаде исто е
од каде што тргна
до таму каде ќе стигне.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2009 во 12:36
Поплочено ноќ
со намери и желби
ако не за утре
друг ден тогаш
кога звезди ќе светнат
каде наши очи биле.
Наши желби
наводнети растат
волшебно гравче насадивме
купено со пркос
џабе не сме тука
нека пати светот
ако за нас не сака да знае.
Во нас тајна тлее
чекаме прашани да бидеме
иако прашината на ред чека
се досадува
за победи само што знае
иако вулкан усвитен
во утра нови не тера
кон нашето место
од сонце обележано
за нас резервирано.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2009 во 00:10
Се гледа ко трошка
на маса незабришана
а тоа љубов било
кој да ја познае
така дека изгледа
кога со умот
во облаци ја бараме
како големо нешто
препознаена да биде.
Ко дим од цигара последна е
осуден на смрт
што ја обожава
зошто сваќа
зошто знае
дека тоа љубов е
пред нос што му била
сиво ова време
подадна и мека
цело време
на него што чека.



Изменето од zbunet - 15.Јануари.2009 во 00:16
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2009 во 21:12
Зборови,мисли,чувства...
Се вртат во круг.
Удираат во ѕидовите
од стакленото ѕвоно
кое го покрило телото.
Капките дожд се тркалаат
по ѕидовите негови
и како кристали менуваат бои
на месечината која ги гали.
Кристалчиња мали
со боја на виножито
се менуваат боите како мислите,
кои им завидуваат
оти се слободни во падот свој.
А тие се заробени,осудени
само да гледаат надвор
а неможат да допрат до природата.
Поточиња дождовница се слеваат,
како силните чувства
заробени во просторов мал.
Брзаат нанадвор,но залудно...
Удираат бесцелно по ѕидовите
и се враќаат назад,тажни.
Светлина сребрена се шири
месчината праќа поздрави топли
како поздравите на срцето.
Се шират како крилца
на пеперутка разиграна.
Но...ѕвоното...
Проклето ѕвоно!
И ги крши крилцата.
Им ја уништува сребрената боја.
Но таа не се предава...
Упорноста е нејзина јака страна.
И без крилца ќе ги растопи ѕидовите
Со нежност ќе ги разгали.
Со љубов ќе ги омекне.
Ќе полета пак
со тоа што останало
од крилцата мали,
за да ја допре месечината уште еднаш
пред да се спушти меко на зеленилото
кое ке ја покрие со утринската роса
и ќе ја чува до првиот сончев зрак.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2009 во 16:45

Лежеше сама покрај него и гледаше, ја виде бескрајноста на светот со сите детали и шари, во која мапата на секоја ѕвезда и на секоја снежинка е совршена поради својата убавина и божественост. Тој се сврте кон неа. Ја погледна површно и ја допре за раната на челото со топли прсти. Неговите темни очи сјаеја над неа како светилки и осети како електрицитет да и проструи по телото. Сакаше со сиот глас да викне-Чувај ме, не ме испуштај. Сакам со тебе да појдам. Сакаше да му каже се, но не можеше. Зборовите и се растопуваа на  јазикот как снег, па лежеа во тишината и ги гледаа ѕвездите. Времето можеби минуваше, но болката растеше и во таа штама на заледената ноќ одеднаш почна да гледа со неговите очи- ѕвездена светлина, небо посипано со бели точки, заслепеност, величество забавено со снегот,  восхитеност со милиони бобинки, најнежно и најтивко паѓање на снег од високите гранки, прашинеста светлина која се сипеше како да ја почешла некоја невидлива рака, светлина испрскана на небото, студот на воздухот, составен, компониран како музика, светликав како сребро.

Гледајки така со неговите очи потона во мислите и не ни насетуваше дали е некој до неа или не. Надвор на студениот снег.  Колку долго лежеше таму не можеше со сигурност да каже. Крвта од раната на челото  се имаше измешано со мразот и направи мала карта која личеше на Норвешка. Стапалата не ги чуствуваше повеке, само пулсирањето и боцкањето како божем некакви мали суштества со остри заби одеа по нејзиното чело. Можеби тоа беше само сон....Потоа се сврте кон него. Но тој беше заминат.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
fragola Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3829
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fragola Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2009 во 11:35
Се сеќавам како талкам
навидум безгрижна,
а изгубена бев
знак кон патот свој
да видам не можев,
туѓи приказни слушав
за љубовни краеви тажни,
а да ги сфатам не можев,
ниту мудрост да кажам,
само насмевка на лица жални
умеев за момент да насликам,
а како одговор
еден ист и прост,
благо мене за моја безгрижност.
Се сеќавам
кога рамнодушност исчезна,
со кристален поглед
нов свет пред мене,
за насмевка,кловнови
потребни не беа,
за солзи,
скинати пантолони нови,
смешни беа.
Ѕвезда од негде се појави,
пат ми осветли
до огледало волшебно,
го избришав
од дланки безброј заматено,
тогаш го кренав
високо пред мене
и за прв пат
се видов себе.
I get enough exercise...just pushing my luck.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2009 во 17:33
Originally posted by Lithium Lithium напиша:

Браво пеперуткаМ55 Браво и за песните и за текстот
Blagodaram
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2009 во 14:38
Браво пеперуткаМ55 Браво и за песните и за текстот
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2009 во 08:02
Возот тргнува...Седам во купето опуштена,стуткана,пробам да се стоплам.Да го намалам утринското студенило кое ми ја наежува кожата.Секој милиметар од кожата го чувствувам,секоја пора ја чувствувам на телово како се шири од студенилото.Гледам низ прозорецот и патувам со мислите.Патувам кон тебе.Те замислувам,така горд,насмеан,убав...Чекаш...Ги шириш рацете и несебично ја нудиш својата топла прегратка.Бакнеж нежен на вратот мој,како допир на утринско ветре ме наежува,овојпат од страст,од желба...
Татнежот на возот кој тргнува ме враќа назад во реалноста...
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2009 во 23:35
Originally posted by zbunet zbunet напиша:

Не сум тој
а би сакал да бидам
како и што мислев дека ќе бидам
во моите детски сни
кога го спасував светот
исполнет од задача
каде на крајот
принцеза ме чека.
Само принцеза стекнав
нудејќи кралство измислено
за таа подзамижана
како херој да ме гледа
затоа што сака
како таков да ме види,
откривајќи ми страна од мене
за која знам дека ја нема.
Тоа е игра понекогаш што боли
изградена на замислени нешта
да можам се убедам
дека ја заслужувам
заради битки
кои никогаш и не беа.


постојат принцези кои си ги сакаат своите принцови и без бели коњитрепкање големо%20гушкање
големо%20гушкање
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2009 во 21:45
Околу мене тивко сивило
Во свои раце ме обзело
Усните твои кажуваат не
Ме соборува на колена
еден збор од две букви “НЕ“
Две обични букви
кои толку јако болат.
Срцето плаче тивко
да не го слушнеш,
да не се издаде пред тебе
а би рикало и викало
на цел глас,силно
да го слушнат сите.
Усните треперат.
Грчеви го деформираат
убавото лице мое
А ти и понатаму ладен
си гледаш во телевизорот
небаре таму ке најдеш
повеќе љубов од мојата.
Или таму ке најдеш
поскршена душа од мојата
па ке ја дотолчиш
оти мојава веке не ти е интересна.
Само прашина останала
од твоите милионски
прегазувања преку неа.
Ја уби љубовта во мене
и којзнае дали воопшто ја имаш во тебе.
Се е само навика,
монотонија на животот
или тоа што од него останало.
Ке продолжам да чекам
може ке ти текне дека и јас сум тука
уште едно парче од инвентарот
исто како и телевизорот
во кој зјапаш постојано.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2009 во 21:21
Пајажини од мисли
го обвиткале главчево.
Пајаци во сите големини
се вртат околу очиве.
Мавтам со рацете бесцелно
со безуспешни обиди да ги тргнам,
да го избришам слепилото
кое ги замаглило очиве
и не дава да те видам
во сета твоја убавина.
А ти стоиш немо
со насмевка на лице
и чекаш да те препознаам
да ти кажам топол збор.
И додека се плеткам
со пајаци и пајажини
твојата силуета
полека почнува да бледее
да се губи.
Во паничен страв
мавтам се посилно
небаре убивам вампири
во ноќ на вештерките.
Само болка чувствувам во прстите,
рацете ми трпнат
срцето чука со брзина на светлината...
Последен обид и отварам очи...
Гледам...те нема
Каде се сокри?
Креветот празен,јас во пот
Само сон било сонце
И во сонот неможам да те дофатам
А толку сакав...
Барем да те видам на сон.


Изменето од butterflyM55 - 11.Јануари.2009 во 21:23
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8586878889 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.