IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАВОСЛАВНИ,КАТОЛИЦИ,ИЗВОРНИ ХРИСТИЈАНИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАВОСЛАВНИ,КАТОЛИЦИ,ИЗВОРНИ ХРИСТИЈАНИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 41>
Автор
Порака
sensei Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 2005
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sensei Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2007 во 16:53
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Originally posted by sard sard напиша:


Човекот е потенцијален и нереализиран бог.


Respekt za ovaa misla. Vo nea se sodrzhi svetata tajna. Prv pat ja slusham od hristijanin.


Se soglasuvam. Clap
Gods Creative Force enters humanity through a mans love for his wife and desire to raise his family in a wholesome environment. It is reciprocated by a woman receiving his seed-spirit and nurturing it
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2007 во 17:13
Originally posted by sard sard напиша:

Петар, Павле, Јаков и Јован се Православни Христијани бидејќи ја почитувале Соборноста на Црквата и не се дрзнувале да толкуваат без согласност на другите.
 
Се сомневам дека ти е јасен поимот Црква, а за толкувањето уште малку па да не убедиш дека Петар, Павле, Јаков и Јован го свикале Светиот Синод за да ја толкуваат тешката беседа на Втората Божја Заповед и Соборно да решаваат дали таа се однесува на икони, или пак на астрономските фотографи Smile

Светиот Апостол Јован


Вистина, имав многу да ви пишувам, но не сакав на книга и со мастило, оти се надевам дека ќе дојдам при вас и од устата да ви зборувам, та радоста ваша да ви биде полна.

Значи апостолот тврди дека со пишаното се дава дел од вистината (основата) но не треба да се потцени усното предание кое само Православната Црква го признава и почитува.
 
Е да простиш, тоа ти го тврдиш, ама не и Јован. Ако Бог сакал да го канонизира тоа што Јован приватно и локално сакал да им го каже на неговите пријатели, денеска ќе имавме уште едно додатно евангелие или послание по Јован.
Писмата што ги среќаваме во Новиот Завет не се единствените писма што некогаш евангелистие ги напишале, но тоа не значи дека секоја нивна буква треба да влезе во Божјиот пишан и канонизиран Збор, туку само оние што Бог ги определил по Неговата суверена воља.
Усното предание си ја завршило својата функција до моментот на завршување на Божјиот Пишан Збор согласно последната книа во Библијата - Откровението.
Потоа сите усни преданија, пораки, писма, проповеди и сл. се од локална или индивидуална важност, но не влегуваат во канонот на Светото Писмо.
Бог го заштитил Својот Збор, особено од разните додавања и одземања на иститот. Иако многупати лукавиот се обидел да додаде и да одземе од Него, Бог е верен на Својот Збор и нема да дозволи некој да го поистоветува Неговиот збор со некакво си човечко предание.
 


кои ја посведочија твојата љубов пред Црквата. Добро ќе направиш , ако ги приготвиш пред Бога како што треба.

Пред која Црква посведочија. Ти себе си не се декларираш како припадничка на ниедна Црква. Велиш дека Црква не ти треба за спасение.
 
Лажеш! Лажеш! Ти тоа велиш, јас никогаш не сум рекол такво нешто! Не зазлужуваш коментар, затоа што повторно ќе лажеш, како не ти е срам. Јас си имам своја заедница, духовна фамилија, и таа индирекно ми е потребна за моето спасение, но Главата-Христос е Тој што ме спасува, а не крштевницата со потпис од г.г.г.г.г.г. Стефан.
 
Сигурно пред православната црква не посведочиле LOL која и не постоела во тоа време, туку си посведочиле во својата локална Христова Црква.

Не сакајте го светот и се што е во него. Ако некој го сака светот, во него нема љубов од Отецот.
Зашто, се што е во светот - похотта на телото, желбата на очите и гордоста на животот, не е од Отецот, туку од овој свет.
Има ли некоја црква што е повеќе врзана со светот и власта од православнат црква бе човече LOL
Па нели пред неколку поста ти рече дека Македонија е под православна територија па јас морав да ти го цитирам стихот каде Христос вели дека Неговото Царство не е од овој свет, туку од Небото LOL
До кога ќе бидеш превртлив во твоите ставови. Денеска МПЦ ќе се улизува на ВМРО, утре на СДСМ, и само ќе им дели анафори, а овие на нив ордени ќе им даваат, и после ќе ми цитираш стихови "не сакајте го светот" LOL МЦП-ДПМНЕ

Оној кој вистински го отфрла светот е Православната Црква, додека протестантите сакаат да бидат во сојуз и со светот и со Бога. А врв на отфрлањето на светот е монахот кој целосно го отфрла и замразува светот за да биде Христов ученик.
 
Прочитај го горниот коментар. За протестаните не коментирам, ама за христијаните е познато дека не добивале ордени од римјаните, туку дека биле прогонувани по катакомбите и нарекувани секта, секташи  и сл.

Тие излегоа од нас, но не беа наши; бидејќи ако беа наши, ќе оста-неа со нас; но се јавија, за да се знае дека сите не се наши.         А  вие  имате  помазание  од Светиот, и знаете се.

Кои се тие кои излегоа од нас, но не беа наши. Може да бидат Православните, ама премногу рано би било тие да се оние кои излегоа од нас. Од друга страна ако Православните излегоа дека се оние кои излегоа од нас, тогаш протестантите се тие кои излегоа од оние кои излегоа од нас. Ако стариот факт е фалсификуван, тогаш новиот дотолку повеќе. Што е тоа што не ги задржало старите христијани, а новите христијани ќе ги задржи од пад во ерес. Нормално е дека старите христијани се подобри од новите кои имаат повеќе шанси за да паднат во ерес и да „излезат од нас“.
Православните излегоа од Мајката Црква со вековната престолнина во Рим (Католичка) во 1054год.
Но сепак мислам дека подобро е за да видиме кој од кого излегол да не се водиме по не-канонизираната човечка историја, туку по Божјиот Збор - Нашиот духовен компас.
А кој ќе го прочита воведот на оваа тема, ќе знае точно колку застранила православната цкрва од она што била иворната христијанска црква.
Просто потешко е човек сега да најде и сличности со ранта црква, отколку да бара разлики Cry

А кој има световни блага, па кога ќе го види брата си во немаштина, та го затвори срцето свое од него
-  како тогаш ќе пребива во таков Божјата љубов?
Чеда мои, да не се сакаме со зборови или со јазик, туку со дела и вистина!

Апостолот насочува дека се потребни дела како што учи Православната Црква додека протестантите учат дека доволна е само верата.
 
На дело можеме да ги видиме поповите во какви куќи живеат и со какви коли се возат на сметкат и на грбот на нашиот сиромашен македонски народ.
За протестантите не коментарам, кога ќе дојдат на форумов, прашај ги сам.
Христијаните учат дека верата без дела е мртва (послание на Јаков) и дека живата вера се опкажува преку дела.

И оној, што ги пази заповедите Негови, пребива во Него, и Он - во него. А дека Он пребива во нас, узнаваме по Духот, што ни Го дал

Овде апостолот укажува дека Духот е Тој кој ни потврдува дека ние стоиме на заповедите Негови. Протестантите го отфрлаат Духот за држењето на Неговите заповеди туку го признаваат само разумското разбирање на Божјиот збор. Духот беше Тој Кој ја чуваше Христовата Вера низ вековите и никогаш таа не пропадна. За протестантите Црквата пропаднала набрзо, па тие потоа повторно ја открија и ја обновија после 14 векови.
 
Добро знаеме колку православната црква ги пази заповедите на Христос, бесплатно добивте, бесплатно давајте, (а оваа спремни ценовници, сега ако биде успешна и фискализацијава конечно ќе имаме отчет, барем од она што се дава над маса)
Добро занеме како православната црква ги почитува Христовите заповеди да се молиме само на Бог, да не си примаме слава еден од друг (а МПЦ без славите ќе банкротира)
потоа заповедта да го шириме евангелието (а МПЦ си седат во фотељите и не мрдаат со прст, само си ги чешкаат брадите и си ги вртат бројаниците)
итн итн..да не набројвуам, премногу се, ќе отворам нова тема за ова, стрписе..
Христијаните се држат исклучиво до Христовите заповеди и тие им се главен авторитет, пред писанијата на свети овој и свети оној, пред секој човечки авторитет, пред секоја човечка измислица.

истото го потврдува

Возљубени, не верувајте му на секој дух, туку испитувајте ги духовите: дали се од Бога, бидејќи многу лажни пророци се јавија во светот.

Не го споменува Божјиот збор како критериум туку како највисок критериум за разбирањето на вистината е испитувањето на духовите.
 
На кои тоа духови мислиш? На оние што поповите ги ранат по гробиштата на духовден?
Како тоа вашиот православен дух проповеда различни работи од оние кои им биле проповедани од Христос на апостолите?
Зарем Христовиот Дух различно проповеда од Светиот Дух?
Зарем не се тие едно?
 
Што сакаш да кажеш со тоа дека не го наведува Божјиот Збор како критериум? Демек Бог залудно го канонизирал Божјиот Збор?
Ако било така подобро да не се мачел, туку преку Духот нонстоп ќе им зборел на црковните лица во црквата а овие ќе им "толкувале" на народот.
Како се осмелуваш да го деградирап Божјиот Збор ти што се нарекуваш по името Христово, знаеш ли дека Тој Збор го создаде целито свет?
Христос вели:
Татко, освети ги во Твојата Вистина. Твојот Збор е Вистина!

Дека ние пребиваме во Него и Он во нас, *узнаваме по тоа, што ни дал од Својот Дух.

Ако некој го види брата си да греши со грев не за смрт, нека се моли, и Бог ќе му даде живот, - односно на оној што греши не за смрт. Постои грев за смрт: за тој грев не велам да се МОЛИ..

Колку што јас знам кај протестантите не постојат смртните гревови. Во Православната Црква тие гревови се стриктно наброени.
За протестаните не коментарам.
Кај првославните смртните гревови се стрикно измислени.
Кај христијаните постои грев што што води до смрт (пр. Хулата на Светиот Дух)

Знаеме дека ние сме од Бога, и дека целиот свет лежи во зло.

Признавање на првородниот грев на Адам и Ева кој го повлече светот во зло. Некои протестанти не го признаваат прародителскиот грев.
 
Иако малку си го утнал стихов за прародителксиот грев, сепак ќе ти прогледам низ прсти.
Не ме интересира што прават некои протестанти. Ти замрај се со нив, јас се замарам со Изворното Христијанство.
 
Изворното Христијанство го признава прародителскиот грев како наследен грев од нашите потомци. Ние ја по тело се раѓаме не по образот Божји, туку по образот на нашите родители, тие пак по нивните родители и така натаму до Адам и Ева, кои прво биле по образот Божји, но го изгубиле тој образ со падот во грев.

Со самото тоа што Св. Јован е апостол, тоа значи дека е со чин различен од чинот на останатите верници. Господ од почетокот дал три нивоа. Највисоки овластувања и највисоки во хиеархијата ги поставил апостолите, на пониско ниво од нив ги поставил 70 ученици и на трето ниво според овластувањата дадени на крајот од Евангелието по Марко ги поставил обичните христијани.
 
Твоја измислена хиерархија со цел да замачкаш и да припремиш терен за хиерархијата што денес постои во правосланвата црква LOL
 
Подоцна Апостолите во Дела апостолски ја разделиле свештеничката функција на повеќе вршители на функциите и се оформила хиеарархијата во хиеархискиот дел од Црквата.
 
Не ми се верува како погодив ејјјј LOL Како букварче ве читам повеќе.
 
Од таму се гледа Црквата како организам во кој постојат и обични верници но и хиеарахиски дел.
 
Спротивно на Христовиот модел, кога ги учење учениците да не се нарекуваат оче, учител, да си ги мијат нозете еден друг, да се однесуваат како браќа (сестри), поголемиот да му служи на помалиот, срамота, колку се одалеживте од овие толку јасни и убави заповеди.
 
Значи со самото тоа што некој е поставен да има повисоки овластувања како што имаат Апостолите со самото тоа се формира хиеархија во Црквата.
 
Човечка измислица, со цел црковните лица да добијат власт, слава, моќ, и да можат полесно да манипулираат со рајата.
 
 
Протестантите не признаваат никаква хиеархија, за нив сите имаат исти овластувања.

Не ме интересира за протестаните.

Христијаните не признаваат хиерархија во црквата, Една е Главата-Христос, сите сме браќа и сестри и дел од Неговото Невидливо Тело - Црквата.
Секој си има свој дел, задача и одговорности во тоа Тело, но никој не е над никој, сите се споени во еден ист Дух кој на секого му дава соодветен дар по Својата Суверена Воља.

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2007 во 17:21
Св. Апостол Петар

по провидението на Бога Отецот, преку осветувањето од Духот за послушност и попрскување со крвта на Исуса Христа: да ви се умножи благодатта и мирот!

„Осветувањето од Духот за послушност“. Духот е тој кој го води верникот и Црквата во послушност. Духот е меродавен за Божјиот збор. А Духот е доделен на заедницата на верниците. Ако еден човек има монопол на Духот тогаш тој е носител на вистината, а таков човек не постои, туку Црквата како заедница на верниците е носител на вистината.

Иако го наречувате Отец Оној, Кој не гледајќи кој е кој, секому му суди според делата, затоа поминувајте го времето на својот живот во страв,

Типично е за Апостол Петар да го става нагласокот на стравот пред Бога. Кај протестантите отфрлен е стравот пред Бога. Бог е сведен на пријател и помошник и изгубена е стравопочитта како кон Бог.

Откако ги очистивте душите ваши со послушност на вистината преку Духот, за нелицемерно братољубив, сакајте се еден со друг постојано со чисто срце,

Повторно Духот е тој кој ја одредува послушноста на вистината, а не разумското познавање на Зборот Божји.

и вие сами, како живи камења, изградувајте од себе духовен дом, свештенство свето, за да принесете духовни жртви, кои Му се на Бога пријатни преку Исуса Христа.

Како еден протестант изградува духовен дом, кога се толкува разумски.

И така, покорувајте се на секое човечко началство, поради Господа: било на цар, како на врховна власт,

Господ преку Апостолот ја почитува редот и поредокот, а не анархијата. Како тоа ја почитува хиеархијата, а според протестантите формирал анархична „црква“ без ред и поредокот на хиеарархијата.

Почитувајте го секого, браќата сакајте ги, од Бога бојте се, царот почитувајте го!

ОД БОГА БОЈТЕ СЕ! Кога последен пат во протестантска проповед си слушнала ова да се проповеда?

така и вие, жените, бидете им покорни на своите мажи, та, ако некои од нив не му се покоруваат на словото, преку поведенито на своите жени да се придобијат без услови
кога ќе го видат вашиот чист и богобојазлив живот.
Вашата убавина да биде не надворешна, односно во плетењето на косите, китењето со злато или облекување на облеки,
туку - внатрешна, во срцето на сокриениот човек, во постојаност и тих дух, што е драгоцено пред Бога.
Оти така некогаш се украсуваа и светите жени, кои се надеваа на Бога и им се покоруваа на мажите свои,
 како што Сара го слушаше Авраама, наречувајќи го господар.


Ова не е типично за слободата на жената кај протестантите чија последица е непокорната слобода на жената во демократијата.

Образот на таа вода - крштавањето, но не остранувањето на телесната нечистотија, туку ветувањето на Бога - добра совест - не спасува сега и нас преку воскресението на Исуса Христа,

Крштевањето како очистување со добра совест.

Оние, кои се меѓу вас свештеници, ги молам јас, кој сум и сам свештеник, и сведок на Христовите страдања и соучесник во славата, што ќе се открие

Значи не се сите свештеници како кај протестантите туку само некои. Ап Петар е повикан да биде Апостол - свештеник. Протестантите или признаваат свештенство во кое сите се свештеници или не признаваат воопшто свештенство што е спротивно на текстот погоре во кој се вели ОНИЕ КОИ СЕ МЕЃУ ВАС СВЕШТЕНИЦИ.

пасете го Божјото стадо, што го имате, надгледувајќи го не присилно, туку драговолно и според Бога; не заради неправедна корист, туку од добро срце

Свештенството треба да се грижи за Божјото стадо, а не обичниот верник да биде свештеник и да ја врши и свештеничката функција.

Исто така и вие, помладите, покорувајте им се на свештениците; а сите, пак, покорувајте се еден на друг и здобивајте се со понизност, бидејќи »Бог им се противи на горделивите, а на смирените им дава
благодат«.

Значи не е секој свештеник и покорувајте се еден на друг т.е. почитувајте ја соборноста на Црквата, не излегувајте со сопствениот индивидуализам туку покорувајте се еден на друг.

Ве поздравува Црката во Вавилон, избрана заедно со вас, и Марко, синот мој

Овде се гледа одделна помесна Црква - заедница на верниците, а ти Евангелос се нарекуваш христијанка без да кажеш во која заедница на верници припаѓаш.

оти знам дека наскоро ќе го оставам моето тело, како што Господ наш, Исус Христос, ми јави.
А ќе се погрижам на ова да се потсетувате секогаш и по мојата смрт.

Како може да рече апостолот на ова да се потсетуваа и по неговата смрт. Па од таму што тој знае дека само ќе премине и ќе ја напушти земската Црква и ќе биде сеуште жив, па од таму ќе се погрижи на ова да се потсетуваат и по неговата смрт. Тогаш ако тој останува сеуште поврзан и загрижен за Црквата, зошто Црквата да не му упатува молитви на Апостолот после неговата смрт.

И тој глас, што дојде од небото, ние го чувме, кога бевме со Него на Светата гора.

Зошто апостолот го употребил зборот Светата гора, ако не признава свет простор и света материја. Православната Црква признава осветена материја, протестантската не признава.

А освен тоа, ние имаме нешто уште поверно, а тоа е пророчкото слово; и добро правите што на него му обрнувате внимание, како на светило што свети на темно место, додека денот осамне и Деницата засвети во вашите срца.
20.  Знајте го прво тоа дека ниедно пророштво од Писмото не е сопствено кажување на пророкот.
21.  Оти никогаш според човечката волја не е изречено пророштво, туку светите Божји луѓе зборувале просветувани од Светиот Дух.

Како тоа некогаш имало свети луѓе, а после престана да има свети луѓе. Како што се гледа од текстот Писмото произлегува од Светиот Дух кој зборувал преку Божјите луѓе. Затоа и Светиот Дух е тој кој го толкува Писмото, а не обратно со Писмото да го утврдуваме каде е Светиот Дух.

И, подбудувајќи ве од користољубивост, ќе ве привлекуваат со ласкави зборови; но нивното осудување е одамна готово, и нивната погибел не дреме.

Православната Црква не може да биде Таа која привлекува со ласкави зборови бидејќи таа повикува на строгост пред Бога. Со ласкави зборови може да привлекуваат оние кои велат дека ништо не е задолжително доволно е само да веруваш.

понатаму продолжува да зборува дека Господ нема да ги остави неказнети извршителите на лошите дела и

а најмногу оние, што се управуваат според телото во неговите гнасни похоти, кои што ги презираат началниците, дрски се, горди и не се плашат да хулат на власта,

Кои се тие кои ги презираат началниците, дрски се, горди и не се плашат да хулат на власта? Кој хули на власта на Црквата, се гордее и не ја признава.

но беше изобличен за своето беззаконие: неразумното животно проговори со човечки глас и го запре безумството на пророкот.
Тие се безводни извори, облаци и магли, од бура разнесувани; за нив е запазен мракот на темнината за секогаш.


Оној кој стриктно се држи на заповедите тој не може да биде облак, магла, безводен извор. Такви се оние кои ги отфрлаат заповедите и ги сфаќаат само како 'ако сакаш'.

Им ветуваат слобода, кога тие самите се робови на развратот, зашто кога некој некого победува, тој и го поробува.

„Им ветуваат слобода“ им ветуваат слобода и „либерте“ вера. Тоа не личи на строгата Православна Вера тоа може да се однесува само на некои како протестантите.

И ќе дојде денот Господов, како крадец во ноќно време; †тогаш небесата со голема бучава ќе ги снема, и стихиите ќе пламнат и ќе се разрушат, а земјата, и се што е на неа, ќе изгори.
И така, бидејќи сето тоа ќе се разруши, каков треба да ви биде вашиот свет живот и побожноста ваша,

И повторно апостолот повикува на висок стандард на свет живот и побожност, а не на „либерте“ вера.

туку да напредувате во благодатта и во познавањето на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Нему слава и сега и за вечни времиња. Амин!

Што значи дека не завршило познавањето на нашиот Господ и Спасител туку треба да се напредува. Протестантите се тие кои Господ Христос сакаат да го затворат во буквата на Библијата и да не смее ништо ново да се научи за Бога, па се она што го научивме го отфрлаат бидејќи го немало во изворната Црква. Православните се тие кои низ вековите учеа и никогаш нема да престанат да напредуваат и учат во благодатта и во познавањето на нашиот Господ и Спасител. Денешната Христова Црква не треба да биде како изворната Христова Црква. На денешната Црква и се отворени многу тајни кои тогаш биле непознати.








„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2007 во 17:24
За Апостолите Павле и Јаков ќе пишувам во наредно слободно време.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2007 во 17:29
сард, ај не спамирај, ајде да ја скратиме приказната...
 
Покажи ми дека Петар, Павле, Јован и Јаков и се молеле на Марија?
Покажи ми каде Христос им рекол молете и се?
Покажи ми каде Христос им рекол таа е возвишена?
Покажете ми каде Петар, Павле, Јован и Јаков се молеле пред икони?
Покажете ми каде Петар, Павле, Јован и Јаков крштевале бебиња?
Покажете ми каде Петар, Павле, Јован и Јаков осветувале вода?
Покажете ми каде Петар, Павле, Јован и Јаков наплатувале за крштевање?
Покажете ми каде е Петар, Павле, Јован и Јаков уредиле Архиепископијата?
Покажете ми каде Петар, Павле, Јован и Јаков заопведале Синод?
Покажете ми каде Петар, Павле, Јован и Јаков рекле црквата да биде национална, а не мултинационална?
Покажете ми каде Петар, Павле, Јован и Јаков ја укинаа Христовата забрана за политичко делување на Црквата?
Покажете ми каде Петар, Павле, Јован и Јаков носеле мантии и крстови?
Покажете ми каде Петар, Павле, Јован и Јаков прифаќаа да им се поклонуваат и да им целиваат раце?
Покажете ми дали Петар, Павле, Јован и Јаков беа скромни, или се луксузираа?
Покажете ми дали Петар, Павле, Јован и Јаков беа осветољубиви, материјалисти, националисти или беа се обратно???

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Gideon Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 302
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gideon Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2007 во 17:35
Jas mislam deka niendno od gorenavedonoto....
Pa zatoa ne vredi da se rasprava!
Sekogas cvrsti pobivnaje a tie nikako da svatat....
Sto pravoslavje ke bese toa,vera nametnata ili so sila ili so inaet...treto izgleda neam...
 
 
In God we Trust!
God Bless our Land!
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2007 во 17:42
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

сард, ај не спамирај, ајде да ја скратиме приказната...
 
Покажи ми дека Петар, Павле, Јован и Јаков и се молеле на Марија?
Покажи ми каде Христос им рекол молете и се?
Покажи ми каде Христос им рекол таа е возвишена?
Покажете ми каде Петар, Павле, Јован и Јаков се молеле пред икони?
Покажете ми каде Петар, Павле, Јован и Јаков крштевале бебиња?
Покажете ми каде Петар, Павле, Јован и Јаков осветувале вода?
Покажете ми каде Петар, Павле, Јован и Јаков наплатувале за крштевање?
Покажете ми каде е Петар, Павле, Јован и Јаков уредиле Архиепископијата?
Покажете ми каде Петар, Павле, Јован и Јаков заопведале Синод?
Покажете ми каде Петар, Павле, Јован и Јаков рекле црквата да биде национална, а не мултинационална?
Покажете ми каде Петар, Павле, Јован и Јаков ја укинаа Христовата забрана за политичко делување на Црквата?
Покажете ми каде Петар, Павле, Јован и Јаков носеле мантии и крстови?
Покажете ми каде Петар, Павле, Јован и Јаков прифаќаа да им се поклонуваат и да им целиваат раце?
Покажете ми дали Петар, Павле, Јован и Јаков беа скромни, или се луксузираа?
Покажете ми дали Петар, Павле, Јован и Јаков беа осветољубиви, материјалисти, националисти или беа се обратно???


Јас ти реков и кога ќе ти ги покажам фактите зошто Православната вера е верата на Апостолите ти ќе побараш пак некои други факти некои други докажувања. Ти ме праша јас ти дадов одговор. Сега ми поставуваш нови прашања. Нема проблем и тие во прва прилика со Божја помош ќе се потрудам да ги одговорам.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2007 во 19:57
Originally posted by sard sard напиша:

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

сард, ај не спамирај, ајде да ја скратиме приказната...
 
Покажи ми дека Петар, Павле, Јован и Јаков и се молеле на Марија?
Покажи ми каде Христос им рекол молете и се?
Покажи ми каде Христос им рекол таа е возвишена?
Покажете ми каде Петар, Павле, Јован и Јаков се молеле пред икони?
Покажете ми каде Петар, Павле, Јован и Јаков крштевале бебиња?
Покажете ми каде Петар, Павле, Јован и Јаков осветувале вода?
Покажете ми каде Петар, Павле, Јован и Јаков наплатувале за крштевање?
Покажете ми каде е Петар, Павле, Јован и Јаков уредиле Архиепископијата?
Покажете ми каде Петар, Павле, Јован и Јаков заопведале Синод?
Покажете ми каде Петар, Павле, Јован и Јаков рекле црквата да биде национална, а не мултинационална?
Покажете ми каде Петар, Павле, Јован и Јаков ја укинаа Христовата забрана за политичко делување на Црквата?
Покажете ми каде Петар, Павле, Јован и Јаков носеле мантии и крстови?
Покажете ми каде Петар, Павле, Јован и Јаков прифаќаа да им се поклонуваат и да им целиваат раце?
Покажете ми дали Петар, Павле, Јован и Јаков беа скромни, или се луксузираа?
Покажете ми дали Петар, Павле, Јован и Јаков беа осветољубиви, материјалисти, националисти или беа се обратно???


Јас ти реков и кога ќе ти ги покажам фактите зошто Православната вера е верата на Апостолите ти ќе побараш пак некои други факти некои други докажувања. Ти ме праша јас ти дадов одговор. Сега ми поставуваш нови прашања. Нема проблем и тие во прва прилика со Божја помош ќе се потрудам да ги одговорам.
 
Кој "одговор" ми го даде сарде мили? Мислеше дека ќе се извадиш со твоите копи-пејст спамирања? Погледни колкава реплика погоре ти удрив на еден од твоите спамови (цела црвена боја си ја потрошив Smile)
Постирај аргументи сарде, кратки, јасни, гласни и читливи на македонски јазик, а не како Мирко да ми спамираш знаејќи дека никој не чита толкави книги залепени на веб.
Мислам декам прашањава подоле се подобра водилка околу прашањето дали Петар, Павле, Јован и Јаков биле православни или христијани, бидејќи можеме да направиме една добра споредба со нивната пракса на верата и она што денес го учи и практикува правослвната црква. Ама еве ти давам слобода, ако сакаш и твоите спамови ќе ги разобличуваме, само наведувај еден по еден аргумент, за да можеме да се сконцентрираме и да не ги оставаме отворени прашањата.
А од друга страна и не мора да се плашиш од горниве прашања, па ако Петар, Павле, Јован и Јаков навистина биле православни, тогаш овие прашања би требало да бидат боза за одговарање.
Или можеби не? Wink
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2007 во 23:20
Цитирај Сард: Јас ти реков и кога ќе ти ги покажам фактите зошто Православната вера е верата на Апостолите ти ќе побараш пак некои други факти некои други докажувања. Ти ме праша јас ти дадов одговор. Сега ми поставуваш нови прашања. Нема проблем и тие во прва прилика со Божја помош ќе се потрудам да ги одговорам.

 
Евангелос: Кој "одговор" ми го даде сарде мили? Мислеше дека ќе се извадиш со твоите копи-пејст спамирања?

Целиот текст се потрудив самиот да го напишам. Нема ништо во него превземено.

Цитирај Погледни колкава реплика погоре ти удрив на еден од твоите спамови (цела црвена боја си ја потрошив Smile)
Постирај аргументи сарде, кратки, јасни, гласни и читливи на македонски јазик, а не како Мирко да ми спамираш знаејќи дека никој не чита толкави книги залепени на веб.

Аргументите се кратки. Твој проблем е што бегаш од Библијата која изобилува со факти кои укажуваат која Црква е Христова, а кои цркви се еретички.

Цитирај Мислам декам прашањава подоле се подобра водилка околу прашањето дали Петар, Павле, Јован и Јаков биле православни или христијани, бидејќи можеме да направиме една добра споредба со нивната пракса на верата и она што денес го учи и практикува правослвната црква. Ама еве ти давам слобода, ако сакаш и твоите спамови ќе ги разобличуваме, само наведувај еден по еден аргумент, за да можеме да се сконцентрираме и да не ги оставаме отворени прашањата.
А од друга страна и не мора да се плашиш од горниве прашања, па ако Петар, Павле, Јован и Јаков навистина биле православни, тогаш овие прашања би требало да бидат боза за одговарање.
Или можеби не? Wink

За мене сам се е тешко, но ако Господ сака како што сакаше досега нема да биде тешко.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2007 во 23:57
Фала ти на исцрпниот и аргументираниот одговор сард, со нетрпение го чекам следниот твој "аргументиран" одговор, со што е можно помалку неосновани критики. Wink
Originally posted by sard sard напиша:

Аргументите се кратки. Твој проблем е што бегаш од Библијата која изобилува со факти кои укажуваат која Црква е Христова, а кои цркви се еретички.
 
Ова е смешно, не за друго, туку мојот пост се наоѓа на истава страна како и твојот, па секој може да го види и да се насмее на твојата константација.
Некој дури ќе си помисли дека зборуваш во мое име за тебе. LOL
 
п.с. потруди се и ти твоите аргументи да ги пишуваш пократки и појасни, а не со километарски спамирања кои знаеш дека никој нема да ти ги прочита, па само ја заташкуваш работата.
 
Еве ти начин како можеш да го направиш тоа:
Огради се од твоите лични филозофии и потруди се да пишуваш само Библиски аргументи. Многу се штеди на простор така.
Поздрав!


Изменето од EvAngelos - 03.Јули.2007 во 00:00
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2007 во 00:23
[QUOTE]Петар, Павле, Јаков и Јован се Православни Христијани бидејќи ја почитувале Соборноста на Црквата и не се дрзнувале да толкуваат без согласност на другите.
 
Се сомневам дека ти е јасен поимот Црква, а за толкувањето уште малку па да не убедиш дека Петар, Павле, Јаков и Јован го свикале Светиот Синод за да ја толкуваат тешката беседа на Втората Божја Заповед и Соборно да решаваат дали таа се однесува на икони, или пак на астрономските фотографи Smile
Светиот Дух на Црквата не слезе кога Апостолите и Богородица беа одделно или само на некого од нив, туку слезе на сите кога сите беа заедно. Независно од тоа дали имале Собори, тие се консултирале за прашањата на верата. Така имаме библиски текст каде Ап. Павле го поправува Петар за прашањата на верата. Протестантот не дозволува никој да го поправа. Исто така Црквите во Солун, Коринт и тн се соборни каде заедно се одлучува за верските прашања. Исто така самата Библија е одредена на Собор. Ако не го признаваш Соборот на православните свештеници како тогаш ја признаваш Библијата.

Светиот Апостол Јован


Вистина, имав многу да ви пишувам, но не сакав на книга и со мастило, оти се надевам дека ќе дојдам при вас и од устата да ви зборувам, та радоста ваша да ви биде полна.

Значи апостолот тврди дека со пишаното се дава дел од вистината (основата) но не треба да се потцени усното предание кое само Православната Црква го признава и почитува.
 
Е да простиш, тоа ти го тврдиш, ама не и Јован. Ако Бог сакал да го канонизира тоа што Јован приватно и локално сакал да им го каже на неговите пријатели, денеска ќе имавме уште едно додатно евангелие или послание по Јован.
Писмата што ги среќаваме во Новиот Завет не се единствените писма што некогаш евангелистие ги напишале, но тоа не значи дека секоја нивна буква треба да влезе во Божјиот пишан и канонизиран Збор, туку само оние што Бог ги определил по Неговата суверена воља.
Тоа сепак докажува дека имало многу знаења кои не се напишани во Библијата а кои се полезни за знаење и кои можат да се извлечат од основните запишани од Библијата, а не да се застане само на буквално напишаното и да не се отвори умот за се она што напишаното учи. Усното предание е тоа кое го дополнува напишаното. Всушност усното предание доминира во првите векови на христијанството. Кога Бог ги одредувал текстовите кои сакал да влезат во Новиот Завет, како тоа го сторил. Издал директна наредба или тоа го сторил преку Светиот Дух во свештениците на Црквата.

Усното предание си ја завршило својата функција до моментот на завршување на Божјиот Пишан Збор согласно последната книа во Библијата - Откровението.
Потоа сите усни преданија, пораки, писма, проповеди и сл. се од локална или индивидуална важност, но не влегуваат во канонот на Светото Писмо.
Бог го заштитил Својот Збор, особено од разните додавања и одземања на иститот. Иако многупати лукавиот се обидел да додаде и да одземе од Него, Бог е верен на Својот Збор и нема да дозволи некој да го поистоветува Неговиот збор со некакво си човечко предание.
 Што е она што го штити Божјиот збор од измени. Светиот Дух го определил текстот на Словото Божјо, Светиот Дух е тој кој го чува од измени. Ако Бог нема да дозволи некој да го менува Неговиот збор, Бог нема да дозволи некој да пренесе лажно предание.


кои ја посведочија твојата љубов пред Црквата. Добро ќе направиш , ако ги приготвиш пред Бога како што треба.

Пред која Црква посведочија. Ти себе си не се декларираш како припадничка на ниедна Црква. Велиш дека Црква не ти треба за спасение.
 
Лажеш! Лажеш! Ти тоа велиш, јас никогаш не сум рекол такво нешто! Не зазлужуваш коментар, затоа што повторно ќе лажеш, како не ти е срам. Јас си имам своја заедница, духовна фамилија, и таа индирекно ми е потребна за моето спасение, но Главата-Христос е Тој што ме спасува, а не крштевницата со потпис од г.г.г.г.г.г. Стефан.
Црквата на верникот му е дирекнто потребна за неговото спасение.  Надвор од Црквата тој е како јагне оставено на волците. Ти самата не можеш да се спасиш бидејќи прачката надвор од лозата ќе се исуши. Ги немаш сите знаења и сите духовни дарови кои една Црква ги има за да ти го покаже правиот пат и постигнувањето на правата духовност за спасение на твојата душа. Со овој текст го покажуваш издигнувањето на својот индивидуален пристап кон Бога наместо заедничкиот.
 
Сигурно пред православната црква не посведочиле LOL која и не постоела во тоа време, туку си посведочиле во својата локална Христова Црква.
Православната Црква и Римокатолицизмот го имаат преемството од Христово време и можат лесно да докажат дека го имаат пренесеното Христово овластување од епископ до епископдо денес, протестантските имаат дупка од 15 века со што не можат да го покажат сопствениот континуитет од Христа до нивното појавување т.е. создавање од човек.

Не сакајте го светот и се што е во него. Ако некој го сака светот, во него нема љубов од Отецот.
Зашто, се што е во светот - похотта на телото, желбата на очите и гордоста на животот, не е од Отецот, туку од овој свет.
Има ли некоја црква што е повеќе врзана со светот и власта од православнат црква бе човече LOL
Ако некоја Црква води внатрешен духовен живот тоа е Православната Црква. Највисок пример за одвоеноста од светот е монаштвото, какво воопшто го нема кај протестантите и какво повеќе не може да се најде кај римокатолиците.

Па нели пред неколку поста ти рече дека Македонија е под православна територија па јас морав да ти го цитирам стихот каде Христос вели дека Неговото Царство не е од овој свет, туку од Небото LOL
Ние кои се стремиме кон Неговото Царство живееме на земјата и подобро ни е кога на земјата имаме подобри услови за христијански живот. Ако сме меѓу Православни Христијани подобро ни е отколку ако сме меѓу еретички христијани. Па добро е ако го штитиме телесниот простор бидејќи тоа влијае и на духовниот.

Им ветуваат слобода, кога тие самите се робови на развратот, зашто кога некој некого победува, тој и го поробува.
Затоа најчесто оној кој некого го победил му ја наметнал и својата вера.

До кога ќе бидеш превртлив во твоите ставови. Денеска МПЦ ќе се улизува на ВМРО, утре на СДСМ, и само ќе им дели анафори, а овие на нив ордени ќе им даваат, и после ќе ми цитираш стихови "не сакајте го светот" LOL МЦП-ДПМНЕ
Црквата е дел од овој свет и како што се Христовите заповеди ги почитува началствата и властите од овој свет.

И така, дајте секому, што сте му должни: кому данок - данок; кому давачка - давачка; кому страв -страв; кому чест - чест.

Оној кој вистински го отфрла светот е Православната Црква, додека протестантите сакаат да бидат во сојуз и со светот и со Бога. А врв на отфрлањето на светот е монахот кој целосно го отфрла и замразува светот за да биде Христов ученик.
 
Прочитај го горниот коментар. За протестаните не коментирам, ама за христијаните е познато дека не добивале ордени од римјаните, туку дека биле прогонувани по катакомбите и нарекувани секта, секташи  и сл.
Случајно да не живеете сега по катакомби?

Тие излегоа од нас, но не беа наши; бидејќи ако беа наши, ќе оста-неа со нас; но се јавија, за да се знае дека сите не се наши.         А  вие  имате  помазание  од Светиот, и знаете се.

Кои се тие кои излегоа од нас, но не беа наши. Може да бидат Православните, ама премногу рано би било тие да се оние кои излегоа од нас. Од друга страна ако Православните излегоа дека се оние кои излегоа од нас, тогаш протестантите се тие кои излегоа од оние кои излегоа од нас. Ако стариот факт е фалсификуван, тогаш новиот дотолку повеќе. Што е тоа што не ги задржало старите христијани, а новите христијани ќе ги задржи од пад во ерес. Нормално е дека старите христијани се подобри од новите кои имаат повеќе шанси за да паднат во ерес и да „излезат од нас“.
Православните излегоа од Мајката Црква со вековната престолнина во Рим (Католичка) во 1054год.
Но сепак мислам дека подобро е за да видиме кој од кого излегол да не се водиме по не-канонизираната човечка историја, туку по Божјиот Збор - Нашиот духовен компас.
А кој ќе го прочита воведот на оваа тема, ќе знае точно колку застранила православната цкрва од она што била иворната христијанска црква.
Просто потешко е човек сега да најде и сличности со ранта црква, отколку да бара разлики Cry
Не гледам аргумент, гледам само зборови!

А кој има световни блага, па кога ќе го види брата си во немаштина, та го затвори срцето свое од него
-  како тогаш ќе пребива во таков Божјата љубов?
Чеда мои, да не се сакаме со зборови или со јазик, туку со дела и вистина!

Апостолот насочува дека се потребни дела како што учи Православната Црква додека протестантите учат дека доволна е само верата.
 
На дело можеме да ги видиме поповите во какви куќи живеат и со какви коли се возат на сметкат и на грбот на нашиот сиромашен македонски народ.
Можеби, затоа ќе си плати секој за своите дела. Меѓутоа и да сакаат не можат да учат различно од патот кој претходно им го утврдила Црквата и нејзините угодници. А Православната Црква учи како што учи Апостолот погоре: за спасение се потребни дела и вистина. Така не учат протестантите. Тие учат за спасение доволна е верата.
За протестантите не коментарам, кога ќе дојдат на форумов, прашај ги сам.
Христијаните учат дека верата без дела е мртва (послание на Јаков) и дека живата вера се опкажува преку дела.
Зошто тогаш не го почитувате напишаното, зошто ги учите луѓето дека за спасение доволна е верата?

И оној, што ги пази заповедите Негови, пребива во Него, и Он - во него. А дека Он пребива во нас, узнаваме по Духот, што ни Го дал

Овде апостолот укажува дека Духот е Тој кој ни потврдува дека ние стоиме на заповедите Негови. Протестантите го отфрлаат Духот за држењето на Неговите заповеди туку го признаваат само разумското разбирање на Божјиот збор. Духот беше Тој Кој ја чуваше Христовата Вера низ вековите и никогаш таа не пропадна. За протестантите Црквата пропаднала набрзо, па тие потоа повторно ја открија и ја обновија после 14 векови.
 
Добро знаеме колку православната црква ги пази заповедите на Христос, бесплатно добивте, бесплатно давајте, (а оваа спремни ценовници, сега ако биде успешна и фискализацијава конечно ќе имаме отчет, барем од она што се дава над маса)
Добро занеме како православната црква ги почитува Христовите заповеди да се молиме само на Бог, да не си примаме слава еден од друг (а МПЦ без славите ќе банкротира)
потоа заповедта да го шириме евангелието (а МПЦ си седат во фотељите и не мрдаат со прст, само си ги чешкаат брадите и си ги вртат бројаниците)
итн итн..да не набројвуам, премногу се, ќе отворам нова тема за ова, стрписе..
Христијаните се држат исклучиво до Христовите заповеди и тие им се главен авторитет, пред писанијата на свети овој и свети оној, пред секој човечки авторитет, пред секоја човечка измислица.
Прочитај го апостол Павле кој пишува дека евангелизаторот треба да живее од Евангелието.

Така и Господ заповедал, проповедниците на Евангелието да живеат од Евангелието.

Возљубени, не верувајте му на секој дух, туку испитувајте ги духовите: дали се од Бога, бидејќи многу лажни пророци се јавија во светот.

Не го споменува Божјиот збор како критериум туку како највисок критериум за разбирањето на вистината е испитувањето на духовите.
 
На кои тоа духови мислиш? На оние што поповите ги ранат по гробиштата на духовден?
Како тоа вашиот православен дух проповеда различни работи од оние кои им биле проповедани од Христос на апостолите?
Зарем Христовиот Дух различно проповеда од Светиот Дух?
Зарем не се тие едно?
Исто се смо што го учиме уште подлабокото значење на Христовите зборови кои криеја и сеуште кријат многу тајни.

Што сакаш да кажеш со тоа дека не го наведува Божјиот Збор како критериум? Демек Бог залудно го канонизирал Божјиот Збор?
Ако било така подобро да не се мачел, туку преку Духот нонстоп ќе им зборел на црковните лица во црквата а овие ќе им "толкувале" на народот.
Господ Исус Христос самиот не го канонизирал Божијот Збор. Божјиот збор е напишан подоцна и канонизиран од Светиот Дух што е исто бидејќи и Господ Светиот Дух и Господ Исус Христос го кажуваат она кое Бог Отец ги учи и имаат една волја.
Како се осмелуваш да го деградирап Божјиот Збор ти што се нарекуваш по името Христово, знаеш ли дека Тој Збор го создаде целито свет?
Христос вели:
Татко, освети ги во Твојата Вистина. Твојот Збор е Вистина!
Под збор не разбираме треперење на воздухот или збор запишан на хартија.

Дека ние пребиваме во Него и Он во нас, *узнаваме по тоа, што ни дал од Својот Дух.

Ако некој го види брата си да греши со грев не за смрт, нека се моли, и Бог ќе му даде живот, - односно на оној што греши не за смрт. Постои грев за смрт: за тој грев не велам да се МОЛИ..

Колку што јас знам кај протестантите не постојат смртните гревови. Во Православната Црква тие гревови се стриктно наброени.
За протестаните не коментарам.
Кај првославните смртните гревови се стрикно измислени.
Кај христијаните постои грев што што води до смрт (пр. Хулата на Светиот Дух)
Па знаеме дека кај вас протестантите сите се спасени само со тоа што веруваат. Не е битно какви гревови прават. Не постојат смртни гревови сметате дека сите гревови Господ ви ги простува дури и без исповед и без покајание. Само прифати го Господ Исус Христос за Син Божји и сите гревови се избришани. Тоа е типичен протестантски став кој води милиони души во пропаст.

Знаеме дека ние сме од Бога, и дека целиот свет лежи во зло.


Признавање на првородниот грев на Адам и Ева кој го повлече светот во зло. Некои протестанти не го признаваат прародителскиот грев.
 
Иако малку си го утнал стихов за прародителксиот грев, сепак ќе ти прогледам низ прсти.
Не ме интересира што прават некои протестанти. Ти замрај се со нив, јас се замарам со Изворното Христијанство.
Тогаш отфрли ја Библијата бидејќи во изворното Христијанство немале Библија.
 
Изворното Христијанство го признава прародителскиот грев како наследен грев од нашите потомци. Ние ја по тело се раѓаме не по образот Божји, туку по образот на нашите родители, тие пак по нивните родители и така натаму до Адам и Ева, кои прво биле по образот Божји, но го изгубиле тој образ со падот во грев.
Ама за да се ослободите од првородниот грев не се крштевате туку сметате дека првородниот грев е простен како и се друго со самото поверување.

Со самото тоа што Св. Јован е апостол, тоа значи дека е со чин различен од чинот на останатите верници. Господ од почетокот дал три нивоа. Највисоки овластувања и највисоки во хиеархијата ги поставил апостолите, на пониско ниво од нив ги поставил 70 ученици и на трето ниво според овластувањата дадени на крајот од Евангелието по Марко ги поставил обичните христијани.
 
Твоја измислена хиерархија со цел да замачкаш и да припремиш терен за хиерархијата што денес постои во правосланвата црква LOL
 Така пишува во Библијата види и прочитај.

Подоцна Апостолите во Дела апостолски ја разделиле свештеничката функција на повеќе вршители на функциите и се оформила хиеарархијата во хиеархискиот дел од Црквата.
 
Не ми се верува како погодив ејјјј LOL Како букварче ве читам повеќе.

И одејќи по градовите, тие им порачуваа на верните да пазат на одредбите, определени од апостолите и презвитерите во Ерусалим

А Затоа те оставив во Крит, за да го довршиш несвршеното и во сите градови да поставиш презвитери, како што ти бев порачал:

Секој од ѓаконите треба да биде маж на една жена, добро да управува со децата свои и куќата своја


И тие треба најнапред да бидат испитани, та после, ако се непорочни, да станат ѓакони.

Значи не сите се ѓакони и презвитери туку само оние кои се поставени

Од Павла и Тимотеј а, слуги на Исуса Христа, до сите светии во Христа Исуса, што се во Филипи, со епископите и ѓаконите

Ова е измислено од некого или е запишано во Библијата.

Пазете, пак, на себе и на целото стадо, меѓу кое Духот Свети ве постави за епископи, за да ја пасете црквата на Господа и Бога, која ја придоби Он со Својата крв.

има и други цитати ама доволно се

Од таму се гледа Црквата како организам во кој постојат и обични верници но и хиеарахиски дел.
 
Спротивно на Христовиот модел, кога ги учење учениците да не се нарекуваат оче, учител, да си ги мијат нозете еден друг, да се однесуваат како браќа (сестри), поголемиот да му служи на помалиот, срамота, колку се одалеживте од овие толку јасни и убави заповеди.
 
Значи со самото тоа што некој е поставен да има повисоки овластувања како што имаат Апостолите со самото тоа се формира хиеархија во Црквата.
 
Човечка измислица, со цел црковните лица да добијат власт, слава, моќ, и да можат полесно да манипулираат со рајата.
 
 
Протестантите не признаваат никаква хиеархија, за нив сите имаат исти овластувања.

Не ме интересира за протестаните.

Христијаните не признаваат хиерархија во црквата, Една е Главата-Христос, сите сме браќа и сестри и дел од Неговото Невидливо Тело - Црквата.
Секој си има свој дел, задача и одговорности во тоа Тело, но никој не е над никој, сите се споени во еден ист Дух кој на секого му дава соодветен дар по Својата Суверена Воља.

Погорните цитати комплетно те разобличуваат и укажуваат за постоење на библиска одредби за свештенство поделено на рангови.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
Bronhi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 348
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Bronhi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2007 во 01:08
Originally posted by Bronhi Bronhi напиша:

Originally posted by аџија аџија напиша:

Добро ајде, јас ќе кажам, а ти докажи ми дека не е така:

Апостолите не се молеле на Марија.
Апостолите не рекле „молете и се“.
Христос не рекол „молете и се“.
МАРИЈА не рекла „молете ми се“
Христос, Апостолите и Марија, никогаш не тврделе дека некој друг освен Божјиот Син Господ Исус Христос може да спасува..


Значи, оние кои се молат на Марија, кои ја молат да ги спаси, прават ерес.


Спред тебе и оние кои Му се молат на Христа прават ерес. Повели ПОСОЧИ ЕДНО МЕСТО КАДЕ:
1. ХРИСТОС ВЕЛИ: „МОЛЕТЕ МИ СЕ МЕНЕ“
2. АПОСТОЛИТЕ ВЕЛАТ: „МОЛЕТЕ МУ СЕ НА ХРИСТА“

Што се однесува пак до тоа дали Христос има мајка и татко, поворно си толкуваш.

41. [tom go ~u Elisaveta pozdravot na Marija,zaigra mladenecot vo utrobata nejzina; i Elisaveta se ispolni so Duh Sveti,
42. pa izvika glasno i re~e:
<*Blagoslovena si ti me|u `enite, i blagosloven e plodot na tvojata utroba!
*Luka 1,28;

43. I otkade so mene ova, pri mene da dojde majkata na mojot Gospod?

44. Za{to, ete, koga pristigna glasot od tvojot pozdrav do u{ite moi, radosno zaigra mladenecot vo utrobata moja.
45. I bla`ena e taa, koja poveruva, za{to }e se ispolni ona, {to $ rekol Gospod."

Да таа е негова мајка по тело, но сепак е НЕГОВА МАЈКА. Нели!? Или не!? Ти колку мајки имаш???

Што се однесува, пак, до молењето на светиите и на светителите, дури бедно е да коментирате. Прочитај на колку места во Новиот завет се вели молете се за нас и сл.
Башка:

14. Bolen li e nekoj me|u vas, neka gi povika sve{tenicite crkovni, ta da se pomolat nad nego, *i neka go poma`at so elej vo imeto Gospodovo.
*Marko 6,13;
15. I molitvata so vera }e go isceli bolniot, i Gospod }e go krene; i grevovi, ako napravil, }e mu se prostat.
16. Ispovedajte si gi grevovite eden na drug i molete se eden za drug, za da se iscelite: golema sila ima usrdnata molitva na pravednikot.

А пак за молитвите на оние кои се упокоени и го очекуваат Второто Христово доаѓање Светото писмо е многу јасно: НАШИОТ БОГ Е БОГ НА ЖИВИТЕ А НЕ НА МРТВИТЕ.
АКО ОНИЕ КОИ СЕ ПОЧИНАТИ НЕМААТ НИШТО СО НАС, ТОГАШ ЗОШТО ХРИСТОС ВЛЕЗЕ ВО АДОТ И ГИ ИЗБАВИ СИТЕ ОД ТАМУ!?

ПРЕМНОГУ СТЕ КОНРАДИКТОРНИ САМИТЕ НА СЕБЕСИ ЗА ДА ОБЈАСНУВАМ ПОНАТАМУ. ПРОЧИТАЈТЕ ШТО ПИШУВАТЕ. НА РАЗЛИЧЕН ФОРУМ РАЗЛИЧЕН СТАВ, САМО ЗА ДА СЕ ОМАЛОВАЖИ ПРАВОСЛАВИЕТО И ОНИЕ КОИ НАВИСТИНА ВЕРУВААТ ВО ХРИСТА.

За оние кои учат поинаку и шират соблазни еднаш посочив што вели Светото писмо што треба да си стават на врат и кај да појдат, а еве што ни порачува нам Самиот Христос за нив:

22. Za{to, }e se pojavat la`ni hristosi i la`ni proroci, i }e poka`at znaci i ~uda, za da gi prela`at, ako e mo`no, izbranite.





НЕКОЈ ДА ОДГОВОРИ??? МОЖЕБИ ЕВАНГЕЛОС, ОТИ АЏИ НЕ БИЛ ТУКА.
БИЛО КОЈ????


Изменето од Bronhi - 03.Јули.2007 во 01:08
Земете БРОНХИ полесно се дише
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2007 во 01:26
сард, правиш 3 катастрофални грешки.
 
1. Непрестано лажно сведочиш во мое име дека сум тврдел нешто што никаде не сум го рекол. Неколку пати јавно те опоменав и разобличив, а ти продолжуваш. Ако продолжиш и понатака вака, ќе размислам за некоја алтернатива.
 
2. Ми пишуваш/реплцириаш мене, а ми зборуваш за некакви си протестанти. Ако веќе правиш така, нег о спомнувај моето име.
 
3. Токму поради грешката број 2, твоите реплики немаат дијалог со мене, туку се претворени во монолзои и филозофирања.
 
Поздрав!
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2007 во 01:27
За да те поштедам од спамирање и празни монолози и разговори со замислени протестанти, ајде да преминеме на главното...
 
 
Покажи ми дека Петар, Павле, Јован и Јаков и се молеле на Марија?
Покажи ми каде Христос им рекол молете и се?
Покажи ми каде Христос им рекол таа е возвишена?
Покажете ми каде Петар, Павле, Јован и Јаков се молеле пред икони?
Покажете ми каде Петар, Павле, Јован и Јаков крштевале бебиња?
Покажете ми каде Петар, Павле, Јован и Јаков осветувале вода?
Покажете ми каде Петар, Павле, Јован и Јаков наплатувале за крштевање?
Покажете ми каде е Петар, Павле, Јован и Јаков уредиле Архиепископијата?
Покажете ми каде Петар, Павле, Јован и Јаков заопведале Синод?
Покажете ми каде Петар, Павле, Јован и Јаков рекле црквата да биде национална, а не мултинационална?
Покажете ми каде Петар, Павле, Јован и Јаков ја укинаа Христовата забрана за политичко делување на Црквата?
Покажете ми каде Петар, Павле, Јован и Јаков носеле мантии и крстови?
Покажете ми каде Петар, Павле, Јован и Јаков прифаќаа да им се поклонуваат и да им целиваат раце?
Покажете ми дали Петар, Павле, Јован и Јаков беа скромни, или се луксузираа?
Покажете ми дали Петар, Павле, Јован и Јаков беа осветољубиви, материјалисти, националисти или беа се обратно???

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 41>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,531 секунди.