|
Современ (Динамичен) Нов Завет |
Внеси реплика | страница <1 1314151617 22> |
Автор | ||||||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
и јас се додворувам
|
||||||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Poentata e jasna i primena e od site, pa bi ve zamolil od sega dodvoruvanjeto da si go chuvate nadvor od forumov.
Изменето од Messenger - 09.Октомври.2008 во 20:16 |
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Самото тоа што испишавме 20 страни со дебата околу тоа дали тоа значи дотерување, дали се дотерувале во тоа време или не - не навраќа на основната дискусија - подобро е да се остави текстот онака како што е кажан, па секој сам да си наоѓа толкување за истиот.
|
||||||
Do what is right, come what may...
|
||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Amin!
Ptaktichno, samite si dokazhavne deka takanarechenoto moderno dinamichko preveduvanje e kontraproduktivno. |
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Така е.
Гладате дека за ситниците се држиме, а важните работи ги занемаруваме според зборовите „комарецот го цедиме а камилата ја пропуштаме.“ Тоа е кога се занемарува светото Предание и се држиме за мртвото слово, тоа е и за кое се вели во Светото Писмо дека духот оживотворува а словото убива. Занемарувајки го Светото Предание ниа ја убиваме сета смисла, сета сила на Светото Писмо. Го убиваме духот . Го правеме само една обична света книга, секојдневна литераура или кодекс на добро однесување и на која како на идол и се поклонуваме. Светото Писмо е повеке од тоа. Тоа е сила Божја, тоа е живо слово Божјо кое носи живот и енергија. Светото Писмо е Боготкриена вистина, пренесена преку избрани, свети луѓе, кои пред се со свој личен и волев подвиг си го исчистиле срцето од нечистите страсти и го просветлиле умот за да можат јасно во себе ја видат и познаат таа вистина Божја. Тие луѓе и нам ни го оставиле во предание тоа Боготкриено слово за наше спасение кое во дадено време и потреби било запишано, а подоцна со преосетлив „сензор“ скенирано, односно со многу строги испитувања и критики биле избрани и ставени во немениливиот канон на Светото Писмо. Меѓутоа дали е можно словото Божјо да го врзеш и ограничиш во рамки? Преданието е живо слово, животот на Светиот Дух во Црквата. Светиот Дух дише каде што сака и неговото делување неможеме со ништо да го ограничиме. Тој Свети Дух и до ден денешен, а и до крајот на вековите ќе диши во Црквата и ние ке се насладуваме од Него. Тој Свети дух нас не очистува, просветлува и обожува и тогаш зборува и делува и преку нас. Тоа слово, тоа Негово делување е Светото Предание. Господ е ист вчера денес и утре, односнно вечен и неогранишен. Кој има уво нека чуе. Господ е голем. |
||||||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Дадов цитати во кои се опишува што се подразбира помазување. Помазувањето се за Евреите бил свет чин, кој се вршел по заповед Божја. Ако имате вие некои динамични цитати каде Господ заповедаал да се миропомазува за да се дотераме и да си ја намазниме кожата на телото, дај пастирајте ги!!! А ова е за да се потсетите дека е од Библијата извадено!
Битие 35, 14 А Јаков подигна споменик на истото место, каде што му зборуваше Бог; споменик од камен, па изврши преливање и го прелеа со масло. Исход 25, 6 масло за светење, и мириси за маслото за помазание и за мирисно кадило; 27, 20 И заповедај им на синовите израилски да ти носат чисто масло, исцедено од маслинка, за светење, за да гори светилникот секогаш. 28, 41 Во тоа облечи го Арон, братот твој, и синовите негови со него; помажи ги, исполни им ги рацете, и освети ги, за да ми бидат свештеници. 29, 7 И земи масло за помазание, излеј на главата негова и помажи го. 30, 25 и од тоа направи масло – миро за свето помазание; мирото за свето помазание да биде направено со умешноста на мироварец; тоа нека биде миро за свето помазание. 26 Со него помажи ја скинијата на собранието и ковчегот на заветот 27 и трпезата и сиот нејзин прибор, и светилникот и сите делови негови, и жртвеникот за кадење; 28 и жртвеникот, на кој се принесува жртва сепаленица, и сиот негов прибор, и мијалникот и подножјето негово. 29 Така ќе ги осветиш, па ќе станат голема светиња и се што ќе се допре до нив, ќе се освети. 30 Помажи го и Арон и синовите негови, и посвети ги, за да Ми бидат свештеници. 31 А на синовите израилски кажи им: ова масло за помазание нека Ми биде миро за свето помазание за сите поколенија ваши. 31, 11 и маслото за помазание, и кадивото благопријатно за светилиштето – се нека направат така, како што ти заповедав. А линковите со сликите од денешните Евреи ги ставив за да се види дека ниту денеска не го изгубиле тоа да не се китат, затоа не се правите на удрени и двајцата, стефчо и (свто)ЕвАнгелос, оти поентата беше за цитатите од Библијата. Не го избегнувајте битното, за да го свртите муабетот во друг контекст!!!
Па, Стефчо, ти го прочитав ова, и си велам, ајде да читнам нешто, во право е човекот – повторувањето е мајка на знаењето!!! И ајде да читнам нешто од посланието на апостол Јуда. Го отвораам динамичниот превод, барам, барам, барам, барам... и уште еднаш барам, барам, барам... си велам, а бе то ја гледам ил очи ме варају?? Ајде да отворам кинг џејмс верзија – оп, ете го одма таму. Пак се враќам на динамичниот и продолжувам да барам, барам, барам... Леле, мајката, испарила цела книга на апостол Јуда! Леле, ама злодело! Некој ја украл или... или затоа што е од само една глава преведувачот не ја видел и ја скокнал... или си рекол – ај ова е непотребно, што за џабе се мачел овој Јуда, ај ќе го џитнам в корпа, ваљда никој нема да забележи, big deal!!! Зато пред некое време кога го прашав ЕвАнгелос за толкувањето на Јуда 1, 9 воопшто не ми ни одговори, бидејќи тоа си го немате во вашата динамика. Треба да се засрамите за тој превод што го величате, а всушност е ист како и оние преводи на Јеховините сведоци!!!
Навистина ли е така како што велиш??? Навистина ли е превод мисла по мисла??? Дали навистина во вашиот динамичен превод целта е веродостојно да се пренесе значењето на секоја мисла??? Ајде да видиме во Откровение само еден интересен стих (а ги има и уште) 2, 17Ако имате слух, послушајте го тоа што Божјиот Дух им го порачува на црквите! (динамичен превод) Ајде сега да видиме како стои во другите преводи 2, 17 Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите: на оној што победува ќе му дадам да јаде од сокриената мана и ќе му дадам бело камче и на камчето напишано ново име, што никој не го знае, освен оној, што го добива! (МПЦ) 2, 17 He that hath an ear, let him hear what the Spirit saith unto the churches; To him that overcometh will I give to eat of the hidden manna, and will give him a white stone, and in the stone a new name written, which no man knoweth saving he that receiveth it. (king james) 2, 17 ο εχων ους ακουσατω τι το πνευμα λεγει ταις εκκλησιαις τω νικωντι δωσω αυτω φαγειν απο του μαννα του κεκρυμμενου και δωσω αυτω ψηφον λευκην και επι την ψηφον ονομα καινον γεγραμμενον ο ουδεις εγνω ει μη ο λαμβανων (koine greek) Kaде се зборовите камче, мана, ново име, во вашиот превод???? Каде се три реда зборoви после таа реченица што по свој избор преведувачот ја оставил, а останатите ги тргнал???
Е сега самиот запрашај се колку вашата црква е горда на Божјиот збор и колку го почитува!!!! Остај што кратите стихови, туку и цели глави ги фрлате во канта!!!!! Каде ви е посланието на ЈУДА??? Нели Божјиот збор е АВТРИТЕТ ШТО НЕ ТРЕБА ДА СЕ МЕНУВА????? Самите се срамотите и си докажувате колку немате врска со изворното Христијанство!!!! Изменето од Maran Ata - 10.Октомври.2008 во 02:19 |
||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Напротив, се докажа дека залудно водевте инает кога на крајот сепак ви докажавме дека помажувањето на главата во контекстот во кој Исус зборува, не е никакво "ритуално" или "религиско" помажување, туку чисто своевремено дотерување на косата. И колку и да се трудите да се исмевате со тоа демек евреите не знаеле да си ги средат косите, факт е дека денешните монаси и монахињи можат вода да им носат на старозаветните еврејки Ребека, Рахила, Естира или пак на царот Соломон. Изменето од EvAngelos - 10.Октомври.2008 во 02:09 |
||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Ох, пардон.
Изгледа го погешив тектот каде ги ставив, но сепак истото важи и за тука. Сакав да укажам дека без признавање на Светото Предание разбирањето на Светото Писмо ќе ни е сакато. |
||||||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||||||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Не судете за да не ви се суди. Изменето од Опитен - 10.Октомври.2008 во 02:32 |
||||||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Зар ги осудив монасите што реков дека можат вода да му носат на Царот Соломон кога се работи за дотерување? Зарем ги осудив монахињите бидејќи реков дека можат вода да им носат на библиските убавици Ребека, Рахила или пак Естира? Или пак колку да се пишело нешто, без разлика дали тоа ќе држи место или не |
||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Некако не ти се чита ова, а ЕвАнгелосе?? Ајде, пофали се пред форумџиите како ти си доследен на Божјото слово и каков превод поддржуваш!!! Изменето од Maran Ata - 10.Октомври.2008 во 03:11 |
||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Како не судеш кога ги познаваш? Колку пати ти се постави прашањето дали знаеш некого од нов ти не одговори, што значи незнаеш. А штом некого не познаваш и зборуваш за него тогаш значи го осудуваш. Јасно како ден ама кај тебе е изгледа сеуште нок. |
||||||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||||||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Туку ај не залажувај не повторно со небитни работи. дали судиш или не, Господ нека ти пресуди , туку дај помини на темата.
Зошто вие самонаречените изворни Христијани изменувате зборови и реченици и ги исфрлувате и тоа ви беше малку туку и цели писма исфливте. Дали тоа значи дека се поставувате над канонот на Светото Писмо и сега си зедовте за право да го кроите по ваш терк. Ај еден збор, да замижеме, ај една реченица, и тоа да го преголтаме ама цело послание. ох... А нели во светото Писмо јасно Господ рекол дека ако некој промени само една јота , една буква, да биде проклет? Те молам, не бегај сега од одговорноста и не префрлувај го врелиот компир во туги раце, одговори веќе еднаш, оти ова дискусија повеке нема смисла. И забележувам дека секогаш ги избегнуваш битните работи кои не ти се познати а се факаш за ситници, клевети и напади. Итар си ти, ама нема туку така да поминеш. Стојам зад се тоа што Маран ата ти го пишува дека е така. п.с. пардон, заборавив дека вие имавте авторско право над Светото Писмо и вистината Изменето од Опитен - 10.Октомври.2008 во 03:33 |
||||||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Никој од христијаните не менува зборови во Светото Писмо. Ние посебно ги почитуваме книгите од Светото Писмо во нивните преводите кои што се најблиску до оригиналот (масоретските списи, кумранските ракописи и сл.). Тоа што вие не разбирате што е тоа динамичен превод, тоа е друг проблем. За тој што сака да прочита, има добро објаснување на воведот од оваа тема.
|
||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||
Внеси реплика | страница <1 1314151617 22> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |