![]() |
|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 119120121122123 138> |
Автор | |
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Скршени срца
Додека лежеше на тврдото дно Смрзната во тело и душа Солзите како бисерчиња околу неа И ја правеа прекривката уште постудена. Кога мислеше дека спас нема Го здогледа како далечна светла точка На крајот од тунелот Светлост!Светлина!Крик од душа за спас. Среќата не е нешто што и припаѓаше Таа привилегија не беше нејзина Се вивна до облаци....наеднаш Не свртувајќи се назад...само напред одеше. Но единствено што успеа да направи Беше да му го скрши срцето На милион парчиња...се разлета Како рој пеперутки. Ги собираше дел по дел Да ги состави...да му го врати назад Пак исто како што го доби Испружено на дланка отворена. И кога беше сигурна дека е готово Дека успеала ....тој го испушти нејзиното Се распарчи како кристална чаша Се разлетаа парчињата...... Не....среќата не беше нејзина привилегија Несреќата беше нејзина сестра Солзите нејзина закрила Болката брат за навек.... Стивна....Замре....Се стопи во празнината.... |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Чудо ми требаше
од надвор нешто сега тука си од каде не припарувам дојде да ме извлечеш од пештера сакаш под сонцето играш, а јас ржам и трепкам на светлина ненавикнат. Се тргам кога ќе ме допреш ќе се сетам дека си ти, да се кострешам престанувам те погледнувам, очи широко отворени на кратко нешто ќе шушне, дека нешто ќе те земе се плашам како и што дојде да загубам сега имам што. Стиснувам очи и ржам нежно ме стискаш за насмевка ме подготвуваш ме чешкаш ја положувам главата во твојот скут. |
|
![]() |
|
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Рака која не допре жена една светлосна година Мислеше дека има све што може еден човек да посака и да биде среќен… Мислеше дека мора уште нешто да има што никој не може да го има… Мислеше дека ќе знае се гризна за усна и погледна нагоре… Мислеше ако го погледне севишниот дека ќе го знае одговорот.. Наеднаш блесок од сјајна ѕвезда му ја отпушти загризената усна… Наеднаш знаеше дека е тоа вистинскиот правец целта на неговата желба.. Наеднаш сето тоа стана реалност како прв човек за таа дестинација.. Наеднаш лебдеше во космосот Земјата маслинка на својата дланка … Имаш време да размислиш и да ја гледаш убавината на Универзумот… Имаш време да размислиш за своето детинство и младоста… Имаш време да размислиш за првата љубов и за првиот бакнеж… Имаш време толку проклето многу време што мислите се повторуваат… Нова ситуација на бескрајна тага и сама помисла на планетата Земја… Нова болка која ги размачкуваше боите во Универзумот… Нова слика на црно бел и ладен Универзум проклети комети и метеори.. Нова желба за крај на тоа космичко патување … Љубов кон создателите , кон човечкиот род и тоа мало кученце … Љубов кон природата таа прекрасна во сите бои на спектарот… Љубов кон кон тие прекрасни раце , црни очи и коса.. Љубов кон многу нешта и кон Таа го направи слетувањето успешно… Се лажам или пак ја имам таа празнина , зошто сум се уште сам…??? Се лажам или навистина све е толку сменето и непознато…?? Се лажам или сум на планетата Земја…?? Се лажам дека сум среќен ги погледнав моите раце погледнав нагоре… Моите раце не допреа жена цела светлосна година … Проклет да си Универзуме !!! |
|
![]() |
|
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Вози Мишко!!!
…нема тука години …нема тука не можам…нема тука гравитација… кога некој има талент за рамнотежа …
и кога тие околу него се воодушевени но и изненадени…
се трудат да го одржат тој негов талент за негово…свое … и сечије добро…
тогаш оската на рамнотежа чуда прави…
необично…волшебно… но вистинито…
Возииииииииииииииииии Мишкооооооооооооооооооооо!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
![]() |
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ОКЛОП ПЕСНА
Те затворив во песната, на песната оклоп и навлеков. Цврст оклоп, оклоп со решетки. Никој да не те види, никој да не те допре, никој да не те има. Само да те насети, само да те заљуби |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Најмил мој ....I like the rest Мили мој… љубовта му припаѓа само на тој што сака , а не на тој што е сакан… мили мој… да сакаш и да бидеш сакан, тоа е исто како од двете страни да грее сонце… Мили мој …слободата не ни е дадена да правиме што сакаме , туку да никој не не* присилува да правиме тоа што не сакаме… мили мој… на интелегентните никогаш не им е досадно, од што се плашиме тоа и ќе ни дојде на глава… Мили мој … иди на бојно поле цврсто убеден за победа , па ќе се вратиш без ниедна рана… мили мој… ако во борба влеземе сигурни дека ќе погинеме , тогаш сигурно ќе останеме живи… Мили мој …среќа преставува совршена хармонија на мислите , чуствата, вербата и дејствувањето и тоа ни се случува само повремено.. мили мој …кој грешки прави на другиот не опростува… политика е к*рва , ама секое к*рварење не е политика… Мили мој …ако не си успеал тоа е затоа што не си пробал , ако си успеал тоа е затоа што си пробал и не си се откажал… мили мој …колку повеќе се поклонуваш , задницата ти завзема све повисока позиција… * Мили мој …вистината треба да се бара долго и упорно , затоа следи ја лагата сигурно ќе те одведе до вистината… мили мој …секогаш прави го тоа од што се плашиш, и стравот ќе исчезне… Најмил мој…не сакам мастика го сакам кусурот !! ![]() ![]() ![]() Изменето од bijonse1 - 01.Јануари.2011 во 22:48 |
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ЗАГЛАВЕНО ВРЕМЕ
Намести ги фигурите како да ќе дојдам - белите нека бидат пред тебе, црните пред мене. Не тревожи се ако задоцнам - во оваа игра не е важно кој каде ќе седне. Намести ги фигурите како да ќе играме - белите пред мене нареди ги црните пред тебе. Не тревожи се ако не дојдам - во оваа игра не е важно кој прв ќе повлече потег. Намести ги фигурите без правила и ред - белите на црни полиња црните на бели. Не тревожи се ако погрешиш - во оваа игра не е важно како ќе се отвориш. Намести ги фигурите, како сакаш намести ги - знаменцата одамна се паднати, времето е заглавено меѓу сенките. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ОЧАЈ
Ранета птица тропа на прозорецот на мојата душа. Ако и отворам ќе измрзни. Како да и кажам? |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ВОЗДИШКИ
Ми ја распаруваш мислата со прецизна водишка. Мислата од стих оплодена. Пак ноќта ќе се разлие врз ненапишаната песна за тебе како мастило Пак ќе воздивнеш- од жал за песната. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
диптих
1. Месечев зрак се криумчари низ прозорецот во болничката соба. Засолниште ко да бара во несронетата солза од окото. Срцето молкуm кrвари во градите на мајката. 2. Солза во окото. Молкуm крвари срцето на храбрата мајка. Изменето од majstorce62 - 20.Декември.2010 во 14:10 |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
JAS DURI SEGA GO PRONAJDOV OVOJ BISER. NE E VAZNO, IMA SILEN SJAJ. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Дајте ми една вага Усни?? ухх твоите очи, твоите раце… јас те сакам мило мое, бакнежи?? ахх твоите погледи, твоите прегратки, многу ми значиш душичке тоа ти е љубов најмило мое… Нозе?? ухх твоите колена , твоите кукови… јас те сакам мило мое, чекори ?? ахх твојот грациозен од*, многу ми значиш душичке тоа ти е љубов најмило мое… Стомаче ?? ухх твоите гради , твоите раце… јас те сакам мило мое, брег?? ахх најпривлечен на свет, многу ми значиш душичке тоа ти е љубов најмило мое… *** да??… дајте една вага… сите три строфи на една страна… да??… *** Дожд?? ухх само колку врне, чадор имаш нели… како ли ќе идеш со тие чевли, снег??ахх како ли само дува земи такси, облечи се потопло синџири имаш сигурно не се љути маче мое… Грло?? ухх кашлаш , чај пиеш нели.. земи шал , ракавици во џеб ти се депресија?? ахх таа твоја работа издржи, тешко време секому нешто фали не се љути маче мое… *** Време?? ухх што му фали сега , сонце нели… месечина сакаш силна светлина натуро моја?? ахх покажи ја твојата силина да види колку јас силно го сакам и колку моите зборови љубов значат!! *** е дее не се љути маче мое ! три строфи на друга страна!! дали треба да се прашам која ќе биде потешка??? |
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
БОИТЕ НА МУЗИКАТА ОД СРЦЕТО
Кога имам што да кажам јас, тогаш, силно молчам и помеѓу секој интервал на две крварења пуштам тивка музика од срцето за да ја обојам празнината со тебе. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
Joshua_Tree ![]() Сениор ![]() Регистриран: 27.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 6477 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ubavo
![]() |
|
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 119120121122123 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |