IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - КУЛТОТ ЗА МАРИЈА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

КУЛТОТ ЗА МАРИЈА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3233343536 60>
Автор
Порака
ggstefan Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 19.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 266
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ggstefan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 17:34
ne jas, tuku sekoj hristijanin go ima Sv. Duh.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 17:50
Се вратив само да ти кажам -
Една е Црквата, Една е Верата, Едно е Крштението, Еден е Господ, според тоа, зарем сите кои се нарекуваат христијани и кои имаат изопачено што ќе им текнело се навистина христијани и го имаат Светиот Дух? Не мислам.
Господ вели дкеа сме храм Божји, ОСВЕН АКО СМЕ НЕДОСТОЈНИ.

(не ме фаќајте сега за парафразирањето оти не било цитирање)
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
ggstefan Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 19.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 266
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ggstefan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 17:57
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Се вратив само да ти кажам -
Една е Црквата, Една е Верата, Едно е Крштението, Еден е Господ, според тоа, зарем сите кои се нарекуваат христијани и кои имаат изопачено што ќе им текнело се навистина христијани и го имаат Светиот Дух? Не мислам.
Господ вели дкеа сме храм Божји, ОСВЕН АКО СМЕ НЕДОСТОЈНИ.

(не ме фаќајте сега за парафразирањето оти не било цитирање)


ne site koi se narekuvaat hristijani imaat Duh Sveti. Inaku, ne bi pravele gluposti, ne bi se molele na lugje, na lesevi, ne bi odele po pesteri i bunari (kako sto rece Evangelos), ne bi kadele, ne bi krstevale bebinja, ne bi pravele parodija od postot, itn.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 19:24
Или веројатно не би користеле рок бендови за време на службата, не би правеле журки од по неколку илјади евра за празници, не би организирале фондации за прикривање на данок, не би пријавувале различен приход од реалниот за своите вработени, не би имале нелегално вработени, не би барале средства од вистински верници кои двојат од својата уста - а под лажен претекст... и уште многу работи... ама секој со своето разбирање...
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2008 во 00:11
Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:


Истотака Марија е наречена Владичица затоа што е Мајка на Исус, Господарот на Господарите, а не затоа што таа владее рамо до рамо со Бога.
 
Прво, Христос има две природи, човечка и Божја. (со ова се согласуваме и со православните). Марија е родителка на човековата природа на Христос, а не на Божјата. Божјата природа на Христос ја создала Марија, а не она Него.
 
Второ, дали мајката на претседателот Црвенковски е претседателица? голема%20насмевка
Дали мајката на Груевски е премиерица? голема%20насмевка
тајм%20аут
 
 
Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:

Значи за сите титули кои ги има Марија причина е Бог, а нормално и нејзиниот праведен живот.
 
Јок! Бог е причина за само ДВЕ титули на Марија - "благословена меѓу жените" (Лука 1:28) и "блажена" (Лука 1:48), додека за сите други "титули" на Марија причината се отпадничката официјална "Црква" во раните векови, а по нејзиниот раскол, и католизицмот и православието.
 
Исто така, важно е да се напомене дека Марија не е единствена која ги има горните две библиски титули. На пример, "благословена меѓу жените" исто така е наречена и Јаил (Судии 5:24), а блажани се наречени многу луѓе во Библијата, сувишно е за тоа да ви давам цитати.
 
Значи, библиските титули на Марија се горенаведените два, а се друго е КУЛТ НА МАРИЈА!
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2008 во 00:18
EvAngelos,
дали е Библијски Марија да се нарече Мајка на нашиот Господ ?
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2008 во 00:28
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:



Прво, Христос има две природи, човечка и Божја. (со ова се согласуваме и со православните). Марија е родителка на човековата природа на Христос, а не на Божјата. Божјата природа на Христос ја создала Марија, а не она Него.
 

Второ, дали мајката на претседателот Црвенковски е претседателица? голема%20насмевка

Дали мајката на Груевски е премиерица?

Јок! Бог е причина за само ДВЕ титули на Марија - "благословена меѓу жените" (Лука 1:28) и "блажена" (Лука 1:48), додека за сите други "титули" на Марија причината се отпадничката официјална "Црква" во раните векови, а по нејзиниот раскол, и католизицмот и православието.

 

Исто така, важно е да се напомене дека Марија не е единствена која ги има горните две библиски титули. На пример, "благословена меѓу жените" исто така е наречена и Јаил (Судии 5:24), а блажани се наречени многу луѓе во Библијата, сувишно е за тоа да ви давам цитати.

 

Значи, библиските титули на Марија се горенаведените два, а се друго е КУЛТ НА МАРИЈА!










Не се согласуваме Евангелос ниту за природата на Христос по се изгледа бидејќи колку што сум запознаен Православното Христијанство вели дека Христос има две природи кои коегзистираат во Една Личност- Христос. Ако е една личноста тогаш Марија е Богородица.

Дали мајката на некој Цар е царица?
Дали мајката на кралот е Кралица?


Бог е причина и за титулите на Марија како што е пречиста бидејќи со самото тоа што Христос слегол во утробата на Марија, ја очистил неа, која и пред тоа и самата била праведна.

Изменето од macedon_alex - 24.Септември.2008 во 00:30
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2008 во 00:32
macedon_alex, смешно ми е да реплицирам на твоите коментари. Батали, уживај, пиј едно кафе од мене каде и да си големо%20гушкање
 
Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

EvAngelos,
дали е Библијски Марија да се нарече Мајка на нашиот Господ ?
 
Да, но не и Богородица. Пред да ми докажуваш дека Христос е Бог, прочитај погоре што пишав за двојната природа на Исус и кој Кого родил/создал таму, дали Христос Марија или Марија Христос.
 
Прашање до тебе pravoslavie: Зошто Христос ја нарекувал Марија "жено"  и ниту еднаш не ја нарекол "мајко", а од друга страна ги нарекол мајка оние кои ја исполнуваат Божјата воља? намигнување


Изменето од EvAngelos - 24.Септември.2008 во 00:34
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2008 во 01:12
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

 
Да, но не и Богородица. Пред да ми докажуваш дека Христос е Бог, прочитај погоре што пишав за двојната природа на Исус и кој Кого родил/создал таму, дали Христос Марија или Марија Христос.
 
 
 
Прочитав таму. Се подразбира дека таа е создание Божјо и тука немаме дискусија и немаме контра-ставови.
 
Ќе ти дадам една насока на размислување.
 
Прво, секое Божјо Создание има иста природа како и родителот. Човекот раѓа човек, мачката раѓа маче, гравот дава семе за грав. Каква природа родителот - таква природа и роденото.
 
Друго, созданието е во состојба на постоење, а Создателот Е во Состојба на Бидење (“Јас Сум“). Со Отелотворувањето на Божјиот Збор, Тој, освен во Состојбата на Своето Бидење влегува И во нашето постоење. Тоа е еден интересен момент во нашата Теологија. Па ако мајката на секое создание на овој свет, односно онаа која го воведува во состојбата на постоење се нарекува родителка, тогаш и Марија имаме право да ја наречеме родителка на Бога во човечко тело, како онаа преку која Тој влегува во нашето постоење, т.е. како онаа од која Тој ја зема човечката природа.
 
Мене лично (значи ова е мое лично мислење) ми се чини дека зборот “БогоЧовекоРодица“ би бил најлегитимен, ама ова “Човеко“ е изоставено поради тоа што се знае дека таа е човек, а човек секогаш раѓа човек, но ова “БогоРодица“ во терминот е оставено за да се нагласи воплотувањето, т.е. отелотворувањето, т.е. вочовечувањето на Вечниот Божји Збор, нешто кое е голема Тајна, нешто кое е надразумно!!
 
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

 
Прашање до тебе pravoslavie: Зошто Христос ја нарекувал Марија "жено"  и ниту еднаш не ја нарекол "мајко", а од друга страна ги нарекол мајка оние кои ја исполнуваат Божјата воља? намигнување

прекарот ми е со Голема буква.големо%20гушкање
 
Не ја нарекувал “жено“ белким поради тоа што не чувствувал ништо спрема неа, нели? Не знам зошто ја нарекувал така, верувај ми. Ако јас би бил со површно приоѓање на напишаното, можеби би помислил дека и не ја сакал, дека Се однесувал одбојно спрема неа, дека немал никаква интимна љубовна личносна врска со Својата мајка... Кога би имал време би погледнал како приоѓаат на ова отците на Црквата...
 
Би те замолил да размислиш убаво и да ми кажеш:
Дали кога знаеш дека личноста Марија Го носела во својата Утроба Создателот на Светот и на се’ што постои (во состојбата која е промислена, создадена и благословена од Бога), видливо и невидливо, дали кога би знаел дека таа Го имала во својата утроба Се’држителот, т.е. Оној Кој управува со се’, Кој Е фален и прославуван од се’, Чија што Слава е Неискажлива и Величието - Недостижно...
дали ти знаејќи го сето ова, ако си ти Јосиф, дали ти би легнал со Марија, дали би имал телесен, да не кажам сексуален однос со неа, дали би сакал да ја дефлорираш нејзината (дотогашна) девственост (која е сериозно поврзана со нејзината длабока набожност), што значи дефлорирајќи ја нејзината телесна девственост, со тоа да ја дефлорираш нејзината личносна и духовна девственост (ова бара сериозно задлабочување во нештата), со тоа што нејзе би и’ приредил телесна сласт, со цел да со неа имате ВАШИ биолошки деца? Размисли убаво!!
 
Утре ќе те прочитам, отидов да спијам


Изменето од Pravoslavie - 24.Септември.2008 во 01:16
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2008 во 01:23
Да, интересна е оваа ваша православна теологија, накитена со многу филозифија и човечки мудрувања, но сепак јас повеќе си ја милувам Библијата големо%20гушкање
Добра ноќ!
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2008 во 01:38
Има ли некаде спомнато во Библијата дека Марија имала други деца, дека родила, дека зачнала...? Ова е спомнато за многу други ликови во Библијата, не сум го сретнал за Марија...
Do what is right, come what may...
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2008 во 02:11
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Или веројатно не би користеле рок бендови за време на службата, не би правеле журки од по неколку илјади евра за празници, не би организирале фондации за прикривање на данок, не би пријавувале различен приход од реалниот за своите вработени, не би имале нелегално вработени, не би барале средства од вистински верници кои двојат од својата уста - а под лажен претекст... и уште многу работи... ама секој со своето разбирање...

Е жив и здрав да си ми, брат ми, одамна вака не сум се смеела. Господ здравје да ти даде како ти што ми го продолжи мене животов неколку минути плус
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2008 во 02:18
Originally posted by ggstefan ggstefan напиша:


ne site koi se narekuvaat hristijani imaat Duh Sveti. Inaku, ne bi pravele gluposti, ne bi se molele na lugje, na lesevi, ne bi odele po pesteri i bunari (kako sto rece Evangelos), ne bi kadele, ne bi krstevale bebinja, ne bi pravele parodija od postot, itn.
 
газење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеење браво господине, многу добра констатација аплауз
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2008 во 02:29
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Исто така, важно е да се напомене дека Марија не е единствена која ги има горните две библиски титули. На пример, "благословена меѓу жените" исто така е наречена и Јаил (Судии 5:24), а блажани се наречени многу луѓе во Библијата, сувишно е за тоа да ви давам цитати.

 

Значи, библиските титули на Марија се горенаведените два, а се друго е КУЛТ НА МАРИЈА!


Е што толку се буниш за тие титули кои и ги придаваме на Богородица? Зошто така заслепено и ограничено го гледаш Светото Писмо? Во Светото Писмо се скриени сите Божји тајни, а ти сакаш на едноставен начин да го протолкуваш како ќе ти текне.
Та во самото Свето Писмо е кажано дека ангелите се служителски духови кои се испратени да им служат на оние кои ќе го наследат Царството т.е. луѓето, а Херувимите и Серафимите се чинови на ангели кои се најблиску до Него.
Човекот е круна на сета творевина Божја, а ангелите се негови помошници, кажано е дека човекот е бог (по благодат,не по суштина). Со оглед на тоа што Богородица е човек кој е бог по благодат, следува дека е почесна од Херувимите и неспоредливо пославна од Серафимите. Ова го расчистивме.
Господ премногу ја љуби Својата Мајка. Тој ја чекал токму неа, да се роди таа за да се овоплоти во нејзината утроба. Тој ја чекал онаа која ќе биде достојна да биде место на Несместливиот Бог. Ако Богородица е на исто рамниште со нас, грешните смртници, тогаш Господ можеше да почека уште малку, и да се овоплоти во мојата утроба. Но не е така. Тој ја избра онаа која има најголема чистота, и телесна и духовна, во светот. Немало, нема и ќе нема почисто човечо битие од неа. Тогаш ако е така, зарем е грешно да се каже дека е наша Владичица и застапница пред Бога? Нам, православните, познат ни е животот на Богородица и затоа можеме да сфатиме зошто Бог ја чекал токму неа, а вам, затоа што не ви е познат, си го толкувате како што ви изгледа најлогично.

Изменето од Maran Ata - 24.Септември.2008 во 02:35
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3233343536 60>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.