IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАВОСЛАВНИ,КАТОЛИЦИ,ИЗВОРНИ ХРИСТИЈАНИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАВОСЛАВНИ,КАТОЛИЦИ,ИЗВОРНИ ХРИСТИЈАНИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2728293031 41>
Автор
Порака
icxcnika Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 18.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 23
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај icxcnika Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2008 во 20:10
36. Еден од фарисеите Го
помоли да јаде со него; и Он, кога влезе во куќата на фарисејот, седна на трпеза.
37. И ете, една жена од
градот, која беше грешница, штом чу дека Он седи на трпеза во куќата на фарисејот, донесе алабастрен сад со
миро;
38. па, како застана при нозете Негови одзади, плачејќи, почна да ги мие нозете Негови со солзи и ги
триеше со косата своја; и ги целиваше и помазуваше со миро.
39. А кога го виде тоа фарисејот, што Го беше
поканил, рече во себе, велејќи: <Да е Овој пророк, би знаел која е и каква е оваа жена, што се допира до Него, оти
таа е грешница.”
40. Му одговори Исус и рече: <Симоне, имам нешто да ти кажам.” А тој одврати: <Учителе,
кажи!”
41. Исус му рече: <Двајца му беа должни на еден заемодавец: едниот му должеше петстотини динарии, а
другиот педесет.
42. Но, бидејќи немаа да му вратат, тој им прости на обајцата. Кажи Ми, кој од нив повеќе ќе го
милува?”
43. Симон одговори и му рече: <Мислам оној, кому повеќе му прости.” А Он му рече: <Право пресуди.”

44. И кога се сврте кон жената, му рече на Симона: <Ја гледаш ли оваа жена? Влегов во твојот дом, ти ни вода за
нозете не Ми даде, а таа со солзи Ми ги обли нозете и со косата своја ги истри.
45. Ти не ми даде целив, а таа,
откако влегов, не престана да ги целива нозете Мои.
46. Ти со миро не ја помаза главата Моја, а таа со миро ги
помаза нозете Мои.
47. Затоа ти велам: нејзе и се простуваат многу гревови, оти Ме возљуби многу; а кому малку
се проштава, и љубов мала има!”
48. Нејзе, пак, и рече: <Ти се простуваат гревовите!”
49. А оние што седеа со
Него на трпезата, почнаа да говорат во себе: <Кој е Овој што и гревови проштава?”
50. На жената, пак, и рече:
<*Верата твоја те спаси; оди си со мир!”
*Лука 8,48; 18,42;
Кон врв
icxcnika Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 18.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 23
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај icxcnika Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2008 во 20:25
1. *Исполнет со Дух Свети, Исус се врати од Јордан, и беше одведен
од Духот во пустина.
*Мат.4,1; *Марко 1,12;
2. Четириесет дена Го искушуваше ѓаволот, и ништо не јаде во тие
дни; а кога изминаа тие, најпосле огладне.
3. И Му рече ѓаволот: <Ако си Син Божји, кажи му на овој камен да
стане леб.”
4. А Исус му одговори и рече: <*Напишано е дека не само со леб ќе живее човекот, туку и со секој
збор Божји.”
*5.Мој.8,3;
5. И кога Го одведе на една висока планина, ѓаволот Му ги покажа наеднаш сите
царства во светот.
6. И Му рече ѓаволот: <Тебе ќе Ти ја дадам сета оваа власт, и нивната слава, зашто мене ми е
предадена, и ја давам кому што сакам.
7. Ако ми се поклониш, сето тоа ќе биде Твое.”
8. Но Исус му одговори
и рече: <Бегај од Мене, сатано, оти е *напишано: »На Господа, Твојот Бог, клањај Му се и само Нему служи Му!«“

*3.Мој.6,13;
9. И Го одведе во Ерусалим, и Го постави на храмовиот покрив, па Му рече: <Ако си Син Божји, фрли
се одовде долу!
10. Зашто е *напишано: »На ангелите Свои ќе им заповеда за Тебе, да Те запазат;

*Псал.90,11-12;
11. и на раце ќе Те земат, да не би некако да ја сопнеш ногата Своја на камен«.”
12. И Исус му
одговори и рече: <Кажано е: »Не искушувај Го Господа, својот Бог!«“
13. Па како заврши ѓаволот со сите
искушенија, отиде од Него *за некое време.
*Евр.4,15;
. . .
42. Кога се раздени, Он излезе и отиде на осамено место, а луѓето Го бараа па, кога дојдоа при Него, Го задржуваа да
не си оди од нив.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2008 во 20:30
Icxcnika - почнуваш да спамираш... текстот не е во врска со темата, а веќе е трет пост едно по друго, без да одговараш на ничиј текст... те молам малку повнимателно во тој поглед.
Do what is right, come what may...
Кон врв
icxcnika Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 18.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 23
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај icxcnika Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2008 во 20:36
ПОЧИТУВАЊЕ НА
СВЕТИТЕ МОШТИ

Христијаните од древноста ги чувале и благо-
честиво ги почитувале сите остатоци од све-
тите; во вид на коски, прашина или пепел, а ги
нарекувале свети мошти.
Воздаваќи им почитување на Божјите угодници,
кои со своите души се на Небесата, светата Црква
исто така, ги чествува и моштите или телата на
упокоените Божји угодници.
Црквата ги почитува моштите на светите како
храмови на Светиот Дух, во кои Бог живее со својата
благодат и по телесниот крај на светиот.
Според учењето на Црквата, моштите не можат
да творат чуда самите по себе и не заради заслугите
на упокоените. Седмиот Вселенски Собор во своите
акти, вака утврдил по ова прашање:
„Нашиот Спасител Христос ни ги дарувал
како спасителни извори, остатоците од
светите, кои на различни начини изливаат
добротворства за достојните. И тоа е преку
Христа, Кој во нив престојува.”
Чувањето на моштите на мачениците се
разбира како нивно продолжително присуство
во црковната општина, како манифестација на
победата над смртта, што била извршена од
Христа, а е повторена во маченичкиот подвиг. Тоа
разбирање придонело да се празнува споменот
на маченикот и да се извршува света Евхаристија
над неговиот гроб. Чувањето и почитувањето на
моштите, исто така, е тесно поврзано со верувањето
во воскресението со тело.
Во Стариот Завет немало почитување на телата
на праведниците, бидејќи и самите праведници сè
уште го очекувале своето избавување.
Во Новиот Завет, по воплотувањето на Спа-
сителот, возвишен е не само поимот за човекот во
Христа, туку и значењето на телото, кое станува
живеалиште на Светиот Дух. Самиот Господ, Божјото
Слово, се воплотил и примил човечко тело. Затоа
и христијаните се повикани; не само со нивните
души, туку и со телата кои се осветени со светото
крштение и примањето на Пречистите Тело и Крв
Христови, да станат вистински храмови на Св. Дух.
Св. ап. Павле пишува: „Зарем не знаете, дека
вашите тела се храм на Светиот Дух кој живее во
вас” (1.Кор. 6:19). И затоа, телата на христијаните
кои живееле праведен живот или станале свети
преку нивната маченичка смрт, достојни се за
особено уважување и чествување.
„Христос ни ги дарувал моштите на светите
како спасителни извори, кои точат најразлични
добротворства и изливаат благомирисно миро. И
никој да не се сомнева!… Според Законот секој
што ќе се допре до мртов, се сметал за нечист; но
светите не се мртви. Зашто, откако Оној Кој самиот
е живот и Причинител на живот, бил сместен меѓу
мртвите, ние веќе не ги нарекуваме мртви тие што
починале во надеж на воскресение и со вера во
Него” - вели св. Јован Дамаскин.
Светата Црква во сите времиња, раководејќи се
со светото Предание, ги чествувала светите тела на
упокоените. Тоа се изразувало во
• побожно собирање и чување на телата на
Божјите угодници, како што е познато од записите
од II век и од наредните векови,
• свечени откривања и пренесувања на светите
мошти,
• градење на храмови врз светите мошти,
• установувањето на празници во нивен спомен,
• поклонички патувања до светите гробници,
• правилото на Црквата - во основите на
олтарот да ставаат мошти од свети маченици или
да се ставаат свети мошти во антиминси, врз кои се
извршува Божествената Литургија.
Чествувањето на телата на упокоените Божји
угодници има цврста основа во тоа, дека Самиот
Бог благоволил да ги прослави со многу знаци и
чуда, посведочени во текот на целата историја на
Црквата.
Уште во Стариот Завет, кога светите сè уште
не биле почитувани со посебно прославување,
постоеле знаци и чуда од телата на упокоени
праведници. Така, во Светото Писмо е забележан
случајот, кога по допирањето до коските на пророк
Елисеј во неговиот гроб, телото на некој умрен
човек веднаш оживеало и мртвиот воскреснал
(4.Цар. 13:21). Светиот пророк Илија бил вознесен
на небо со своето тело, уште додека бил жив.
Неговата наметката пак, што му припаднала на
Елисеј, со својот допир ја разделила водата на
реката Јордан, кога преку неа сакал да премине
Елисеј (4Цар. 13:21).
Во Новиот Завет, во книгата Дела апостолски,
читаме дека врз болни луѓе поставувале делови од
облеката на св. ап. Павле и болните оздравувале, а
демоните излегувале од нив (Дела. 19:12).
Богословското осмислување на почитувањето
на моштите се засновува на разбирањето на
созданието како добро Божјо дело, во кое начелно
се содржи добрата волја на Творецот, (Божјата
замисла за спасението на светот) и неговото
преобразување во идното Небесно Царство.
Моштите на светите се честица од таа преобразена
материја, исполнета со Божествената благодат.
Небесното Царство видливо присуствува во нив
уште во сегашниот век. Св. Амвросиј Милански ги
нарекува светите мошти „семиња на вечноста.”
Светите Отци и црковните учители сведочат
за чуда од остатоците од светите, а нивните
современици ја потврдувале вистиноста на тие
соопштенија. На пример, св. Амвросиј кажува
дека при откривањето на моштите на св. Гервасиј
и Протасиј; „вие дознавте и дури сами видовте
многумина што се ослободија од демони, или
такви кои со самиот допир до облеките на светите
беа исцелени од своите болести. Се возобновија
чудесата од древно време, откако на земјата се изли
најизобилна благодат заради доаѓањето на Господ
Исус на земјата.”
Слични сведоштва може да се прочитаат кај
светите Григориј Богослов, Ефрем Сириски, Јован
Златоуст, блажени Августин и др.
Веќе од почетокот на II век постојат записи за
чествувањето на христијански остатоци од светите.
По маченичкиот крај на св. Поликарп, епископ на
градот Смирна, откако неговото тело било запалено,
христијаните ги „собрале коските на св. Поликарп,
како ризница подрагоцена од дијаманти и почиста
од злато и ги положиле… за да биде празнуван
денот на неговото мченичко раѓање и за поука и
утврдување на идните христијани.”
Црковните собори повеќе пати забранувале
(на пр., Московскиот собор 1667 г.) да се прогласу-
ваат за свети некои упокоени луѓе, само затоа што
се покажале како негнилежни. Но секако, негни-
лежноста на телата на праведниците е еден од
Божјите знаци за светоста на тие упокоени.
Остатоците од светите се почитуваат, незави-
сно дали се гнилежни или негнилежни, туку заради
светиот живот или маченичката смрт на светиот,
а уште повеќе, кога се очигледни знаци за исце-
лување добиено преку молитвите кон светите, а
заради нивното застапништво пред Бога.
Кон врв
icxcnika Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 18.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 23
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај icxcnika Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2008 во 20:38
зидарски јас не сакам да влагам во дуел со некого и да се докажуваме кој е поголем верник а кој не, туку преку тоа што го пастирам нека читаат и нека размислат што е вистината а што не е вистината. А сето тоа што го имам пастирано има врска со сето тоа што се дискутира на темава.
"Кој има очи нека види, кој има уши нека чуе."

Изменето од icxcnika - 18.Септември.2008 во 20:40
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2008 во 20:57
Тоа е во ред, но не е препорачливо да се базираат сите постови на копи-пејст методот, и пожелно е да не се пишуваат повеќе од два едно по друго, освен ако не одговараш на конкретни постови.
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2008 во 01:51

zidarski, зарем не е очигледно дека оваа icxcnika е банираната Asya само во ново руво среќа Ама ако, мене не ми смета, сега ќе и шкртнам нешто.

icxcnika, за кажувањата на православието, за одлуките на седмиот вселенски собор, за кажувањата на Јован Дамаскин, Св. Амвросиј Милански итн нема да ти реплицирам. Тоа се темелите на вашата вера и тука јас не ви се мешам.
 
Но нема да дозволам да ги заблудуваш членовите дека во Светото Писмо, во Божјиот Збор имало некакво почитување на мошти, поклонување на мошти, обожавање на мошти итн. Одиме по ред...
 
Originally posted by icxcnika icxcnika напиша:


Христијаните од древноста ги чувале и благочестиво ги почитувале сите остатоци од светите; во вид на коски, прашина или пепел, а ги  нарекувале свети мошти.
 
Јован Крстител според Христос е најголемиот меѓу луѓето. Христос за него кажа дека меѓу родените од жена, никој не се издигнал повеќе од него (Матеј 11:11). Сепак кога Јован беше убиен, учениците не ги зачувале неговите мошти (посмртни останки), туку веднаш го погребале.
 
"...па го обезглавија Јован во затворот. И неговата глава беше донесена на послужавник и дадена на девојката, а таа ја однесе на мајка си. И неговите ученици дојдоа, го зедоа телото и го погребаа"
(Матеј 14:10-12)
 
За Јован исто така е кажано дека уште од утробата се наполнил со Светиот Дух. Христос пак вели дека е најголемиот меѓу луѓето. А сепак, неговите ученици не ги сакраменирале неговите посмртни останки (мошти), туку го погребале како и секој друг човек.
Интересно зарем не? среќа
 
Исто така и за маченикот Стефан, за кого исто така е кажано дека бил полн со Свет Дух (Дела 6:5), кој бил полн со Свет Дух, полн со благодат и сила, кој правел големи чуда меѓу народот (Дела 6:8) откако бил убиен со каменување, христијаните не го сакраментирале неговото тело (моштите), туку го погребале како и секој друг мртовец.
 
"А побожни луѓе го погребаа Стефана и направија голем плач над него."
(Дела 8:2)
 
Интересно зарем не, каква била праксата на првите христијани во однос на посмртните останки на истакнатите верници како најголемиот меѓу луѓето - Јован Крстител и маченикот Стефан.
 

Originally posted by icxcnika icxcnika напиша:

Црквата ги почитува моштите на светите како  храмови на Светиот Дух, во кои Бог живее со својата  благодат и по телесниот крај на светиот.

Светиот Дух борави во телата на верните додека тие тела се живи, а откако ќе умрат, тој си оди од нив.
 
"и се врати правот во земјата како што дојде од неа; а духот се врати при Бога, Кој го даде."
(Проповедник 12:7)
 
Светиот Дух Христос ни го испрати со цел да биде наш Утешител, наш Придружник и да не воведува во Вистината. Тоа е функцијата на Светиот Дух во нас. Но кога ние ќе си заминеме од нашиве земни тела, тогаш зошто Тој би останувал? Телото и онака ќе се распадне, зар во таков "храм" да почива Светиот Дух?

Originally posted by icxcnika icxcnika напиша:

„Зарем не знаете, дека вашите тела се храм на Светиот Дух кој живее во вас” (1.Кор. 6:19).
 
Телото е храм на Светиот Дух додека сме живи. А откако ќе го напуштиме овоземното тело и Светиот Дух си заминува кај Бог.

Originally posted by icxcnika icxcnika напиша:

„Христос ни ги дарувал моштите на светите
како спасителни извори, кои точат најразлични
добротворства и изливаат благомирисно миро. И
никој да не се сомнева!
 
Каде тоа Христос ни ги дарувал моштите? АЈде цититај ни го Христос каде што вели: "Ви ги дарувам моштите...." среќа Да не дозна за оваа информација и ти преку пророчицата Габриеле од Германија. Според верувањето на прахристијаните "Универзален Живот" таа комуницира со Христос и Тој сеуште ни дава заповеди преку неа.
 

Originally posted by icxcnika icxcnika напиша:

Така, во Светото Писмо е забележан случајот, кога по допирањето до коските на пророк Елисеј во неговиот гроб, телото на некој умрен  човек веднаш оживеало и мртвиот воскреснал  (4.Цар. 13:21).
 
Елисеј побарал двојна мера од Божјиот Дух кој бил во Илија.
 
"Илија му рече на Елисеј: „Барај што да сторам уште за тебе пред да бидам земен од пред тебе?” А Елисеј одговори: „Духот што го имаш ти нека биде двоен во мене! А тој рече: "Бараш нешто многу тешко; ако видиш, како ќе бидам земен од тебе, така ќе ти биде; ако, пак, не видиш, нема да ти биде."
(2 Цареви 2:9)
 
Елисеј го видел Илија како бил земен на небо и затоа Бог му дозволил да има двојна мера од Духот во Илија.
Бог преку Илија направил 7 чуда. Додека пак, додека Елисеј бил жив, Бог направил 13 чуда. За да го исполни одобрувањето за "двојна мера" од Илиевиот Дух во Елисеј, Бог направил уште едно дополнително чудо по неговата смрт. И така станале 14 чуда. 14 = 2*7 намигнување
Ете затоа се случило тоа чудо, а не како потврда на моштите.
Од друга страна, веќе наредниот стих воопшто не се зборува за "моштите" на Елисеј. Нема да најдеш ниту еден стих каде што некој ги прибрал посмртните останки на Елисеј и ги чевствувал, ги бакнувал, им се поклонувал, точел миро од нив итн. Значи не станува збор за некакви "свети мошти", туку само за уште едно дополнително чудо на Бог заради исполнувањето на ветувањето за двојна мера на Илиевиот Дух во Елисеј.
 
Originally posted by icxcnika icxcnika напиша:

Светиот пророк Илија бил вознесен  на небо со своето тело, уште додека бил жив.  Неговата наметката пак, што му припаднала на  Елисеј, со својот допир ја разделила водата на  реката Јордан, кога преку неа сакал да премине  Елисеј (4Цар. 13:21).

Каква врска има ова со дискусијава за моштите? збунетост
 
Originally posted by icxcnika icxcnika напиша:

Во Новиот Завет, во книгата Дела апостолски, читаме дека врз болни луѓе поставувале делови од  облеката на св. ап. Павле и болните оздравувале, а демоните излегувале од нив (Дела. 19:12).
 
Павле бил сеуште жив и воопшто не бил "мошти", ниту тој, ниту неговата облека. среќа
Христос ги благословил апостолите и им дал овласување при нивното проповедање да лекуваат болни и да изгонуваат бесови од нив, а тоа нема врска со некакви си мошти.
 
"И одејќи, проповедајќи и кажубвајќи дека се приближи царството небесно; болни лекувајте, лепрозни очистувајте, мртви вознесувајте, бесови изгонувајте! Бесплатно добивте, бесплатно давајте! "
(Исус во евангелие по Матеј 10:7-8)
 
Етееее... толку од твојот обид да накалемиш обожавање на мошти во Божјиот Збор намигнување
 
 
Туку, како што јас ти одговорив на сите цитати, така и ти сега одговори ми на еден интересен цитат од Светото Писмо. Немој да ми го избегнуваш ова, затоа што ќе ти го постирам се додека не го одговориш среќа
 
"А кога Петар влегуваше, Корнелиј го пречека, падна пред неговите нозе и се поклони. Петар го подигна, велејќи: “Стани! И јас сум само човек!"
(Дела 10:25-26)
 
Од овде гледаме дека Петар КАТЕГОРИЧНО ОДБИЛ да му се поклонуваат. Епа ако Петар одбивал да му се поклонуваат, тогаш зошто вие се поклонувате пред Неговата икона? Зошто се поклонувате пред моштите? Ако еден жив апостол на Исус Христос одбил поклонување, тогаш колку ли повеќе не треба да им се поклонуваме на другите мртви верници!
 
А не само тој, дури и ангел од Небото одбил поклонување...
 
"И паднав пред неговите нозе, да му се поклонам; и ми рече: „Не прави го тоа! Јас сум сослужител твој и на твоите браќа, кои го имаат Исусовото сведоштво. Поклони Му се на Бога"
(Откровение 19:10)
 
Ете, имате два примери од Божјиот Збор каде што апостол Петар и ангелот одбиле поклонување и заповедале на Бог да му се поклонуваме, а вие православните и понатаму клањајте се пред икони, светци, пред посмртни останки од верници итн. Но да не речете дека не ви било кажано на Судниот Ден. Мое беше да ви укажам и да ве соочам со Светото Писмо, а ваше е дале ќе се покорите на Божјата заповед.
МАРАНАТА! Господ доаѓа! Како Спасител, но и како Судија! Алилујах!


Изменето од EvAngelos - 19.Септември.2008 во 01:51
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Karamazov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 144
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Karamazov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2008 во 09:18
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Јован Крстител според Христос е најголемиот меѓу луѓето. Христос за него кажа дека меѓу родените од жена, никој не се издигнал повеќе од него (Матеј 11:11). Сепак кога Јован беше убиен, учениците не ги зачувале неговите мошти (посмртни останки), туку веднаш го погребале.


I pravoslavnite (normalno!) gi pogrebuvaat mrtvite, samo sto posle nekolku decenii ili vekovi, otkrivaat deka na nekoi telata voopsto ne im se raspadnati. Za nekoi vakvi licnosti ja znaat nivnata istorija, a za nekoi i ne znaat kako se vikale, pa taka ima mnogu nepoznati svetiteli koi Bog gi proslavil. Primer vo Romanija, postoi edno telo na nepoznat svetitel, koe samoto se pokazalo, otkako prethodno se raspukala zemjata...
tre, tri, tra
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2008 во 12:15
"Зашто ќе дојде време, кога луѓето не ќе ја трпат здравата наука, туку според своите страсти ќе си насоберат учители, за да им ги скокоткаат ушите, и ќе ги одвратат ушите од вистината, а ќе се свртат кон бајки."
(2 Тимотеј 4:3-4)
 
"А ти избегнувај нечисти и бабешки приказни! Туку обучувај се во побожност!"
(1 Тимотеј 4:7
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2008 во 13:12
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

ЕвАнгелос изрече еден куп клевети, лаги, навреди...

 

Мило, доколку не наведеш докази за горенаведените осуди, ќе добиеш ти една пријава за лажна клевета од мене намигнување

 


ЕвАнгелосче, еве ти ги лагите, клеветите и навредите кои ги изрече во сите претходни коментари кои не се поддржани и оправдани од никаков опиплив доказ и никаков реален аргумент и за кои ниту еднаш не се извини и не побара прошка, што е спротивно на Христијанството, без разлика на деноминацијата

  • Прво збор два да кажам за наркоманите што се лечат по манастирите. Јас знам еден куп наркомани што идат по манастири за да се дрогираат таму. Тоа им се едни од најомилените места за стонирање. Сами, во природа, во тишина, ќе се напушат, ќе се боцнат и потоа се на небо и го "гледаат Господ".


Хмммм, а оти јас после толку години одење в манастир не сум видела таков случај??? Ехх, да беше така како што вели ЕвАнгелос, можеби ќе им се придружев на времето кога бев забегана, па ќе Го *гледав Господ* и јас. Ама, за среќа не било и не е така

  • Павле на пример, тој не се оженил, ама затоа пак тој не се скрил во некоја пештера за да бдее и да си прави муабет со лилјаците и бувовите


А од кај знаеш дека си прават муабет со лилјаци и бувови??? Тоа да не ти го кажал некој був тебе????

  • Што мислиш, кому повеќе ќе му веруваат учениците и кој повеќе ќе има влијание на нив: на некој забраден монах целиот сокриен во црна мантија кој делува како никогаш да не видел дрога, или на некој бивши нарко дилер со тетоважи по рацете и со тук таму по некоја мртва вена која сведочи дека овој човек некогаш бил наркоман, а чиј живот сега сведочи дека се ослободил од тоа зло?


Овој коментар ти беше апсолутна лага, а башка тоа и клевета дека јас не сум ги признавала организациите кои се борат против наркоманијата.

  • Зарем сакаш да кажеш дека Христос тука заповедува РАЗВОД како неопходен услов за да бидеме Негови ученици?


Ова е повторно клевета дека јас сум рекла луѓето треба да се разведуваат само за да станат монаси. А да не го спомувам и извртувањето на моите зборови во друг контекст, како што правиш цело време со се што е кажано, а не ти одговара.

  • Да да, такви примери има многу и за жал секојдневно читаме по весниците за луѓе кои ги напуштиле своите жени и деца, ги оставиле на милост и немилост, отишле во манастир и таму силуваат малолетнички или пак меѓу себе се распалуваат.


Ова, прво е лага, второ е клевета, и не дај Боже ова да си го кажал во Австралија, оти не знам колку оштета би можел да платиш поради кажување лага, навредување и неосновано уништување на репутација (а може и затвор да си лежиш).
Не ми е јасно како можеш да тврдиш такви работи, а ниту еден доказ не даваш. А бе мене тоа не ми проблем, ама ти изгледа не гледаш колку се бламираш. А и ти реков, ако силуваат в манастир, дај кажи ми колку пати мене ме силувале??? (Нели и така си пророк, словото *Божјо* е во тебе!??!??!)

  • Зарем сакаш да ги убедиш другите дека секој апостол си имал по една жена телохранителка која одела како сенка по него и му помагала?


Е ова е веќе хула и кажување дека Господ е лажец (?) (ако е недоволно, има уште, само кажи)
Римјаните 16:1,2 – Ви ја препорачувам Фива, нашата сестра, која е слугинка при црквата во Кенхреа примете ја во Господа, како што им прилега на светии, и помогнете и во она, во што ќе има потреба од вас, бидејќи и таа беше помошница на мнозина и на мене самиот.

  • Не знам по кој пат ме повикуваш, ама јас прв пат те читам


(ова се однесуваше на преданието) Значи самиот не ми ги читаш коментарите, а после пишуваш дека јас не сум те читала - пак клевета. Еве ти го линкот каде претходно ти го споменувам преданието мој трет коментар
http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=13190&PN=6


  • додека другите посланија и евангелија сеуште не биле напишано


Повторно лага.
2 Сол. 3, 17 – Своерачен поздрав од мене, Павла, тоа е белег во секое послание, јас пишувам така.

Колосјаните 4, 18 – Своерачен поздрав од мене, Павле. Помнете ги оковите мои! Благодат меѓу сите вас. Амин!

Римјаните 16,22 - Ве поздравувам во Господ и јас Терциј, кој го напиша ова послание.

1 Коринтјани 16, 21 - Ве поздравувам јас, Павле, своерачно.


  • icxcnika (или кој и да си, не можам веќе да ве запомнам, постојано нови никови пререгистрирате)


Повторно клевета и лага.

А еве сега ќе ги набројам и оние делови каде ти се извини поради своите испади

???????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????
Каде се?????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????? .............................................. ги нема...................

П.С. И уште еднаш искрено барам прошка што вака упорно ти го разобличувам тоа што го проповедаш, немој да го сфатиш тоа како судење.




Батка, кај си????? Чекам.......
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2008 во 13:17
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

  • А што велиш ти, како таа фраза била запишана во оригиналот: Маран Ата, Марана Та? или Мараната?


А бре брат, пак ли ќе почнеш со твоите "оргинални толкувања". Ех, за жалење е цел свет, само ти го имаш оригиналното и вистинското, а ние читаме преводи од Светото Писмо од неписмени преведувачи!!??!! Мотај кого сакаш, ама btw работам како преведувач и точно знам како одат тие работи.

И како што велиш ти, мене не ме интересира како е во неразберливиот за мене оригинал, јас си го читам онака како е преведено и напишано на разбирлив македонски јазик, веќе со столетија. (осврни се на она што го рече за мисијата на св.Методиј и Кирил). Дали е Маран ата или Мараната, тоа ми е најмал проблем, битна ми значењето.
И научи се што значи суштина, а што значи форма. Цело време твоите коментари можат да се споредат со следнава ситуација – Ти доаѓа другар на роденден и ти носи подарок. Ама, подарокот е некоја ситница, некое убаво камче што го нашол некаде и на кое многу се радувал, затоа што било необично. Но, затоа што те љуби и те цени многу, сака тебе да ти го даде. А ти очекуваш голем, убаво завиткан подарок. И што правиш? Му велиш - Дај бе, не ти е срам, што е ова што си ми го донел. Не ја гледаш суштината дека тој тоа го направил можеби со 100 пати поголема љубов од останатите гости, туку ја гледаш и цениш формата – како било завиткано и колкава била големината. Така и со толкувањата забегуваш.

1 Кор. 16:22 А оној што не Го љуби Господ Исус Христос, нека биде проклет, Маран-ата.

(прво прочитај го во целиот контекст, со претходните стихови)

Толкување на св. Теофилакт Охридски

Со еден збор ги заплашил сите – и блудниците, и оние кои предизвикувале поделби, и оние кои јаделе од идолските жртви, и оние кои не верувале во воскресението, и сите кои предизвикувале несогласувања меѓу нив и се однесувале несогласно со неговото учење и предание. Маран ата (Господ доаѓа). Тоа го рекол делумно за да го утврди учењето за икономијата, а преку тоа и за воскресението, а делумно и за да ги засрами – Господ заради нас се прифатил на Себе, а вие Го гневите, така што некои се нарекуваат по имињата на луѓето, а некои порочно се однесуваат. Не употребил грчки израз, туку еврејски т.е арамејски. Им зборувал на Коринтјаните, кои голема важност придавале на надворешната мудрост и убавина на грчкиот јазик, со што им покажува дека на нив тоа ни најмалку не им е потребно, туку да се фалат со простотата и да зборуваат на груб јазик.
(http://www.svetosavlje.org/biblioteka/Svetopismo/Tumacenje_prve_poslanice_Korincanima/16.htm)




Еве ти го одговорот на Маран Ата... не изкажувај лаги дека не сум ти го дала. И немој да се ваѓаш дека не сум ти дала одговор како се пишува во оригиналот, оти веќе доволно добро ти објаснив дека на нас, ПРАВОславните, не ни е битна формата, буквата, туку суштината, духот, зашто буквата убива, а Духот оживотворува
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2008 во 13:19
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

"Зашто ќе дојде време, кога луѓето не ќе ја трпат здравата наука, туку според своите страсти ќе си насоберат учители, за да им ги скокоткаат ушите, и ќе ги одвратат ушите од вистината, а ќе се свртат кон бајки."

(2 Тимотеј 4:3-4)

 

"А ти избегнувај нечисти и бабешки приказни! Туку обучувај се во побожност!"

(1 Тимотеј 4:7


А ти го исполнуваш ли ова, па да ти веруваме????
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2008 во 13:34
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Суетата е најстрашниот грев... и ретко кога човек се лишува од него...


И ѓаволот поради суета и гордост паднал од Небесата, во темнината во вечни маки!
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2008 во 13:41
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

zidarski, зарем не е очигледно дека оваа icxcnika е банираната Asya само во ново руво



А знаеш дека ова ти е повторно нова клевета????
ishsnika го познавам одлично, а Asya немам врска која е...
Светите отци велат дека во другите го гледаме оној грев кој го носиме во себе. Значи вие постапувате онака како што не клеветите нас, па затоа и гледате наопаку.
Нема потреба некој да се пререгестрира за ПРАВОславието да ја растури било која филозофија што не е проповедана од Бога.


Христос с нами +

п.с. и не е оваа, туку овој

Изменето од Maran Ata - 20.Септември.2008 во 08:42
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2728293031 41>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.